Ќе ви пренесам дел од тој разговор... соговорниците ќе ги претставам со Т, бидејќи сепак почитувајќи го нивното право за дискреција на муабетите (и нормално, без нивна дозвола, не би сакал да ги споменувам по име, но да напоменам дека се тоа луѓе кои исклучително се ценети во нашите балакански рамки, а индивидуално и во дел од Европа)
Филе:
Не се сложувам, а и не сакам воопшто да верувам дека Барса е во криза, еден натпревар против Еспањол, сигурно не е репер за толку тешки квалификации?
Т:
Апсолутно, тоа беше мала криза која дојде по тешкиот загриз кој го направи Еспањол. Тие немаат што да изгубат. Ја применија истата тактика што Пеп ја прави кон остатокот на тимовите. Со пресија и одбрана која започнува уште на противничката екипа. Е тоа го направи Еспањол, ги нагази уште на своја половина, ги изненади... Пеп немаше конкретен одговор, веројатно затоа што не очекуваше таква пресија уште на старт. И се чувствува отсуството на Абидал. Практично, сега играат со двајца стопери иако се четворица. Алвеш ти е одбранбен со напаѓачки задолженија, тој само помага во одбраната. Сега Пеп има проблем, што до недела мора да го реши. Тоа истото го направи и Лион, буквално истото што го направи и Еспањол. На индивидуалната линија, Барса е неприкосновена. Таа игра еден на еден и тука е секогаш 1:0 за Барса. Но, овој проблем е решлив, а тоа за кратко време ќе се види и резултатски....
Филе:
Хуанде може да ја освои титулата?
Т:
Па, не може да се каже. Тешко, голема разлика е. И тој го знае тоа. Ова со Ливерпул е нешто во кое беше очигледно изненаден. Ама против Бенитез е најтешко да се игра, со кој и да е тим... Тоа е нешто што е врв меѓу тренерите.. Тој размислува на сосем различен начин, отколку сите други... Тој размислува и менува на секои 10-15 минути... тоа е нешто што е тешко да го претпоставиш... Не значи дека ќе се предаде во Ливерпул. А и дека ќе се откаже од победите во Ла Лига. Ќе се доближи, но тешко дека ќе ја освои... Треба да го следи луксузот што го има Барса, која може да си дозволи дури и уште два порази, без тој да направи кикс... Малку невозможно, нели? Но, сепак сигурен сум дека нема да се откаже од цврстата игра која има само една цел, три бода или да не се загуби...
Филе:
А зошто не го игра Снајдер? Можеше се да промени, не само во Лигата на Шампионите туку и во Ла Лига...
Т:
Снајдер не се вклопува во неговата формација. И тешко дека веќе ќе има стандардно место за него. Хуанде сака да игра со двајца чистачи позади, стопери, и две крила кои експлозивно бргу ќе се трансформираат во напад. И двајца класични шпиц играчи. Не сака многу, фудбалери кои се исклучиво за врска...сака поливаленти, не толку стандардизирани како Снајдер. За разлика од него на пример, Шустер сакаше токму обратно, да можеа сите „десетки„ да му бидат во тимот, ќе ги ставеше. А Снајдер е токму од формацијата на Шустер. Затоа е таков изборот на Хуанде. Трансформира, со не многу течност во играта, на пример како Барса. Ама ете Барса кога ќе ја загуби течноста, губи. А Реал не. Реал може и да победи и без којзнае каква убава за око игра. Тоа е Хуанде.

Ова беше краток извадок од кои се гледаат многу работи. За првпат одлучив ова да го направам, да го споделам со сите Вас кои сте најчесто овде на Мојот Став. Пренесениот разговор е воден меѓу тројца соговорници, тренери кои работат на балканските простори, а еден од нив и пошироко... во Европа.