31.3.08

АДИОС БАРСА, БРАВО РЕАЛ!

Минатата недела само претпоставив дека можеше ова да се случи.
Барса ја загуби втората позиција, а единствената опасност за Реал ќе биде тимот од Кастељон. (прашање е колку ќе издржат?)
Време е Лапорта да го активира одборот и своите скаути и сериозно да ја разгледа ситуацијата за следната година.

Апслолутно дека не се сметам за видовит, би бил премногу несериозен. Само поврзував логични причинско-последични чекори.


Дали сега сите кои веруваа во Барса,

можат да поверуваат

дека Реал ќе биде новиот шампион во Примера?


Хронолошки за мене тоа беше факт уште во февруари, па дури и тогаш кога се доближија на два бода.

Таа логика ја презентирав и на неколку наврати во емисијата, а и во некои од постовите кои ќе ги набројам, како потсетник:

петок, 22, февруари 2008 - ПЕТ БОДА, ВОЈНА...
... за кратко време се стопи големата предност, која и сега иако е само пет бода е сепак голема.

понеделник, 25, февруари 2008 - ФЕСТИВАЛОТ ЗАПОЧНА...
...ќе си дозволам само да откријам дел од моите претпоставки, дека Барса далеку ќе стигне во Лигата на Шампионите и евентуално во Купот на Кралот. А се сомневам дека ќе го издржи и третиот фронт....

среда, 5, март 2008 - ЗБОГУМ ПРИМЕРА... РЕАЛ ШАМПИОН!
понеделник, 10, март 2008 - ЗБОГУМ ПРИМЕРА... РЕАЛ ШАМПИОН! (втор дел)
...во претходните неколку текстови пишував и зошто Примера е загубена уште од февруари.

понеделник, 24, март 2008 - ДАЛИ Е ВОЗМОЖНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ, НО ОД КАСТЕЉОН?

П.С.
„...иако со тешко срце ја прифаќам одличната игра на Реал наспроти катастрофалните потези на Рајкард, сепак тоа е добро за фудбалот. Пожртвуваноста и трудот кога ќе бидат наградени! ... Тоа што го играат неколку поединци на Реал (меѓу нив и Раул, кој да бидам искрен порано воопшто не го ценев како некој кој секогаш дава максимум) е за пример... Браво... иако и во Браса тоа е главно мото, повеќе од очигледно е дестимулирањето на оние кои беа синоним за „мравки„ поради чудните потези на Рајкард, кои многупати досега сме ги дискутирале, и кои упорно ги повторува. А човек кој не учи пред се на своите грешки, сигурно дека малку би било да кажеме дека е неинтелеигентен.... тој е глуп!... за жал, тоа е животното искуство (правило) кај сите од нас...„

14 comments:

  1. darko100%sport03:37

    барселона се наоѓа во моментов во иста ситуација како Реал пред 3-4 години, односно со криза и во екипата и во клубот. Некои нешта сигурно ќе се менуваат на крај на сезоната. Барселона ќе треба да избере со заокружување(ослободување) на една група фудбалери и да се потпре на веќе реално постоечката квалитетна младинска снага со некое евентуално потрбено засилување.

    Рајкард е тотално изгубен.

    Сега му гори и на лапорта под нозе бидејќи ако не влече паметни потези може и да не ги добие следните избори.

    Интересно е бар ја не сум прочитал молечењето на Сандро Росел. Можеби е подготвува за изборите кои следат.

    ReplyDelete
  2. ...да, можеби си во право, криза општо во клубот... а штотуку прочитав, сабајлево објавија каталонските печатени мед. дека Гвардиола е првата опција, ако се киксне утре?... (упте денес подготвувам информација за наредната недела, баш за Гвардиола и Б екипата која ја води, „со Топки на теренот на Б екипата„, али за тоа после)...!? ... не ми се верува како брзо се менуваат информациите... се повеќе ми мириса и дека Мурињо ќе го одбие Морати на крај... Сепакво Барса би завршил со еден циклус , кој би бил надминување на неговата каталонска фрустрација, единствена како дамка која ја има во својата кариера...и од каталонски лузер би се претворил во Добитник... а да, Лапорта, исто така е со поделени ставови за следната кандидатура... се е можно.... неверојатно, ама вистинито... :-):-(

