18.1.09

СВЕТСКИОТ ФУДБАЛ СО НОВИ ПАРАМЕТРИ !

Исклучително атрактивен фудбалски викенд во кој се помрднуваат границите во фудбалскиот свет, во контекст на нови рекорди. Кака, веројатно ќе ги собори рекордите на фудбалската берза, Меси индивидуалните фудбалски гол реализации, а Барселона рекордите на бодовното салдо на половина од сезоната.
Реал, штотуку прочитав една статистика, до само пред ова коло го држел тој рекорд, кој Барса го собори во натпреварот против Депор. Меси повторно со гол. 21-ви, од стартот на сезоната до денес, во трите натпреварувања.

Но натпреварот против Депор ја зацементири вербата кај сите фанови: оваа година ќе биде година во која ќе се наплатат сите пропусти кои се случија предминатата и минатата сезона.
Со ова што го покажаа вечерва, се презентираше онаа Барселона која за неколку недели ќе ја гледаме во походот кон Рим.

Во овој пократок пост, отколку вообичаено за мене, нема да ја коментирам поединечната игра која со неверојатно уживање ја гледав. Првпат забележав толку многу пропуштени шанси на еден натпревар, за жал. Уште поспектакуларно, беше ротацијата на Пеп. Замената на првата 11-ка, максималните обврски на последната четворка во скоро сите позиции од нападот, распоредот на последната тројка во длабоките одбранбени задачи, само ја раздвижија, да не речам разиграа, онаа стандардна шаблонизирана игра на системот 4-3-3, кој е препознатлив за Барса. Систем кој се разликува од сите останати исто така 4-3-3 формации, што се играат во остатокот на светот. Но тој препознатлив шаблон веќе од натпревар во натпревар добива малку поразличен имиџ. Ќе ги искористам зборовите на Меси, кои кога го прашаа „на што се должи неговата фантастично добра игра„, одговори „ на тимот„.
Тоа е единствениот опис на она што Барса го покажува оваа сезона.

Само за едно ми е криво, и тоа воопшто не е цинично, напротив, многу искрено. Жал ми е за Реал, само поради тоа што не може оваа сезона во ниеден миг да биде рамноправен. Таман почна болницата да се повлекува, случувањата со Калдерон, веројатно ќе остават последици.
Но за среќа утеха ќе биде веројатно Манчестер Јунајтед.
Со нетрпение го очекувам денот на завршување на следниот круг од Лигата на Шампионите и што порано да се сретнат пред финалето.
Очи в очи, Кристијано и Меси.
Па, потоа со посебно задоволство ќе ги пуштам прстите да чукаат по тастатурата, ослободени од сите правила за читање, а исполнети со ентузијазам, еуфорија и чист „фудбалски хедонизам„. Само нека дојде и тој ден... очи в очи.

25 comments:

  1. Anonymous15:16

    file moram da ti kazam deka denes emisijata navistina ti bese odlicna(kako i sekogas) no za denesnata emisija moram da ti kazam deka zabelezav nesto drugo a toa e deka se gleda i po postot koj si go napisal deka aludiras na toa deka titulata najdobar fudbaler mu e "ukradena" na Messi e 100% si siguren deka dogodina tokmu Messi ke ja osvoi ovaa titula.Jas ke ti kazam mnogu da ne obrakas vnimanie na toa bidejki spored mene titulata najdobar fudbaler e samo formalnost i deka neli ti enekako cudno na primer Raul koj e legenda vo Evropskiot fudbal ovaa priznanie da go nema dobieno ili pak Del Piero,a vakvi gi ima uste mnogu,odnosno luge koi predstavuvaat legendi vo fudbalot a nitu ednas se nemat zakiteno so edno vakvo priznanie.E sega na edna druga tema a toe e isto taka od emisijata koja ja gledav denes a toa e anketata za idninata na makedonskiot fudbal.Sakakm da ti kazam bidejki jas sum od Strumica i mislam deka znam edna imformacija koja si ispustil da ja procitas.Pred nekolku nedeli vo Dojran se odigra edno malo turnirce na kadetite od Vasilevo(selo blizu Strumica) i kadetite od akademijata na legendata na Barsa od Bugarija Sroickov.I znaes sto se sluci,Vasilevo pobedija so 2:1 no rezultatot ne e tolku interesen kolku i informacijata koja po nekolku dena ja procitav vo eden makedonski vesnik deka dvajca od clenovite na Vasilevo vo Juni ke patuvaat na akademijata vo Barsa kade ke imat moznost da gi pokazat svoite kvaliteti i daj boze da ostanat vo Barsa.No ne e samo toa tuku uste 4 drugi igraci na Vaselevo ke patuvaat vo CSKA Sofija kade isto taka ke imat moznost da se pokazat i da ostanat vo Bugarija.So ova sakam da ti kazam deka makeonskiot fudbal ima idnina no lugeto od vrvot na fudbalot na makedonija ne se interesirat za nasite talenti koi gi ima vo golem broj i utre drugiden igrat za drugi reprezentacii.Toa go pokazuva uste faktot deka na istiot toj turnir imalo skauti od Bugarija koi ja sledele igrata na nekolku bugarski decinja koi se natprevaruvaa,a kade se nasite.Pozdrav!

