5.11.08

ФАКТ... ПОСТИГНАТИ ГОЛОВИ, БЕЗ ВЕЧЕРАШНИОТ НАТПРЕВАР...


Немам намера да преземам текстови, но последниот во највлијателниот каталонски спортски дневник, го привлече моето внимание. Вам ќе ви ја презентирам само фотографијата, која нема потреба да се коментира. Едноставно, тоа е тоа, факти... без оглед дали некој се сложува или не, дали му се допаѓа или не...

4.11.08

ПЕП ЧЕКОРИ КОН РИМ, ПРЕКУ МАДРИД

Конечно, европските табели ја добија формата која не е изненадување, воедно е очекување после долго време од сите фанови токму на клубовите кои со години ги посакуваат овие резултати, а верувам вака би сакале да биде и изгледот и на крајот од оваа сезона.

Барселона конечно на врвот во Ла Лига. Милан, целосно заслужено го запоседна Калчо-то. Челзи и Ливерпул истото во Премиер. Лион сигурно, како и секоја година, скоро и без изненадување.

Она што мене посебно ме радува е враќањето на Барселона.


Пеп докажува дека е вистинскиот човек. Многупати досега пишував а и зборував во документарниот филм „INSIDE BARCELONA„, кој за потребите на ТОПКИ го направив минатата сезона на најголемото европско дерби (на Камп Ноу) дека уште од младите категории, па се до почетокот на јуни, само се чекаше неговото пристигнување. Пеп, влезе и се надевам дека долго ќе остане. Најголемата поддршка од „сосиото„ на Барса, ја има токму и поради внесувањето на сите потенцијали од младиот погон на Блауграна.

Тоа е верба дека Барса создава одлична клупа, која ќе биде многу важна од април натаму, па се до финалето во Рим, а и нормално, за конечно и повторно преземање на титулата од Мадрид.