15.4.08

БАРСА „RESET„ !

Има ли сеуште некој што верува дека може оваа сезона да се повтори минатогодишната приказна, само во обратна насока? Се сомневам... Без оглед што на сите навивачи на азулграна тоа им е тоа тешко да го прифатат, реалноста е веќе извесна.
Време е за промена на Рајкард, и тоа веќе не е спорно.
Првите презентации започнаа.


Гвардиола веќе ја презентираше својата замисла пред неколку луѓе од одборот...
Лаудруп доби свои лобисти во клубот...
Имам чувство, сеуште само моја претпоставка, дека набргу ќе се пласира и Куман како можност...
За сите тројца заедничко е дека сакаат да играат 4-3-3, иако Лаудруп не толку како другите двајца, но лесно ќе го „форматираат„...
Пелегрини го ставија на маргините...
Бојан го доби новиот договор, кој ветува дека тоа ќе биде еден од базните играчи на ударната 3-ка во нападот...
Ето`о останува, но кој ќе му се придружи ќе мора да се чека јуни...
Анри повеќе од сигурно е дека ќе замине, или ќе остане како прва резерва уште само една година...
Деко си заминува, Ѕамброта веројатно, Дињо сигурно ...
Меси се враќа, Гуди сега засега е во комбинација, но не и Џовани, кој пробува со сите сили да се наметне за наредната сезона...тешко...
Абидал и Туре не се споменуваат во ниедна варијанта, барем засега...
Иниеста, Чави, Милито, Пујол без промени... 100% Барса.

Во сабота на ред е градското дерби на Камп Ноу, додека Реал веројатно нема многу да „напнува„ против Расинг кој го направи најголемото изненадување минатото коло победувајќи ја Валенсија на Местаја и на чекор е од огромното изненадување - пласман во Лигата на Шампионите. Се наоѓа на само еден бод од четвртото место, каде е Атлетико. Реал не дека нема мотив, туку има толку голем кредит за шампионската титула, што можат мирно и лежерно да влезат во последните натпревари и да ги изграат на домашен терен онака како и се очекува....


П.С.

„...претходното кажано за Куман, во многу нешта ќе зависи од конечниот резултат во финалето на Копа дел Реи, в среда против Хетафе....„