27.2.13

КОГА ЛЕТОВО ПИШАВ, НЕ ВЕРУВАА СИТЕ, СЕГА ВЕЌЕ СИТЕ ОБЈАВИЈА

Она од кое сите стравуваа пред почеток на натпреварот, а се симпатизери на ФКБ, се оствари. Тоа е истото кое пак го знаеа навивачите на Реал и самиот Моу. Атак од првата секунда кон голот на Пинто и тоа по слабите точки кои се најчест дефокус и деконцентрација во опасните брзи транзиции и создавање контра кон Кристијано. 

Пике. Точката која постојано се движи од плус во минус. Нешто слично како и коментарите за Маске. Кога игра Маске, можете слободно да очекувате дека ќе има и црвен картон.

За високиот пресинг во одбрана нема што да коментирам, тоа веќе и врапчињата го знаат кога Реал игра со Моу против Барса во последните натпревари. Се` подобро и подобро. Она што го доби првото полувреме беше и одличната игра на средниот ред во фазата на одбрана. Одлично затворање на сите премини од Меси кон Педро и Иниеста и обратно. Згора на се, покрај максимално концентрираната и физички исцрпни движења, „белите“ прикажаа и одлична транзиција во напад во истите позиции.
 

Кога летото пишував за кавгата на Пеп со Зуби и Росељ, за продажбата на Алвес, Пике и Сеск повеќето не ми веруваа. Токму тоа беше причината за неговото заминување. Пеп си замина, а Јохан Кројф многу бргу потоа објави дел од тие тогашни муабети. Но, набргу „машинеријата“ на Барса, преку својот ПР сектор забошоти се` како и никогаш да не се случило. Јас бев единствениот кој во МК ја пренесе и таа информација. А веќе денес сите медиуми пишуваат за тоа. Веќе два дена главна тема се и „шпиунирањата“ кои Пеп ги правел врз тие фудбалери, се со цел да им го смени сетапот на живеење во функција на дисциплина и фокусирање на тренинзите и натпреварите. На, крај нормално неуспешно. 
Денес, само испливуваат на површина проблемите кои Пеп тогаш ги посочи. Модните Манго обврски на Пике, дискотеките на Алвес и ноќно-шемаџискиот фокус на Сеск.

На последното Класико токму тоа беше најслабата линија. Линијата која ја направи најголемата конфузија, линијата која ја загуби битката против Моу. Тито, сакаше да покаже дека Пеп не е во право по тоа прашање. Не успеа, иако одлучно тргна. Дисциплината и дефокусот продолжи, а зема замав откога замина во Њујорк. Сега само исплива на површина она кое сите овде упорно го поставуваме како прашање. Дали има план Б? Дали Тито беше на вистинската патека а сегашното отсуство прави дополнително скршнување? Затоа што веќе сите гледаат дека „Мачката замина и глувците се фатија на оро“. 


Роура се потврди дека нема да може да биде ниту втор тренер, а не замена за она што го правеше Тито. За Пеп уште помалку. Вечерва беа џабе и јавувањата од Њујорк и тоа неколкупати со колегата на Роура. Ако се водело така врвна екипа, сите така ќе правеа. Ја снема дисциплината, го снема ентузијазмот.

Тито и некако се држеше, иако тоа на некој начин сеуште беше по инерција на нештата. Сега веќе дојдоа тешките натпревари. Полуфинале Копа Класико. Осминафинале Лига на Шампиони. Среќа што е голема предноста во Ла Лига, инаку и тоа ќе висеше на конец.

Роура довчера беше само модератор и одеднаш прв човек. 


Сега нека му ја мислат Зуби и Росељ за сите одлуки кои ги имаа во периодот од март минатата до овој годинава. Ним може да им оди на совест и овој пораз и ова испаѓање од Купот и евентуалното испаѓање и од Милан.

Не се сеќавам кој тоа го спомна од шпанските колеги, но очигледно дека беше во право кога рече: "ФКБарселона не смее да си дозволи таков луксуз, да биде три месеци без тренер."


Очигледно беше во право. 

По сите аспекти, како и да се гледа на таа реченица. 
100% точно.