13.3.09

МАРШОТ НА МУНДИРИТЕ

Денес ќе направам исклучок од стандардните постови кои секогаш се однесуваат исклучиво на моите омилени фудбалски клубови, а оние од вас, со кои сум најчесто во комуникација, добро знаат кои се тие. Не можам да бидам рамнодушен пред најновите случувања и новите стандарди кои ги наметнуваат четирите англиски екипи, сакале ние или не да го признаеме тоа.

Лигата на Шампионите оваа година може да добиде нов наслов, барем до извлекувањето на новите двојки.
А тоа е: Маршот на Мундирите!


Англиските екипи наметнаа нови стандарди, во кои за останатите во Европа
место за грешка ќе има се помалку. Оние кои остануваат во топчињата што во петок ќе се тркалаат во Нион, докажуваат дека се најдобрите во моментов во Европа. Некаде со малку среќа, некаде со малку повеќе храброст, сепак никој не би требало да го оспорува нивниот успех.

Годинава исплива на површина уште еден факт, кој е повторување од минатата. Премиер Лигата го држи приматот-најквалитетна фудбалска лига во Европа.

Попрецизно, факт претставен од клубовите кои беа пионери во промената на оној типично англиски фудбал кој некогаш владееше на островот.

Не
когаш пионери, кои наметнаа нови стандарди во англиската тактика и формации, денес со сублиматот кои го направија и го поставија како нов стандард во светскиот фудбал, можат буквално да држат и предавање на тема – модерен фудбал.

Се уште само еден формат се спортивставува на овие веќе докажани стандарди. Ла Лига, која се уште се базира на своите принципи.
Но, анализирајќи ги неколкуте клубови, почнувајќи од Севиља, па Бетис, Хетафе, Атлетико па дури и најортодоксната Барселона која никогаш нема да ја смени својата препознатлива формација, веќе во најмала рака дури и таму се внесува по малку англиска динамика.(Италија не би ја споменувал, бидејќи сепак, веќе втора година е во криза која воопшто не дозволува да биде споредувана во ваков контекст на фудбалски прогрес)

Лигата на шампионите и овојпат е во исчекување на двојките кои ќе бидат наскоро објавени.


Дали ќе се поврзат меѓу себе четирите англиски екипи кои го изодеа беспрекорно целиот пат до тука?


Или сега на повидок е нова, но овојпат англиско-европска фудбалска војна?


Англија против остатокот од Европа.


Чудна ждрепка може да се случи во Нион.


Како и да е, можеби најфер ќе биде токму тоа.


Минатата година докажаа дека се најдобри, а оваа, на некој начин и досега го потврдуваат.
Фер би било природата на настаните така да ги нареди топчињата во Нион. Англиските клубови да не паднат во дуели меѓу себе, туку да се распоредат против најдобрите од остатокот на Европа. Па ако и тука го издржат притисокот и го освојат и тој простор, можеме сите да им честитаме, безоглед кој ќе застане со трофејот во Рим. Тогаш и освојувањето на Рим треба да биде уште посимболично.

Можеби повеќе метафорично, но спектакуларниот дочек на Црвените (или можеби сините) Мундири кои го освојуваат Форумот и Колосеумот, со сигурност (во тој случај) бил почеток на една нова светска фудбалска историја. Би било, ако би било...сепак...


П.С.


„ ...со сета почит кон навивачите на англиските клубови, јас се уште сметам дека Барселона ќе биде овојпат римската Легија на која сите ќе и се поклонат на 27 мај. Но, респектот кој го наметнаа англиските клубови во изминатите два дена, ме натера барем на миг моето внимание на овој блог да биде свртено со сета почит кон нив.
Се надевам, за прв и последен пат... :-)„

60 comments:

  1. File bravo za postot.. Pocit za angliskite ekipi ( bese i ocekuavno posebno Liverpool :-)] No kako sto spomna i ti Barca ova godina ke im se sportistavi na angliskite ekipi ( koja i da bilo).. Vidovte li sto napravi Messi vcera , potoa Henry, Eto ne znam koja odbrana bi gi zadrzala niv.. zatoa im poracuvam na anglicanite , ke stignete daleku se dodeka ne igrate so Barca.. So ova igra ne mozam da gledam drug pobednik osven Barca.. ;)

    ReplyDelete
  2. БРАВО Филе за постот,а се сложувам со Ардиан ќе има биде тешко на англиските екипи кои ке играат против Барселона али само ме плаши Ливерпул премногу добро одигра против Реал а и има некоја тајна стратегија Бенитез.Само едно се прашувам дали Ливерпул е толку јак или Реал мизерно слаб?
    И само се надевем дека утре во Нион ке се падне на Барселона Арсенал или Манчестер,може и Ливерпул ама во финалето.поздрав

    ReplyDelete
  3. Мислам дека во ждрепката ќе има 1 англиски дуел (речиси невозможно е сите англиски екипи да добијат противници од други држави). Овде една англиска екипа ќе отпадни, а уште една од Барселона (сакам да биде Манчестер Јунајтед). Така да во полуфиналето ќе има 2 англиски и 1 или 2 Шпански екипи. Ако се погоди да има во полуфиналето Англиско- Шпански пресметки ке биде навистина интересно за да се потврди која лига е подобра иако мислам дека Премиер е појака од Примера. Поздрав

