24.3.08

ДАЛИ Е ВОЗМОЖНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ, НО ОД КАСТЕЉОН?

Заврши една прекрасна фудбалска недела која ми ја преполни душата со фудбал...Хилдебранд, Аризменди, Атлетико Мадрид, Манчестер, Макси, Дрогба се оние кои ги споменувам пост фестум... Англиското првенство и на моите два ТВ-а беше главна тема... А во саботата, поради емисијата во живо, италијанците ги следев само од второто полувреме... како и да е, убава мартовска недела, најубава сезонава...
Ја следев и Барселона на Камп Ноу, со што дополнително ми се потврди дека тимот има и квалитет и можност за успех, но лошо менаџирање и лош селектор, да не речам тренер... Меси го чекаме сите, а Дињо е прашалник кој допрва ќе создава полемики...


Но без разлика на темава која сигурно ќе ја продолжам во некое следно пишување, во неделата вечер јас бев исклучително шокиран!

Она кое повторно го привлече моето најголемото внимание
беше во 19 часот.


И за мене, да бидам искрен, тоа беше шок.
Не толку од поразот на Реал, туку од отварање на сосем друга страница во завршницата на Примера.
Виљареал ја замени позицијата со Барселона!
Сега таа е на 6 бода разлика од мадриљеноси.
Барса само на четири.
И токму тука си го поставив прашањето?
Дали е возможно изненадување?
По долго мое потенцирање дека Реал Мадрид скоро сигурно ќе ја освои титулата, цело време на ум ми беше единствениот конкурент - Барселона.
Одеднаш сега од втор план излегува Виљареал.
Дали е возможно во наредните три-четири кола да ја премине Барса и силно да му се закани на шампионот?
Како сега, Барса со разлика од 4 бодови, да биде подалеку отколку Виљареал со 6?
Многу едноставно, погледнете го распоредот во Кастељон и во гости - кажува се...
Голема веројатност за закана, која што има шанси и да се оствари...

А Барса не се доближи на 4 поради Рајкард, туку исклучиво заради големото срце кое го имаат неколкумина, кои гризат во секој натпревар... но тоа големо срце на неколкумина, може да биде пресудно само во дуел со помалите, а тешко во дербијата, каде сепак квалитетот е пред се, од тренерот па до голманот... Тоа веќе сите добро го гледаме... И сигурно дека уште отсега ќе се размислува на Шалке, а подоцна и на следниот противник, се надевам Манчестер Јунајтед (иако Рома воопшто не е за потценување, а дури може и да изненади оваа сезона)....

Токму од тие причини, сметам дека ако некој може да му се закани на Реал оваа сезона, пред се ќе биде Виљареал.

А моите желби за титула со Барселона, се надевам дека ќе се остварат на 21 мај.

12 comments:

  1. Борбата за титулата ќе продолжи и понатаму но во неа нема да биде вклучен Виљареал зато што во наредните две кола играат против Атлетико Мадрид и Севиља а на тие натпревари сум сигурен дека нема да освојат којзнае колку бодови иако после тие две кола следат лесни мечеви за нив,сепак ќе застанат на оваа трета позиција која и не е така лоша за нив.
    А што се однесува до титулата Виљареал има сили и победнички дух да стигне до таму но не и големина како тим од калибар на Барса и Реал.

    ReplyDelete
  2. ...не, повеќе мислев како закана... поголема од онаа што би можела да ја созададе Барселона во овој дел од првенството... сеуште сметам дека Реал ќе ја одбрани титулата, али ако до вчера бев 100% убеден поради Барса, сега малку помалку... :-)...можеби некои 30% шанси за Виљареал...:-) ... во секој случај интересно... уште еднаш се потврдува дека во моментов е најинтересна Лига во Европа..

    ReplyDelete
  3. Сега се станува отворено, а повеќе ќе се знае следното коло кога очекувам многу голови и барем бод од Севиља во Мадрид...
    А Барса МОРА да го победи Бетис, кој ќе игра без публика... во спротивно нека си оди Рајкард...
    Не верувам дека Виљареал ќе издржи до крајот....
    Инаку вчера се одушевив од Англичаните. КАКВИ НАТПРЕВАРИ БЕА ТОА!!!

