Реал, штотуку прочитав една статистика, до само пред ова коло го држел тој рекорд, кој Барса го собори во натпреварот против Депор. Меси повторно со гол. 21-ви, од стартот на сезоната до денес, во трите натпреварувања.
Но натпреварот против Депор ја зацементири вербата кај сите фанови: оваа година ќе биде година во која ќе се наплатат сите пропусти кои се случија предминатата и минатата сезона.
Со ова што го покажаа вечерва, се презентираше онаа Барселона која за неколку недели ќе ја гледаме во походот кон Рим.

Тоа е единствениот опис на она што Барса го покажува оваа сезона.
Само за едно ми е криво, и тоа воопшто не е цинично, напротив, многу искрено. Жал ми е за Реал, само поради тоа што не може оваа сезона во ниеден миг да биде рамноправен. Таман почна болницата да се повлекува, случувањата со Калдерон, веројатно ќе остават последици.
Но за среќа утеха ќе биде веројатно Манчестер Јунајтед.
Со нетрпение го очекувам денот на завршување на следниот круг од Лигата на Шампионите и што порано да се сретнат пред финалето.
Очи в очи, Кристијано и Меси.
Па, потоа со посебно задоволство ќе ги пуштам прстите да чукаат по тастатурата, ослободени од сите правила за читање, а исполнети со ентузијазам, еуфорија и чист „фудбалски хедонизам„. Само нека дојде и тој ден... очи в очи.