    ReplyDelete
  4. fakt e deka Premier ligata e najdobra vo svetot i ne treba toa da ne cudi.najmnogu investicii ima taa liga i normalno e da se najdobri.sekoja cest za niv.za italijancite e dobro sto ispadnaa bidejki kako sto igraat bea sram za fudbalot.mislam deka ke se svestat i ke go smenat nivniot odnos kon fudbalot.edinstveniot konkurent na anglicanite e Barcelona,ne La liga tuku Barcelona.bravo i za Villareal,odlicno teraat.I jas mislam deka anglicanite imaat povekje odlicni klubovi no deka na kraj site ke se pokorat na Barca,sezonava sme izvonredni,Lyon ja oseti vistinskata Barca.edvaj ja cekam zdrebkata i da gledame uste pointeresni dueli.pozdrav

    ReplyDelete
  5. Циклуси...пред неколку години гледавме Шпанија против остатокот од Европа...во наредните неколку години можи ќе изненадат Италијанските екипи, Јувентус и Рома воопшто не беа далеку (нели двете екипи имаа повредени клучни играчи) така да Италијаните и не се толку трагични...сите го заборавате Баерн, иако не е константен, 12:1 па и против еден Спортинг е многу, или пак не?!

    ReplyDelete
  6. Јас се извинувам што не се согласувам со тоа дека премиер лигата е најдобра затоа што треба да се речи најбогата поточно. Јасно е дека каде што се парите таму е и квалитетот ама лига со 4 тимови за мене не е лига затоа што разликата меѓу четвртиот и петтиот (освен астон вила оваа сезона) е светлосни години и никогаш нема шанси за изненадување. Останатите тимови трошат пари и земаат играчи што се избркани од поголемите клубови наместо како во шпанија (на пример) млади и надежни кои после ќе бидат продадени за поголеми пари што е нормално. Јас лично неможам да изгледам цел меч од премиер затоа што тој фудбал ми е досаден и аутсајдерот никогаш нема амбиција за победа туку само евентуално да земи бод ако можи. И за крај - јас никогаш не ја ценам јачината на една лига според пласманот во лигата на шампионите затоа што таму решава најчесто среќата (рома-арсенал, порто-атлетико како пример) и така ако ги броиме колку тимови останале од лигите ќе излези португалската или бундес појака од серија А, а тие имаат 1 посто гледаност. По меродавно е кој ке го освои Уефа купот барем така ке се види дека и тимовите подолу од 4 то место во лигата имаат квалитет. Поздрав и гледајте премиер лига ако можите па полека ке го засакате и рагбито како спорт оти се многу слични...

    ReplyDelete
  7. Горан, сосема се сложувам со тебе од збор до збор, супер ги перцепираш работите.... се гледа дека си подолго време во фудбалот за разлика од овие другиве што оставија коментари.... тоа важи и за Владимир.

    многу е лесно да се биде на врвот кога 65% од играчите во ЕПЛ се странци.... и кога газди на клубовите се Арапи,Руси и Американци..... кои баш ги заболе колку пари ќе фрлат.Не негирам дека во последните 3 год. ЕПЛ доминира, сепак паметно би било на кој начин дојдоа до тоа, со прљава игра.... не е далеку времето кога ќе се донесе правилото 6 домашни + 5 странски у прв тим па тогаш да видиме ЕПЛ колку ќе биде силна.... Филе не ми е јасно како можеш да ги отфрлиш всушност најтрофејните клубови во историјатот на фудбалот без оглед во каква ситуација се наоѓаат... Реал,Јуве,Милан,Интер,Рома не се ништо помалку квалитетни од Барса и четворката во Англија.... времињата се менуваат, еден период доминира ЕПЛ друг период Серија А и Ла Лига..... тоа е привремено и релативно, без оглед дали сезонава Англичаните се убедливи, Серија А и Ла Лига секогаш ќе бидат рамноправни со нив.... сплет на околности и среќа ги донесе до ова дереџе кое нема да трае уште долго, максимум уште 2 сезони.... секогаш кога доминираат Англичаните заедно со нив доминира и Барса, додека пак кога доминираат екипите од Италија исто така доминира и Реал.... секогаш во моите очи во врвот на фудбалот ќе остане Реал без оглед дали испаѓа три години по ред во 1/8 финале, потоа следуваат една класа подоле Јуве,Милан,Ливерпул....


    Мадристи, не се сеќирајте нашето време допрва доаѓа!

    ReplyDelete
  8. е баш во Уефа купот неможе ич да се види кој е најдобар бидејќи е многу познато дека уште од стартот е намсестен.... тој што ќе искешира највеќе тој ќе го освои.... минатата година највеќе фрлија Русите и затоа Зенит освои сеа поради рецесијата многу Руски милијардери банкротираа се без кеш и затоа ќе си губат како што вечерва Зенит го лапна...

    иначе колку за споредба кое првенство е најтрофејно....

