23.4.09

БАРСА ВО БАРНА, А БАРНА НА НАЈВИСОКАТА КОТА ВО ШПАНИЈА . . . НЕДОСТИЖНА, КАКО И ВО ЈАНУАРИ!

Вечерва добивам само една желба, да извадам неколку сегменти од старите постови, кои (некои од нив) беа напишани на почетокот на годинава, кога направив мала анализа и само бев еден од оние кои уште тогаш веруваа дека бодовната разлика во тој период, таква каква е, е пресудна за шампионската титула годинава. Дури и тогаш се базирав најмногу на образложенијата дека токму таа разлика може и да се намали дури и до еден бод или да остане на 3, 6 итн, но важно е дека е недостижна, веројатно... Тогаш моите постови предизвикуваа многу коментари, од една до друга крајност. Но, се сеќавам (а тоа лесно може да се провери) дека го чекав токму овој миг, кога пак ќе ја отвориме истата тема.

Е па, еве, тој момент дојде. Најважните четири кола во Ла Лига оваа година, веќе стартуваа. Коментар на темава немам, сем извадоците уште еднаш како разглед на тогашната анализа...и ставот (само кратко) во пост скриптумот...




Извадоци од постовите на почетокот на годината
кога Барса ја најави титулата
:



„... Многу тежок распоред... премногу... среќа што се десет бодови предност во Ла Лига, а тоа значи, теоретски, дури и да си дозволат и три порази еден по друг, за тоа време Реал мора се да победи, и пак да се на бод предност. А да не се заборави во меѓувреме дека и Реал ги има сличните натпревари...„

„...Точно е дека во Мадрид се затоплува. Веќе температурата стигна до -7. А само пред 24 часа беше - 10. Во Скопје, најавуваат дека деновиве ќе се симнела и до -8. А во моментов надвор е -2. Само ќе прашам, чувствувате којзнае каква разлика од -8 до -2? Не ! Ладно е и вака, ладно е и онака. И за двете ситуации, кога ќе излеземе надвор, ќе кажеме „кочан„. Исто е и со ситуацијата на релација Мадрид-Барна. Дали е - 7 или наредната недела ќе биде - 4. Тоа е. Минус е Минус. А за да стане плус, пред се треба да се исполнат многу услови. Прво додека едните губат, другите постојано да победуваат. А да не зборуваме дека за некој ден почнува циклусот на натпревари кои и двете екипи сакаат да го освојат.... Овојпат разликата е и во формацијата на останатите -7, во клупата на -7, во поквалитетниот кадар на тие -7 и во начинот на следните победи на сегашните -7...„

„...Прво, не само што сеуште цврсто го бранам мојот став кажан уште пред скоро два месеци, туку и дополнително секоја наредна недела ќе го образложувам во афирмативна насока. Второ, зарем некој некогаш мислеше дека Барселона ќе стане шампион во Ла Лига со 58 бодови предност? Ако некој така мислел (!?)... да, ова може да го смета за криза. Сепак сите треба да бидеме свесни дека таа разлика од пред два месеци, затоа беше толку голема, за да може да се надминат безболно овие моменти...„


П.С.

Реков дека само накратко ќе прокоментирам нешто што ќе го одбележам како најнеинтелигентен потег што досега го имам видено во Ла Лига - Пепе во вчерашниот свој испад (ако воопшто може така да се нарече!?)...Мојот коментар е: Одземање на лиценцата со која му се дозволува да игра фудбал!... толку, друг коментар е вишок... всушност не ни заслужува внимание...

(а за тие што не знаат за што зборувам нека погледнат прво на
http://www.youtube.com/watch?v=wHFkYEbwrQ0)