Почнува „да ми се повраќа“ од употребата на термините „Расизам и Дискриминација“ и токму од тие кои сакаме најчесто да ги заштитиме...
А зошто?
Ќе споделам само две случки, а ги гледам секојдневно сигурно барем по една повеќе...
Се`почна да ме вади од такт по испадите на Серена во финалето на ЈуЕс Оупен, кога не можеше да се соочи со Правилникот, со Судиските одлуки кои беа прецизни и чисти и на крај со поразот во кој беше „прегазена ко од теретен воз“.
Да, токму од тој ден почнав малку повеќе да ги забележувам нештата на таа тема и да подразмислам „Зошто луѓето кога не можат да го прифатат поразот, пробуваат на мала врата да се претстават како оштетени, пробувајќи да придобијат симпатии?“
И точно е, кој и да е од нас, кога ќе види пред себе жртва на Расизам или каква и да е друга Дискриминација, веднаш застанува во одбрана кон истиот.
Е сега да се вратам на случките од вчера:
1. Влегувам во обложувалница, сакајќи да си ставам едно ливче на моја Барса дека Лео ноќта ќе постигне минимум два гола. Доаѓам на ред, ставам 2 евра и си заминувам. Но, само што ја напуштив машината, слушам од зад мене, младо момче (Црнец- мора да потенцирам поради суштината на приказната) почнува да вика на глас:
- „Ова е дискриминација!!! Не ме пушташ да играм!!! Сите ги пушти, а мене не!!! Ова е расизам!!! Не може вака!!! Срам да ти е!!! Затоа што сум црнец??? Срамота е ова!!!“.
И се дере колку го држи гласот. Застанав, се збунив и тамам да тргнам накај него и да се спротивставам на вработениот кој не му дозволувал да игра, токму тој (вработениот) изусти:
- „Како не ти дозволувам??? Ти реков, покажи ми ја клуб картичката. Или ако немаш, дај ми лична карта и ќе ти направам, ќе можеш да играш. Без картичка, не смеам да те пуштам внатре. Сакаш мене полиција да ме затвори? Те молам не викај и напушти го објектот или дај ми документ за идентификација„.
За малку ќе се излетав, што велат „ко вол у купус“.
Да, тоа се правила и сосем е во ред.
Но, „црнчето“ не сакаше да покаже ни документ, ни да се идентификува (тоа се правила во државата каде не можеш да влезеш без идентификациона карта, преку која си пријавен во Бирото за Данок). И замислете, продолжи да се дере дека ова е Расизам и Дискриминација додека обезбедувањето го изнесуваше надвор. Чисто за да ви ја дополнам сликата, ќе кажам дека со мене во клубот имаше уште околу 20-на луѓе од кои најголем број беа црномурести, но без никаков проблем.
2. Оттаму заминувам на посета кај пријател (кој работи на рецепција во еден хотел) за да ја споделам ситуцијата, а и малата анализа на ливчето. Само што стигнав пред рецепцијата, слушам кавга. Застанувам настрана и следам...
Фамилија Индијци, му се дерат на сиот глас:
- „Ова е дискриминација! Ова нема да го трпиме!!! Како не ви е срам!!! Ова е расизам!!! Затоа што сме Индијци не не` оставате да бидеме во апартманот до 20 часот? Затоа? Да бевме бели ќе беше во ред? Срамота!!! Е не излегуваме, викнете ако сакате и полиција, ние не го напуштаме апартманот!!! Ова е чист расизам!!!“.
Другар ми на рецепција му одговори со веќе тон на нервоза:
- „Ве молам смирете се. Зошто мислите дека треба да викнам полиција? Па ќе ве исфрли нашето обезбедување, и тоа веднаш. Само треба да го повикам. Затоа ве молам, спакувајте се, ви оставам половина час и напуштете го апартманот.“
Тоа така траеше скоро 10-на минути во кое на крај, откога пристигна и повиканото обезбедување, фамилијата Индијци замина да се спакува и го напуштија хотелот.
Не ми беше јасно ништо. Посебно што го познавам другар ми, нема шанса да направи нешто такво.
Секако, во право бев.
Часот на случката беше 13:00.
Индијците тој ден имале заминување од хотелот, им завршил одморот. Како и во секој хотел во светот си има точен тајминг за „Чек-Ин“ и „Чек-Аут“, за кој гостите се информираат уште при букирање.
Тие требале да го напуштат апартманот во 11 часот претпладне (според Правилникот и нивниот потпишан Букинг), но поради немање следни гости до вечерта, рецепционерот ги оставил уште некој час повеќе, поради тоа што биле и со мали деца, сакајќи да направи ете „добро дело“. Но, кога отишол да ги информира дека времето е одамна истечено и дека сега веќе ќе мора да го напуштат апартманот за да се подготви за следното „доаѓање“, почнува театарот. Индијците имале авионски лет вечерта во 23 часот и сакале да си го искористат сето време во апартманот, без да платат за тој ден, без да платат дури и за евентуално „екстра часови“ или слично (при букирањето). И нормално, најлесен начин да добијат од нивната „зацртана цел“ е да се повикаат на „Расизам и Дискриминација“.
Нон-сенс.
Катастрофа.
Сега пак ќе се вратам на Серена и онаму каде започнав...
„Целта ги оправдува средствата“?
Не, не и не.
На ова мора да се најде начин како да му се стави крај, затоа што светот сега допрва ќе се соочува со ваквите испади на сите страни и во сите сфери.
Повеќе од очигледно.
А тоа ќе создаде контра-ефект кој што не знаеме како ќе продолжи... ете мене почна „да ми се повраќа“ и сакам да заврши тука, затоа што се сметам за чесен и искрен борец против секаква дискриминација и расизам, без исклучок и без компромис.