9.10.08

ВО ЈУЖНА АМЕРИКА ВЕЌЕ СЕ ПРЕПОЗНАВААТ ФАВОРИТИТЕ

(извадок од радио емисијата „Мојот Став„ на спортското радио Канал 4)

Јужноамериканската квалификациска група само како потсетување има обезбедено 4 места кои директно ќе водат на Светското првенство во Јужна Африка. Петото место ќе треба да се избори во дополнителен бараж натпревар со четвртиот од Карипската група во која се и Северна и Средна Америка.

Во моментов табелата е интересна и доста атрактивна.

После 8 натпревари прв е Парагвај, со четири бода пред Бразил, Аргентина и Чиле. А пак веднаш зад нив, со заостанување од само еден бод е Уругвај.

Колумбија е со десет бода и потоа следуваат репрезентациите кои и според квалитетот оваа сезона, тешко дека ќе успеат да се изборат за едно од петте места. Тоа се Еквадор, Венецуела, Перу и Боливија.

Од тие причини овој продолжен викенд квалификациски натпревари во Јужна Америка ќе биде екстра интересен и атрактивен. Во неколку натпревари има директна пресметка меќу фаворитите. Аргентина во сабота во Буенос Аирес ќе ја пречека репрезентацијата на Уругвај, која пак е директен конкурент за да и ја загрози позицијата. А веднаш потоа, за само три дена гостува на стадионот на Коло Коло во Сантјаго де Чиле.

Алфио Базиле , за овие два натпревари кои се можеби и од големо значење во средишниов дел од квалификациите повика , верувале или не 17 фудбалери надвор од Аргентина и само 6 од домашното првенство.

Земјата која може слободно да се каже дека во моментов игра еден прекрасен и на некој начин најатрактивен фудбал, на репрезентативно ниво, очигледно дека оние на кои во моментов може да се потпре се токму оние кои ние ги гледаме во Европа, па дури и во европските купови.

На пример, има и такви како Хуан Пабло Карисо, првиот голман на Лацио кој не настапува во ниту еден европски куп, но сепак во моментов може да се каже дека е во одлична форма. Токму тој веројатно ќе биде и прв голман на аргентинската репрезентација и во овие два натпревари.

На листата на повиканите од Коко Базиле се и: Хавиер Занети, Естебан Камбијасо и Николас Бурдисо од Интер, Монсон од Бетис, Де Микелис од Баерн Минхен, Габриел Иван Хајнце од Реал Мадрид, Диаз од Хетафе, Колочини од Њукасл, Забаљета од Манчестер Сити, Хавиер Маскерано од Ливерпул, Диего Милито од Џенова, Карлито - Тевез од Манчестер Јунајтед, Ди Марија од Бенфика, Серхио Агуеро од Атлетико Мадрид и Лео Меси од Барселона. Кон нив и шестемина од националното аргентинско првенство меѓу кои се Рикелме и Ледесма.

Ова го споменав како дополнување на вчерашниот пример, за тоа колку е сепак физички напор за сите овие фудбалери, кои веднаш по овие квалифакиции треба да се вратат на европскиот континент, па да изиграат дерби натпревари во своите матични клубови, и веднаш по три дена следуваат настапите од европските купови.

Но, јас да се вратам на денешната тема, јужна америка, која е исто така во пауза на куп натпреварите поради квалификациите за светското првенство во 2010 година.

Во конкретниот натпревар кој на некој начин ќе биде и дерби на саботното издание во Јужна Америка, ни на противничката страна не е различна сликата. И Уругвај најмногу надежи полага токму во интернационалците. Чисто како информација, бидејќи сепак и нив за две недели повотрно ќе ги следиме низ нашата тема во Мојот Став, Лигата на шампионите. Значи Уругвај во овој дуел, ќе се потпре на Диего Лугано од Фенербахче, Годин и Егурен од Виљареал, Мартин Касерес новата надеж на Барселона, Бруно Силва и Луис Суарез од Ајакс, Хорхе Фусиле и Кристијан Родригез од Порто, Переира од Бенфика, Висенте Санчез од шалке и Ернесто шевантон од Севиља. Недостасува сигурно најдобриот голгетер Диего Форлан, но како и да е воопшто не е лош составот на фудбалерите, ако не за првиот, барем за вториот натпревар во среда, кој Уругвај треба да го игра против Боливија на екстремно високиот стадион според надморска височина во Ла Паз.