    четири пати светски првак Италија, Англичаните само еднаш.... и ако се толку јаки нека си стават Англиски тренер а не да ми ги зимаат Капело,Ѕола.... кога овде ќе ги стигнат тогаш Филе ќе можеш да пишуваш дека се најаки Англичаните.... и види колку пати Италијани имало во финале во ЛШ и спореди ги со Шпанците или Англичаните...

    ReplyDelete
  9. Еј дај не се страмете...сакале вие или не, поќе од јасно е дека премиер лигата е најквалитетна.Со исклучок на Барса..сите други екипи што беа во лигата на шампионите се едно класа или две подолу од англичаните...Со ова што го кажав невелам дека индивидуално играчкиот кадар им е многу подобар од другите, туку како за пример нивниот начин на подготовка е далеку пред другите во светот.Имаат извонредни поединци од цел свет, а физички и ментално се неверојатно подготвени(пр.дуел Гаго со Машерано, Чави Алонсо и Џерард)..Потсететесе само колку е тешко да им се постигне погодок..имаат бриљантни одбрани(Тери, Шкртел, Видич..), премногу искусни играчи. Така да негледам на повидок дека нешто би се променило драстично во иднина...единствено Барса е подготвена на предизвикот едино заради нивната исклучителна техничка способност(Чави, Иниеста..)А за случајот на Реал невреди ни да се зборува, веќе се е јасно за тој тим,одамна кажано...Неостана ни Р од некогаш моќниот Реал Мадрид..али секогаш ќе постој наредна година за тимовите како Реал...со среќа на Барса во војната со безмилосните англичани...поздрав до навивачите на Барса и Челзи...

    ReplyDelete
  10. ... можеби во одредени сегменти се сложувам со постовите и на Горан Реал Мадрид и на Џалоросо, посебно во последните реченици во Пост Скриптумот... јас лично сум исто така повеќе фан на италијанската и шпанската лига и уживам со задоволство да ги гледам дури и Наполи, Џеноа, па и Лече односно Алмерија, Нумансија... но ова што го напишав во текстот, е факт...сакале ние да го прифатиме или не... тргнете прво од самата реализација на тв преносите...мас медиумите ја прават најмногу , една лига популарна или не. Секој стадион во Англија е полн, камерите се долу на терен, бликоста со фудбалерите и играта е неверојатна, за разлика од италијанските пренои или дел од шпанските каде се е сведено во точки на трен... да не зборувам од комплетна псот продукција на еден натпревар во англија, шпанија и италија... значи земете го предвид сето тоа... јас сум малку повозрасен, па се сеќавам и на времето кога седевме дома со транзисторите и слушавме извештаи од Загреб, Љубљана, Приштина, Бања Лука, Тузла, Сарајево итн... а за комплетен извештај чекавме пак навечер во недела на „Втора„ - спортски преглед, каде само со 2 минути ќе беа опфатени и италија и англија и одвреме-навреме шпанија. Значи оттогаш поминаа скоро 30 години... Масовните медиуми го создадоа ова што вие помладите денес го гледате... но верувајте, дека истото и сега се случува само многу на порафиниран начин, многу посуптилно... војната инаку се води токму таму... а за најдобро да го разберте ова што го пишувам, еве викендов земете по еден натпревар, најдобрите нормално, од англија, од шпанија и италија, и следете ги ако имате услови паралелно...или во најмала рака еден по друг... ќе ја воочите разликата 100%... тоа е медиумот... тоа е популарноста, тоа се финансиите... и на крај тоа е нашата поделба... и уште еднаш ќе повотрам, сем неколкуте дерби натпревари од Премиер, и јас сум ортодоксен поддржувач на Ла Лига и Калчо... но ова претходното е факт ,кој ако сме реални не би смееле да го занемариме...

    ReplyDelete
  11. Премиер Лигата се сложувам дека е најјака, но да ги видиме тимовите од големата четворка.
    Манчестер Јунајтед има 3-4 играчи од Англија кои најчесто се во првите 11. Исто така и менаџерот не му е од Англија.
    Ливерпул има газди Американци скоро цел тим му е составен од шпанци. Мислам дека само Карагер и Џерард се англичани во целиот тим на Ливерпул.
    Челзи со газда Русин менаџер холанѓанец и 2-3 англичани во тимот.
    За Арсенал па да не збораме дека само Волкот е агличанец во тимот нити менаџерот, нити во управата нема англичани.

    А во Шпанија и Италија големите тимови имаат претежно домашни фудбалери.
    Заклучок: Премиер Лигата е најјака во светот, но со странци во неа, а ако се воведи правилото 6+5 ќе има драстичен пад на големата четворка во Англија и тогаш ќе се види која лига е најдобра. Поздрав.

