27.2.09

ХУАНДЕ ЗНАЕ ДЕКА ТЕШКО ЌЕ МОЖЕ ДА ЈА ОСВОИ ЛА ЛИГА, НО...

Денес имав исклучително позитивен ден, кој иако завршува со не така очекуван резултат барем за мојот фаворит. Но, за да си го потврдам мојот став онаков каков е, за време на снимањето на новата епизода на Топки Плус (која ќе оди в сабота) направив мал излет, барајќи и стручен став од оние кои се занимаваат со активната тренерска работа и постојно ги следат, барем шпанските, секојдневни настани.

Ќе ви пренесам дел од тој разговор... соговорниците ќе ги претставам со Т, бидејќи сепак почитувајќи го нивното право за дискреција на муабетите (и нормално, без нивна дозвола, не би сакал да ги споменувам по име, но да напоменам дека се тоа луѓе кои исклучително се ценети во нашите балакански рамки, а индивидуално и во дел од Европа)

Филе:
Не се сложувам, а и не сакам воопшто да верувам дека Барса е во криза, еден натпревар против Еспањол, сигурно не е репер за толку тешки квалификации?
Т:
Апсолутно, тоа беше мала криза која дојде по тешкиот загриз кој го направи Еспањол. Тие немаат што да изгубат. Ја применија истата тактика што Пеп ја прави кон остатокот на тимовите. Со пресија и одбрана која започнува уште на противничката екипа. Е тоа го направи Еспањол, ги нагази уште на своја половина, ги изненади... Пеп немаше конкретен одговор, веројатно затоа што не очекуваше таква пресија уште на старт. И се чувствува отсуството на Абидал. Практично, сега играат со двајца стопери иако се четворица. Алвеш ти е одбранбен со напаѓачки задолженија, тој само помага во одбраната. Сега Пеп има проблем, што до недела мора да го реши. Тоа истото го направи и Лион, буквално истото што го направи и Еспањол. На индивидуалната линија, Барса е неприкосновена. Таа игра еден на еден и тука е секогаш 1:0 за Барса. Но, овој проблем е решлив, а тоа за кратко време ќе се види и резултатски....

Филе:
Хуанде може да ја освои титулата?
Т:
Па, не може да се каже. Тешко, голема разлика е. И тој го знае тоа. Ова со Ливерпул е нешто во кое беше очигледно изненаден. Ама против Бенитез е најтешко да се игра, со кој и да е тим... Тоа е нешто што е врв меѓу тренерите.. Тој размислува на сосем различен начин, отколку сите други... Тој размислува и менува на секои 10-15 минути... тоа е нешто што е тешко да го претпоставиш... Не значи дека ќе се предаде во Ливерпул. А и дека ќе се откаже од победите во Ла Лига. Ќе се доближи, но тешко дека ќе ја освои... Треба да го следи луксузот што го има Барса, која може да си дозволи дури и уште два порази, без тој да направи кикс... Малку невозможно, нели? Но, сепак сигурен сум дека нема да се откаже од цврстата игра која има само една цел, три бода или да не се загуби...

Филе:
А зошто не го игра Снајдер? Можеше се да промени, не само во Лигата на Шампионите туку и во Ла Лига...
Т:
Снајдер не се вклопува во неговата формација. И тешко дека веќе ќе има стандардно место за него. Хуанде сака да игра со двајца чистачи позади, стопери, и две крила кои експлозивно бргу ќе се трансформираат во напад. И двајца класични шпиц играчи. Не сака многу, фудбалери кои се исклучиво за врска...сака поливаленти, не толку стандардизирани како Снајдер. За разлика од него на пример, Шустер сакаше токму обратно, да можеа сите „десетки„ да му бидат во тимот, ќе ги ставеше. А Снајдер е токму од формацијата на Шустер. Затоа е таков изборот на Хуанде. Трансформира, со не многу течност во играта, на пример како Барса. Ама ете Барса кога ќе ја загуби течноста, губи. А Реал не. Реал може и да победи и без којзнае каква убава за око игра. Тоа е Хуанде.


Ова беше краток извадок од кои се гледаат многу работи. За првпат одлучив ова да го направам, да го споделам со сите Вас кои сте најчесто овде на Мојот Став. Пренесениот разговор е воден меѓу тројца соговорници, тренери кои работат на балканските простори, а еден од нив и пошироко... во Европа.

