20.11.08

МАКЕДОНИЈА ГО ИЗИГРА ПРИЈАТЕЛСКИОТ НАТПРЕВАР ПРОТИВ ЦРНА ГОРА




ТАПА!





П.С.
...и досадно е веќе да се коментираат овие застарени формации кои ги поставува и игра Катанец!
Очигледно, и повеќе од јасно е колку него всушност го интересира фудбалот како иновација и прогрес и колку воопшто го следи светскиот фудбал (подалеку од тоа што му обврска за плата)... а уште пострашно е што сите гледаат и ќутат...

9 comments:

  1. Zdravo File i site ostanati. Do sega gi imam citano tvoive stavovi ama za prv pat pisuvami zatoa bi sakal da mi odgovoris. Jas ne se slozuvam vo celost so tvojot stav. Zosto? Zatoa sto site drva i kamenja gi frlame po Srecko, a retko koj gi okrivuva fudbalerite. Pa ako se makedonci a toj slovenc ne znaci deka celata vina treba da mu ja prefrlime nego. OK e mediumive sto go kritikuvaat za rezultatite, ama dali imase moznost da gi gledas ostanatite prijatelski pa da vidis kolku posveteno i koncentrirano igraa nivnite fudbaleri, a nasive se odnesuvaa kako seedno da im e kolku e rezultatot iako e prijatelska. Da, mozebi e negova greska sto ne povika novi fudbaleri (Trickovski, NEDZIPI, markovski, tanevski, demiri, polozani i ostanati iminja koi se spomnuvaa na nasi fudbaleri koi se vo forma, mislam imase nekoj ivanovski i talevski ne sum siguren za iminjata)so sto bi im pokazal na prvotimcite deka nemaat zagarantirano mesto dokolku ne se trudat, koga eden Kapelo i del Boske probuvaat novi iminja pa zoso ne i Katanec. Megutoa od druga strana pa daj malku da ukazeme deka ne sme zadovolni i od trudot sto go vlozuvaat igracite, malku toa neka prostrui i neka dojde do nivni usi pa ili neka pokazat igra i volja ili neka kazat deka ne sakaat ili ne mozat ili povazni im se klubovite ... koja bilo pricina, pa ke dojdat na toa mesto decki sto so gordost ke go nosat toj dres i ke im bide cest, ke vidime barem borba na terenot. Od ova bi gi isklucil Grozdanovski, Pandev(ne zosto e zvezda, tuku se gleda deka se trudi), Naumovski i nekoi koi se vrakat od povredi. Znaci ne sakam da kazam deka ne treba da se kritikuva Katanec, OK e toa, megutoa mora da znaat nasive talenti i gordosti deka treba da igraat so srce i da ja posakuvaat pobedata, da odat i da ja zemat a ne da cekaat sama da dojde, a tie 90 min da se motkaat po terenot. Iskreno ne znam sto bara Maznov vo reprezentacija? Po utkata protiv island ne go smetam za profesionalen fudbaler nego za amater od maalski klub, a volja za igra ima 0.5 na tabela od 1 - 10.

