17.2.09

СЕПАК Е ПРЕГОЛЕМА РАЗЛИКАТА ЗА ДА МОЖЕ МАДРИД ДА СЕ НАДЕВА НА НЕШТО ДРУГО, СЕМ ВТОРО МЕСТО...

Приказната за каталонското шампионско славје добива еден интересен тек, но сепак и сеуште извесен.
Ако во саботата, на само час и половина бев изненаден од клупата на Барса, која скоро ненајавено „ја најави„ Пеп, со Меси и Анри, денес веќе по којзнае кој пат ги прегледувам хронолошки, настаните од тренингот во петокот, па се до пресот кој беше организиран веднаш по натпреварот.
Само фактот дека требаше тоа да биде експлозивно деби на Меси на Лопера, веќе го имаше поткренато мојот адреналин на многу повисоко ниво. Дополнително збунувачки ми беа сите смс-а што ги добивав во саботата (и тоа веднаш по завршување на емисијата, па се од почетокот на натпреварот) дека Барса 100% нема да победи, дека Бетис ќе изигра за коефициент 5, итн, итн...најчесто пораки кои беа исклучително од обложувачки аспект... :-( ...
Самата ротација на Пеп, само ја дополни статистиката на Барса, дека е исклучително лоша во Севиља против Бетис.

Секакви црни сценарија ми пројдоа низ глава од 19.45 до 20.00, додека ги слушав коментаторите на радио Марка... помалку и тие беа збунети, но во секој случај одговорот го наоѓаа во следните натпревари кои за Барса се исклучително важни. Со кој очигледно дека и јас се сложувам, не би сакал да има друга причина за последицата која сите ја видовме...

А што е она што следува, поради кое Пеп ротира?

Дали Барса ќе му помогне на градскиот ривал во спас на сезоната или ќе го докусури? - прво прашање. Веднаш потоа следува пат во Франција, во Лион (град кој и мене ќе ми остане во „лошо сеќавање„ кога летово на враќање од Барселона „од Цензурата за Лапорта„, прво „залутав„ накај Лион, па непланирано поминав два дена повеќе :-) ... Во секој случај, се надевам дека овојпат Пеп нема „да залута„ оставајќи надеж за французите во реваншот на Камп Ноу.
А веднаш по француското „рандеву„ следува уште едно исклучително гостување против Атлетико на В. Калдерон. Па уште едно гостување на Балеарите против Мајорка во реванш од Копа дел Реи. Па домаќини на екстремно тврдите еускади од Билбао, за веднаш потоа реваншот против Лион на Камп Ноу.

Многу тежок распоред... премногу... среќа што се десет бодови предност во Ла Лига, а тоа значи, теоретски, дури и да си дозволат и три порази еден по друг, за тоа време Реал мора се да победи, и пак да се на бод предност. А да не се заборави во меѓувреме дека и Реал ги има сличните натпревари...


Тоа на некој начин е мојот став во кој сакам да верувам зошто Пеп започна со Меси и Анри на клупа, а Бојан исклучителен маргиналец во последните минути... Не би ни сакал да навлезам подлабоко, па да барам причина за Хлеб, кој очигледно уште денес е ставен на трансфер листата на Лапорта за јуни, итн..итн... Затоа што и за мене Хлеб е веќе завршена приказна во Барна.

Само еден факт ме прави задоволен и среќен, предноста е преголема за да може некој друг да се надева на освојување на титулата во Ла Лига.