сабота, 12 декември 2009

ПОСТАВУВАЊЕ НА НОВИ НАЈВИСОКИ ГРАНИЦИ, ДОСЕГА НЕПОЗНАТИ ВО НАШИОТ УНИВЕРЗУМ...

Сега веќе се е полесно.
Полесно патување на Светското Клупско Првенство.
Полесно во завршницата на годината.
Полесно пред
директната конкуренција во домашното првенство.
Но, не во однос на резултатот, туку полесно што Пеп го има вистинскиот избор дури и при ротациите кои во случајов беа
наметнати, а не дел од тактиката.

Барселона со враќањето на Милито, со почестото играње на Бускетс, со вметнувањето на Максвел, со се поексплозивниот и поконкретен Педро, па дури и пополека враќање (барем по 15-тина минути) на Бојан, добива простор за манипулација во која противникот тешко дека ќе има решение за освојување на поседот на топка дури и кога не би била „комплетна„.

Ситуацијата која еднаш беше промовирана на натпреварот против Интер (кога Чаби и Иниеста на секои 7-10
минути ги заменуваа позициите, со кои го збунуваа Камбиасо, правејќи му секогаш „вишок„) ќе се повторуваат веќе на многу други дијагонали или паралели, посебно во фаза на напад. Пеп пополека го открива едно од оружјата кое веројатно се подготвуваше во фазата на летни подготовки, кога сите знаевме дека ако не ја промени барем во сегменти играта од минатата сезона, тешко дека ќе има успех, не поради друго туку едноставно поради тоа што веќе е „прочитана„.

Ова може да биде задоволство за целото „сосио„ на Блауграна, како и за сите кои се симпатизери на убавиот фудбал кој се
движи „до нога„ во кратки, континуирани и повеќе-фреквентни пасови. Пеп ја продолжува својата стратегија, малку повеќе рафинирајќи ја во однос на кретивноста и фантазијата на поливалентните фудбалери во тимот. А во Барса, за среќа, тие ги има повеќе од тројца.

Годината се завршува со победата над Еспањол, некогашниот градски ривал, кој сега веќе е преселен во предградието Ел - Прат.

Останува уште последниот поход и да стане најтрофејниот клуб на сите времиња со сите можни освоени трофеи во една година, а воедно и „најтешки„ по вредност. Ако се покори и остатокот од светот, во Абу Даби, тогаш последниот натпревар годинава, кој ќе се одигра во Кувајт на 21 декември (како пријателски) ќе биде всушност подарок за сите фудбалски симпатизери на планетата.

Верификација на тешко повторливиот и никогаш досега остварен интерконтинентален успех.

недела, 06 декември 2009

МАШИНАТА НА ПЕП, ВО „ТРЕТА„ КОН АБУ ДАБИ . . .

Одлично продолжение или со други зборови одлично загревање пред Абу Даби.

Неколку детали ќе ги одбележам како главен акцент на колото, кое на некој начин веќе е завршено во Ла Лига, барем за моите
параметри на интерес.

Барселона во одлично разигрување и координација на средниот ред посебно во префрлување на топката во линии кон Педро односнo
Ибра.

Меси и Ибра сеуште не се во онаа меѓусебна координација која се очекува со секој нов натпревар да биде се покомпактна, но статистички и во оваа фаза функционираат повеќе од добро. Без приговор е се поголемиот дијапазон на движење на Ибра и во двете фази од играта, што остава се повеќе позитивен простор во однос на претпоставките дека „машината на Пеп„ наскоро ќе го префрли менувачот во повисок степен, „од втора во трета брзина„.

Абу Даби е во еден незгоден дел од сезоната, но секогаш тоа било така со години наназад, па затоа се надевам дека завршениот прв дел од приказната во Лигата на Шампионите дојде во вистински миг. Од денес натаму, сите размислуваме за Обединетите Арапски Емирати, а натпреварот во среда ќе биде само доигрување на тоа што мора, но никако со имератив за победа... за среќа...

