8.4.08

ПАЊОЛАДА ЗА ЛАПОРТА !

По се што се случи во последниот натпревар мислам дека веќе не треба да го трошам ни Вашето ни моето време на анализи за нелогичните потези на Рајкард. Мислам дека е подготвен „и вреќа сол да изеде за инает„, со глава низ ѕид не се оди, ама веројатно тоа никој не му го кажал.
Дури и, начелно, „повредата„ на Роналдињо е резултат на тој „магарешки инает„.
Но тоа е голата вистина во тимот!


А синоќешната „пањолада„ (прва од летото 2003-та наваму) веројатно треба да го освести и Лапорта, дека со непреземање вистински чекор и трасирање на една нова Барса во наредната сезона, тешко дека некој ќе го даде гласот на избори за него. (само да потсетам дека на избори во Барселона, гласаат сите кои имаат платено членарина за годината, плус минимум најмалку една година „стаж„ - од цел свет).

А пањоладата не беше наменета само за Лапорта, туку и за целиот негов одбор.

Во едно сум сигурен, моите претпоставки сепак беа точни.
А сега веќе имам и повеќе храброст и да ги дополнам.
Реал Шампиион.
Леванте, Мурсија и веројатно Сарагоса (и таму во киксот против Бетис се беше обелено од пањоладата за заминување на целиот управувачки одбор) во втората Лига.
Тешко ми е да пишувам понатаму по киксот од Хетафе...
Хетафе покажа дека не е шега. А и Баерн, се е поверојатно дека ќе биде „изненаден„. Не само во „ТОПКИ„ туку и одамна во неврзан муабет го споменав како најубавото изненадување во Европа, кое синоќа го виде и Камп Ноу.
(нема изговор дека имаше „мал милион„ шанси и стативи... мораше да бидат голови... страшно, страшно...)

Надежта е Шалке.
Во среда вечер, мислам дека голот на гостите од Гелзенкрхен ќе биде растргнат!
Што поради бес, што поради враќање на моралот.
А да бидам искрен, за несреќа, тоа ми е и еден од подрагите клубови од Германија.
(трипати сум гледал натпревар на Ауфшалке Арената, и двапати имам поминато неколку дена во Есен и Гелзенкрихен. Таму во живо гледав финале од Лигата на Шампионите и ја гледав онаа победа на Аргентина над СЦГ од 6:0, со еден од најубавите голови на СП во Германија. Од тие причини, можеби ќе ми биде жал ако го „растурат„ гостинскиот тим, но како и да е дај Боже, барем фудбалерите да се вратат со малку стимул пред Манчестер...)

П.С.
„ ...веќе ни Меси не може да ја спаси ситуацијата, сем за евентуалното финале во Москва...„

Забелешка:

Дел од каталонските и шпанските печатени медиум утринава имаа слични наслови во своите текстови...тоа е сосем случајно (ако некој препознае сличност) со насловот и во МОЈОТ СТАВ. Ова беше првата моја идеја за наслов, веднаш по завршување на натпреварот против Хетафе, со оглед на тоа дека ова е прва ПАЊОЛАДА по летото 2003 кога претседател на Барса беше Хоан Гаспарт.

10 comments:

  1. Филе, пред било што да кажеш и да ме тужиш, да ти кажам дека прво си го напишав постот, па потоа го видов твојот пост.:))))))
    И мојот е насловен ПАЊОЛАДА :)))
    Но тоа е толку очигледно, нели? :)
    Инаку, сега барем сум смирен за титулата и се крстам во ЛШ иако и таму не не грее многу. Јунајтед игра ко луд и ај да видам како одбраната на Барса ќе го запре Роналдо и ко. Филе, абе тие пуздер ќе не направат. Ќе биде смешно. Рајкард не може ни вода да му носи на Фергусон, најголемиот на сите времиња.
    Него ај да видиме што ќе биде...