    ReplyDelete
  12. СЕ СЛОЖУВАМ СО ФИЛЕ ОД ПРВИОТ ДО ПОСЛЕДНИОТ ЗБОР(ПРВПАТ ЗА НЕШТО ДА СЕ СЛОЖИМЕ - ПОШТО ЈАС СУМ ФАН НА КРАЛЕВИТЕ). ПРЕМИЕР ЛИГАТА СТАНА ТОА ШТО Е ИСКЛУЧИВО ПОРАДИ ПАРИТЕ ОД ТВ ПРЕНОСИТЕ И НИВНАТА ПРАВИЛНА РАСПРЕДЕЛБА, ЗА РАЗЛИКА ОД ШПАНИЈА И ИТАЛИЈА КАДЕ ГОЛЕМИТЕ КЛУБОВИ ДОБИВААТ ОГРОМНИ ПАРИ, А ПОМАЛИТЕ САМО КОЛКУ ДА ОПСТОЈАТ. ГЛЕДАМ ДЕКА СЕГА И БУНДЕС ЛИГАТА ПОЧНУВА ДА ЈА КОПИРА ПРЕМИЕР ВО НАЧИНОТ НА ФУНКЦИОНИРАЊЕ И ОЧЕКУВАМ ЗНАЧИТЕЛНО ДА СЕ ЗАСИЛИ СО НЕКОИ КВАЛИТЕТНИ ФУДБАЛЕРИ ВО НАРЕДНИТЕ НЕКОЛКУ ГОДИНИ ПА НЕ СЕ ЧУДЕТЕ АКО ИЗНЕНАДИ(ИАКО ТЕШКО КЕ СЕ НОСИ СО ПОПУЛАРНОСТА НА ПРИМЕРА И КАЛЧО). ЗАТОА ПРАВИЛОТО ДЕКА ПАРИТЕ СЕ НАЈВАЖНИ ВО ФУДБАЛОТ СЕ ПРИМЕНУВА СО МНОГУ МАЛ БРОЈ НА ИСКЛУЧОЦИ. А ЗА ПОПУЛАРНОСТА НА КЛУБОВИТЕ КОЛКУ САКА ПРЕМИЕР НЕКА БИДИ ГЛЕДАНА ПАК НАЈСАКАНИ КЛУБОВИ ВО СВЕТОТ КЕ БИДАТ РЕАЛ МАДРИД, БАРСА, МИЛАН, ИНТЕР, ЈУВЕ И ТН. ПОЗДРАВ ДО СИТЕ И ИАКО СЕ НАЈДОБРИ ПРЕНОСИТЕ НЕ МОРА ДА ЗНАЧИ ДЕКА ВИЕ ТРЕБА ДА ГЛЕДАТЕ БОРЕЊЕ НА ФУДБАЛСКИ ТЕРЕН, МОЖЕТЕ ДА СИ ПРАТИТЕ ШПАНСКИ ФУДБАЛ И ПОНАТАМУ, ПА ДУРИ И НА СИТЕЛ АКО ТРЕБА - КОЈ НИ Е КРИВ ШТО ТИЕ ГИ ИМААТ ТВ ПРАВАТА. ПОЗДРАВ УШТЕ ЕДНАШ

    ReplyDelete
  13. Филе апсолутно си во право! Пишав јас и кај мене на блог уште по првите средби и така и испадна!Премиер е убедливо најквалитетна моментално и тука нема шо да се зборува!

    Само една грешка правите сите...Единствено само Италијанските екипи можат да ја урнат Англија...И така ќе биде наредната година...Милан, Јуве ќе се вратат на голема врата, Интер ќе биде истиот! Рома која многу ја сакам мислам дека ќе се распадне...

    Барса и Реал се премногу горди за да го сменат стилот на игра и затоа и не ставам дека Шпанците ќе ги урнат! А после Барса и Реал да бидам реален другите се далеку под нив(во Шпанија)...Се виде преку Атлетико и Виљарел кои се мачеа со далеку послаби противници од нив, а Атлетико не ни помина!

    Куп на УЕФА е сосема друга приказна(перење на пари), местачка работа...

    Правилото 6+5 нема да смени ама баш ништо...Нијанси...Манчестер уште сега има 6 исто и Челзи, ќе биде и Ливерпул, едино Арсенал...

    Во Шпанија Барса и Реал, тука ќе биде и Виљареал...

    Во Италија, Интер ќе страда највеќе...Милан и Јуве се старци(веќе имаат)... Рома исто има

    ReplyDelete
  14. Браво Филе ти си мој човек :D.Барса мислам дека игра најубав фудбал на планетава и тешко дека ке ги запре некој.Ако може во некоја од емисииве да кажеш некој трансферни цели на Барса,читам голман барале !!

    ReplyDelete
  15. јас верувам дека ова е една мала криза која набрзо ќе биде мината.... големи легенди се на прагот да го напуштат фудбалот како Пирло,Малдини,Гатузо,Замброта,Тоти,
    Дел Пиеро,Недвед,Сидорф,Инзаги,
    Х.Занети,Виеира,Станкович,Каморанези,
    Буфон,Матераци,Неста.... старата гарда која го освои СП 06 вклучувајќи ги и оние кој си отидоа Тони,Канаваро.... мислам дека најпосле се најде решение за овие проблеми и ќе се инвестира во нови млади фудбалери, предводници во репрезентацијата на Италија!редно беше да се почне со основање на новата фудбалска плеада!

    признавам дека ЕПЛ моментално доминира, но вие мора да признаете дека најголемите легенди произлегле од Италија и Бразил, несомнено се и најтрофејни ! ! !

