29.10.08

НОЌТА „ВО ОЧИ„ НА 48-ОТ РОДЕНДЕН!


Уште утринава сите аргентински медиуми ја објавија оваа вест:

МАРАДОНА Е НОВИОТ СЕЛЕКТОР
НА АРГЕНТИНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА!!!!!

Ова е тандемот што ќе ја води аргентинската репрезентација во понатамошниот дел од квалификациите. Диего Армандо Марадона како селектор и Карлос Биљардо како директор на репрезентацијата.
Како фудбалер „D10S„ покажа дека е најдобар, а како селектор поделени се ставовите за неговиот успех. Уште веднаш сите спортски медиуми започнаа со анализите, колку е тоа добро и колку е лошо за аргентинската репрезентација.
Јас воопшто нема да коментирам, сем ќе посакам Аргентина да се врати на местото на кое заслужува, освојување на Светскиот Шампионат во 2010, и тоа токму со Марадона и Биљардо!

П.С.

Можам само да претпоставам колкава ќе биде поддршката која Меси ќе ја добие вистински и директно од Марадона, без разлика што за некој е толку контроверзен, што сметаат дека не е за оваа позиција. Марадона како вистински и најголем мотиватор во фудбалскиот свет, кој после секој натпревар на репрезентацијата се симнува во соблекувалната и (после секоја голема победа) и ја започнува „Vamos, vamos Argentina...„, може да биде единствениот и вистинскиот учител во дополнување на волшепствата на малиот гениј, Лео.
Да не потсетувам дека еден од најголемите миленици му беше Хуан Роман Рикелме, дека Агуеро му е веќе иден зет, а Меси му бил секогаш слаба точка. Е сега ќе има проблеми со се што е „под водство„ на Пасарела, а тоа значи дека тука ќе бидат најголем дел на неговите противници, но мислам дека тоа нема многу да влијае на играта на репрезентацијата.

3 comments:

  1. da bidam iskren sakam da se vrati argentina na vrvot pa mislam deka i moze so ogled na toa deka vo momentov raspolaga so mozebi najdobriot sostav vo svetov da pocneme so abondazieri mozebi ne tolku slaven golman no ima odlicna konkurencija vo karizo i spored ova mislam deka mozebi tuka argentina ja najslabata tocka da prodolzam ponataka sledi javier zaneti po desnata bekovska pozicija iako ima34 god trca ko dete od 17 god ,po levata bekovska pozicija sorin vo celntralniot del hainze i milito sredinata ke pocnam so mascherano,riqelme,l.gonzales, i vo napadot koa ke se dodata messi tevez i aguero mislam deka bi bil najdobriot sostav na planetava a da ne zabioravime ova se samo del od igracite tuka se i cambiaso ,cruz,burdiso,crespo,zarate,ledesma,lavezi, iguan,gago,zabaleta,aimar i da ne gi nabrojuvam ponata zasto im go nema krajot.odlicna tema za ragovor no file bi te zamolil sledna tema da ti bide dali makedonija nekogas ke bide na pobednicki pateki :)))poz

    ReplyDelete
  2. ...hahahahah.... :-)))....

    ReplyDelete
  3. Ова е добро од една работа што веќе нема да се споредуваат играчите со Марадона, пошто сега пак го имаат во тимот! :))))

    Нема сомнение дека ќе има авторитет Марадона врз тимот! Но ако малку се опушти ќе го испушти тој авторитет! Треба да го искористи врз Меси, Агуеро и другите млади за да ги направи уште подобри! Сега е времето каков е како ментор!

    Ако успее да дојде до титула, ќе го имаме пак Марадона, овојпат како тренер!

    Ако не бидат Македонија во Јужна Африка ќе бидам за нив! :)))))

    ReplyDelete