9.5.08

КОНЕЧНО!

ПОСЛЕДНА ВЕСТ:

Она за кое зборував во изминатиот период дека мора да се случи, конечно и се случи синоќа во 19.12 часот, на ПРЕС конференцијата на Лапорта со медиумите. Претседателот ја соопшти веста дека е донесена одлука за смена на Рајкард. На негово место доаѓа Гвардиола. Наредните денови Гвардиола ќе треба да го претстави планот и да се преземат нови одлуки за заминување на веројатно уште 11-12 фудбалери од сегашниот состав.

8.5.08

ДЕМОНТИРАЊЕ !

Барселона беше демолирана и дефинитивно турната на колена, каква не била никогаш досега.
Барем не, од кога ги има најскапите и најдобрите ѕвезди во фудбалскиот свет.
Ако минататa година на Сантјаго Бернабеу, волшебникот беше поздравен од мадридските навивачи со аплауз, каков не се случил во Мaдрид од времето на Марадона во каталонскиот дрес, овојпат дури и виртуозноста на Меси, не можеше да биде спас за Блауграна.


4:1 е резултат, кој е типично фудбалски кога играат силна и слаба екипа.
Но овие 4:1 кажуваат многу повеќе.
Тие ја верификувбаа новата позиција на Рајкард во друг клуб, многу подалеку од Каталонија. Со него заминува и Нескенс. А и уште една група на фудбалери кои на некој начин се виновни за слабата сезона без титула, во времето кога Барса имаше најмногу пари и кога најмногу вложи во нови имиња.
Рајкард е виновен за целата атмосфера која кулминираше за уште едно меренге на белите.

Индолентноста на неколкумина од главните алки исто така треба веќе да биде домашна задача на Лапорта, не само за наредната сезона, туку и за неговиот евентуален реизбор на претседателската функција.

Многу моменти отвори ова Ел Класико во Мадрид.
Го верификуваше Касиљас како најдобар голман во Шпанија, а можеби и на планетава.
Ако дури и јас на полусезоната тврдев и образложував зошто Валдес е подобар од Касиљас, овојпат фер е да го повлечам својот став и да го прифатам она кое конечно сите го видовме во средата.

Касиљас е несовладлив.
Можеби тука е и еден од важните моменти на Шустер, со кој ја обезбеди 31 титула многу порано. Кога Реал имаше „играчка криза„, најчесто натпреварите завршуваа нерешено односно без примен гол, благодарение на бедемот на голот. Касиљас е главната алка за надминување на таа криза скоро неосетно. Доближување до два бода и повторно одлепување се амплитудите во бодовното салдо за кој најзаслужен е сигурно тој.
А имавме можност да видиме дека дури и виртуозниот и несопирлив Меси на неколкупати шутираше неверојатно прецизно, но Касиљас уште посовршено ја бранеше мрежата.
Компактноста и дисциплината овојпат ја демолираа Барселона.
Додека кај нив отсуствуваше, кај мадриљеноси тоа беше најважната задача.
И прецизно исполнета.



П.С.
„...искрени честитки кон сите навивачи на Реал Мадрид во Македонија. Сезоната беше Ваша! Браво.„