    ReplyDelete
  2. ...оцигледно е дека не си го разбрал мојот текст кој е само еден единствен збор, а усте помалку п.с. -от... значи јас воопшто не зборувам за тоа кој колку се вложува..тоа е нормално кога сите тие фудбалери кои играат во странство (барем за повеќемината квалитетни) играат формации кои се практикуваат последните години низ цел модерен фудбалски свет. А формацијата 3-5-2 со строги ограничувања и во играта и одговорноста , веќе никаде не постои!!!!... тоа само Сречко уште го игфра и никој никаде во светот...дали за тоа зборуваме... нешто пробуваше да експериментира и во претходните натпревари , но сето тоа како со доза на несигурност, или можеби незнаење... земи прочитај го претпоследниот број на Чемпионс (официјалното издание на УЕФА) и ќе видиш како еден Мурињо, ја менува тактиката и формацијата во зависност од противникот, од фудбалерите и резултатот, во само еден натпревар од Лигата на шампионите... а знаеш што е жално,. тоа што Пандев, Новески, Васоски, Седлоски, итн...го играат тој исти „европски и светски фудбал„ во своите матични клубови...и доаѓаат во репрезентација и „окови, граници, застарени формации, движења итн„ да не замарам зашто сепак ова не е тема за одговор или пост...ова сепак е нешто што би можеле да седнеме и да го разглабаме ама буквално со денови... а мој совет е да се консултираш и со други, а по можност и елоквентни фаци (мислам на тренери кои можеш да ги најдеш на многу линкови на нет)... па дури можеш да ги читаш и некогашните тренерски големи имиња кои сега работат како коментатори по шпанските и италијанските медиуми... ќе го разбереш , верувам, многу подобро што значеше мојот текст „ТАПА„... се надевам дека не ме сфати погрешно, затоа што и мене ми е драго кога со издржани коментари и постови се дружиме на нет... а за некои фудбалери, точно е ...во право си... но мораш повеќето од нив да ги разбереш со што се соочуваат кога од Лацио, Мајнц, Ајнтрахт итн, „доаѓаат„ кај Катанец ...верувај, а јас сум 100% сигурен, дека само од почит не го коментираат тоа јавно... ама тоа сите, малку повеќе што го гледаат фудбалот од обичните и нископрофилирани коментари, најчесто на дел од „нашата новинарска спортска фела„, веррувај дека го знаат... секаде...без разлика дали ќе разговараш со Кројф преку неговите постови или со пример Хаџиевски во Баку или Смилевски во Иран... да не зборувам и за квалитетните тренери кои ги имаме и овде во македонија...

    ReplyDelete
  3. .. и уште нешто, Кеч...сепак иако имаме различни ставови, а се надевам дека ќе ги избалансираме многу бргу... хахаха... многу ми е драго, кога вака разговараме за фудбалот, а не со постови и коментари кои не заслужуваат ни респект а не одговор... Многу поздрав... Филе.

    ReplyDelete
  4. Филе да тапа беше!

    И уште еднаш не е тоа тактика 3-5-2, туку тоа е некоја незнам 5-2-3 или 5-3-2 формација во зависност дали нападот е Пандев, Мазнов и Наумовски или некој од овие двајца. Пандев не игра полушпиц бидејќи цело време е напред...Стварно незнам што тактика игра...Играчите се тие...Па ќе речам средината е проблемот, не е тактиката на Катанец...Ние немаме средина, нема кој да ја префрли топката на напаѓачите...Тоа со Црна Гора беше повеќе од видливо...ЦрноГорците можеа да ја држат топката до други ден...Ние неможевме да си подадеме на 5метра...Толку многу технички грешки...И тие се повторуваат на секој натпревар! Тоа неможе тренерот да го поправи!

    Најискрено сакам Катанец да си отиде, за сите да ја видат разликата помеѓу нашите тренери и странските! Една ѕвезда како Милко неможе да воспостави ред во Вардар, а не па во репрезентација!

    Најквалитетни играчи ни се Пандев, Седловски, Новески и Илчо Наумоски! И други нема! И се се врти околу нив!

    И не би се сложил дека не ги следи, трендовите...Баш на средбата со Црна Гора беше очигледна тактиката да се игра на брзи и кратки додавања на прва...Имаа одлична шанса после една таква акција...Тоа најверојатно им било уигравано на тренинг, но фали средина за тоа...Затоа и највеќе ни одговара тој бавен, старински Англиски фудбал! И мора да се помириме со тоа! Тоа сите наши "стручњаци" го знаат и го кажуваае!

    ReplyDelete
  5. fani_mzt118:28

    pozdrav do tebe file kako golem poznavac na fudbalot mozam da kazam deka katanec ja koristi poznata 5-2-1-2 ili 5-3-2 formacija koja ja koristese vujadin boskov dodeka mu bese trener na katanec vo sampdoria a voedno so taa formacija bujadin boskov stigna so yugolsavija do cetvrtfinale na euro 2000(izgubi od holandija)se soglasauvam deka formacijata e zastarena no najveke me zagrizuva drskiot pristap na katanec kon mediumite i kon svojata rabota.selektor na koja bilo reprezentacija barem ednas mesecno sledi utakmica vo zivo na nekoj od reprezentativcite a kaj nas dejan milosevski sto go imase debito sega protiv crna gora katanec go ima gledano samo na 3 utakmici i toa snimeni na cd istoto vazi i za filip ivanovski ama on ne bil dovolno dobar sme imale igraci kako nego.STRAMOTA,i mnogu neprofesionalno.ova ti go kazuvam od siguni izvori bidejki izvesno vreme bev honorarec vo fudbalska federacija.pozdrav