Она кое морам да го споредам, иако скоро и никогаш да не ги коментирам противничките екипи во нивните индивидуални и одвоени настапи, овојпат не можам а да го прескокнам натпреварот против Алмерија.

Убаво е што Кристијано се врати, уште поубаво што Пелегрини ги фати и ги затегна уздите па сега веќе може да ја конторлира моќта на своето „ултрамоќно возило„, но токму саботата е слика на разликата меѓу двајцата најдобри фудбалери на светот.

Црвениот картон на Кристијано, неговото промашување на пеналот и повеќе разочарување отколку поделба на радоста со Бензема кој на некој начин ја „извади ситуацијата„.

Кристијано е идивидуалец кој прави разлика во секој натпревар. За разлика од останатите екипи во Европа кои одвај да имаат (или да посакуваат да имаат) еден таков, Реал го има и Кака. И покрај тоа Лос Галактикос не е толку убедлив во својата презентација, без оглед на резултатот. Карактерот на Кристијано е една од алките која пука (посебно во моменти на лош резлутата) и алка која прави наместо разлика во резултат со корист, анулирање на бенефитот и „можност за изненадување„. Алка од која може се тргне во плус, и алка од која се може да појде низбрдо. Тоа е и моето неколкупати досега напоменато образложување или акцентирање на ситуацијата во која се наоѓа Пелегрини. Ако успее да го стабилизира тој момет меѓу своите фудбалери и воедно да ги задржи заедно уште барем две сезони, Реал има шанси да се врати на светската сцена во ист ефект од времето кога „палеше и гасеше„ на сите фудбалски терени. Но, сето тоа е под знакот „ако...?„.

Дотогаш, не останува ништо друго, сем да ги гледаме и забележуваме рекордите кои ги постигнува Блауграна, најголем број титули во една година, со сите пропратни дополнителни признанија (верификувани во титули со префикс „Нај„) за идивидуалците од машината на Пеп.

петок, 06 ноември 2009

ОД МАДРИД ДО АНДАЛУЗИЈА, ПРЕКУ БАРСЕЛОНА...


Десеттото коло во Ла Лига е поделено на 4 натпревари кои ќе се играат во сабота и уште 6 во недела. Но, ако треба да се направи еден друг концепт кој би ги опфатил интересните и атрактивни натпревари што не би смееле да ги пропуштите тоа е веќе сосем друг лик на ова коло, со два натпревари во сабота и уште два во недела. Барселона против Мајорка, градското дерби во Мадрид, пресметката на Местаља и андалузијскиот натпревар во кој ќе се чекаат гостите од Кастељон.

Да стартувам по ред со првиот натпревар од 10-тото коло.

Тенерифе и Малага, двете екипи кои вака како што се позиционирани сега во овој дел од сезоната, најголема веројатност е дека ќе останат и до самиот крај. Ништо ново, ништо атрактивно а уште помалку квалитет кој заслужува да биде дел од Примера. Можеби минатата сезона Тенерифе покажа една убава и сигурна игра, но да не заборавиме дека сепак тоа беше друго опкружување кое е комплетно различно од сегашното, па дури и во однос на составот.Тешко за претпоставка, но во секој случај решението би требало да се бара во изборот на голови. Мојот избор овојпат ќе биде 0-2 и верувајте дека нема да згрешите дури ако и ја надминете за малку границата од два.

Хетафе против Депор е веќе посериозна приказна. Депор оваа сезона ќе сака да се најде меѓу првите позиции кои водат во Европа. Тоа сеуште е само тема на желби. Истото би можело да се каже и за тимот на Хетафе кој пак сезонава е малку полош од онаа во изминатите три. Сепак нема да биде причина за да не се очекува интересен фудбал и на овој дуел затоа што после минатонеделниот натпревар, Мичел веќе ги знае многу подобро позициите на сопствената тимска немоќ, посебно на последната линија пред Устари. Реал Мадрид благодарение на неверојатното чувство за гол на Игуаин го скрши Хетафе, но овојпат Депор веројатно нема да ја имаа таа лесна шанса. Тешко за претпоставка, но веројатноста дека ќе има барем по еден гол на двете страни е скоро и најреален избор.

