7.8.18

Штета што „Македонска Пошта“ не е исчезната се` уште, бидејќи е само уште една бедна псеудо-профи институција

Денеска само уште еднаш ми се потврди дека во МК не функционира ниедна институција како што треба, сем до моментот додека ти ги земат парите. 
А „Македонска Пошта“ е уште една од бедните компании кои треба што поскоро да пропадне и да исчезне, за да не се залажуваме дека нешто функционира...
Имено, рано утринава „бабичката“ на шалтер во Аеродром прима пратка која треба да се достави денес до Охрид. Ај прво што го греши градот во записот, наместо Охрид пишува Битола, туку и реагира како да не е тоа којзнае каква грешка што ја направила!? (а со огромни букви и` е назначена адресата на пакетот). По (среќната) забелешка, сепак се поправа и го впишува Охрид. 

Потоа „Бабичката“ изнесува некои информации што ги научила „напамет“ (гарант така и рекле), чиниш си дошол во некоја германска или скандинавска пошта...

И тамам чоек да се понадева дека можеби и сепак ете има нешто што функционира, за кратко време влезот во нивните „субстандарди“ ме внесе во македонската реалност...

Од пратката ни трага ни глас.

Вртам телефони низ Скопје и Охрид (и тоа од странство, бидејќи ми беше битно пратката да стигне токму денес, токму на адресата во Охрид, затоа што има причина, не само затоа што сум платил за услугата колку што ми побараа по нивната тарифа за „достава до адреса“), но џабе...
Никаде никој нема ни да одговори, ниту пак знае...

Се колебам дека „тракингот“ на пратката може да им функционира, сепак проверувам... и хоп, ете ја пратката, нешто малку пред 20 часот пристигнала во Охрид, но во пошта. Не, на назначената адреса.
А „бабичката“ се пењаваше колку нивниот професионализам е прецизен и дека пратката во 18.00 ќе стигне на „адресата“... и дека претходно ќе се јават на доставениот мобилен телефон на адресата... (нормално, претпоставувате нели дека ни телефон заѕвони, ни бутур...)

Криво ми е што не им поверував на најблиските кои учествуваа во „доставата“ на пратката до Македонија да не им верувам на институциите во МК и дека може да се случи дури и да се загуби, ама ете, лично оптимистички сакав да верувам дека нештата се подобриле и дека Македонија сепак во меѓувреме станала подобро и пофункционално место за живеење од претходно...

Штета, што не им поверував... сепак тие си ги знаат мустрите со кои се соочуваат секој ден...
Бедно.

П.С.
... на крајот „тажно, но среќно резиме“, дека сите што сме заминале од таму сме го направиле вистинскиот чекор... а пратката ќе чекам достава до „адресата“ во следните денови со надеж дека сепак нема да се загуби...