22 comments:

  1. Супер интервју...Ливерпул е пропаганда за анти-фудбал, тера далеку во Лига Шампиони пошто можи со бункер 180 минути да помини, 0-0, 1-0 и толку е, ако не и на пенали...Премиер лига нема да освои дури е Бенитез тренер, зошто, пошто треба да напаѓа против екпи како Хал, Стоук и ВБА...и ништо не прај...јас сум да му се одземи тренерската лиценца оти фудбал со Бенитез на клупа ни сме виделе ни ќе видиме :)

    ReplyDelete
  2. Владимир пријателе, со секоја почит за твојот коментар, ама јас и ти сме 180 степени на спротивни ставови... Бенитез е нешто од кој јас, барем последниве 5-6 години откога првпат го чув и забележав со посебно внимание, ми е најголемо задоволство да го следам... тој ти води екипа како да игра шаџ...потег по потег, чекор по чекор, во еден натпревар презема , некогаш и по 15-тина промени...тој е чудо од тренер, но сепак тоа е нели само мој став... :-)))) поздрав....

    ReplyDelete
  3. Многу јасно дека е тренериште, по неколку години низ младинските школи на Реал, освои 2 лиги со Валенсија и 1 УЕФА ако не се лажам па после одма и Лига Шампиони со Ливерпул...дека е спремен е, само муабетот ми е дека ич ама ич не сум фан на таков фудбал, сакам да го гледам фудбалот на Венгер, а пошто сум фан на Реал, најубав фудбал од нив имам гледано под палката на Дел Боске...и толку:)

    ReplyDelete
  4. Па за Милан не знам шо да речам, можи Анчелоти и да не е толкав проблем, последни инвестиции на Беркуслони се Кака од порано и Пато во поново време...и ништо друго, Фламини е земен за 0 денари, Бекам за маркетинг и то е то:)

    ReplyDelete
  5. Benitez e mnogu dobar trener bidejki vcera Liverpool pobedi so timska igra. A za Real stvarno zal mi e :-).

    Nema da stignat nikade(osvne 2.mesto vo la liga) bidejki sega veke izgubija od Liverpool taka da pak ke se sluci trenerska smena i Real odma vo kriza.. I bez da se sluci ovaa Barca sigurno ke bide sampion.. Pozdrav do File odlicni
    bea trenerive toa ti e znaat deka Real nema da moze nisto ova god.
    ha ha ha :-)

    A ovoj komentar na Daniel treba odma da se izbrise ;)

    ReplyDelete
  6. vidi file vaka......veke imam kazano deka ne sum za real ni za barsa,no za toa deka postojat sansi juande da ja osvoi primera postoi,7 boda se samo dva kiksa na barsa so mozat da se slucat vo sekoj moment i ima uste 14 kola do krajot na sezonata,taka da postov mozese da go pocuvas za ponataka na 2 kola pred krajot.

    ReplyDelete
  7. darko100%sport05:20

    Филе заборавив да те прашам онојпат. Како навивач на Барселона која знаеме под која филозофија игра фудбал и што е она што е нејзино обележје, уживаш да го гледа Бенитез??? Јас разбирам да го респектираш како што и јас го респектирам, но да уживаш да ја гледаш неговата игра не ми е сватливо, особено што си навивач на Барса??????????????????????

    п.с Доколку УЕФА не размисли да го смени правилото гол во гости ќе гледаме се покатастрофални дуели во ЛШ. Сите ги чекавме овие два дена и што добивме? Ништо, тапа фудбал.

    ReplyDelete
  8. ... само неговата философија...некои ја почитуваат, некои ја негираат...значи многу од формациите кои ги користи, никогаш ама буквално никогаш не би можеле ниту смееле :-))))да се играат на Камп Ноу. Но тој ти е како камелеон, барем за мене. Се прилагодува на противникот. Секогаш го чека неговиот следен потег, па презема акција. И Мурињо во текот на еден натпревар се случува по два до три пати да ја менува тактиката, ама тоа е сосема друго. Тој си има зацртано точни правила според кои се движи. Рафа имам чувство како да игра шах. Јас потег, ти потег... тоа е тоа. Мене ми е интересен и спектакуларен како размислува, како воопто да не станува збор за фудбал :-))))) ... инаку во однос на друго, нормално дека е се комплетно раазлично. Се , без исклучок... Значи, да појаснам... исклучиво како личност, како психологија, како филозофија на моментално донесување на одлуки и преземање на акција... Мала дигресија. Повеќе би сакал во животот во животните ситуации да размислувам како Рафа, отколку како било кој тренер на Барселона... :-)))) ме сфатисега... но со клубот во срецто, тоа е друго... :-))))

