17.11.08

БЕДНО... А НЕКОГАШ, НАЈГОЛЕМО МАКЕДОНСКО ДЕРБИ

Одамна не сум гледал македонски фудбал на ТВ, па одлучив да го изгледам дербито Пелистер - Вардар, некогаш најголемото македонско дерби, а денес...

Очигледно дека се беше толку бедно што можеби и не треба ни да се коментира... но, во неколку кратки црти ќе се обидам, размислувајќи да пишувам и поставам неколку прашања, за сите нас:

- Дали ќе му текне на некој дека битолскиот „стадион„ мора веќе еднаш да заличи на стадион, а не со тие камења „божем ограда„ кој повеќе личи како да се игра на некое археолошко наоѓалиште ?

- До кога ФФМ (одговорните во тој сектор) ќе ги тргаат транспарентите со навредливи содржини, само на Градски? Или никаде на друго место во државава, „немаат м...„ не да преземат таква акција, туку дури ни да помислат на такво нешто?

- Дали навивачките групи ќе почнат да размислуваат со своја глава, без copy-paste, и константно со години повторување на истото...тоа-па тоа... ???

- Дали и А1 се вклопува во цела таа фудбалска беда (станува збор само за преносите од мак-фудбал), па не успеа ни кадар да фати од првиот црвен картон, во директен пренос? Среќа што вториот се случи баш пред централната камера. А да не зборувам за офсајд ситуацијата на голот кој го постигна Пелистер, која очигледно може да се забележи само ако малку размисли реализаторот каде треба да има барем две камери... И покрај се, без навреди, ама навистина не можам да го разберам говорот на коментаторот од типот на „...има многу битка...„ или „...има голем притисок„ или „...внесе свежина во тимот...„ (!?) итн... Или е во некој шаблон, па не се слуша што зборува, или на некој монитор му пуштаа веројатно некоја снимка од натпревар на Премиер лигата ... ќе остане нејасно !? ... алоооо, гледачите не се слепи да проценат каде се игра фудбал, а каде се случува нешто налик на фудбал... најверојатно е она што го кажав на почетокот, дека и А1 се вклопи во целиот тој беден фудбалски амбиент...

- Дали ќе се почитуваа стандардите на УЕФА И ФИФА за тоа со каква топка треба да се игра? ...или кај нас може да се игра и со топка стара 8, а можеби и 10 години... ??? ..топки кој дури ни ние рекреативно на мал фудбал веќе не ги користиме... по стандардите беше само дисплејот на четвртиот судија со кој покажува измени и време на продолжување...

И на крај само ќе напоменам дека ми е жал само за една работа. А тоа е учеството на Милко Ѓуровски во цела таа фудбалска лакрдија. Тој беше и ќе остане (барем за мене) еден од најдобрите фудбалери што Македонија ги имала, на сите времиња. Фудбалер со експлозивна брзина, феноменално - прецизен шут, а да не зборувам за техника и слободни удари, кои и ден-денес најголемиот број од македонските фудбалери ниту ја познаваат а ниту ја имаат. Милко не заслужува да биде дел од ова македонско бедно издание на некогаш најголемото дерби.

5 comments:

  1. Филе, прва утакмица ти било и затоа! Си влегол со многу очекувања, си гледал Реал претходно, Барса, Европски фудбал и сега Мак-фудбал!

    Сепак за поздравување е А1 и тоа што се обидуваат да го сторат! Квалитетот е таков, неможе подобро! Работнички - Вардар беше добар натпревар, барем мене ме задоволи!

    Имам само една забелешка до А1 или до било која Тв која дава пренос од Македонија! Зошто вршат пренос од единствената трибина каде има публика! Се добива некое грдо чувство! Гледаш од другата страна празно! Нема атмосфера!

    Сепак таа публика го прави добар преносот во Европа, убавиот стадион, тревата, камерите...Не е толку до квалитетот на фудбалот! Затоа веќе еднаш напоменав, нека се прават преноси или од градски или од некој натпревар каде што се очекува многу публика, за да се изгледа барем нијанса подобро!

    ReplyDelete
  2. ...па не би рекол дека си во право за првата реченица ...:-)))) на крајот од краиштата, нормално е дека се ќе споредуваме со тоа, и тоа не е лошо, напротив... а вака додека се споредуваме дека е боље од преносите на косово, во србија или незнам каде... се ќе биде исто... а работнички - вардар го гледав на Градски, претпоставувам дека може на тв било болље од ова... а за останатотот си комплетно во право... :-) поздраФиле.

    ReplyDelete
  3. Пошто пиша дека ти е прва утакмица на А1 затоа! :)))

    Инаку да не ме сватиш погрешно се слагам со се шо си напишал, тоа за жал е така! Може за Милко малку не се слагам!

    Зошто да не дојде во Македонија! Зошто нашите фудбалери што се веќе во години не ја завршат кариерата во Македонија, наместо да играат у 7ми лиги по Азербејџан, Лихтенштајн или незнам каде!

    Да не се заразни нашиве лиги!?! Ама тоа е друга приказна! :))))))

    Поздрав!

    ReplyDelete
  4. Воглавно се согласувам но не ми е јасно што па топката смета? Не игра таа фудбал туку играчите. И кој ги ебе ФИФА и УЕФА и нивните глупави розеви топки

    ReplyDelete
  5. Ултрас, не мислев на розова или сина...мислев на најновите станддарди... топката е толку усоврше што сега се произведува од минимален борј на прачиња, некои од шест, некои од осум, нема никаква разлика дали тоа ќе биде Адидас, Најки или Митре... битно е да е по новите стандарди, материјал, изработкаитн..засто таа веќе има и други перформанси... а не со топка од 1974... не мислев дека реално топката е толку стара, но тие се топките кои веќе никој не ги игра во светот, сем вака одвоени примери во земји како нашава... а чинат по 500-600 денари... :-))) , па еве тргни од себе, и од фудбалот кој го играш со другарите, не одам подалеку... Поздрав Филе.

    ReplyDelete