    ReplyDelete
  3. Anonymous00:58

    Steta!!!Navistina ne mozam da se pomiram so faktot deka Real Madrid ke bide sampion na Spanija.Ova ke bide vtora godina po red spancite da imaat tolku slaba ekipa za sampion.Fudbalot sto go igraat e ocaen za gledanje,najdobar na terenot sekoja vtora utakmica e Kasiljas,i bukvalno sekoja ekipa ima sansi da gi nadigra vo pole."Barsa vo ista situacija kako Real pred 3-4 god" smesno :) Mene mi izgleda deka Real e se uste vo istata situacija samo Barselona dozvoli toa da ne izgleda taka.Po koj znae koj pat Rajkard se istakna i vo sabotata.Vecer ke bide interesno no ocekuvam da dademe gol, pa se nadevam deka na Nou Kamp ke bide polesno.

    ReplyDelete
  4. за Anonymous: Тебе брат ти требаат тешки медицински средства и надеж за подобар живот, секој мој поинаков коментар би бил излишен...

    ReplyDelete
  5. darko100%sport06:09

    Ретко среќавам, објективни каталонски фанови ( ги има само двајца на блогерајов, они знаат кои се). Иначе од телетекс навијачи ми е преку такво...

    Најмака ми е кога некој ќе ми дискутира и сака да полемизира за утакмици кои ги гледа на телетекс, или чита рувјуа на интернет. И на таков чоек што да му речеш??? Освен, изгубивме или победивме, секогаш се воздржувам од било какви полемики.

    Играта на Реал можам одговорно да кажам дека е на ниво со оглед на играчите кои ги имаме и нивната техничка способност. Сум рекол и пак ќе повторам не се летајте со глупи теории за играта на некоја екипа бидејќи тоа зависи од играчите која во моментот екипата ги поседува.А ростерите се менуваат циклусно и со тоа релативно и стилот на игра на екипата.

    Можеби лани не бевме солидни на тоа поле, но оаа сезона играме одлично. Така беше и против Валенсија и против Севиља.

    Треба да бидеш голем и во поразите исто и како и во победите...не е морално тоа но бар јас сум таков.

    ReplyDelete
  6. Филе не можев да се помирам со фактот дека Барселона изгуби од Бетис. Не беше прашањето титула или не. Тоа сите потајно се надевавме едни го кажуваа едни не. Ама да ја изгубиш гордоста. Да водиш 2-0 и да изгубиш 2-3 тоа незнам каков идиот треба да си за да го дозволиш!!! И уште не верувам. Стварно незнам шо се случи во второ полувреме. Точно е дека Бетис заигра подобро, ама Барса му го дозволи тоа. После овој натпревар дефинитивно Рајкард треба да испадне на Тв да рече "Јас сум идиот и си давам отказ" и да се префрли да тренира ватерполо.

    Еве од мене честитки за титулата на Реал, мада и ја сеа се прашувам како тебе можно ли е Виљареал да направи изненадување. Не дека ги мразам Реал туку од секогаш сум бил за екипите кои биле послаби играчки ама играле со срце.

    П.С. Која контра си ја мавам од коментарот од претходниот пост. ;)

    ReplyDelete
  7. gogo14:24

    Vaka,vistina barca ne e onaa istata koja igrase od noga do noga i koja imase najatraktivna igra,ali vistinski navivaci se onie koi znaat da dadat poddrska vo teski momenti.Pa dobro rajkard bese trener na barca koga barca gi osvoi site tituli i igrase najubav fudbal a sega gledam nekoj mu preporacuvaa da trenira vaterpolo(pozdrav do sportal).Spored mene rajkard ne e vinoven vinovni se igracite koi gi udrija parite i ne igraat za klubot tuku za dzebot a so takva politika nema napredok.Sto se odnesuva do spanskata liga koga mozi eden tim koj ima 7 porazi da bide lider i iden pravak toa se kazuva za kvalitetot na ligata.pozdrav