    ReplyDelete
  9. Вака сега, да бидеме реални, јас сум навивач на Барселона тешко ми е да кажам ама Реал има шанси да ја одбрани титулата. До пред 10 дена предноста на Барса беше 12бода а сега е 7. Да се навратиме во 2007, кога Барса овај период од сезоната над Реал имаше предност од 8-9 бода (не сум баш сигурен) и на крајот не успеа да стане првак поради вакви киксови како што имаше оваа сезона со Еспањол 19-место, Нумансија-20место , Бетис 15 место. Доколку во декември успеаја моите миленици да ги победат сите 4 конкуренти за титулата Севиња, Валенсија, Реал и Виљареал многу мина веќе ги наппавија прваци, но ете 2 кикса значат губење 5 бода секако Барселона може да си дозволи усте 1-2 кикса до крајот на сезоната, а Реал се да победи што е според мене невозможно, но не треба да се опуштат премногу како последниве 2 недели бидејќи може да се повтори сезоната 2006-2007. Според мене Барселона ке биде првак на шпанија, но не треба да го отпишеме Реал.

    ReplyDelete
  10. Zdravo na site.Normalno deka ne treba da go otpiseme Real se dodeka ima teoretski sansi.I ne samo Real,ne se znae koj moze da iznenadi.Barca vekje kiksna 2 natprevari,a Real ima 9 pobedi po red i nema sansi da ja izdrzi taa serija,realno.Znaci gore dole razlikata ke si se odrzuva bidejki igracite na Barca ne moze za 2 natprevari ednostavno da zaboravat da igraat fudbal.Sekoj so svoite presmetki pa na kraj ke vidime na koj mu e tocna zadacata:)Barca 4ever

    ReplyDelete
  11. Jas otsekogas sum sakal vo ligata na sampionite da ne vazi praviloto gol vo gosti kako sto e vo juzna amerika bidejki samo
    taka moze da se vidi fudbal ili pak da im se odzemat licencite na gjubreto benitez i klosarot murinjo pa da ima sansi da se
    vrati fudbalot od okolu 2003 ili 2004 godina i predhodno. A za toa dali Real ima sansi ili ne za titulata dovolno dobro im
    e poznato na fanovite na barca(i ako ne kazuvaat javno)i ne go otpisuvajte Real nitu na Anfield oti ke se kaete

    ReplyDelete
  12. Ливерпул е голема екипа...па можеби во одредени аспекти е поголема и од Барса..го има еден од најголемите тактичари..и не зависи како Барселона од еден играч...тоа го покажа и со Реал без Жерард и со повредениот Торес...иако сум за Барса тоа е вистина...секогаш играта на Барселона се базирала на еден играч...ако тој играч се повреди Барселона не игра во истото темпо..нормално има и други спремни играчи...но еве без Меси Барселона неможи да диши...или тој преку соло акции и продори ја решава утакмицата...или пак е асистент...сите акции одат преку него...иако го неќам Манчестер му се восхитувам на стариот лисец Фергусон...секогаш екипата ја спрема за во последните одлучни утакмици...иако во почетокот на првенството немаше добри резултати...па речиси Манчестер после поразот од Арсенал беше отпишан за титулата...но кога имаш еден таков тренер ништо не е невозможно...не зависи од никој играч...па и без Роналдо...секогаш има спремни 20 фудбалери...без разлика кои да игра го дава максиумот...Фергусон многу не инвестира во млади фудбалери...тој повеќе сака со ветерани докажани фудбалери...поздрав
    Барсаааааааа

    ReplyDelete
  13. Dimitar,ne znam od koja godina sledis fudbal no dali znaes kako Fergi go sozdade Man Utd?Tokmu so investicija vo mladi fudbaleri.Ti zboruvam za Giggs,Scholes,brakjata Nevil i ostanatata kompanija.Ete tie veterani gi sobral kako deca i go sostavil ovoj tim.A dali ne investiral vo Ronaldo,Vidic,Nani,Anderson,Rafael,Fabio,Runi i red drugi.Celo vreme go nadograduva timot so mladi decki i nemoj da kazuvas deka igra samo so veterani.A za Barca deka zavisela samo od eden igrac e mn pogresno tolkuvanje na igrata na Barca.Tocno e deka ne e seedno so i bez Messi i tocno deka toj ja pravi razlikata na natprevarite.No da go imas Messi vo timot e samo plus povekje.Kade gi stavas Xavi,Iniesta,Eto,Henry,Dani Alves,odlicniot Jaja Toure i ostanatite.Demek site neka ispadnat i samo Messi ke igra.Nemojte ve molam so takvi tolkuvanja.I ne mozes da sporeduvas Liverpool so Barca ili Man Utd ili pa nekoj drug tim.Site si imaat svoja filozofija.pozdrav

    ReplyDelete
  14. File gledam vo Facebook imas mnogu video od 2pac. Da ne si niven fan ?? :-). I sto bese rabotata so maloto topce. Sto bese toa?