Барселона и Мајорка е вечерниот натпревар од 20 часот. Рубин Казан е веќе минато. Курбан и овојпат успешен во замислата. Единствениот натпревар кој досега сум го гледал во Лигата на Шампионите со толку различна статистика во меѓусебните пресметки беше тој меч. Преку 70% посед на топка, наспорти помалку од 30%, преку 18 шутеви на гол, наспроти 4. Игра која противникот многу успешно ја прецрта од онаа минатата сезона на Челзи против каталонците. Според она што може да се земе предвид и како аналитички сегмент за овој натпревар, заклучокот ќе биде дека само со таква игра може да се анулира големата физичка и квалитативна надмоќ на каталонците. Челзи е единстевниот тим кој веројатно може да ја премости Барселона. Истото тоа ќе важи за сите екипи кои ќе имаат таков квалитет со кој би можеле да ги затворат сите правци кон своите голмани. И уште само една екипа сметам дека би можела да нанесе пораз на блауграна. Тоа е Sevilla. Но за разлика од претходно споменатите, Sevilla тоа би можела да го направи во надигрување, со многу голови. Се друго би било само непотребно размислување на темата „претпоставки„. Затоа и овој натпревар против Мајорка прашање е дали ќе заврши со повеќе голови во мрежата на гостите од Балеарските острови. Мансано тоа го знае и веројатно и таква постава ќе комбинира. Затворена игра со можност за контра и евентуално успешна реализација. Но сепак да бидеме реални, квалитетот на островјаните е далеку под секој можност за изненадување.

И последниот натпревар, завршницата на саботниот дел од 10-тото коло, градското дерби на Висенте Калдерон, Атлетико против Реал.
Кике Санчез Флорес дојде во најтешкиот период. Депримираност, разочарување од испаѓањето од најквалитетната лига и дуел кој не можеше да дојде во полошо време. Тоа можеби ќе биде и поттик за една отворена игра пред своите гледачи, барем малку да се врати довербата дека иднината после јануари може да биде барем малку порозева. Моментот дека Пелегрини има сличен проблем ветува дека и другата страна силно ќе загризе на овој натпревар. Пелегрини исто така се соочува со големи критики низ шпанските медиуми. Кристијано е веќе дефинитивно аут. Дали ќе се врати до 29 ноември веќе е се повеќе под голем прашалник, а ако уште станат и вистина сегашните претпоставки дека е можно да легне на хируршка маса, тогаш веќе може неговото враќање да се очекува од февруари натаму. Бензема сеуште дезориентиран како продолжение на средниот ред кој најчестата финализација ја бара преку него. Игуаин се наметнува иако Пелегрини очигледно не сака да се потпре на неговата експлозивност и дисциплина во движењата. Кака не може се сам на свој грб, посебно не кога поради преклопување ќе се загуби топката и во следниот момент, во транзиција на одбрана страничните бекови ја губат смислата на своите позиции. Плус тоа, Пелегрини не форсира игра во која сите пропорционално линиски во однос на позициите би се движеле во сите фази од играта. Многу поразлично од она што се игра кај нивниот најголем конкурент, но повеќе слично со она што ќе биде противник во сабота во 22. Затоа овој можеби и најатрактивен натпревар во 10-тото коло, би било и најреално да се претпостави дека ќе има повеќе од 3 гола.

Неделната приказна во Ла Лига е малку посмирена во однос на саботната.
Повеќе натпревари но помалку атракција.

Од тие причини сметам дека и треба повеќе да се задржам на она што е атрактивно и за секој гледач кој не ја пропушта Ла Лига.
Valladolid - Ксерез, Алмерија - Осасуна и Valencia - Сарагоса се повеќе од победи на домашните екипи, барем според она што може да се очекува како идивидуалци, како почетни формации, како квалитет и како мала предност од домашниот терен. И трите дуели се скоро конкурентни дури и по бодовното салдо, односно распоредот на табелата. Отскокнува од нив Valencia која има малку повисоки аспирации, но ако направите севкупна анализа дури и на натпреварите од минатите кола, верувам дека ќе дојдете до истиот заклучок. Три чисти единици.