    ReplyDelete
  2. messi15:26

    1. BARSA The best..

    ReplyDelete
  3. Филе јас како навивач на Реал воопшто не ми е жал или поточно го сметам за малер тоа што се случи во првиов дел од сезоната со болницата на Реал. Тоа не може да биде случајно мора да има и одговор и причини за повредите. Евиденто беше тоа и по катастрофалната физичка снага на фудбалерите. Нешто не чинело и не е малер. Јас не верувам во малери и среќа во фудбалот. Мене ми е жал што да го имавме оној Реал од лани и оваа Барса сега ќе беше фасцинантно уживање без граници...

    ReplyDelete
  4. ... да, се сложувам дека не е малер, иако така некогаш го класифицираме... тоа е скоро и 100% точно се знае, во лоште поставки на комбинациите на кондицински тренинзи здравствена опсервација на секој дел од тренингот, и на крај форсирањето на одредени елементи и вежби... што ги форсираше тимот на Шустер, па дури дел читав дека се дури и пред него таму... што им се случило во галавата за да променат многу елементи, веројатно тие самните си знаат... а тоа е точно , само јаки дуели, го прават првенството (и фудбалот) силен , атрактивен и задоволство пред се...

    ReplyDelete
  5. ...Анонимус, стварно не сум ја прочитал информацијата која ја напиша, е па тоа е супер... само да бидам искрен, додека не се случи , не верувам... бидејќи бев во Барса, и тоа трипати, во младинските сектори на клубот , и лани за Нова година и минатотот лето и пред 20 дена...веќе имам јасна претстава како се доажа до таму, и како функционира тој систем... точно е дека еден бугарски скаут и уште неколку негови асистенти имаат своја филијала во Софија и се едни од многу важните алки за децата во Барса... како што можев и со свои очи да видам и чујам, на лице место, таму во Барса, дури ќе ти кажам и дека бугаринот е со голем авторитет, ако не најголем, барем межу првите тројца. Зборувам само за таа категорија на деца... така да нема да ме изненади, но... прво скок, па после хоп... :-)))

    ReplyDelete
  6. Anonymous04:36

    File ne znam zosto ne ti se veruva koga taa informacija ja imam procitano vo vesnikot Nova Makedonija.Decata zaedno so drugi deca od bugarija(akademijata na Stoickov)zaedno so nego treba da odat vo BArsa vo Juni ovaa godina vo akademijata na Barsa e sega samo ne sum siguren dali vo pionerskite ili vo kadetskite kategorii.Edno od ovie dve deca e clen na makedonskata reprezentacija do 17 godini bidejki e 92god i se vika Marjan Mitev ili Mitrev ne sum bas siguren.Pozdrav!

    ReplyDelete
  7. ...vidi toa sto si go procital vo Nova Makedonija, mene nisto ne mi znaci, isto kao da si mi rekol go cuv na ulica... (nemav ni pojma deka Nova Makeodonija seuste postoi) ... a toa deka oni ke idat vo Barcelona, znaci ne e toa sporno, toa e super... odlicno... samo ajde neka se desi toa, i daj Boze da imame uste nekoe dete tamu... vekje edno dete imame sto igra vo juniorska kategorija na Barcelona.. super, super...

    ReplyDelete
  8. Anonymous06:22

    Samo mala ispravka, Messi ima 22 gola do sega, 12 vo ligata, 5 vo kupot i 5 vo CL. Pozdrav Barcelona e vistinsko zadovolstvo

    ReplyDelete
  9. File dali bi mozel vo svojata emisija da davas poveke za individualni igraci kako na pr messi ?

    ReplyDelete
  10. Anonymous11:38

    Во купот Меси има 4 гола ( Хет - Трикот со Атлетико и реваншот во Барселона против Бенидорм на Камп Ноу )така што вкупно 21 погодок

    ReplyDelete
  11. Ако Барселона го продолжи ова темпо што сами си го наметнаа, тогаш во фудбалот ќе има класа:Барселона и класа:осанати клубови!:))))))

    Дај боже да го издржи!

