20.3.13

БАБУНСКИ СО АБИДАЛ ДЕНЕС ЗАЕДНО ПРОТИВ ФРАНЦУСКИОТ ИСТР

Уште еден показател дека спортското новинарство во МК е само препишувачко, во 90% од своите објави.

(фото од денешниот натпревар на Бабунски)

Денес на спортскиот камп на ФКБарселона се одигра пријателски натпревар на Барса Б против францускиот Истр. Меѓу фудбалерите на Барса Б за првпат беше повикан и нашиот најдобар млад фудбалер Давид Бабунски. Со него, во првото полувреме за првпат изигра и Ерик Абидал, кој доби веќе „зелено светло“ за настапи. 

Инаку, Давид беше еден од најдобрите на теренот. Еузебио го повика и го распореди Бабунски на позицијата „лево крило“, каде што Давид на многупати ја покажа својата „поливалентност“.

Натпреварот од трибини го следеше и Џорди Роура со асистентите. Што и какво е нивното задоволство од сиот натпревар можеме само да претпоставиме.

Бабунски, веднаш по овој натпревар патува кон Истанбул, каде ќе настапи со младата репрезентација во натпреварот против Турција и потоа против БиХ.

П.С.
„По ова веќе не и ни чудо што Чедомир пред неколку месеци воопшто не ни знаеше дека Давид ги има одиграни квалификациите за „млада“ па изјави начелно дека „тој треба прво да заигра за „млада“ па потоа ќе видиме...“. Да, Давид има во своите нозе многу повеќе од оние кои играат во Зрзе и Росоман, а и од оние кои седат на клупа. Но, не сте вие виновен, очигледно. Или тие околу вас кои не разбираат или „дадениот план“ ви е таков па мора да го одработите.“

П.П.С.
„Ова е уште еден случај кој можеше да се опише со една реченица на многумина кога се случуваат непријатните настани со пожарот во Поштата. Еден тогаш напишпа, а потоа сите го пренесоа. „Во Македонија полесно е да дознаеш од новинарите за пожарот во дискотеката во Бразил, отколку за пожар во центарот на Скопје. За Бразил, не мораш да трчаш и да аботиш. Можеш од дома со кафе да ископираш во вест. Но, за другото треба ти сам да ја создадеш веста, да трчаш, да звониш на телефони, да одиш на лице-место“