Најголемите кандидати на претходните две репрезентации кои ги споменав се Парагвај и Бразил.

Парагвај првиот натпревар го игра во гости против Колумбија, во Богота, а вториот во Асунсион го дочекува Перу. Додека Бразил во првиот натпревар гостува во Сан Кристобал на Венецуела, в сабота, додека во вториот во среда навечер во Рио де Жанеиро ја пречекува Колумбија. Тешко дека Колумбија ќе може било што да очекува на ова гостување против Бразил, но затоа сите надежи ќе ги има во првиот во Богота против првиот во групата. Можеби веднаш ќе се прашате ЗОШТО? Но, одговорот не е нималку лесен и уште повеќе и доста комплексен. Сите големи репрезентации , а посебно фаворитите играат скоро незамисливо тешко на терените низ Колумбија.

Само како пример, во првиот натпревар Бразил изигра во Богота нерешено, Венецуела загуби со 1:0, Аргентина исто така во Богота загуби со 2:1. Не дека се јаки како состав, туку големите ѕвезди и многу често не сакаат да играат фудбал во оваа земја. Пред две години, имашпе дури и бојкот на многу фудбалери кои не сакаа да патуваат на гостувањата на колубијските тимови во јужноамериканските купови.

Тоа е терен, во кој фудбалот е измешан со политиката, но не онаа од која многупати стратда и Европа, туку политиката на црниот и забранет бизнис.

Сите во Богота, пристигнуваат со страв, играат под притисок, судиите судат во чудни околности и се е завиено под некаква полупроѕирна маска.

Колумбија е и официјално прва земја во светот каде има најголем борј на убиени фудбалери, поради тоа што или некој промашил важен пенал, или некој си дал автогол или некој бил откриен дека учествувал во наместен натпревар. Има и убиени судии кои никогаш не се докажало зошто. Постојат и примери на познати фудбалски репрезентативци од Колумбија кои играле во Европа и кои токму поради тоа се откажале од националниот дрес.

Е тоа е примерот со оваа јужноамериканска држава каде фудбалот се игра под чудни околности, и на кој никој никогаш не може да му се спротивстави. Со ова е запознаена и ФИФА, но никогаш ништо не е драстично преземено. Долгата колумбиска рака достигнува насекаде. Фудбалот е ставен на пиедестал во Колумбија и нормално понекогаш претставува и престиж за вмешаноста на колумбиските картели во него. А бидејќи колумбијскиот народ е врзан со фудбалот слично како и во најголемиот број фанатични фудбалски земји во Јужна Америка, тогаш веќе приказната е јасна. Од тие причини и овој натпревар на Парагвај во Богота нема да биде едноставно пристигнување на фаворитот по нови три бода. Додека она што Бразил ќе го реализира пак со веројатни три нови пода против нив, сигурно ќе биде само потврда на вистинскиот избор на Дунга за овие два натпревари. А фудбалерите на Бразилската репрезентација се сито така едни од најдобрите на планетава, барем според имињата. Жилберто Силва, Адријано, Пато, Хуан и Дани Алвеш, Алекс Силва, Мансини, Тиаго Силва, Маикон, Кака, Лусио, Робињо, Елано...дури и без Луис Фабијано и Диего, и неповиканиот Роналдињо.

Тоа се на некој начин најатрактивните натпревари од јужноамериканските квалификации во следниве неколку дена.

Поради тоа што во нив играат фудбалерите кои ние најчесто ги следиме во Лигата на шампионите, па и во националните европски првенства, се надевам дека и оваа информација во денешното малку поразлично издание на Мојот Став, не е на одмет.