    ReplyDelete
  4. Anonymous09:07

    Redovno gi citam tvoite postovi,i mi se dopaga nacinot na koj gi gledas rabotite.Prikaznava za Viljareal e posebno interesna,i se slozuvam so tebe deka mozat da bidat i toa kakva zakana.Spored mene, Viljareal so nacinot na fudbal koj go preferira Pelegrini,e megu poubavite za sledenje sirum evropa.Iskreno od ostrovot samo Arsenal igra takov dopadliv fudbal,donekade i Mancester drugite mozat da mu podzavidat na Viljareal.Inaku za trener na barsa go posakuvam Pelegrini, i mislam deka covekot ima sposobnost da vnese imaginacija so koja i da bilo formacija koja ja igra, pa veruvam deka i so 4-3-3 ke uspee.Pozdrav
    ps.Se pozdravivme pred crkvata Mala Bogorodica na Vodno

    ReplyDelete
  5. Anonymous12:26

    Bravo za Kralevite od Valencia ama i si zasluzija ludjeto bodovi,a za Vilareal File si vo pravo jas pred pocetok mislev deka najseriozen kandidat za tronot e bas Vilareal bidejki e sostaven od tim predobri igraci koi imaa mala kriza koga real gi sramni so 5-0 i taka da se nadevame messi da se vrati i ronaldinho da ne izvadat od lajn... Barem vo ligata na sampionite ako ne vo domasnoto prvenstvo.MILAN

    ReplyDelete
  6. ...да бидам искрен не верувам ни во Пелегрини дека ќе го извади максимумот, но сепак, нели тоа е само мој личен став, што не значи дека е 100% точен, во случајов... едвај чекам да дојде лето, па да ги видиме конечните одлуки...(инаку се сеќавам дека се сретнавме :-)... а тоа за празниот стадион против Бетис, Редфингер, и јас мислам дека може да биде позитивно за Барса, но пак нема многу да промени, сем што ќе го држи ритамот... а од Севиља јас нема да очекувам многу, да не речам воопшто ...

    ReplyDelete
  7. Радеон23:34

    Изненадување не е возможно ниту од Виљареал ниту од Барселона,Реал не е Леванте па да очекувате уште 3-4 кикса,напротив наредните утакмици очекувајте само победи и ништо друго.

    ReplyDelete
  8. Anonymous12:30

    Mislam deka postot e na mesto i deka Vilareal e realna zakana za Real a uste pogolema za Barsa.Inaku koga zboruvame za Real mislam deka veke nema prostor za kiks a ako se znae deka i vednas po porazot od Valensija imase itna sednica na direktorite so pretsedatelot Kalderon mislam deka dokolku uspesno pomineme niz Sevila i majorka tronot e nas.Napisano od Real Madrid odnosno goran-tips.blog.com.mk

    ReplyDelete
  9. BARCA04:18

    Ние шансите ги имавме веќе неколку пати оваа сезона,сега е прашање дали сега ќе ги искористиме и накрај на 21мај ние ќе прославуваме....
    Бујрум и кај мене на блог,ќе ми биде задоволство ако големиот топки заземе одреден став на постовите кои јас од време на време ги постирам

    ReplyDelete
  10. ...дај Боже...еве го кај е уште 4 натпревари... :-)... а кој е твојот блог? ...имам неколку Барси кои ги посетувам редовно... пробав преку твојот пост овде ама не ми дава линкување?

    ReplyDelete
  11. Anonymous23:00

    www.sportcorner.blog.com.mk

    ReplyDelete
  12. Реал кикснува со Мајорка и со Зарагоза тоа 100%. Е сега останува на Барса колку ќе ги искористи тие киксови. И многу јасно дербито со Реал.

    Виљареал може само втор да биде повеќе нема шанси. И тоа втор у случај ако Реал биде трет т.е ако испадне некоја криза.

    ReplyDelete