4.4.09

ПОДГОТВЕНИ ЗА „НЕОЧЕКУВАНИ„ РЕЗУЛТАТИ ВИКЕНДОВ

По фантастичните две недели исполнети со екстра интeресен фудбал, првпат добивам желба да пишувам за нешто за кое немам многу можности и вакви прилики за конкретнава тема, а тоа да биде во вистинскиот момент, каков што е овој. Овој викенд, а и наредниот можеби, ќе бидат едни од фудбалските во кои ќе се случат многу пресврти а и „неочекувани„ резултати, да не речам, изненадувања.

Зошто?


Едноставно, оптеретувањето кое се случуваше токму изминатите две недели, ми налага мојот став да биде токму таков.
Фудбалот, во последниве години станува екстремно интензивен во одредени периоди. А тоа е и овој низ кој штотуку проаѓаме. Ова најмногу се однесува на фудбалерите кои се врвот на светскиот квалитет, а воедно и се дел од најдобрите фудбалски клубови кои играат во Европа. Овој коментар најмногу се однесува на клубовите како Манчестер Јунајтед, Арсенал, Челзи, Ливерпул, Барселона, Реал Мадрид...

Направете една мала анализа, каде нивните фудбалери играа во последниве десетина дена и се ќе ви стане јасно.


Бидејќи со најголемо внимание ги следам игрите на мене омилените репрезентации, клубови, фудбалери, кратката анализа ќе ја направам токму со нив, но уште еднаш
ќе напоменам дека тоа важи и за останатите кои погоре ги споменав. Ја гледав играта на Аргентина во првиот натпревар на Монументал, во Буенос Аирес и онаа во Ла Паз во Боливија. Двата натпревари беа комплетно различни. Првиот беше скоро совршена слика за она што може и да се очекува од сино-белите, додека во Боливија беше сосем друга приказната. Меси, којзнае дали имаше претрчано повеќе од три километри за време на целиот натпревар. Гаго одвај се спојуваше со топката, Хајнце не можеше да се движи сам низ целата одбранбена линија и најчесто доцнеше во секој дуел. Но, не толку по своја вина, колку што кога крилата ќе појдеа во напад, одвај наоѓаа снага да стигнат десет чекори поназад. За средниот ред и да не зборувам. Топлото време, реткиот воздух и надморската висина (3640 метри) си го направи своето. Телото тешко се движи, мислите доцнат, а топката добива на брзина. А згора на се противникот се фудбалери кои се од домашното првенство, дури и оние кои играат токму на тој стадион. Е сега замислете ги тие фудбалски ѕвезди со неспорен квалитет, кои претходно 6 дена во Буенос Аирес (на 26 метри надморска висина), имаа мини-подготовки, заминаа во Ла Паз (на 3640 м.н.в), се вратија дома, прелетаа неколку часовни зони, стигнаа во Европа, во своите матични клубови и веќе треба да се подготвени за натпреварите викендов.

Прво, надморската висина си ја има направено својата „мешаница„ во телото, а часовните зони, дополнително ќе ја истрауматизираат целата ситуација. Тоа значи дека пред сабота, тешко дека овие фудбалери ќе можат нормално да спијат (според претходните нормални навики), а тоа исто така значи дека целиот метаболизам им доживува пореметување. Од тие причини тешко е дека на натпреварот против Ваљадолид на гостувањето може да се очекува блескава, стабилна и конкретна игра каква се очекува. А ако и помислите дека се ќе биде во ред, само да ве потсетам дека Барселона и клубовите кои претходно ги споменав, за само три дена ќе ги имаат можеби и најважните натпревари во сезоната - натпреварите од Лигата на Шампионите! Дали сега можеме да се сложиме дека изненадувањата нема да бидат „изненадувања„ ако се случат на натпреварите Малага-Реал Мадрид, Ваљадолид-Барселона, Манчестер Јунајтед- Астон Вила, Арсенал-Манчестер Сити, и да не ги набројувам и останатите кои би ги имале сличните проблеми со своите фудбалери, на кои е потпрена играта.


П.С.



Во еден штотуку започнат разговор со Дарко (100%sport.blog.com.mk) се отвори и прашањето, зошто денес е толку напорно за овие ѕвезди, кога порано (пред 10-тина
години) се играа исто толку многу натпревари, а не се гледаше толкавиот замор и оптеретување на тогашните фудбалери. Одговорот е едноставен, иако има уште многу пододговори, тогаш имаше класични формации и класични позиции, од 1 до 11. Денес Ето`о, Меси и Анри, воедно се и едни од најдобрите „одбранбени напаѓачи„ :-), како и Дани Алвеш кој е еден од подобрите „бекови во нападот„... а такви се денес скоро сите фудбалери и во Манчестер, Арсенал, Челзи, Баерн, Реал... но тоа е веќе друга тема....