Два натпревари од оние во недела, едниот кој стартува во 17 а другиот во 19, не би се сомневал во знакот, но сепак со малку поголема храброст би ги дефинирал како можност да се погодат бројот на постигнатите голови се, првиот меѓу Расинг и Атлетик, а вториот меѓу Sevilla и Villarreal.

Еускадите се тежок противник, каде и да играат. Тие се можеби и најцвртста а во некои рамки и најгрубата екипа во Ла Лига. Тоа е екипа и на која многу тешко може да и се даде гол. Расинг пак од друга страна исто така има проблем со головите, но повеќе со оние кои треба да ги реализира. Токму затоа сметам дека линијата (која и во Лига Европа одлично ја извршува зададената задача) во имињата на Кастиљо, Аморебеита, Устариц и Ираола, со максимална поддршка дури и од оние кои во случајов би биле опасност по Расинг од позицијата која најчесто ја има Ечеберија, е повеќе од сигурно (барем за мене) дека многу тешко ќе прими гол в недела. Или ако тоа се случи многу лесно може или така да остане или евентуално да се стигне до нерешен резултат.
За разлика од нив во Sevilla може да се очекува и поголема атракција. Тоа на некој начин е и шлагот на неделниот дел од викенд Ла Лига. Подморницата гостува во соседната Андалузија. Таман почнаа да се извлекуваат од дното, после девет кола со само девет бодови и веќе евидентно излегување од кризата, понезгоден противник не можеа да очекуваат. Андалузијците се една од најсилните екипи и најопасниот напад во моментов во Примера. Хименес станува се поомилен дури и меѓу европските фудбалски симпатизери. Ја менува формацијата по потреба и има многу прецизна конструкција, да не речам веќе препознатлива шема, во момент на одземање на топка и активирање на најопасниот брз трк и шут во шпанската лига. Луис Фабијано. Не бил Фабијано тоа што е сега, да не се Кануте, Навас, Капел, Наваро, Скилачи, Негредо итн. Оваа комбинација на брзи крила, со лесна и уште побрза промена на позициите во зависност од формацијата ја прави оваа екипа една од најатрактивните за гледање и уживање. Токму затоа оваа атракција во недела во 19 најубаво би било да ја претпоставите и вие со изборот на голови.

И единствениот натпревар кој дури ни во сон не би се одлучил да го финализирам со конкретен знак, не е овој што пред малку го споменав како завршница на 10-тото коло, туку натпреварот во Хихон, меѓу Спортинг и Еспањол. Иако се игра во 17 часот го издвоив како последен од таа причина. Тоа ќе биде натпревар во кој се може да се случи, од победа на било која екипа, до нерешено. Само во едно можам да бидам со малку поголема веројатност сигурен, а тоа е дека и двата напада (без оглед дали оној на Почетино со Де Ла Пења, Гарсија или Каљехон или пак оној на домаќините за кој сметам дека Пресиадо ќе биде со Билич и Кармело) ќе постигнат минимум по еден гол. Затоа и тој избор во случајов е побезбеден од било што.

После десеттото коло ќе направиме мала пауза до единаесеттото, но ќе ги имаме натпревари од последниот исчекор пред СП во Јужна Африка и натпреварите од Копа дел Реи.

петок, 30 октомври 2009

СÈ Е ВЕЌЕ ПОЛЕСНО ПРОТИВ РЕАЛ МАДРИД

(извадок од радио емисијата на К4СР на 107,4)


Неделното 9-то коло во Ла Лига ќе го поделам во три дела.


Натпревари кои се атрактивни и интересни за анализа.


Натпревари кои можеби се неатрактивни, но исто така воопшто не се лесни за претпоставки.


