13.8.18

Дали повторно Македонците во Малта нема да имаат соодветни услови за гласање и на Референдумот?

Малта е новата дестинација која веќе втора година ги „руши“ рекордите во привременото иселување на млади од Македонија. Посебно, во летниот период, од јуни до почетокот на октомври.
Се споменуваат неофицијални бројки и до преку 10 илјади иселеници. А пред тоа и потоа остануваат сигурно некаде помеѓу 5-6 илјади Македонци на островот.
Ако се повторат последните „активности“ на ДИК за територијата на Малта за сите оние што сакаат да гласаат (без разлика дали ќе е „Да“ или „Не“) тогаш со сигурност и овојпат можам да бидам кажам дека одвај 1% ќе се пријават „за гласање во дијаспора“. А можеби ни толку.


Причината е многу едноставна: бидејќи нема ниту конзулат, ниту било каква соодветна канцеларија во Малта за исполнувања на гласачките обврски на граѓаните од РМ, единствениот избор за гласање е Амбасадата во Рим. 
Тоа подразбира дека секој Македонец во Малта, треба да си купи повратен авионски билет за Рим за 29 септември, за да гласа. (барем такви беа условите на последните Избори)
Нон-сенс.
Ако веќе купува билет, тогаш опцијата му е да си купи барем за Скопје, па ќе си се види и со пријателите.
А, да ... да не заборавам дека покрај авионскиот билет до Рим или до Скопје, ќе треба да обезбеди и неколку дена од одморот, бидејќи не е возможно да летне наутро и да се врати истиот ден.
Тапа... затоа и ќе биде прашање колку од илјадниците Македонци на островот ќе имаат можност да си го реализираат правото на глас на овој Референдум, слично како што беа несоодветно истретирани и за последните Избори...