2.6.12

ВЕЧЕРВА ИМ ТРЕБАМЕ НИМ!

Вечерва се надевам дека ќе биде уште една ноќ за паметење на нашите фудбалски надежи. Велам „надежи„ бидејќи навистина тоа и се. „Сениорите„ се одамна „последно дупче на кавалот на Европа„, така што воопшто не ми пречат ниту нивните порази, а ниту пак очекувам дека ќе направат нешто којзнае колку квалитетно. За некоја од големите манифестации во светот на фудбалот и не ни помислувам.Тоа е исто како што НАСА зборува денес за судир на двете галаксии после 4 милиони години. (Џон Тошак е само уште една фудбалска икона која дојде на шалтерот на ФФМ по пари.)
Но, овие млади фудбалери, под водство на Бобан Бабунски имаат прекрасна патека на движење и можност да бидат ПРВАТА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА КОЈА ЌЕ ЗАМИНЕ НА ЕП. 
Затоа и со нетрпение треба сите заедно да го очекуваме вечерашниот настап против репрезентацијата на Фарските Острови. Сите заедно пред ТВ, сите заедно со дресовите на нас, исто како што ги гледавме сениорите, исто како што навиваме за нам ни омилените клубови.
Бабунски внесе ред и дисциплина, а што е најважно им го промени ставот за себе, за дресот кој го носат и за се` што носи еден натпревар, од аспект на тактика до аспект на воља, желба и цел. Внесе трпение, внесе победнички дух. А децата го прифатија тоа со задоволство, со игра и со забава. Ентузијазмот повторно доби свое место во македоснкиот фудбал.
Затоа вечерва, а и потоа во натпреварот против Данска, треба да им ја дадеме целосната наша поддршка. 
Овие деца тоа го заслужуваат.
Тоа е новиот лик на следната генерација „сениори„.
Ова е она што ни треба нам, фудбалските симпатизери од Македонија!

Вечерва во 20 часот на стараната на ФФМ со директен пренос!
http://tv.ffm.com.mk/