Веројатно и ова доволно после прошетката низ Андалузија. Сепак се тоа два многу различни системи за споредба. Дури и самиот систем 4-3-3 што се игра веќе со децении во Барселона е комплетно на друга база од оние кои многу често ги гледаме во дел од останатите клубови низ Европа. Она што го прави Пеп во последните скоро два месеци, очигледно дека има големи резултати. Прво го смени тренингот, па пристапот кон задачите и одговорноста во формацијата, па на крај го смени и односот кон натпреварите. Тоа најдобро се почувствува на гостувањето во Лисабон, каде екипата за првпат, прво го промени времето на тренингот, го откажа оној задолжителен ден претходно во време на одигрување на натпреварот, им забрани да го напуштаат хотелот, така што португалците беа првите кои не ја видоа екипата на Барса низ „прошетки„ како што досега беше стандард, заедно, не само на тренинг, туку во секоја минута. Пеп наметна дисциплина каква досега сите бараа само на терен, тој и во останатите 22 часа од денот... Очигледно тоа се забележува и во играта. А го осети и Севиља... Ова е веќе доволно за следните два чекора пред најважниот дуел во сезоната... 13 декември, Камп Ноу....
П.С.
(неколку интересни факти)
...штета што Ето`о нема да игра против Валенсија, поради жолтиот картон кој го доби вечерва, ама ќе биде сигурно стимулативно за викендот после Валенсија... :-)
... пред 109 години, на 29 ноември 1899 година, младата фудбалска екипа, составена од 12 фудбалери, под водство на Гампер ја започна најголемата фудбалска приказна под името спортски фудбалски клуб Барселона...со трите гола вечерва, честа кон овој голем ден е неслучајна...
... Барса само ја потврди моменталната ситуација во Ла Лига, ја има најдобрата одбрана и најдобриот напад... и статистички...
... двата гола кои ги постигна Меси ги посветува на сестра му Марисол, која штотуку наполни 15 години
|