23.9.08

КАДЕ БИ МОЖЕЛО ДА ИМА ИЗНЕНАДУВАЊА?

Оваа недела сме без натпреварите од Лигата на Шампионите, но во секој случај стандардно, ќе прошетаме низ неколку информации поврзани со клубовите од најсилното натпреварување во Европа, бидејќи тоа секогаш може да биде само од корист...

Ако до пред неколку години, тогашниот тренер на Лацио Свен Г(ј)еран Ериксон ја постави ротацијата како задолжителен дел од тактиката, со која Лацио стигна тогаш и до неколку трофеи, а подоцна сето тоа го елаборираше во својата прва книга со таков сериозен пристап кон оваа новина, денес тоа е скоро задолжително за сите големи клубови. Натпреварите од Лигата на Шампионите во никој случај не се само натпреварување во кое може да се обезбедат големи пари и финансиска основа за многу клубови, кои понатаму Ќе бидат добра база за наредната сезона. И така тоа во круг постојано. Веќе опстанокот во самата Лига на Шампиони бара претходно големо вложување. Последен пример за таквиот пристап е железничарскиот романски шампион ЧФР Клуж. Но тоа во секој случај важи за клубовите кои доаѓаат од земјите аутсајдери во клупскиот фудбал, бидејќи за нив тоа не е новина туку повеќе ризик од тоа дали ќе се вратат парите на вложувачот. Додека за големите фудбалски клубови кои се скоро задолжителен сегмент од оваа лига, тоа е правило од кое не се отстапува.

Сведоци сме уште после првото коло во Лигата на Шампионите дека дел од клубовите кои имаат аспирации за поголем досег во нивоата на натпреварување од Лигата, воопшто безпричински не ги распоредиле своите сили во националните натпревари. Понекогаш намерно се калкулира со тие натпревари, токму во викендите по кои следуваат натпреварите во Лигата на Шампионите. Некогаш и намерно се прикриваат можните изненадувања во формациските определби, за противничките скаути кои редовно ја следат играта на противникот да бидат, што се вели, насочени на друга страна ...

...Од тие причини најчестите изненадувања се тимовите кои доаѓаат од земјите аутсајдери.Кај нив секогаш владее еден поголем ентузијазам, една поголема мотивираност, која воопшто не е базирана на финансии и големи премии. Едноставно, тука е лично докажување, пред себе, пред Европа која ги третира како клубови од земјите во развој и на крајот најдобра себепродажба. Затоа изненадувањата и на обложувачниците во Европа, најголеми коефициенти носат токму овие натпревари. Сигурно дека во наредното коло од Лигата на Шампионите нема да биде изненадување победата на Баерн во Минхен над Лион, па дури ни резултат со кој Лион би нанел срам на Баерн во срцето на Бавариа. Но апсолутен шок би била победата на Бате над Јувентус. Ако се земе предвид дека Јувентус оваа година ќе атакува и на Скудетото, а плус тоа да не заборавиме дека имаат редовно коло веќе во среда, па повторно пак во сабота и во вторник гостуваат на Бате, тогаш сигурно дека овој натпревар мора да се следи уште од задутре. Да се следи распоредот на формацијата на Раниери, евентуалните повреди и на крај стабилноста на формата во ваков збиен распоред.

Тоа треба да бидат задолжителни елементи ако се има желба да се намирисаат можните изненадувања, а конкретно во овој натпревар, можното изненадување би било нерешен резултат или победа на Бате.

Само така и парите вложени во некое ваше ливче можат да бидат вртоглави големи.

Во претходниот контекст на пример, натпреварот кој исто така ќе се игра во истата група, меѓу Зенит и Реал Мадрид, воопшто не би бил изненадување без оглед како и да заврши. Едноставно, секогаш треба да се има предвид, формата на Зенит која е длабоко навлезена во активно национално првенство наспроти онаа на Реал која допрва започнува. Да не зборувам за квалитетот на фудбалери кои ги има Зенит и кои иако доаѓаат од истокот допрва ќе се асимилираат во силниот европски фудбал.

Денес во ова скратено издание на Мојот Став ова е само мал осврт на можните интересни моменти кои треба внимателно да се следат уШте со стартот на вонредните кола, на натпреварите на оние клубови кои натсапуваат во Лигата на шампионите. И секогаш внимавајте и на местото на играње. Не е исто кога Арсенал гостува во екстремно ладниот Киев, и кога го пречекува на домашен терен Порто. А во конкретниот случај, исто така не смее да се заборават ниту старите задолженија, од времето кога на пример овие два клуба го изиграа најмирољубивиот натпреавр во Лигата на шампионите кога цела Европа знаеше како ќе заврши токму тој нивни дуел...

А во утрешната епизода од Мојот Став ќе се задржиме на Копа Либертадорес и нивниот клуч на натпоревари, како и на македонската блогосфера, токму на овие на[и интересни теми. Дослушање до утре, во исто време.