25.7.12

ВЕЧЕРВА ФКБ СТАРТУВАШЕ, НО ПРВИОТ ПОДГОТВИТЕЛЕН ТЕСТ ЧЕКАЈТЕ ГО ЗА 7 ДЕНА

Го очекував натпреварот за да си ја сместам мојата прва анализа сезонава, но да бидам искрен, не очекував дека тоа ќе биде само еден ревијален натпревар во кој нема да има ништо од ФКБарселона која ја очекуваме сезонава. И тогаш сфатив, дека ова е ново планирање на Росељ и Бордот, после тешката сезона и ЕП. 

Вечерва имавме еден мал тест на Тито на кого (2-3 фудбалери) ќе може да смета како помош „за не дај Боже„ од младите, а остатокот поставен „на шведска маса„ за сите менаџери-скаути кои вечерва беа во Хамбург. Од тие причини и се случија комплетни измени на цела екипа во две полувремиња, дури и она враќање на Бартра по повредата на Муниеса, за да се игра 11 против 11, сепак.

Значи, да расчистиме уште на старт, ова не е подготвителен период за ФКБарселона, туку само понуда на нешто што може да донесе пари до крајот на преодниот период. 

Афелај беше ноќва „понуден„ но според покажаното тешко дека ќе може на него да се заработат 6 милиони. 

Можеби само една од алките која покажа добра „ротација„ на двете страни, можен развој во поливалентен фудбалер, иако сега-засега слаба страна му е транзицијата во одбрана (некако споро му оди) е вториот голгетер вечерва, Џерард Деулофеу. Тој може да биде добра „7-мица„ која може и да донесе пари. Веќе се слушна уште веднаш прашањето, дали од утре ќе се анализира и „позајмица за калење во Парис„ или можеби и за целосен откуп, а може и да се чува. 

Бартра е солиден, но ништо повеќе од она што би се очекувало во „прва екипа„ - евентуално ако затреба.

А за останатото и за првиот финален лик на Тито во новата сезона, допрва ќе почекаме. 

Вечерва се заработи од гостувањето во Хамбург, иако неколку стотици илјадарки помалку од „неиграњето на Меси„ (бидејќи и тоа стои како обврска при плаќање за ова гостување).

Првата контролка на Тито може да ја очекувате за една недела, на Каталонскиот Супер Куп против Еспањол и потоа дури против ПСЖ, Сампа итн...  

Ова дотогаш гледајте го само како „понуда за откуп„ и заработка на финансии...