    ReplyDelete
  16. File bidejki si strucnjak moram da te prasam edno prasanje : Sto ke se sluci ako Barca gi zeme i La liga i Kupot na Spanija?? Koj ke igrat za Super cupot? Dali Barca avtomatski ke ja zeme i taa titula?

    ReplyDelete
  17. jas sum drugar pogolem strucnjak od File :D. Ako gi osvoi Barca i La Liga i Copa Del Rey (a ke gi osvoi), ZA SUPER KUPOT KE IGRA SO VTOROPLASIRANIOT OD LA LIGA (verovatno Real Madrid). nema nisto avtomatski !!!!!!

    ReplyDelete
  18. Aha pa mnogu e glupo.. Taka Real ke ima sansa da osvoi barem edna titula so vtoro mesto :-). Avtomatski pi trebalo no ako i taka nema da ima problemi za Barca da go pobedi Real ;)

    ReplyDelete
  19. Најпрвин еден поздрав до тебе Филе и сите кои коментираат на блогов и разменуваат мислења.
    1.Апсолутно се согласувам со Џалоросо и нз уште кој кажа(не ми замерувајте)дека ова се само периоди во лигата на шампиони.2003 полуфиналиње:Реал-Јуве и Милан-Интер.Кој би рекол дека 5 години подоцна никоја од овие екипи не е ниту блиску до полуфиналето.Лигата на шампиони секогаш носи изненадувања и за еден тим да ја освои 2 години по ред се докажа скоро невозможно во изминатите години.
    2.Од гореспоменатото полуфинале во 2003тата Реал Мадрид ја нема поминато првата нокаут фаза!тоа е 5 годишен пост за најтрофејниот клуб во ова натпреварување,воедно и најтрофеен шпански клуб.Од тогаш започната е и една шпанска криза,но зошто никој не говори за тоа?Освен Барса која е константно добра и блесокот кој го имаа во 2006тата каде се искачиа на фудбалскиот врв(слично како Манчестер минатата сезона)другите шпански екипи се неуспешни во ЛШ.Сигурно сите добро ги паметите Селта Виго,Депортиво Ла Коруња кои имаа блесоци во ЛШ своевремено.Но тоа е поврзано со проклеството на лигата на шампионите и е сосема друга тема за која воедно мислам дека ТИ Филе треба да се осврнеш барем во еден наврат :)
    3.Очигледно,јас навивам за Милан но тоа не ме прави автоматски фан на Италија,едноставно само можам да бидам малку наклонет кон земјата за чиј клуб навивам.Впрочем и затоа инстиктивно застанувам во одбрана на Италија иако реално гледано Англиските екипи доминираат во моментов.Но сите нека помислат на 90-ите.Англичаните се изначекаа дури до 99та за да имаат свој шампион во ЛШ(и финалист воопшто ако не се лажам)

    Значи заклучок,фудбалот во Италија е во криза,но таа криза е поврзана со внатрешната политика и е започната негде од 80тите кога изби скандал сличен како оној во 2006тата,кога Милан во 80тите а Јуве во 2006тата го допреа фудбалското дно.
    Промени треба и МОРА да има во Италија,и само Италијанците можат да си помогнат сами на себе.
    И вториот дел од закклучокот е дека во ЛШ има постојани осцилации и дека кризата токму во ЛШ се надоврза со сплет на околности.

    Толку од мене сега за сега,уште еден поздрав до сите вас и тебе Филе и Forza Milan!

    ReplyDelete
  20. Филе јас би сакал во некоја следна емисија да ги искоментираш екипите кои порано беа редовни во лига на шампиони а сега се во втори трети лиги.... пр. Leeds,Deportivo,Notingham Forrest, Monako, Ajax, PSV, и мн. други. И ако може да кажеш кој ке ја коментира лига на шампиони наредната сезона (јас имам предлог да има двајца коментатори(ама шо се разбираат), едниот од нив да биде Филе) Поздрав

    ReplyDelete
  21. Апсолутно се работи за циклуси кои не се случуваат прв пат, Шпански, Италијански па сега Англиски екипи кои доминираат во ЛШ. И сето тоа мислам дека е дефинирано со тековите и динамиката на фудбалот кој во денешно време се форсира.

    Јас сакам и за друго за проговорам. Многу пати имам пипувано и на мојот блог за некои работи кои УЕФА мора да ги смени или воведе. Во врска со арбитражата и Платини говореше пред околу две години, дека би било добро да се воведат судии и позади головите, со што при одлуките занајспорните и одлучувачки моменти помалку би се правеле грешки.
    И второ е укинувањето на правилото гол во гости. Нешто што би донел за поинтересен и поквалитетен фудбал во двата мечеви од дуелите.

    А до година во врска со коментирањето на Канал 5, може да доживееме катастрофа...Крсте Галевски

    ReplyDelete
  22. Дарко,правилото гол во гости изгледа интересно на хартија,но на теренот тоа отвара поголем простор за тактика,а помалце фудбал.Но сепак и јас го сакам ова правило затоа што пред се ја прави лигата на шампиони уникатна.

