29.10.08

НОЌТА „ВО ОЧИ„ НА 48-ОТ РОДЕНДЕН!


Уште утринава сите аргентински медиуми ја објавија оваа вест:

МАРАДОНА Е НОВИОТ СЕЛЕКТОР
НА АРГЕНТИНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА!!!!!

Ова е тандемот што ќе ја води аргентинската репрезентација во понатамошниот дел од квалификациите. Диего Армандо Марадона како селектор и Карлос Биљардо како директор на репрезентацијата.
Како фудбалер „D10S„ покажа дека е најдобар, а како селектор поделени се ставовите за неговиот успех. Уште веднаш сите спортски медиуми започнаа со анализите, колку е тоа добро и колку е лошо за аргентинската репрезентација.
Јас воопшто нема да коментирам, сем ќе посакам Аргентина да се врати на местото на кое заслужува, освојување на Светскиот Шампионат во 2010, и тоа токму со Марадона и Биљардо!

П.С.

Можам само да претпоставам колкава ќе биде поддршката која Меси ќе ја добие вистински и директно од Марадона, без разлика што за некој е толку контроверзен, што сметаат дека не е за оваа позиција. Марадона како вистински и најголем мотиватор во фудбалскиот свет, кој после секој натпревар на репрезентацијата се симнува во соблекувалната и (после секоја голема победа) и ја започнува „Vamos, vamos Argentina...„, може да биде единствениот и вистинскиот учител во дополнување на волшепствата на малиот гениј, Лео.
Да не потсетувам дека еден од најголемите миленици му беше Хуан Роман Рикелме, дека Агуеро му е веќе иден зет, а Меси му бил секогаш слаба точка. Е сега ќе има проблеми со се што е „под водство„ на Пасарела, а тоа значи дека тука ќе бидат најголем дел на неговите противници, но мислам дека тоа нема многу да влијае на играта на репрезентацијата.