15.4.08

БАРСА „RESET„ !

Има ли сеуште некој што верува дека може оваа сезона да се повтори минатогодишната приказна, само во обратна насока? Се сомневам... Без оглед што на сите навивачи на азулграна тоа им е тоа тешко да го прифатат, реалноста е веќе извесна.
Време е за промена на Рајкард, и тоа веќе не е спорно.
Првите презентации започнаа.


Гвардиола веќе ја презентираше својата замисла пред неколку луѓе од одборот...
Лаудруп доби свои лобисти во клубот...
Имам чувство, сеуште само моја претпоставка, дека набргу ќе се пласира и Куман како можност...
За сите тројца заедничко е дека сакаат да играат 4-3-3, иако Лаудруп не толку како другите двајца, но лесно ќе го „форматираат„...
Пелегрини го ставија на маргините...
Бојан го доби новиот договор, кој ветува дека тоа ќе биде еден од базните играчи на ударната 3-ка во нападот...
Ето`о останува, но кој ќе му се придружи ќе мора да се чека јуни...
Анри повеќе од сигурно е дека ќе замине, или ќе остане како прва резерва уште само една година...
Деко си заминува, Ѕамброта веројатно, Дињо сигурно ...
Меси се враќа, Гуди сега засега е во комбинација, но не и Џовани, кој пробува со сите сили да се наметне за наредната сезона...тешко...
Абидал и Туре не се споменуваат во ниедна варијанта, барем засега...
Иниеста, Чави, Милито, Пујол без промени... 100% Барса.

Во сабота на ред е градското дерби на Камп Ноу, додека Реал веројатно нема многу да „напнува„ против Расинг кој го направи најголемото изненадување минатото коло победувајќи ја Валенсија на Местаја и на чекор е од огромното изненадување - пласман во Лигата на Шампионите. Се наоѓа на само еден бод од четвртото место, каде е Атлетико. Реал не дека нема мотив, туку има толку голем кредит за шампионската титула, што можат мирно и лежерно да влезат во последните натпревари и да ги изграат на домашен терен онака како и се очекува....


П.С.

„...претходното кажано за Куман, во многу нешта ќе зависи од конечниот резултат во финалето на Копа дел Реи, в среда против Хетафе....„

6 comments:

  1. Anonymous23:59

    Опаа и Куман влезе во игра....не знаев...Значи и јас сум сигурен дека Рајкард си иде значи тоа е расчистено...Бојан останува со Меси и Ето...Анри мислам дека ке остане и покрај супериорноста на Ето....Абидал останува и Туре сигурно па впрочем тие солидни беа сезонава...Дали ке си оди Рони кога си оди и Рајкард дали ке добие уште една шанса од друг тренер не знам..Ѕамброта, Ескеро, Едмилсон, Гудјонсен АУТ....Со Манчестер тешко ако не им се повреди некој таму..поздрав.Коментирај и кај мене ако сакаш.

    ReplyDelete
  2. Конкретно, тезата за Куман е моја претпоставка која дојде како резултат на анализата на неговите последни 5 ПРЕС конференции и конфликтот со дел од фудбалерите посебно Виља... кавгата најчесто е базирана на формацијата која и на тренизите упорно ја форсира Куман, а која во моментов со фондот на фудбалери и нивната лична концепција на игра некако не е во релација... Куман упорно бара од нив да играат 4-3-3, а тие се најчесто со 4-4-2 или 4-2-3-1 ... и поради тоа се најчесто во конфликт, Куман е постојано доведен во ситуација да ја менува формацијата или пред самиот натпревар или во текот на натпреварот му бега контролата од раце... да бидам искрен, навистина не ми е јасно зошто упорно ја форсира таа атак комбинација, кога Валенсија очигледно нема сили ниту квалитетен, брз и експресно трансформирачки среден ред зада може тоа да го играат... а згора на се и напрадот не им е сјаен ...со исклучок на пример на Виља, брз и експлозивен... Значи, зошто упорно ја форсира таа формација, безглаво?...има само едно објаснување...некому сака да покаже дека тоа е неговиот пик... а кому таа формација како на тим му е најважна и кој со децении ја презентира ( а не дај Боже да треба да се смени, тогаш со огормни елаборати се презентира и пред навивачите, пред одборот и всушност пред целото Сосио на клубот) ?... е тоа е мојата хипотеза „Куман„...

    ReplyDelete
  3. Anonymous00:46

    Според мене место единствено заслужуваат : Пујол, Милито, Абидал,Чави, Иниеста, Ето, Меси, Кркич. Дос Сантос треба да си ја гледа иднината во Барса и да не скока многу зошто и така е млад а квалитетот секогаш излегува на површина. Гудјонсен би бил добра резерва како и сезонава. Зошто никој не го спомнува Валдез??? Мислам дека само тоа што е Каталонец го држеше и може сеуште да го држи во клубот, иако јасно е дека не е класа голман кој му треба на секој голем клуб.

    ReplyDelete
  4. ... Дарко, мислам дека Валдез не е толку лош, колку што ти не го сакаш...:-)... плус има веќе еден голман кој се купи сезонава, али во најголем број од вината за головите беше лошата позиција на Пујол и посебно на „средината„ од средниот ред, која најчесто мораше да ја покрива Милито, оставајќи дупка зад себе... генерално и за тоа е винивен Рајкард....

    ReplyDelete
  5. Филе, околу моите желби за следната сезона (а и оваа) пишав во постче кај мене, ама дај нешто повеќе за формирањето на Пењата во Македонија. Едвај чекам :)

    ReplyDelete
  6. Anonymous07:28

    Да да Филе,ајде малку за пењата ако веќе нвистина има можност немој да чекаме

    ReplyDelete