    А што се однесува до коментаторите...според мене најдобар коментатор во Мк е Драган Николовски од А1,тој во тандем со некој поискусен познавач на фудбалската игра(Калински и сл.)ќе ги направат преносите исклучителни

    ReplyDelete
  23. Секој разслично. Јас сакам фудбал и тоа фудбал во вистинска смисла на зборот.
    Кога сакам да гледам тактики и надмудрувања гледам Американски фудбал НФЛ.

    ReplyDelete
  24. ...не се сложувам со тебе ама воопшто на темава!... зашто тактики и надмудрувања и американски фудбал? ...Па во европскиот фудбал, оној за кој сме овде, го гледаме , пишуваме , навиваме, го играме, нема тактики и надмудрувања? Во секој дуел, дали е еден на еден , дали 11 на 11, дали клупа со клупа, или тренер со тренер, ако н нема тактики и надмудрувања тогаш јас немам појма за што збориш? Во сите сегменти на еден натпревар се е тактика и надмудрување, во еден дриблинг на Меси е тактика и надмудрување, во голот кој вечер ќе го даде Ето`о, ако нема тактика и надмудрување во неговата глава пред се, нема да има ништо ни од голот ни од играта ... ???? малку ме збунуваш со последнава реченица????

    ReplyDelete
  25. Филе тактиките и надмудрувањата ги имало и секогаш ќе ги има и мора да ги има, но не ги сакам премногу да го окупираат фудбалот. Тоа за НФЛ што го пишав е надополнување на она што го зборев за правилото гол во гости кое не ми се допаѓа, бидејќи премногу се сведуваат мечевите во ЛШ на тактика и калкулации. Доколку ова правило би го немале многу повеќе би гледале квалитетен фудбал и во првите мечеви од нокаут дуелите. Какви беа мечевите Реал-Ливерпул и Интер- Манчестер. Ги почитувам и Мурињо и Бенитез, но нивните дуели во Премиер и ЛШ пред некоја година ми беа тортура за гледање.

    ReplyDelete
  26. apsolutno se slozuvam so tebe file.angliskata liga vo momentov e najdobra vo svetot(malku me boli toa i faktot sto italjansite ekipi gi izgubija site dueli so niv),no toa sto go napravi anglija so svoite timovi samo i nasteti na reprezentacijata.mozebi gi imaat najdobrite evropski klubovi,no i reprezentacija koja moze da zagubi skoro od sekogo,zatoa sto dokolku pocnes da sobiras od site cetiri ekipi,standardni seprezentativci nemozes ni eden tim da napravis od 11 fudbaleri,sto ne e slucaj so prestavnicite od drugite drzavi.

    ReplyDelete
  27. Правилото гол во гости треба да се укине бидејќи домашната еќипа повеќе се брани да не прими гол дома отколку да нападни за да постигни гол. така беше на неколку дуели ова осмина финале. Но доколку се укини тоа правило како ќе се одлучува победникот? Со еден натпревар како во Карлинг Купот? Тоа мислам дека не е праведно во ЛШ една екипа натпреварот да го игра на домашен терен.

    ReplyDelete
  28. papasterevski:ako se ukine praviloto gol vo gosti,togas najednostavno pobednikot ke se odlucuva:koj ke dade povekje golovi vo dvata natprevari.i togas povekje ke mislat na napad a ne na matematika.

    ReplyDelete
  29. Ѓоре и сега тој шо има повеќе голови во двата натпревари оди понатаму. Ако имаат ист број голови во двата натпревари тогаш се гледа кој има повеќе нагости.

    ReplyDelete
  30. epa toa go zboruvam,ako imaat ist broj golovi a razlicni rezultati na dvata natprevari,nema da odi toj so ima povekje gol vo gosti tuku ke se igra uste.sega na kraj vkupen rezultat ako e 1-1 moze pak eden da odi ponatamu ako izvadil u gosti 1-1.istoto go kazuam.pozz

    ReplyDelete
  31. За тоа Лигата на Шампиони е уникатна и единствена. Сосема на место е правилото за гол во гости.
    Оти потешко е да дадес гол во гости отколку дома за тоа тој тим треба да има предност. Тука доаѓа да израз спремноста на тренерите кој е подобар тактичар,оти Ливерпул секоја сезона или е во полу финале или во финале (немаат добри играчи како Манчестер, Барселона ама имаат добар тренер).Затоа Лигата на Шампиони е најценето првенство и секој сака да го освои оти нијанси одлучуваат кој е најдобар. А за коментаториве, нема асален коментатор во Македонија (жално ама вистинито), треба некој нови млади шо се разбираат од фудбал...

    ReplyDelete
  32. se ubavo toa sto e edinstvena i unikatna,jas ne sakam da se ukine :))tuku samo me nervira toa sto bez da pobedis mozes da odis ponatamu.vo pravo si deka povekje se istaknuvaat trenerite vo CL so ovoj nacin na funkcioniranje.idealno resenie sekako deka nema no debatirame kako bi mozelo da bide podobro,sto ne znaci deka na sekoj mora da mu se bendisa.i ajde neka dojde petok da vidime koj e sleden na red kaj Barca.jas iskreno bi sakal Man Utd,imame za vrakjanje od lani:))poZzZz

    ReplyDelete
  33. Ардиан, праша за Супер Купот, ти реков дека кога ќе знам точно ќе ти одговорам, ама и во емисијата (иако не бев 100% сигурен) реков дека мислам дека или не се игра, а а ако се игра ќе игра Шампионот со вториот финалист во Купот на Кралот...значи ако хипотетички рековме дека Барса би станала и шампион и освојувач на Купот на кралот.