И третиот дел, Реал Mадрид.


Она што се случуваше во Купот на Кралот го размрда спортскиот свет, посебно новинарската спортска фела во Шпанија на темата "Пелегрини и Реал Мадрид", а мене ми наметна да го одвојам од сите останати кои ќе се играат викендов. Алкоркòн станува мит кој викендов ќе биде сигурно и на дел од транспарентите на сите противнички екипи на Лос Галактикос. Да се загуби натпревар во купот на гостински терен и тоа од екипа која е многу повеќе од аутсајдер е едно, но да се загуби 4:0 од истата екипа, е тоа е веќе друга приказна.
Факт е дека тешко беше да се игра на толку лош терен и против противник кој игра грубо и има само една цел, но Пелегрини и тоа требаше да го претпостави. Тука е киксот на Белата Куќа. Нешто што можеби за неколку кола ќе си има и свои консеквенции. Нормално, се ќе биде во сосема друга димензија ако се најде виситнскот решение на следните три натпревари, два од Ла Лига и еден во Лигата на Шампионите.хетафе во сабота во 18 часот гостува на Сантјаго Бернабеу. Тимот од предградието на Мадрид може да биде слично кобен како и претходно споменатиот. За разлика од Реал, Хетафе поуспешен од Еспањол во Копа дел Реи. Сега со уште поголем стимул ќе влезат на оваа игранка на Бернабеу. Ова ќе биде еден исклучително интересен натпревар, посебно што неизвесноста сигурно дека ќе резултира до самиот крај в сабота. Токму тоа е и мојот став (кој ако да се одлучам за тоа дека и двата клуба сигурно дека ќе постигнат барем по еден гол. Се друго би било ризик во кој сигурно не би сакал да влегувам ако тоа би ми претставувало една од неделните забави пред тв.

Сега, би се задржал во еден здив на натпреварите кои ќе го привлечат вниманието на медиумите во 9-тото коло. Така се и подредени хронолошки со својот старт. Xerez - Sevilla, Osasuna - Barcelona и Athletic - Atlético. Трите натпревари си имаат своја тежина иако на Себиља односно Барселона противниците им се екипи кој не ветуваат изненадувања. Но тоа е само на хартија. Јас само ќе ве потсетам дека веќе во вторник и среда имаме натпревари во Лигата на Шампионите, натпревари кои се од приоритетно значење, пред се од финансиски аспект, а потоа и од аспект на коло кое веќе ги најавува оние кои треба да презимат во најквалитетната и најисплатливата фудбалска лига на палнетава. Себиља и Барселона иако се фаворити, претпоставката дека овие натпревари можете да ги ставите под капата на вкупно голови е можеби и најдоброто решение. Додека Атлетик на екстремно жешкиот терен Сан Мамéс, ги пречекува грогираните „Лос Колчонероси„ кои и покрај смената на тренерот, тешко дека веднаш ќе можат да го најдат вистинското решение во финализација на резултатот. Лоша одбрана, неефективен напад кој најчесто се движи по средината без добра крилна координација веројатно дека ќе биде нешто што ќе мора да се промени под итно. Билбао малку во поослабен состав, но да не заборавиме дека Атлетико за три дена го има и решавачкиот натпревар за презимување во Лигата на Шампионите против челзи. Од тие причини, претходната претпоставка и за овој натпревар како и за двата претходни натпревари е повеќе од логична, игра на голови, не повеќе од два или Х.

Третата група на помалку атрактивни натпревари се оние кои се играат во недела.
Villareal- Tenerife, Espanyol - Valladolid, Mallorka - Racing, Zaragoza- Almería, Màlaga - Valencia и Depor- Sporting.

