1.5.08

ВО ШТО БЕШЕ РАЗЛИКАТА ?

Епилогот од последниот натпревар на Барселона е многу краток и јасен, или барем треба да биде...
РАЈКАРД ДА СИ ОДИ!.
Само неинтелигентна одлука може да биде ако тој остане и наредната сезона.



Прво, ја пропушти шансата да си го подобри својот однос со дел од фудбалерите кои играаа во овој, најважен натпревар во сезоната.
Второ, прекасно ги направи формациските измени.
И трето, Измените му беа катастрофални.

Во моменти кои се пресудни, ги стави оние кои не можат да го понесат тој товар. Во последните минути кога требаше да се гризе, како тоа го направи Баерн Минхен, на пример против Хетафе.

Не може Гуди кој одвај во последните 6 натпревари се спои со топката да го повлече последниот чекор и да зададе удар.
Не може Бојан да биде замена за Ето`о, не дека не е добар туку и од психолошки аспект, сепак е тоа дете која оваа година му го смени животот а посебно на Театарот на Соништата требаше да биде „Мајкл Џордан„ (само тој го има доведено спортот до совршенство, субјективна забелешка).

И наместо да се удри по затворениот Манчестер во последните минути со сиот Арсенал, или ќе се прими гол или ќе се оди понатаму, Рајкард беше изгубен на клупа и само потскукнуваше на секоја можност, како небаре да е гледач во публика, а не стратегот на еден од најсилните екипи на планетава.

За разлика од него Фергусон е токму тоа.
А на секој стратег од висок ранг,
мислам дека треба главните доблести да му се:
- познавање на фудбалската философија и формациско надмудрување,
-
желба за иновација и експериментирање,
- да биде добар учител,
- психолог
- и пред се педагог.

Од овие сите наброени работи, Рајкард има само две.


Токму тоа беше и разликата!