15 comments:

  1. File se soglasuvam so konstatacijata deka se mozni iznenaduvanja na nekoi od natprevarite na 'golemite' ekipi, no toa e rizik koj bi trebalo da e vkalkuliran kaj site 'golemi' pred pocetokot na sekoja sezona. Zatoa i istite tie ekipi mozat da si dozvolat na klupa da im sedat Tevez, Nani, Hleb, Babel, itn. odnosno igraci koi vo bilo koja druga ekipa nadvor od klubot na bogatite bi bile klucni figuri vo prvite 11. Zgora na se, dokolku gi poglednes sostavite na Aston Villa, Man City itn. ke vidis deka tie isto taka imaat eden kup igraci koi igraat za svoite reprezentacii. Npr. Liverpool igra so Fulham koj vo sostavot gi ima Hangeland, Dempsey, Gera, Schwarzer, Davies itn. i site igraat za svoite nacionalni timovi.Toa znaci deka ekipite vo toj pogled (barem vo Anglija) se pomalku-povekje na isto ramniste.

    Sto se odnesuva na izgovorot na Argentina za sramotata vo La Paz te. nadmorskata visocina, ne se solgasuvam. Bolivija pred Argentina imase odigrano 5 utakmici doma so skor W2 D2 L1. Kolumbija i Urugvaj zemaa bod, a Chile zamina so site 3. klucnite igraci na site ovie 3 ekipi se clenovi na nekoi od evropskite ligi taka sto i tie moraa da patuvaat iljadnici km natamu navamu. Porazeni bea Paragvaj i Peru, a od pred 2 dena i Argentina. Klucot na mizerijata na Argentina jas go lociram vo naznacuvanjeto na Maradona za selektor. Nastrana negovata velicina kako fudbaler, Maradona nema nikakvi (nula, zero, prazno) kvalifikacii da bide povekje od navivac na repkata. Negovoto blisko minato e isto tolku ocajno a vo nekolkute dokumentarci i intervjua vo koi sum go videl, covekot tesko mu odi da svrze edna asalna recenica. Se nadevam za dobroto na Argentina deka ima dobri asistenti koi mu pomagaat, oti ako nema, ocekuvam slicni debakli osobeno na gosti. Srekja vo nesrekja e sto Argentina ima neverojatni poedinci koi i bez trener bi pobedile pogolem broj od svetskite reprezentacii. Koj go odobri naznacuvanjeto na Maradona za selektor treba da odi na pregled. Pozdrav

    ReplyDelete
  2. ...tocno e deka skoro site klubovi imaat reprezentativni fudbaleri, no bitno e koj kade igral, kolku igral i na koi mesta... barem ako se pravi detalna analizza za vikend koloto... a vo vtoriot pasus, ne se slozuvam so tebe, vo nieden del od recenicite... :-))) toa e mojot stav, i mozam samo da go pocituvam tvojot kako razlicen od mojot :-)))) ...pozdrav. :-)

    ReplyDelete
  3. Mozi da se reci stramota za Argentina...bidejki toa e golema reprezentavija so mn svezi...no toa moze da i se sluci na sekoja reprezentacija koja bi igrala na takva klima,i na stadion koj bese zabranet od fifa...bidejki dozvoleno e 2700m nadmorska visocina...no zaradi molba na navivacite i na predsedatelot toj e dozvolen...a za Maradona ne se soglasuvam...i kako sto "stado bez ovcar ne biduva"...i za bilo koja reprezentacija ili klub bez trener/selektor toa ne e nisto...bez razlika dali ima zvezdi ili ne...Barselona lani (Ronaldino,Messi.Eto'o,henry,Deco)pa nisto ne napravi...kako i real pred 2-3 godini so Luksemburgo...pozdrav

    ReplyDelete
  4. Секој добар тим треба да има добар тренер :)
    Реално гледано Марадона нема никакво тренерско искуство,и едниственото нешто што ја разубеди АФА да го постави за селектор е неговото име и фудбалско минато кое говори само за себе.
    Но сепак,еден дебакл неможе да ја даде реалната слика за квалитетот на Марадона.
    А што се однесува до изненадувањата кои претсојат,логиката ти е добра Филе и очекувани се но сепак мислам дека нема да бидат до толку голема мера истакнати :)
    Позз до тебе филе и сите кои дебатираат на блогов

    П.С. Пишувајте КИРИЛИЧНО!

    ReplyDelete
  5. File tvoite "neocekuvani reultati ili iznenudavajna"bas i ne se ostvarija....zboruvam za Spansko i za Premier ligata...pa mozi i za Bundes bez debaklot nad Baern...vo toj natprevar se pocustvuva premorenosta na klucnite fudsbaleri...Barselona prodolzi so istoto tempo...iako skromno,no sepak inicijativata bese na stranata na Barselona,iako Vajladolid imase nekolku ubavi sansi no sepak zamorot si go napravi svoeto...i plus ne bese so kompleten sostav...Valdes poleka pocnuva da se stabilizira,so ogled na toa deka se najavuva i negova zamena i sto nema najava za prodolzenie na dogovorot...najrealno bi bilo da si zamine...Eto povtorno gi pokaza svoite golgeterski sposobnosti so svojot 26 gol...Real si prodolzi so isto tempo po 1 gol sekoja utakmica...Higuain od natprevar vo natprevar pokazuva deka se isplatea za nego potrosenite pari a e i idealna zamena za Van Nisterloy,i se nametnuva vo golemata konkurencija vo spisokot na Maradona...no jasno e deka Barsa ovaa godina ke odi na site tri tituli(trojka)...pozz