И овие натпревари иако наизглед неатрактивни и непопуларни, за оние што редовно ја следат Ла Лига ова се натпревари кои ќе направат големо поместување, односно разместување на конечната табела. По 9-тото коло неколку тимови ќе ги заменат местата, а можеби токму овие бодови подоцна ќе бидат и пресудни за конечниот изглед во мај. Затоа иако помалку атрактивни, не се за потценување. Биљареал во кастељон нема место за никакво изненадување. Подморницата се поткрена од дното, Тенерифе ќе биде конечно парче за отстрел, кое на прва рака не изгледа така едноставно. Конечниот резултат не ни помислувам дека ќе биде дури и со помалку од три гола. Еспањол против Баљадолид нималку лесен натпревар. Посебно што Еспањол кога има пред себе релативно послаб
противник, знае да киксне. Таков е случајот токму сега. Баљадолид не е екипа која би требало да му чепне па макар и бодче на сино-белиот тим. Но многу е исто така веројатно дека нема да се предадат, најмногу што може да се случи е да постигнат еден единствен гол, но малку за нерешено или пак за да избегнат пораз. На Балеарските острови се изгледа како победа на домаќините. Веројатно дека и поголемиот процент за оваа претпоставка би требало да биде и „извесна претпоставка„ на крај. Сарагоса - Алмерија е натпревар во кој еден бод разлика на табелата ќе ги стимулира и двете екипи за победа. Сарагоса е екипа која прима барем по еден гол на секој натпревар, со исклучок на натпреварот против Хетафе во последните 5. Додека пак Алмерѝа иако постигнува помалку голови, сепак е една од подобрите гостински екипи во Ла Лига. Од тие причини овој натпревар мене лично ме форсира во победа на гостите, со евентуална мала доза на резервираност во нерешен исход. Но, никако победа на домаќинот. И последните два натпревари Мàлага - Баленсија како и Депор - Спортинг, се оние кои ќе го заокрушат финалето на 9-тото коло. Баленсија веќе цела недела наназад излегува со информацијата за продажба на дел од екипата. Причина: финансии. Колку ова ќе влијае на конечниот резултат ќе видиме. А не сакам ни да помислам дека ќе биде во негативен контекст за баленсијанците. Затоа што сепак Малага е екипа која во последните пет натпревари нема победа. Најмногу што постигнале е еден единствен гол. Можеби тоа и овојпат е единственото решение. Малага да постигне еден гол, додека Баленсија неколку, со кои би ги однела трите бода на Местаља.И последниот натпревар е единствениот во кој воопшто не се сомневам во крајниот резултат. Се што би било различно од победа на домаќинот би било рамно на изненадување. Иако екипата од Хихон не е за потценување и иако понекогаш знае да направи изненадување на гости, тоа овојпат сметам дека е далеку од реалноста. Депор игра во серии. А сега штотуку стартуваше серијата на победи после оној прекини кој го доживеаја минатото коло од Баљадолид.

Сепак и покрај моите претпоставки во Мојот Став, конечната одлука за вашиот избор на натпревари од 9-тотот коло на Ла Лига треба да биде исклучително ваш. Комбинирајте го претходно слушнатото со вашата интуиција и ...убав викенд.

понеделник, 26 октомври 2009

MOЌТА НА БЕЛАТА КУЌА НЕМА ВЛИЈАНИЕ НА ЈУГОТ

Интересно осмо коло во Ла Лига кое уште повеќе го дефинира квалитетот меѓу најдобрите, а исто така ја прави интересна лигата во средниот, односно долниот дел на табелата.

Неколку битни точки ќе одвојам за кои мислам дека и во следните две кола ќе мора да се обрне поголемо внимание, многу повеќе отколку само навивачка страст.




Atlético не може да победи ниту со двајца фудбалери повеќе.

Многу грешки во координацијата меѓу Форлан и Агуеро. Средниот ред неповрзан во секоја втора акција. Недисциплина во транзициите и игра секој за себе. Комплетно расштимана екипа. Навивачите после натпреварот со часови не дозволуваа автобусот со фудбалерите да го напушти Висенте Калдерон. Мораше да интервенира специјалната полиција за да направи кордон за поминување. Без инциденти, но сепак, притисок кој воопшто не оди во корист на „Лос Колчонероси„. Кике Флорес ќе биде следната етапа на овој клуб. Што ќе промени останува да почекаме, но сигурно е дека нема златно стапче за преку ноќ да може да ги вкомпонира нотите.