    ReplyDelete
  2. :-)...да,да... со оглед дека е прва откога е Лапорта на власт, очигледно дека тоа е вест број 1...не само тука, туку секаде во Шпанија... и секаде всушност каде што знаат што значи тоа :-) а овде во Македонија, за среќа скоро сите мислам дека знаеме што претставува една пањолада во ваков момент, критичен и неизвесен (на прсти ќе се изборјат луѓе кои им е тоа работа-„новинари„ во спортот, а да не го разбираат социолошкиот аспект на оваа симболика...но тоа е веќе друга тема нели)... а за Манчестер мислам дека не е толку страшно, само да се врати Меси и Деко, Рајкард малку ќе биде „зауздан„ пред квалитетот... ќе мора да ги врати Иниеста и Анри на стандардна позиција...посебно Иниеста, според мене најважната алка... барем така очекувам...

    ReplyDelete
  3. armin0609:15

    Уф колку стативи.Лапорта виси...мора да смисли нешпто стариот.Шалке мислам дека ке го оминете ама со Ман тешко ке биде.Одбраната е многу лабилна,прима лесни голови.

    ReplyDelete
  4. Надежта ни е ЛШ по ова. А, Манчестер ќе падне поради повредите (исто како и против Милан лани). Искрено до викендов се надевав за титулата, ама сега и Стоичков и Ромарио не не спасуваат. Поздрав пријателе

    ReplyDelete
  5. Anonymous04:10

    Koga ke se setam samo kakvi ocekuvanja imav na pocetokot od sezonata,seto ova mi lici na kosmar.Mesi,Roni, Eto,Iniesta,Cavi,Anri,Ture itn.bea garancija za pozitivni misli i golemi ocekuvanja.Sega,08 April, a na prsti mozam da gi izbrojam partiite vo koi Barsa odigra na nivo koe potseti na sampionskite denovi.Se tesam so mnogute povredi,so slabata forma na nekoi od igracite za losata igra pred se,ne tolku rezultatite.Igrata mi e najvazna.Sednuvam pred televizorot,i sakam da uzivam vo 90 min sto sledat.Rezultatot sakam da dojde kako posledica na igrata.Toa e filozofijata na Barsa.Od taa magija ovaa sezona vidovme mnogu malku.Mesi,Iniesta,Cavi,Ture,Pujol,Valdez,se edinstvenite svetli tocki.Iskreno se nadevam deka ke soberat sili i ke doguraat do finale na LS.Mislam deka imame dobri sansi protiv Man.Utd.Ne sakam da gi potcenuvam,toa vo nikoj slucaj, no dokolku Barsa odigra na nejzino nivo,togas Man. tesko ke moze da i parira.Pozdrav do site navijaci na Barsa,so nadez deka vo sreda ke slavime polufinale

