11.4.08

МАЛКУ НЕДОСТАСУВАШЕ ДАВИД ДА ГО УНИШТИ ГОЛИЈАТ

Фудбалот е многу интересна проблематика, не само од спортски аспект, туку и од социо-психолошки. Конкретниот пример со натпреварот од Купот на Уефа меѓу Хетафе и Баерн од Минхен, беше вистинска слика што се случува кога ќе го потцените противникот.


Давид од мадридското предградие
против Голијат од баварскиот велеград.

Уште пред самиот старт на прашањето од новинарите за тоа колку знае за Хетафе, Франц Бекенбауер одговори „...многу малку, скоро ништо...„. Тоа не предизвика револт кај претседателот на шпанците, Анхел Торес, туку тој веднаш ладнокрвно и одговори „... ние достојно ќе ги пречекаме, и се надевам дека ќе им останеме во долго сеќавање, а потоа сите ќе побараме дури и автограм од Франц Бекенбауер...„. Неговата иронија, малку недостасуваше да се оствари, а Хетафе да стане светска „успешна приказна„.


Лаудруп, човекот кој е единствениот во историјата на шпанскиот фудбал што има освоено 5 титули едноподруго со 2 различни клуба (Барса и Реал), беше на прагот да го сврти сето внимание и кон себе. Актуелен е деновиве за Барселона, но и за Челзи. Сепак се ќе остане само на неостварена желба.


А да повторам и да ја потенцирам неверојатноста.

Клосе, Рибери, Тони, Кан, Зе Роберто, Подолски, Лам, Ван Бомел ....
Vs.


Каскеро, Пато, Контра, Селестини, Беленгуер, Кортез, Браулио...


Дали и Вам Ви изгледа неверојатно и чудно?

И да потсетам дека Хетафе од 6-тата минута играше со играч помалку, сите 90 минути (вклучени и судиските надополнувања), плус продолжението (2х15).
Играше со играч помалку, а изгледаше како да игра со тројца повеќе. И тоа во својот прв историски настап во Европа.

(Хетафе во Примера влезе во 2004-та година. Првиот натпревар во Минхен заврши 1:1, а во Мадрид резултатот беше 1:1 во регуларниот дел /3:3 во продолжението)

Штета, за Хетафе, ќе беше пример за сите мали клубови на кои само ќе им ја потврдеше теоријата дека ако се игра исклучиво со срце, тогаш и Голијат е мал залак што лесно ќе се проголта.

Штета.



П.С.

„ Барселона и натпреварот против Шалке, за мене паднаа во сенка на овој фантастичен дуел, еден од најубавите и најнеизвесните кои сум ги гледал...

4 comments:

  1. Стварно Филе ова херојско издание на Гетафе заслужува пост кој го подддржувам и се согласувам во целост. Момците изгинаа на теренот но за жал можебии поради комодитетот после двата гола предност во екстра времето тимот на Лаудруп не го доби она што го заслужи според мене,1/2 финалето. Ваквите натпревари се ретки особено ако се земе предвид рано добиениот црвен картон кој сепак не ја умртви желбата но и потребата за надигрување со џинот од Баварија.

    ReplyDelete
  2. darko100%sport13:14

    Еве по две недели болест и многу обврски. Гетафе едноставно ми причини огромно задоволство. Тоа беше нешто невидено и не мие уште јасно како Пато ги направи тие грешки. Многу ѓалам што не успеаа да го клекнат Баерн со 10 фудбалери цели 115 минути игра.

    ReplyDelete
  3. Anonymous10:08

    So netrpeni cekam nov post za poslednite slucuvanja okolu Barsa,za se poizvesnoto zaminuvanje na Ronaldinjo,i komentar za posledniot natprevar so Rekreativo.Navistina me interesira tvojot stav za toa kade pukna vo odnosot Barsa- Roni, Rajkard-Roni ili nesto drugo.Pozdrav, Goran

    ReplyDelete
  4. Anonymous15:15

    Abe se ubavo ama kako moze so edna ednistvena izigrena dobra sredba da odat vo polufinale.. pa odozgora vo kupot na UEFA.. pa ve molam eden natprevar ne pravi nisto.. vo primera gubat od propadnatiot levante.. koj se prodade za 1 dolar.. i sega so edna dobra ako ne slucajna izigrena sredba da odat vo 1/2... nema logika... inaku ne sum protiv getafe... sekoja cest za natprevarot koj go izigraa ali... sepak mislam deka podobriot otide ponatamu.. pozz

    ReplyDelete