    ReplyDelete
  8. Дарко со тебе се согласувам 100%, иако сме на различни страни... „...тоа зависи од играчите која во моментот екипата ги поседува.А ростерите се менуваат циклусно и со тоа релативно и стилот на игра на екипата„ - токму така !...се друго е полемизирање без основа... точно дека со Рајкард се освоија титулите во изминатите години, ама тоа немаше да се случи ако го немаше Роналдињо во таа форма која беше и сите останати со него... Ви текнува кога шампион на Италија беше Наполи?... а ви текнува и зошто , нели? Марадона!... А ви текнува кој беше тренер тогаш на Наполи? ... е тоа е тоа!...не е дека ги омаловажувам тренерите, напротив, но малку се тренери како Капело и Фергусон, и можеби уште неколкумина... можеби е прегрубо да „праќаме во ватерполото„, али и тоа е израз на револт... А со тебе Гого не се сложувам со фактот дека треба поради тоа сеуште да му се прогледува низ прсти... Во спортот, па како и во најголем дел од животот, можеш да направиш многу добри дела, но ако еднаш кикснеш на „последниот најважен„ момент, јавноста во истиот миг се ќе заборави и ти ќе бидеш најголемиот лузер... така?... нешто слично како и во сексот... А спортот е многу близок и философски и практично до тоа :-)))...

    ReplyDelete
  9. Anonymous06:21

    Абе што има врска. Реал прв во Шпанија, Барса шампион на Европа. И тогаш пак Рајкард ќе биде херој. Само да се вратат Роналдињо и Меси во топ форма... Не гледам која екипа така би ја сопрела Барса. Mes que un club! :)

    ReplyDelete
  10. До анонимецот пред мене:
    Пријателе, оваа сезона не ни помага ни Свети Роналдињо... Едноставно не ја бидува работата и потребна е темелна реконструкција, со промена на тренерот (обавезно) и одбраната пред се...
    Инаку, како доказ дека сум во право нека ти послужи вчерашниот меч со Шалке... 23-5 во корист на Шалке за шут на гол... што повеќе, освен дека вчера Барса имаше среќа... Господ нека ни е на помош против Манчестер,ќе биде интересно.
    Инаку што се однесува до мене, манекенот Замброта може уште денес да се пресели во Милан или каде сака...
    А пак ако се случи трампа Адријано - Роналдињо, тоа ќе биде двојна трагедија... оти ќе го изгубиме Рони, а ќе го „добиеме“ проблематичниот Адриано...

    ReplyDelete
  11. armin0607:20

    Роналдињо повреден до крај на сезона.Тешко ке биде без него и без меси.

    *Ако имаш време коментирај кај мене;)

    ReplyDelete
  12. BARCA/sportcorner11:48

    Не е се во Роналдињо, не дека неговото помина но фактите покажуваат дека Дињо во овој момент има непремостливи проблеми со целокупниот систем во Барселона. Најправилна негова одлука сега би била на време да си отиде многуминА не би се сложиле со мојот став но јас подолго време ја заговарам оваа теорија,кога сите пред една сезона се свртеа кон Ето и таму го бараа кривецот за сите караници во таборот на Каталонците тогаш кога сите беа за тоа Ето да го напушти клубот јас зазедов став дека тоа треба да биде Рони, моите очекувања познавајќи го темпераментот кој Дињо го имаше кај ЛУИС Фернандез во ПСЖ беа повеќе од јасни сега и "неофицијално" се потврдува кој е проблематичниот дечко.Даре би требало да се сеќава на тие мои ставови.Рајкард својата улога оваа сезона тотално ја минимализира или нема избор или не знае што прави,барем јас толку можам да укапирам, се едни исти измени ниту еден квалитетен трансфер врз кој можеше да се наслони во текот на оваа сезона ако не го биваше годинава тешко дека ќе го биде и до година.Време за промени има,најдобро ќе биде двајцата горе споменати да отидат па потоа старите би рекле отом потом.

    ReplyDelete
  13. ...да, да ...готова е сезоната за него... штета за Дињо, но за Барса тоа одамна е завршена приказна... Да е `ив и здрав па ќе видиме како ќе се снајде во Италија?...

    ReplyDelete
  14. Anonymous15:02

    Sakav barsa da ja osvoi titulata ali toa e ne vozmozno spored ve4erasnava pokazana igra i naj od se kejf mi e rajkard da si odi od klupata na barselona mislam deka on go ko4i celiot tim.......

    ReplyDelete