Напротив, би требало барем да ви биде тема за рамислување, ако веќе планирате во некои од вашите прогнози да ги имате и овие натпревари.

Толку во денешното издание на кое тема ни беа јужноамериканските натпревари.

Наредната недела ќе можеме да видиме што од овие мои претпоставки кажани низ овие две изданија на Мојот став, вчера и денес, се остварија. А наредниот вторник, ќе направиме мала ретроспектива и ќе пордолжиме онаму каде застанавме денес.

6.10.08

БАРСА, БАРСА, БААААРРСА!

Конечно ова е таа Барселона која долго време се чека. Не само од овој натпревар против големиот ривал од Мадрид, туку веќе неколку натпревари наназад. Сите кои го гледаа фасцинантното, експлозивно и незаборавно издание на Барса против Атлетико, знаат дека можеби најголемите заслуги ги има токму Пеп. Тешки подготовки, лош старт во Примера, но со почетокот на Лигата на Шампионите и работите полека си легнуваат на место. Одличен тим и уште подобра клупа. Меси не е сам, Ето не е депримиран.
Гвардиола го надополнува тоа што Рајкард го продолжи како патека поставена од холандската тренерска школа во каталонскиот тим. (со исклучок на Ван Гаал, кој сакајќи да биде оригинален, правеше кардинални тренерски грешки)

За првпат имам чувство дека секој збор е одвише во елаборирање на овој натпревар. Треба да се гледа, да се гледа, и гледа и гледа....Мислам дека е тоа неверојатно искуство за секој вљубеник во фудбалот, а посебно за сите оние кои сакаат малку подлабоко да навлезат во фудбалската игра, поставеност и промени... Не само Барселона, туку и играта на Атлетико, збунетоста на Агуире, посебно кога имате тим кој е затечен уште во 8-мата минута а има исто така фудбалски мајстори, кои знаат да направат пресврт. Сите оние кои не го гледале натпреварот, една препорака, да ја чекаат репризата и да го изгледаат, во еден здив....



П.С.

„Дури може да го гледате на Сител, ако случајно го репризираат, затоа што со З.Н. нема да се нервирате толку многу гледајќи, како на пример од фудбалското непознавање на останатокот во истата... иако да бидам искрен и З.Н. треба конечно да ги совлада Понгол наместо „Понголе...„ „...влезе Бојан, кој го создаде Рајкарад..„!? ... (а сите млади кои влегуваат последните 4-5 години во Барселона се создадени токму од Пеп, кој интензивно работеше со нив во пониските категории и ги туркаше напред во првиот тим...исклучиво по негово инсистирање, кое Рајкард мораше да го почитува, дури и по налог на Лапорта)... или „...напаѓачката формација 4-3-3 започнува со Јохан Кројф-холандската школа во Барса...„ (!?), всушност започнува многу порано од раните 70-ти години па се до втората половина на истите кога Барса ја води Ринус Михелс, и ја поставува напаѓачката формација која и ден-денес е основа. Имено, УО на каталонскиот клуб дури и тренерите ги бира според тоа дали ја практикуваат оваа напаѓачка формација. А има примери и во друг контекст на формацијата... минатата сезона во јануари, кога Рајкард „имаше болница„ во тимот, беше скоро принуден да ја промени формацијата во 4-4-2, па токму поради тоа во Каталонија, беа организирани голем број расправи на сите медиуми, а дури беа одржани и неколку вонредни прес-конференции за да се убеди Сосиото на клубот дека тоа е неопходно... но, се сеќавате како заврши, само на елаборирања и полемики, формацијата не се промени... нешто слично направи и Пеп, но само како поставена теза, еднаш проба да ја изигра , но веднаш му беше покажана и „пањолада„... така да, јас не очекувам дека ова треба секој да го знае, но некој кој тоа му е работа, мора задолжително... од тие причини и З.Н. е сигурно подобрата варијанта отколку остатокот „фудбалска неписменост„ во македонската варијанта на Примера.