    ReplyDelete
  12. dfgh13:01

    Taka e edna e barcelona i edinstvena

    ReplyDelete
  13. Со филе се слозувам и сакам БАРСЕЛОНА и манцестер јунајтед да паднат полуфинале и тогаш да се види кој е подобар и кој ја заслузува наградата за најдобар фудбале во светот(а секако тоа требасе да биди MESSI)

    ReplyDelete
  14. филе пиши нешто те нема .И ме интересира дали го зеде новиот еспорт.поздрав


    BARCA IS THE BEST

    ReplyDelete
  15. Anonymous07:56

    File kolku poraki dobivas za dresovite vkupno ako ne e tajna. Da znam drugpat so kolku %da ucestvuvam.

    Pozdrav.

    ReplyDelete
  16. филе не е интересно без тебе писи несто.Нов пост.Поздрав
    Barca zakon

    ReplyDelete
  17. ...јас сум тука постојано, некогаш мошам само да прочитам а не можам да одговорам, но никогаш нели не сум останал без одговор... е сега вака... прво, за дресовите, зависи... меѓу, 300 и 400 ...али овие од вчера, заклучно не сум ги видел сеуште... веројатно пак некаде толку... и тоа , уствари да бидам искрен расте од епизода у епизода... ако ти кажам на пример дека втората имашѓе околу 120, па третата дојде до 180 и нешто , не се сеќавам сега баш точно, ова со последната е евидентно повеќе... што ме радува... да можам да направам дури и пораките да бидат бесплатни, би бил најсреќен, но сепак тоа јас не одлучувам, али и вака е добро, не се од оние што се по миљарда денари + ддв ... хахахахах... а што се однесува до е-спорт, не знаев искрено дека уште излегува, два-три пати пред 4-5 месеци побарав и немаше се некои стари броеви, и помислив дека и воопшто веќе го нема... баш ќе проверам, утре...

    ReplyDelete
  18. Anonymous03:38

    Еј Филе кога ќе објавите кој го добил дресот и со колку бодови.
    Поздрав Лазио фан

    ReplyDelete
  19. ...па во саботата се објави и дечкото од Штип, дојде и во живо му беше врачен дресот... а овој од Ледезма, дури во сабота... :-)))) поздрав.

    ReplyDelete
  20. Филе кога беше во Шпанија дали имаше интервју со messi ?поздрав

    Барселона THE NUMBER 1

    ReplyDelete
  21. Е,Филе одамна те немаше со некој пост ваков баш од твој калибар...а за дуелот на Манчестер и Барса чека цела Каталонија но и Европа верувам.
    Барем една титула во било кое првенство на Меси би му била од полза во јуришот кон Светски играч оваа година која едноставно се ќе биде во негов знак,да се надеваме.
    Годинава е на Барса,повеќе од јасно... формацијата на Барса е толку уникатна што не постои тим кој може така перфектно да промовира напаѓачки фудбал од сите позиции и зони а да ја поседува најдобрата одбрана во првенството,барем за сега. ПозззЗ

    ReplyDelete
  22. Бравос Филе ме радува со има такви како тебе со се занимаваат со оваа работа а усте помило ми е со си за Барселона.поздрав

    ReplyDelete
  23. Денеска е градското дерби(БАРСЕЛОНА еспајнол).... сигурно че биди добра лекција за сите реаловци да погледнат како се игра...и незнам дали погледнавте најмногу фудбалери на Барселона се избрани во идеалниот тим за 2008 според ФИФА(МЕСИ,Чави и Пујол)поздрав
    Barcelona is the best

    ReplyDelete
  24. Незнам Филе дали процита на 24фудбал.цом.мк дека со доагајнето на Флорентино Перез и Меси е во списокот на засилувајна кои сака да ги донесе Флорентино кој сигурно со себе ке го понесе Зидан.... и дека овој трансвер е најавуван како ,,новиот фиго'' ... бидејки и минатиот пат Перез ја платил откупната клазула за Португалецот ...но Меси во неколку наврати изјавувасе дека тој сака да остане во Барселона до крајот на својата кариера иако има усте многу пред него.поздрав
    Barca fan

    ReplyDelete
  25. Anonymous03:44

    Ej file kade imas objavno koj go dobi dresot i so kolku boda, posto topki.net ne raboti a tuka nema objaveno.

    ReplyDelete