    ReplyDelete
  6. fani_mzt118:32

    a da zaboraviv da kazam.mora da ima cistka vo reprezentacijata.cim mozese hierro sto bese kapiten na real madrid 10godini da go izbrkaat taka moze i sedloski,milosevski slobodno da bidat otstraneti zaso kako so kaza mora da gi sledime svetskite trendovi ne sme milan site igraci da gi cuvame do 40godini, ne deka oni ne igraat dobro ama mora da se menuva od koren a se pocnuva od najiskusnite sekogas i od selektorot.pozz

    ReplyDelete
  7. "Секако не можам да бидам задоволен од нашето издание. Јасно е дека без желба нема успех. Црна Гора со половина сили дојде до победата бидејќи играше без своите најважни фудбалери Дринчиќ, Вукчевиќ и Вучиниќ. Пандев беше најдобар во нашиот тим, но некако ме чуди комплетниот пристап на репрезентативците... Како да се нема желба, дрскост, компактност... Подолго време се влечат тие проблеми и нормално ќе следат и лошите резултати", ни изјави по натпреварот Виктор Треневски, поранешен репрезентативец. Ова е изјава од последниот број на "Македонски Спорт". Значи Филе што сакам да кажам, се разбира дека ти си поупатен во новитетите и општо имаш пошироки познавања од мене во фудбалот(имам 22 години) меѓутоа сакав да кажам дека мора да се истакне дека и покрај се фудбалерите се оние кои се на теренот и ја подаваат и шутираат топката. Не знам дали гледаше имаше на А1 во една нова емисија за спорт некој бивш Вардаров фудбалер, кој играл во најуспешните години на Вардар. Тој го изјави следново: Јас мислам дека тренерите не можат многу да влијаат на играта (што не се сложувам), односно ние во тие години бевме бестрашни, храбри и со душа чекавме да дојде наредниот меч, без разлика дали дома или во гости. Кога излегувавме на терен знаевме дека сме посилни и ја земавме играта во свои нозе уште од почетокот и правевме разлика во своја полза уште во првото полувреме. Панчев не беше безобразен пред голот затоа што некој тренер му имаше помогнато да стане таков, туку тој уште од дете го сакаше чувството кога ќе постигне гол и без разлика од инструкциите од тренерот кои понекогаш беа да се игра подефанзивно, тој брзо тргнуваше кон противничкиот гол и го правеше тоа во што најмногу уживаше да го прави ... Потоа имаше и тој критики кон Катанец за тоа што не повикува нови фудбалери кои се во форма, па ако се и од нашето првенство или послаби клубови, што би придонело за зголемување на конкуренцијата (апсолутно се сложувам). Што значи Филе јас и ти немаме различни ставови туку јас само би го дополнил твојот став со тоа што "ЦЕЛО Е КОГА ИМА СЕ", значи Катанец очигледно не се замара многу со нас и не е многу добар стратег, меѓутоа фудбалерите не се трудат и не ја оправдуваат честа која им е дадена со облекувањето на црвениот дрес (од кај бел со ЦГ не знам). уште една забелешка имам што уште во претходниот коментар сакав да ја истакнам ... кога се дебатираше за некој од клубовите сите имаа да казат по нешто, па макар и за инат да треснат некоја глупост без смисла ... а сега кога се работи за нашата репрезентација заинтересираноста за темава е 0. Јас можеби малку изреагирав пребурно, но бев сигурен дека имаме шанса за квалификување на СП 2010, а сега, иако по природа сум оптимист ја изгубив и последната надеж и сум сигурен дека ништо нема да излезе, посебно со оглед на меѓусебните односи на сите во ФФМ.

    ReplyDelete
  8. Инаку коментаров горе пробувам неколку дена да го пратам ама имав некој проблеми со нетот :)

    ReplyDelete
  9. http://deciloquequierass.blogspot.com/

    Good Bloog my friend!! Congratulations!!

    good luck!! See you!

    ReplyDelete