Кога сме веќе кај Крушевскиот Манифест, веројатно дека најголем дел од вас не знаат дека НЕ ПОСТОИ никаков оригинален текст на Манифестот, туку тој е пишуван ПО СЕЌАВАЊЕ на Никола Киров Мајски во 1923 година.
Да, ПО СЕЌАВАЊЕ и во 1923-та година! И ден денес историчарите се спротивставуваат со ставовите дали Манифестот го напишал Мајски или братучедот, Никола Карев? Како и да е, никогаш нема да има ОРИГИНАЛЕН документ.
А текстот на Манифестот ПРВ ПАТ е објавен во драмата „Илинден“ (со поднаслов: „Слики од великото македонско востание пред 1903 година“) на Никола Киров Мајски во 1923 година. Мајски умира на 2 август 1962 година во Софија и оваа вечна тајна за постоењето на Манифестот останува закопана во неговиот гроб.
Инаку, вистината за постоењето на Манифестот како оригинален документ, ќе остане засекогаш нејасна исто како и целата документација за востанието која на многу чуден начин „исчезнува“. Имено, прадедо ми Петруш (брат на Никола Карев, и дедо на мојата мајка) по наредба на Даме Груев во 1904-та година, ја откопува целата архива од Илинденското востание, ја носи во Софија и му ја предава лично нему и на Борис Сарафов, во присуство секако и на Никола Карев (кој долго време го одлагал пренесувањето на архивата во Софија и бил децидно против предавање на овие важни документи, ним... за што постојат докази од многу извори). Од тој момент, се губи секоја трага на се` што е архивирано и потпишано за Илинденското Востание, лично од Никола Карев како Претседател на Првата Крушевска Република на Балканот. Разочаран од сите пост-илинденски случувања во Софија, Карев со една мала чета тргнува назад кон Македонија, пролетта 1905, за да ја обнови борбата за ослободување. Но, на патот кон дома, е предаден од шпион и убиен во близина на селото Рајчани, кочанско.
(Дури и низ овие факти секој може лесно да процени кој дел од историјата и ден-денес погрешно и намерно искривено се толкува и пренесува)
Ова колку да знаете, тие што не знаете...а ве има огромен број.