    Но има еве 100% точна информација + уште некој додаток:

    Знали досега двапати се случило во 1984 и 89 тоа. Со Атлетик Билбао и Реал Мадрид. И тогаш СуперКупот не се играл туку само им бил доделен.
    Но на пример, во 1996 и во 1998 исто така имало двојна круна од Атлето Мадрид и Барселона, но тогаш се играл Суперкупот и тоа онака како што ти кажав првиот пат, шампионот против финалистот кој сагубил „кај Кралот„ :-)... само двапати не се изиграл супер купот без причина во 1986 и 1987, бидејки екипите не можеле да се договорат за термин...

    ете го исцрпно... :-)))) поздрав.

    ReplyDelete
  34. ...значи, од 1996 се сменило и дефинитивно правилото и се играат два натпревари. Во првата домаќин е победникот на „Кралот„ а во реваншот домаќин е „шампионот„ ...и ако хипотетички Барса освои се, ќе се игра во август и тоа суперкупот меѓу Барса и Билбао. :-)))

    ReplyDelete
  35. Eh fala File bidejki bas me interesirase.. Site sme na ocekuvanje na zdrepkata pa da vidime.. :D.. Pozdraf

    ReplyDelete
  36. Се е то ок ама почекајте со плановите, оти суперкупот ке се игра меѓу атлетик билбао и реал мадрид, така да во правилата за суперкупот не спомнувајте имиња на клубови ?? Поздрав и не се залетувајте има уште 11 кола до крајот, а и убеден сум дека купот ке биди за билбао оваа сезона

    ReplyDelete
  37. ...Горан, на некој начин си во право... иако моите ставови уште од многу поодамна се презентирани на оваа тема, токму овде и токму (исклучиво) за Ла Лига, сепак опва беше само одговор на едно хипотетичко прашање на Ардиан...

    ReplyDelete
  38. File bas me interesira koj protivnik go posakuvas ti za Barselona vo cetvtfinalevo od Sampionive...i GOran ne mozis da bidis taka ubeden za kupot deka ke mu pripadne na Atletik...Barselona go nema osvoeno kupot odamna...i ako bide prva...sigurno ke saka da go vati vo svoite vitrini..i vcera mnogu mi se bendisa Suarez od Ajax...mozebi Ajax ne odi ponatamu no dali go vidovte potegot sto go naprav Suarez...mozebi Huntelar e zamina vo Real,no za Suarez ima vreme,pa mozebi da premine vo Barsa...pozdrav

    ReplyDelete
  39. Манчестер!

    ReplyDelete
  40. Fala,ama taka i si mislev

    ReplyDelete
  41. :-)))) два натпревари се сепак две шанси па макар и се погрешило во првиот, а финале е сепак еден натпревар и тука секогаш е се можно, и адреналинот кој би го имале црвените во финале, тешко дека би можел некој да го намали, па колку и да е силен, можноста за акција која ќе би се запшишала во историјата на фудбалот „како први„ е сепак нешто што е малку послкожено за анализа...тоа веќе ќе биде нешто многу повеќе од само фудбал, обичен финале натпревар или очекуван дуел...тоа е нешто што повеќе би било на линијата на психологија, ментален зенит, фокус во надреалното... затоа подобро сега, бидејќи единствен кој може во моментов да го сопре Фергусон, во двомеч, во најсилното натпреварување е Барселона... затоа, Манчестер! :-)))

    ReplyDelete
  42. Porto-Barcelona ..... така мислам а во полуфинале може Манчестер.
    И Филе признај дека си за Барса, и дека партали праиме сезонава.Читам на goal.com Ribery и Villa ке ги зимале....ЗАКОН

    ReplyDelete
  43. Villareal - Arsenal......Man.Utd. - Porto......Liverpool - Chelsea.......Barcelona - Bayern Munchen

    Barcelona - Manchester United FINALE !!!!!

    ReplyDelete
  44. BARCELONA - ARSENAL finale. Ke se povtori 2006 koga Arsenal igra slabo voi premier ligata, a Barselona kosi se predsebe vo vo La Liga. Sega ke igrat so Bayern Minhen pa 1/2 finale so Liverpool i Finale so Arsenal i ke stanat sampioni. A Real ima minimalni sansi za da osvoi trofej ova godina bidejki Barca se vraka vo formata od pred 3 meseci i to vo najvazen moment koga se igrat klucnite natprevari vo La Liga i vo Ligata na Sampioni. Pozdrav

    ReplyDelete
  45. Koga ke bide noviot post File?? Edvaj cekame da kazes deka Barca sampion :D

