13.3.09

МАРШОТ НА МУНДИРИТЕ

Денес ќе направам исклучок од стандардните постови кои секогаш се однесуваат исклучиво на моите омилени фудбалски клубови, а оние од вас, со кои сум најчесто во комуникација, добро знаат кои се тие. Не можам да бидам рамнодушен пред најновите случувања и новите стандарди кои ги наметнуваат четирите англиски екипи, сакале ние или не да го признаеме тоа.

Лигата на Шампионите оваа година може да добиде нов наслов, барем до извлекувањето на новите двојки.
А тоа е: Маршот на Мундирите!


Англиските екипи наметнаа нови стандарди, во кои за останатите во Европа
место за грешка ќе има се помалку. Оние кои остануваат во топчињата што во петок ќе се тркалаат во Нион, докажуваат дека се најдобрите во моментов во Европа. Некаде со малку среќа, некаде со малку повеќе храброст, сепак никој не би требало да го оспорува нивниот успех.

Годинава исплива на површина уште еден факт, кој е повторување од минатата. Премиер Лигата го држи приматот-најквалитетна фудбалска лига во Европа.

Попрецизно, факт претставен од клубовите кои беа пионери во промената на оној типично англиски фудбал кој некогаш владееше на островот.

Не
когаш пионери, кои наметнаа нови стандарди во англиската тактика и формации, денес со сублиматот кои го направија и го поставија како нов стандард во светскиот фудбал, можат буквално да држат и предавање на тема – модерен фудбал.

Се уште само еден формат се спортивставува на овие веќе докажани стандарди. Ла Лига, која се уште се базира на своите принципи.
Но, анализирајќи ги неколкуте клубови, почнувајќи од Севиља, па Бетис, Хетафе, Атлетико па дури и најортодоксната Барселона која никогаш нема да ја смени својата препознатлива формација, веќе во најмала рака дури и таму се внесува по малку англиска динамика.(Италија не би ја споменувал, бидејќи сепак, веќе втора година е во криза која воопшто не дозволува да биде споредувана во ваков контекст на фудбалски прогрес)

Лигата на шампионите и овојпат е во исчекување на двојките кои ќе бидат наскоро објавени.


Дали ќе се поврзат меѓу себе четирите англиски екипи кои го изодеа беспрекорно целиот пат до тука?


Или сега на повидок е нова, но овојпат англиско-европска фудбалска војна?


Англија против остатокот од Европа.


Чудна ждрепка може да се случи во Нион.


Како и да е, можеби најфер ќе биде токму тоа.


Минатата година докажаа дека се најдобри, а оваа, на некој начин и досега го потврдуваат.
Фер би било природата на настаните така да ги нареди топчињата во Нион. Англиските клубови да не паднат во дуели меѓу себе, туку да се распоредат против најдобрите од остатокот на Европа. Па ако и тука го издржат притисокот и го освојат и тој простор, можеме сите да им честитаме, безоглед кој ќе застане со трофејот во Рим. Тогаш и освојувањето на Рим треба да биде уште посимболично.

Можеби повеќе метафорично, но спектакуларниот дочек на Црвените (или можеби сините) Мундири кои го освојуваат Форумот и Колосеумот, со сигурност (во тој случај) бил почеток на една нова светска фудбалска историја. Би било, ако би било...сепак...


П.С.


„ ...со сета почит кон навивачите на англиските клубови, јас се уште сметам дека Барселона ќе биде овојпат римската Легија на која сите ќе и се поклонат на 27 мај. Но, респектот кој го наметнаа англиските клубови во изминатите два дена, ме натера барем на миг моето внимание на овој блог да биде свртено со сета почит кон нив.
Се надевам, за прв и последен пат... :-)„