1.5.08

ВО ШТО БЕШЕ РАЗЛИКАТА ?

Епилогот од последниот натпревар на Барселона е многу краток и јасен, или барем треба да биде...
РАЈКАРД ДА СИ ОДИ!.
Само неинтелигентна одлука може да биде ако тој остане и наредната сезона.



Прво, ја пропушти шансата да си го подобри својот однос со дел од фудбалерите кои играаа во овој, најважен натпревар во сезоната.
Второ, прекасно ги направи формациските измени.
И трето, Измените му беа катастрофални.

Во моменти кои се пресудни, ги стави оние кои не можат да го понесат тој товар. Во последните минути кога требаше да се гризе, како тоа го направи Баерн Минхен, на пример против Хетафе.

Не може Гуди кој одвај во последните 6 натпревари се спои со топката да го повлече последниот чекор и да зададе удар.
Не може Бојан да биде замена за Ето`о, не дека не е добар туку и од психолошки аспект, сепак е тоа дете која оваа година му го смени животот а посебно на Театарот на Соништата требаше да биде „Мајкл Џордан„ (само тој го има доведено спортот до совршенство, субјективна забелешка).

И наместо да се удри по затворениот Манчестер во последните минути со сиот Арсенал, или ќе се прими гол или ќе се оди понатаму, Рајкард беше изгубен на клупа и само потскукнуваше на секоја можност, како небаре да е гледач во публика, а не стратегот на еден од најсилните екипи на планетава.

За разлика од него Фергусон е токму тоа.
А на секој стратег од висок ранг,
мислам дека треба главните доблести да му се:
- познавање на фудбалската философија и формациско надмудрување,
-
желба за иновација и експериментирање,
- да биде добар учител,
- психолог
- и пред се педагог.

Од овие сите наброени работи, Рајкард има само две.


Токму тоа беше и разликата!

6 comments:

  1. Anonymous04:57

    Пред полуфиналето поддршката од сите четири екипи му ја дадов на Манчестер иако најмалку можам да навивам за овој клуб. Сепка по првиот меч и она што го видов вчера во вториот дел навивав за барселона од причина што Англичаните и Фергусон ме разочараа. Знам што значи ваков дуле но она што го направи Ферги не личи на него и на Манчестер како бренд.

    Инаку Рајкрад е завршена приказна, но не мислам дека е и се до него. Освен тоа што ги меша позициите на играчите ги проба сите можни измени и варијанти последниве месеци.

    ReplyDelete
  2. Ова што се случи беше толку очекувано, а се согласувам дека Рајкард е главниот виновник. Не сакам да звучи како клише, но така е. Тој е оној кој мора да го мобилизира тимот, да ја пронајде формулата на успехот, да даде импулс... Тој очигледно не можеше оваа сезона и грешка е на Лапорта што не го смени уште поодамна... Но, life goes on, учиме на грешките, па здравје, во новата сезона ќе гледаме друга Барса.

    ps шо бива со формирањето на пењата?

    ReplyDelete
  3. Anonymous07:41

    Две сезони без титула доволен аргумент за да се избрка Рајко. Инаку солидна игра без завршница.

    ReplyDelete
  4. Anonymous12:58

    Верувам дека сите вчера научивме едно, дека фудбалот се игра со топка која се тркала, дека во прашање е момент на инспирација,прав потег и секако Пол Сколс кој со својот гол во 14 минута му донесе финале на тимот од театарот на соништата а нас ни ја згасна и последната надеж дека сезоната ќе биде спасена
    www.sportcorner.blog.com.mk
    бујрум и остави ме без комент

    ReplyDelete
  5. ... да, апсолутно дека сите кометари се точни...тешко е да се прифати ваква сезона , посебно за навивачите на Барса, но сега има еден детал кој треба да биде шлагворт на сезонава...среда на 7 мај.... за Реал, тоа би требало да биде славје, а за многумина од блауграна, последно ел класико, како и за Рајкард, и едноставно растеретени, без никаков притисок...со нетрпение го очекувам...:-))))

    ReplyDelete
  6. Anonymous08:07

    Дефинитивно Рајкард е кривецот!!!

    Ова од Манчестер најискрено го очекував! Но тоа беше тактиката!!! Ферги изгледал неколку утакмици и видел колку Барса игра без идеја сезонава и колку се мачат против некоја екипа која игра бункер и како секој добар тактичар(не според мене) ја реши Барселона. Тоа е тоа.

    Очекував многу повеќе од фудбалерите!!! Имаа само една 100% шанса во 180мин! КАТАСТРОФА!!!

    ReplyDelete