    ReplyDelete
  46. Mislam deka padnaja dvata timovi koi igraat najatraktivno...ke bide interesna utakmica...Barselona prodolzi da pobeduva posle edna serija losi rezultati...se vraka na pobednickite pateki...a i na Baern bas ne mu odi najdobro vo bundes ligata...no za razlika od tamu vo liga na sampioni se inzvoredni...Ribery ke saka dopolnitelno da se dokaze posle ponudata od Barselona,a ima i najmnogu asistenci i ke pretendira za nagradata za najkorisen igrac...tuka se i Klose koj e najdobar strelec zaedno so Lisandro od Porto i Toni koj mnogu pati gi dokaza svoite sposobnosti...no Barselona ima poveke iskustvo pred 3 godini ja osvoi ligata na sampionite...Barselona ako igra kao sto znae so svojata prepoznatliva atraktivna igra so mnogu atak,ova ke bide samo iscekor ponapred kon Rim..pozdrav

    ReplyDelete
  47. -Ливерпул-Челзи 3 години по ред играат
    -Арсенал-Виљареал 2006та полуфинале
    -Манчестер-Порто 1/4 финале 2004
    историја се повторува повторно во ЛШ....
    Сепак јас мислам дека Ливерпул-Челзи паќ ќе гледаме 2 напнати утакмици со многу пимплање и тактика но тоа е убавината на ЛШ и фудбалот воопшто :)
    И би сакал полуфинале Манчестер-Арсенал :) ќе биде жестоко :)

    Позз филе и чекаме нов пост од тебе.

    П.С. Пишувајте КИРИЛИЧНО!

    ReplyDelete
  48. Филе дај ставете еден пример како треба да изгледа смс поракава напишана, за типувањево на утакмициве за дресот, и треба ли да добијам повратна порака или не. Поздрав Филе и ај напиши како треба

    ReplyDelete
  49. www.topkiplus.mk

    ReplyDelete
  50. ми се допаѓа апелот за кирилично писмо.и ете ја Барса повторно со шестарди се размава,колку да ги потсетам навивачите на Реал бидејќи многу беа залетани после онаа нивна победа на Бетис кога за Барса се беше завршено според нив.повеќе немам што да кажам туку само да ги поздравам сите навивачи на Реал,не се предавајте,има време Барса да даде уште многу шестки па и повеќе....поззззз

    ReplyDelete
  51. File uste od koga e veten nov post..ajde napisi...Barselona gazi se pred sebe a Real rutinski...i za pofalba e Huntelar koj e vlezen vo inzvoredna forma...pozdrav

    ReplyDelete
  52. Филе прочитав незнам на кој сајт дека Чави се имам повредено,нешто во врска со ахиловата тетива,нешто чув дека нема да игра до крај највероватно,а и сите ние знаеме колку е важен за една супер силна барцелона и кој ги дели топките на нападот!ај филе те молам мочеби знаеш нешто пошто ти си ми последен од каде можам да дибијам информација? Пошто секаде пишува иниеста и торе во аут 2 недели а знам некаде дека прочитав и чави.поздрав Филе и фала!

    ReplyDelete
  53. Povreda na Xavi ne e nisto seriozno , duri i moza da zaigra za Spanija.. Nema vrska toa deka nemal da igra cela sezona.. PozdraF

    ReplyDelete
  54. Ајде бе Филе напиши некоја нова дебата!!!!! Гледаш дека овде нема веќе што да се дискутира. :-):-):-):-)

    ReplyDelete
  55. Ардиан фала брат!

    ReplyDelete
  56. Што му треба на Милан за да се врати на врвот-ете ви нова тема :)

    П.С. Пишувајте КИРИЛИЧНО!!!

    ReplyDelete
  57. Na Milan prvo mu trebaat odbranbeni igraci.. Nemat nitu eden pod 30 god. Mislam deka tuka e slabata tocka bidejki Milan ima dobri napagaci i sreden red zatoa sto pobrzo 2-3 odbranbeni igraci ako moze i poveke. Maldini vo penzija Kahladze a isto taka Pancaro i Jankulovski.. Nesta veke povreden, i samo Zambrota bi mozel da ostane.. Ako najde Milan dobri odbranbeni igraci togas ke uspee vo Iitalija.. P.S - No najprvin treba Anceloti da si otide, dosta veke osvoi tituli :-P

    ReplyDelete
  58. Ардијан друже е сега ја отепа :)
    Панкаро?!Типот си замина од милан пред 3 ипол години а не игра фудбал скоро исто толку време! :)
    А што се однесува до потребите на Милан...Да
    1.Голман-Марчети од Каљари да речеме,бидејќи Абијати ќе биде аут 6 месеци!
    2.2ца одбранбени играчи
    3.Да се вратат од позајмица Абате и Гуркуф и да се купи еден квалитетен напагач.
    4.Да се смени Анчелоти и да се донесе Рајкард/Леонардо...
    5.Да си одат:
    Дида,Калач,Фавали,Каладѕе,Емерсон,Роналдињо,Шевченко...
    Според мене барем со овие неколку потези на Милан не им бега врвот :)
    Позз до сите на блогов и до тебе Филе.

    ReplyDelete
  59. Ahh ultra red an black izvini za Pancaro. Sakav da kazam za Favalli..

    ReplyDelete
  60. Хх немај гајле друже се дешава :)
    А Фавалињо не го даваме! :Р ѕвер е :Р

    ReplyDelete