15.1.09

ВРЕМЕ Е ЗА ТРОЈКА !

...новата година, обврските со материјалите кои мораше да бидат веднаш реализирани и поставени во програма, само го зафати целиот слободен простор, кој најчесто беше користен за мојата исклучително позитивна комуникација со сите вас...комуникација која без оглед дали е истомислена или комплетно различна, секогаш за мене е прогрес во ставовите и размислувањата.... ова апсолутно не треба да биде никакво образложување, затоа што за овој медиум кој е на нивото на задоволство (пред се) има токму таква задача, дури и кога е тешко и напорно, постојано да се биде во контакт со настаните и луѓето на темите кои опуштаат, рециклираат негативна енергија и создаваат позитивни ставови... :-)))) Пред да започнам со стандардната фреквентност на моите постови, само да напоменам дека верувам, а и се повеќе и повеќе сум сигурен за успешноста на годинава која штотуку започна...ова, нормално се однесува на навивачите на Барса, пред се...
Меси е фантастичен. Мотивот е преголем... Титулата која Кристијано му ја зема, се базира најмногу на „минат труд ....во титули„ ... наредната година, тешко дека тоа ќе се случи... Бидејќи сите, деновиве постојано сме со желби, честитки, некому посакуваме нешто , нешто некој нам ни посакува, јас само ќе кажам дека имам голема желба оваа година, да се сретнат пред финале Манчестер Јунајтед и Барселона, во Лигата на Шампионите, а финалето во Рим, да биде меѓу Арсенал и Барса... иако е тоа потешко изводливо, многу потешко... :-((( ... среќен сум што и Реал се враќа, ете и Робен и Хунтелар очигледно се убава инекција во лошиот период... Тоа само може да ја зголеми вредноста на титулата која скоро сигурно ќе биде освоена од Барса во ла Лига. А за Копа дел Реи, иако можеби се зависи само од денот и од веројатно распоредот во „Шампионите„ па така и приоритетите ... но и тоа нема да биде изненадување... Тројка во 2009!!!! ... :-))))))))))) ... тоа е тоа... сега само вака нафрлено, како желба и честитка во Новата година... а веќе од вечерва и со стандардните образложувања... :-))))... Убава и среќна секому... па се читаме од денес пак...