Villarreal стигна до својата победа после долго време.

Подморницата го крена перископот за да направи ориентација на теренот, во кој нема што посебно да гледа, сем дека е на "отворено море" каде сеуште „нема живот„. Капдевила донесе радост во Кастељон, со прекрасниот гол, но и тоа беше како низ
иглени уши. Сепак за тимот, три бода се три бода. Мене најинтересни од се ми беа изјавите (веднаш после натпреварот) на Валверде, од кој зрачеше оптимизам, кој пак ветува дека кастељон допрва ќе се радува на победите на Villarreal. Да чекаме , па да видиме.

Пелегрини влезе во една жешка зона.

Нерешениот резултат против Спортинг не е резултат кој остава оптимизам. Информацијата дека Реал не ремизирал од февруари 2007-та година, го направи овој натпревар уште поатрактивен да се изгледа уште неколкупати за да се видат сите пропусти на Пелегрини. Какà сеуште не може да го допре зенитот со кој дојде од Милан. Парцијални блесоци не се задоволителни за негова позитивна оценка. Кристијано недостасува, но прашање е колку ритамот во кој ќе влезе наскоро, ќе го стимулира за да биде оној кој сите очекуваат дека ќе го видат. Сепак кај Пелегрини не ја игра истата позиција која ја имаше кај Фергусон, а од друга страна пак беше многу малку присутен, за да оцениме дали неговото приспособување кон новата улога е ефективно. Дотогаш и Пелегрини и сите во Белата Куќа ќе се потпрат на Раул, затоа што и Бензема е далеку од својот врв.


Barcelona против Сарагоса го крена процентот на голови и во ова коло.

Мала журка на Камп Ноу беше доволна за радост на трибините каде беше и Кројф, еден од најголемите критичари на играта на клубот за кој го врзуваат најубавите спомени а и секојдневието. Кеита, Ибра и малиот мозок од Росарио го збунија непријателот во најтешко освоивливата тврдина на Пиринеите. Пеп го има клучот на малите ротации кои ги направи пред почетокот на сезоната, се во функција на доѓањето на Ибра. Ниските барселонисти добија во висина и во експлозивна неочекуваност при финализација на секоја акција. Ако досега финализацијата на Barça беше убиствена по противникот во зависност од фантастичните дриблинзи на Анри, Иниеста или Меси, сега добија плус атракција во неочекуваните карате или кикбокс движења на еден од највисокоте во текот на секоја акција. Она што е уште поинтересно и поатрактивно е тоа што Ибра научи многу бргу да се вклопува секојдневно во понекогаш и конзервативниот (но, доста успешен) систем на тимот. Одговорност во одбраната како и повратните топки кои мора да одат во што повеќе кружни додавања пред финализација е лекцијата која Ибра ја совлада. Сега на ред е секојдневната надоградба.


Останатите можеме во една реченица да ги споиме кон осмото коло.

Valencia полесно од очекувањата во Andalusia, Tenerife потешко, но сепак до три бода. Valladolid очекувано, иако можеби не во претпоставките дека со четири во голот, ќе го декласира Депор, Хетафе благодарение и на надмоќта во бројки, подобри од сeвероисточните гости од Билбао, додека Расинг и Осасуна како и Sevilla и Еспањол неочекувано нерешено.

На крајот би сакал да обрнам внимание и на натпреварите од Копа дел Реи, кои се играат веќе со старт од вторник, па се до четврток.

Реал Мадрид гостува во Алкоркóн, Barcelona на аутсајдерот Културал, „полуживиот Атлетико„ ќе гостува во Марбеља, а Себиља на Атлетико Сиудад. Има уште неколку неизвесни дуели, Сарагоса - Мáлага, Ксерес - Осасуна, Баљадолид - Мајорка и Рекре - Спортинг.