    ReplyDelete
  6. Anonymous04:42

    pozdrav file ovde boris(imam i porano pisano).iskreno za ПАЊОЛАДАВА ocekuvav deka barem dodeka e laporta nema da se sluci ama ete se razocarav vo nedelata.No toa bese sosema normalna reakcija na navivacite bidejki ova veke ne se trpi.Nadezta iako e skoro nikakva kaj mene uste postoi ne znam zaso ama nekako srcevo ne mi dava da se otkazam od titula vo primera iako toa veke e svedeno samo na teorija.So se odnesuva na liga na sampioni se nadevam deka ke go zgazime SALKE koi sepak e za klasa psolab od nas ako ne i dve.Drugo mnogu mi e krivo za RONALDINHO i se nadevam deka nema da si odi i deka upravata ke bide razumna i ke svati deka seta ovaa blamaza e zaradi eden covek a toa e RAJKARD.Moze DINHO igra pod ocekuvanjata ama se vide deka bez nego i pred se bez MESSI ne se moze.Kolku i da ne lici na onoj stariot RONI sepak postojano vlece 2-3 igraci i otvara prostor za drugite.Deka fali se glea po toa deka cela polusezona e veke povreden a BARCA edvaj pobeduva doma a za gosti ne sakam ni da zboram posto igrame ocajno.Mislam deka ako se vrati MESSI moze da se smeni nesto no ne mnogu drasticno bidejki igracite igraat nekako bez volja bez nikakov motiv(pred se mislam na PUJOL,ZAMBROTA,GUDJONSEN I na poslednive 2 natprevari ETTO)I ako nisto drugo barem DINHO u toj pogled bese nezamenliv i mozese da motivira sekoj,a toa sega mnogu fali nema nekoj koj moze da ja podgree atmosverata vo klubot. Za ls iskreno se nadevam,pred se i kako navivac na CHELSEA(imam omilen tim u sekoe prvenstvo ali BARCA E SEKOGAS BROJ 1), deka MANUTD ke padne vo formata ko sto bese slucaj i lani vo poslednite nekolku kola ,i deka so pomos na MESSI i ako uspee da se vrati RONI ke uspeeme da ideme u finale.Toa bi bilo se od mene so edna zabeleska do tv sitel a toa e:FILE TE MOLAM SMENETE GO KOMENTATOROT MISLA OD AVION SE GLEDA DEKA E APLA PROTIV BARCA I DEKA E ZA REAL TOA E OCIGLEDNO.NE MOZAM MNOGU SE NERVIRAM BIDEJKI CELO VREME KOLKU I DA IGRA DOBRO BARCA ON JA KRITIKUVA I OBRATNO KOLKU I DA IGRA REAL LOSO ON TOA GO DEMANTIRA.EPA NE MOZAM VEKE PR KE TI KAZAM NA MECOT SO BETIS POLUDEV CELO VTORO POLUVREME KOMENTIRASE KAKO BETIS KE SE VRATI I DEKA TUKA PADNAL I GOLEMIOT REA A KAMOLI BARCA.AKO MOZES NESTO DA MI URGIRAS OK AKO NE IZGLEA KE MORAM DA JA GLEAM NA NET ILI U KLADILNICA NIDEJKI STVARNO SE NERVIRAM.IZVINI ZA DOLGIOV TEKST AMA EDNOSTAVNO TAKA MI DOE POZDRAV (se molam na gospod RONALDINHO da ostane a na mesto na rajkard da dojde JOZE MOURINHO)

    ReplyDelete
  7. ... да бидам искрен и јас мислам дека кога ќе си оди Рајкард веројатно и Роналдињо ќе почне да тренира као некогаш, но веројатно за тоа е веќе доцна... во многу нешта се сложувам со тебе... а што се однесува до последниот дел од твојот пост, испратен ти е на погрешна адреса...би требало да најдеш некаков меил, претпоставувам на страницата на телевизијата и таму би морало да има некаде можност за да ја кажеш твојата евентуална критика, или пофалба...тоа е, јас тука не можам да ти помогнам, за жал...

    ReplyDelete
  8. Anonymous11:19

    Сабота, 12 Април, 14.30 часот, балон Браќа Рибар: Блогери vs. Кајгана

    ReplyDelete
  9. :-((((... баш во тоа време одам на емисија... :-(((( било кој друг термин, доаѓам задолжително...штета...

    ReplyDelete
  10. Anonymous11:06

    Филе тешко на нас каталонците сеа ни исус да дојде не ке не спаси.Со поминување на времето поминаа и оние вести кои ги полнеа спортските весници како "Барселона го освои Santiago Bernabe" или ред други како еден што беше во 2004 по EL CLASIKO на now camp потонаа ѕвеѕдите на РЕАЛ МАДРИД на Now Camp".А сега каде сме,кои сме,што сме.Ја смема добрата форма на Роналдињо и неговата магија и што толку не снема,паднавме сите,па и кој можеше да очекува дека рони цел живот ке е во топ форма и дека цел жовок ке го декласираме реал мадрид како да е леванте.И со малку позитивна енергија за двомечот против јунајтед се надевам дека нема да им биде денот на црвените или ке го видиме ѓаволот бетер него ливерпул.Дека ке стигнеме на тој ЛУЖНИЌИ и со титула од лигата на шампионите ке им докажеме дека сеуште постоиме.ПОЗДРАВ МИЛАН

    ReplyDelete