    ReplyDelete
  15. Море Џоре знам дека фергусон го создаде Манчестер...но ти кажувам за неговата последна изјава дека тој не може толку да обрнува внимание на развојот на младите фудбалери...затоа што премиер лигата се игра во пеколно тешко темпо има многу натпревари и тука требаат докажани фудбалери...тој ги има нани роналдо видич...но тие сите се докажале во тимовите во кои настапувале пред да дојдат во Мамчестер...тие не се од школата на Манчестер...ја знам златната генерација...но со тие ветерани Фергусон сега победува...со нив го градеше тимот...тој можеби има млади фудбалери но недоволно...еве пр Арсен Венгер...човекот работи само со млади фудбалери но нема резултати...тие можеби ќе си дојдат сами по себе...но треба да помине време...а за Барселона... сите се квалитетни фудбалери...но играта на Барселона зависи многу од Меси...еве во сезоната 2005/6 ако не беше Роналдињо дали Барселона ќе освоеше ЛШ...нормално сите се подеднакво заслужни, но играта дека зависи од Меси зависи и тоа многу...па цела игра е градена на него...еве сега како можно засилување во летниот преоден рок е најавуван Рибери...ако дојди до овој трансвер...незнам како ќе биде со 2 дриблери во тимот...оти Меси ужива голема слобода од Гвардиола...оти двајца играчи од тој калибар потешко мислам дека можат да се вклопат...поздрав

    ReplyDelete
  16. Дајте доста за Манчестер и Ливерпул овај блог не е за тоа туку за Барса и Реал. Јас знам декка Реал има шанси да стане првак на Шпанија а навивач на Барселона сум. Рибери стварно сега не е потребен во тимот нити пак Бензема, а дека Барса зависи од Меси тоа е точно ова сезона Меси не играсе со Гетафе и Барса изигра нерешено на Ноу Камп, Меси не играше со Бетис и Барса извај нерешено. 80% од натпреварите на кои Барса победи најзаслужен е Меси. Доколку Меси се повреди ќе забележите драстичен пад во играта на Барса. Но сепак се надевам тоа нема да се случи и Барса ке освои барем 2 трофеи. НАПРЕД КАТАЛОНЦИИИИИИИИИИИИИИИИИИ. ВЛАДЕЕМЕ СО ШПАНИЈА!!!!!

    ReplyDelete
  17. A be ostajte vie Ribery si e klasa igrac.. Nekoi mislat deka toa e loso no spored mene Ribery bi bilo odlicno zasiluvanje.. Bidejki dodeka 5 igraci na Real go cuvaat Messi , Ribery ke im dade golovi taka da ke ima i poveke sloboda za Messi ( nema da go cuvaat premnogu igraci) bidejki nema vo Barca igrac kako Ribery.. Mozebi Iniesta no toj ova godina ima problemi so povredi taka da spored mene bi bilo odlicno ako Ribery dojde ;). Anyway Barca sampion :D

    ReplyDelete
  18. УПМ НЕКА ИДЕ БАРСА ЈА ЧЕКАВ ПОСЛЕДНА ЗА СКОРО 10000 И МЕ ИЗГОРЕ!!!
    ШТО МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ ДРУГО СЕГА ОСВЕН ДА СЕ НАВИВА ЗА РЕАЛ!!!
    Е ФАНОВИ НА БАРСА АЈ СЕГА ДОНИРАЈТЕ ПАРИ ЗА МЕНЕ ИЗГОРЕВ :)!!!

    ReplyDelete
  19. sega samo ti file znaes kolku e isto -7 i -2,vo pravo bea tie sto velea deka idet prolet

    ReplyDelete
  20. Па шо да кажам...Барса не е во форма дефинитивно, но тоа незначи дека нема да ја освој титулата...секоја екипа има кризи во текот на едно првенство па така и Барса.Лошото за Реал е тоа што за брзо време кризата во Барса ке помине а предноста и понатака ке биде 4 до 5 поени...па така да наредна екипа за паѓање во криза е Реал(за зал на навивачите на Реал)..хаха.Работите за брзо време ќе се менуваат...Дали вие со здрав разум мислите дека Реал ке можи да ги победи сите утакмици до крај??па нема створење на светот со го можи тоа..иако го мразам Реал максимално ако успеат да ги тепаат скоро сите до крај, тогаш секоја чест на Реал(најјаки ке бидат),хехе....Така да Барса е крајниот шампион...

    ReplyDelete
  21. This comment has been removed by the author.

    ReplyDelete