20.11.08

МАКЕДОНИЈА ГО ИЗИГРА ПРИЈАТЕЛСКИОТ НАТПРЕВАР ПРОТИВ ЦРНА ГОРА




ТАПА!





П.С.
...и досадно е веќе да се коментираат овие застарени формации кои ги поставува и игра Катанец!
Очигледно, и повеќе од јасно е колку него всушност го интересира фудбалот како иновација и прогрес и колку воопшто го следи светскиот фудбал (подалеку од тоа што му обврска за плата)... а уште пострашно е што сите гледаат и ќутат...

17.11.08

ПЕП СО 300/h, ДОДЕКА ШУСТЕР УШТЕ ВО „ПРВА„...

Додека лабораторијата на Пеп работи совршено и ја реализира стратегијата која ја постави уште на почетокот на сезоната (со сосем мали измени), во кралскиот клуб-шампионот (кој очигледно дека тешко ќе ја одбрани титулата) работите не одат на добро. Дали последното видео кое утринава беше објавено од највлијателниот каталонски спортски медиум, значи дека Шустер пополека ја губи довербата и меѓу фудбалерите. Од Касиљас таа поддршка очигледно веќе ја нема. Видеото е снимено веднаш по завршување на натпреварот против Ваљадолид (кој Барса го доби со 6:0, а Реал го загуби 1:0)

БЕДНО... А НЕКОГАШ, НАЈГОЛЕМО МАКЕДОНСКО ДЕРБИ

Одамна не сум гледал македонски фудбал на ТВ, па одлучив да го изгледам дербито Пелистер - Вардар, некогаш најголемото македонско дерби, а денес...

Очигледно дека се беше толку бедно што можеби и не треба ни да се коментира... но, во неколку кратки црти ќе се обидам, размислувајќи да пишувам и поставам неколку прашања, за сите нас:

- Дали ќе му текне на некој дека битолскиот „стадион„ мора веќе еднаш да заличи на стадион, а не со тие камења „божем ограда„ кој повеќе личи како да се игра на некое археолошко наоѓалиште ?

- До кога ФФМ (одговорните во тој сектор) ќе ги тргаат транспарентите со навредливи содржини, само на Градски? Или никаде на друго место во државава, „немаат м...„ не да преземат таква акција, туку дури ни да помислат на такво нешто?

- Дали навивачките групи ќе почнат да размислуваат со своја глава, без copy-paste, и константно со години повторување на истото...тоа-па тоа... ???

- Дали и А1 се вклопува во цела таа фудбалска беда (станува збор само за преносите од мак-фудбал), па не успеа ни кадар да фати од првиот црвен картон, во директен пренос? Среќа што вториот се случи баш пред централната камера. А да не зборувам за офсајд ситуацијата на голот кој го постигна Пелистер, која очигледно може да се забележи само ако малку размисли реализаторот каде треба да има барем две камери... И покрај се, без навреди, ама навистина не можам да го разберам говорот на коментаторот од типот на „...има многу битка...„ или „...има голем притисок„ или „...внесе свежина во тимот...„ (!?) итн... Или е во некој шаблон, па не се слуша што зборува, или на некој монитор му пуштаа веројатно некоја снимка од натпревар на Премиер лигата ... ќе остане нејасно !? ... алоооо, гледачите не се слепи да проценат каде се игра фудбал, а каде се случува нешто налик на фудбал... најверојатно е она што го кажав на почетокот, дека и А1 се вклопи во целиот тој беден фудбалски амбиент...

- Дали ќе се почитуваа стандардите на УЕФА И ФИФА за тоа со каква топка треба да се игра? ...или кај нас може да се игра и со топка стара 8, а можеби и 10 години... ??? ..топки кој дури ни ние рекреативно на мал фудбал веќе не ги користиме... по стандардите беше само дисплејот на четвртиот судија со кој покажува измени и време на продолжување...

И на крај само ќе напоменам дека ми е жал само за една работа. А тоа е учеството на Милко Ѓуровски во цела таа фудбалска лакрдија. Тој беше и ќе остане (барем за мене) еден од најдобрите фудбалери што Македонија ги имала, на сите времиња. Фудбалер со експлозивна брзина, феноменално - прецизен шут, а да не зборувам за техника и слободни удари, кои и ден-денес најголемиот број од македонските фудбалери ниту ја познаваат а ниту ја имаат. Милко не заслужува да биде дел од ова македонско бедно издание на некогаш најголемото дерби.