Тоа беше една од причините и за едноминутното молчење на стартот на натпреварот против Нумансија, токму поради тоа се тешки и условите за игра на Камп Ноу вечерва, поради тоа толку многу празни места вечерва и токму поради тоа цела Барселона е во шок! А тие, на кој тоа им е работа, ниту збор за тоа, ниту пак за условите за игра и општата ситуација...


Веднаш до него беше теренот за бејзбол, на кој се случи несреќата со тешки последици,додека тренирал бејзбол тимот на Сант Бои. Четири деца на возраст од 9-12 завршија под рушевините на трибината, која не го здржала овој „ураган„. Неверојатен ветар, со „урагански перформанси„ (којшто дувал со брзина од околу 120 километри на час) денес попладне, а и вечерва ја пустоши Барселона, посебно нејзината околина. (Сант Бои и Корнеља се предградија на Барселона). Многу палми се откорнати од корен, оштетени куќи, автомобили, многу повредени...
Во почест на поранешниот барселониста Франсес Рибас Сангла(популарниот „Кике„) кој почина во 91 година од животот и четирите дечиња од Сант Бои, Барселона го започна натпреварот во тага.
А не треба многу, само треба да се прочита... сепак оди натпревар во живо, на кои се случуваат работи кои се последица на нешто претходно...