2.3.09

ЗА НЕКОЈ - НАДЕЖ, А ЗА НЕКОЈ - НОРМАЛЕН ТЕК НА НАСТАНИТЕ...

Готово е!
Реал Шампион!
Барса е во криза!

Толку беше! . . .


Ова беа само дел од пораките кои ги добивав веднаш по натпреварот во Мадрид.
Но за жал и овој текст ќе ги разочара сите кои навиваат за Реал од Мадрид :-). Прво, не само што сеуште цврсто го бранам мојот став кажан уште пред скоро два месеци, туку и дополнително секоја наредна недела ќе го образложувам во афирмативна насока. Второ, зарем некој некогаш мислеше дека Барселона ќе стане шампион во Ла Лига со 58 бодови предност? Ако некој така мислел(!?)... да, ова може да го смета за криза. Сепак сите треба да бидеме свесни дека таа разлика од пред два месеци, затоа беше толку голема, за да може да се надминат безболно овие моменти... А сега малку поконкретно и накратко.

Не треба да се биде многу паметен за да се забележи зошто се, резултатски, слаби последните натпревари. Отсуството на Абидал се забележува во играта во одбрана. Недостасува одбрана и затоа Барса на моменти наликува како онаа од пред две-три години, кога тој хендикеп лесно се надминуваше „понекогаш„ со гол повеќе. Тоа се случи и против Атлетико. Очигледно, недоволно.
Практично, костурот од четворката назад беше само со Пујол и Маркез. Алвеш не е класичен одбранбен, неговата концепција е сосем друга(пишував за него претходно). Од другата страна Касерес, односно Силвињо, нешто слично. Валдес е самиот за себе посебна приказна, кој во секој следен натпревар разочарува повеќе и повеќе. А причината е и токму претходно спомената одбранбена линија.

Веројатно, целта на Пеп беше „лизгајќи го„ подесно Чави, во повеќе одбранбена линија, со Гуди да добие брзо форсирање напред и завземеање на дел од позициите на Чави, ем да добие на снага во одбраната, ем да направи колку-толку рамнотежа меѓу она што е потребно назад и амортизирање на „осиромашениот„ среден ред. Повторно ќе кажам, очигледно - неуспешно.
Пеп, мора да најде решение. Затоа што ова се повторува, а секогаш е успешно за противничката страна. Ја напаѓаат Барселона таму каде е најтенка. Меѓу задната и средната линија. Тоа, можеби остава простор за ако брзо се пренесе топката, да стигне успешно до Меси, Анри и Ето`о, но пред се „ако?„ ... „меч со две острици„.

Сите сме сигурни дека и Лион во реваншот, ако остане истиот кадар во првата 11-ка, ќе го направи истото. Се надевам дека лекцијата, која веќе третпат на идентичен начин се повторува, е веќе научена.

Во едно сум сепак задоволен, натпреварот беше одличен за следење. Иако Барса загуби, токму сега може најтранспарентно да се забележат дупките кои беа пресудни за четирите гола, дупките кои беа причина евентуално за да се примат уште три. Исто така е добро што тоа можеа вечерва сите да го видат толку јасно и прецизно, што пак отвара нова страна во одлуките на Пеп. Наредното лето да не се залетува по Бензема и фудбалери слични нему. Токму сега се гледа што и треба на Барса: Иниеста, Чави, Абидал, Милито и „репликанти„ на нивните позиции.


(во слободен превод карикатурата на Валдес е со текст: „?Денес имам одлична можност да расчистиме некои сомнежи?„ (или:недоразбирања)„ - /во шпанскиот јазик, кога треба да се потенцира прашалната форма на некоја реченица, се става и напред и назад прашалник, ова го напоменувам за да биде појасна и карикатурата)