    ReplyDelete
  6. Pa golemite klubovi ne treba premnugo da se potpiraat na nekolku fudbaleri kako sto e slucajot so Barca i Messi. Imaat i drugi kvalitetni igraci koi mozat da gi zamenat i da odigraat dobro kako sto bese vcera slucajot so Real madrid (Metzelder, Torres, Van Der Vaart)

    ReplyDelete
  7. ...da da da ...:-))) ...moite ocekuvanja bea deka sega kje bide mnogu potransparenten "virusot FIFA"... ali, toa... vo sekoj slucaj toa e dobro za fudbalot, a kako kje bide za fudbalerite kje vidime ponatamu.... vo sekoj slucaj, Dimitar vo pravo si deka "neocekuvanite " rezultati bea najocekuvani... :-))) kje ostaneme na standardnite pretpostavki deka sepak , neocekuvani se samo poslednite 5-6 kola... :-))) poz.

    ReplyDelete
  8. Barcelona - Bayern кој ке победи ???
    За Bayern неизвесни се Ribery,Lahm,Lucio,Van Buyten може ли Барса да го повтори истото што го направи и Wolfsburg ??? јас мислам дека сега им е шансата.

    ReplyDelete
  9. Лелеле овој Баерн може да победи секога, може да загуби од секога ама баш од секога,како ке биде со Барселона.Го чекам вашето мислење за натпреварот Барселона-Баерн!Подрав

    ReplyDelete
  10. Kolku i da go nejcam Manchester...kolku i da me nervira sto mnogu pati nezasluzeno pobeduva...kako i ovaj pat...mu se voshituvam na SER ALEKS FERGUSON...spored mene trener br1...covekot ima golemo trenersko iskustvo i pred se znaejne...znae koga e potrebno da ufrli igrac...kako sto napravi deneska rizik so mladiot Maceda no dobi...ne e poznat mnogu po rabotata so mladi igraci...Venger mozebi ima ostro oko za mladi talenti,no Ferguson znae koga treba da gi upotrebi...mozam da zamislam sto bi bilo koga Fesguson bi zastanal na kormiloto na Argentina iako e nevozmozno...a za duelot pomegu BARSA i Bayer...mislam interesen duel so mnogu golovi...zatoa sto dvete ekipi igraat slicno so razlika vo toa sto Barselona e mnogu pokvalitetna...pozz

    ReplyDelete
  11. Кој ќе победи нз,ама знам дека Барса ќе иде понатаму :) Можеби не толку убедливо но мислам дека ќе поминат :)

    ReplyDelete
  12. ultra red and black се сложувам со тебе, но мислам дека овој пат отворената игра на Барселона против брзите крила на Баерн пред се мислам на Рибери ке биде малку поголем проблем за одбраната на барцелона.Зошто кога Алвеш ке отиде во нападот а позади ке останат маркез пујол или пике ке биде тешко да се спречи контра со рибери,шбајнштајгер или зе роберто.Незнам дали ке игра клосе,но ако игра ке биде дополнително тешко.Ја гледам предноста на Барселона само во неиграњето на Лусио,Ван Бомел.И за крај се надевам дека и после се ке ја видиме Барселона во Рим против се надевам Манчестер Јунајтед.Пошто за мене само тоа ќе биде добра освета за минатогодишното полуфинале,Филе зарем не?

    ReplyDelete
  13. Ah Man Utd odigra 2-2 na svoj stadion a sega go ceka nevozmoznata misija da se pobedi Porto.. Ocekuvam ubedliva pobeda na Barca a Man utd ke ispadne vo ovoj krug :)

    ReplyDelete
  14. Arsenal-Porto
    Barcelona-Liverpool

    ова ќе бидат полуфиналните двојки :Р
    мада измеѓу ливерпул и челзи се е можно и мислам дека се зависи од барса дали ќе оди понатаму и ако имаат некоја тесна предност пред реваншот во баварија(или ако воопшто ја немаат)тогаш типувам на баерн.

    ReplyDelete
  15. Барселона уведлива како и секогаш, уште едно добро издание на Блауграна.Секоја чест за Меси кој уште еднаш покажа кој е кој.Добар беше и Рибери, но му треба нов тим, тим со офанзивна и брза игра како Барселона.Мислам дека и на двата четвртфинални дуели веќе се знае кој е за каде.Малце сум изненаден од Ливерпул,али тоа е тоа му се виде силата дека неможе да брка 2 континента.По четворките на Реал и Манчестер и петката на Вила толку е од стариот и добар Ливерпул.Мислам на стенфор броџ ке отиде само рутински да го одиграат натпреварот зашро и тие се свесни дека 3 гола на Челзи нема да му дадат.Ни Џерард ни Торес овој пат не можат да ги спасат.Сосема слабо издание.Сепак надежта последна умира,ни ги гледаме Барцелона-Челзи во полуфиналето.

    ReplyDelete