22.3.08

БАРСА ЗАСЛУЖУВА И ПОГОЛЕМА КАЗНА (!?)

Многу ми беше тешко да го напишам овој наслов, но тоа ми беше единственото чувство кое, за жал, го имав по натпреварот од Купот.
Се паѓа во вода.
Навивачите се нервозни.
Сосиото на клубот е се повеќе и со јавни изливи на незадоволство.

А тоа и може да се очекува кога:

- Анри ќе го видите дека симулира прекршок...дури и за Ето некогаш тоа беше незамисливо, а сега очигледно може да биде само „израз на немоќ„.

- Бојан комплетно без авторитет кај судиите, а тој не се добива или наследува, тој се гради...

- Силвињо, стандардно потпросечен, којзнае дали го заслужува воопшто и дресот.

- Гудјонсен исто така не е за овој клуб. Него можеби иднината му е во Еребро, Брондби, Розенборг или некој сличен...

- Пујол се повеќе се губи со новата улога. Заборава дека треба да е последен човек.

- Едмилсон е само име кое звучи бразилски и моќно... а се друго е како народната „се тресе гората, се роди глувче„.

- Ѕамброта е за Милан или Јуве, типична фудбалска декаденција...не за Барса.

- Чави, Иниеста, Милито воопшто не можат сами се. Меси го нема. Дињо е казнет од Рајкард и Чики... а којзнае и дали ќе се врати...барем додека е Рајкард на клупа... и кога ќе заигра, како ли ќе биде?

За првпат од осумдесетите години наваму почувствував „страв„ да не изедначат против Валенсија. Не дека сакав да загубат, (Барса ми е во срцето од истата година кога ја платив првата навивачка членарина за Хајдук од Сплит, 1983), туку ќе ми беше жал да ја елиминираат Валенсија со таква индиспонираност, лежерност и едноставно без жар и желба. А Валенсија, да бидам искрен воопшто и не ми се допаѓа, ниту пак некогаш сум навивал за неа, но објективноста ми била секогаш прв принцип.

А Барселона не заслужи финале!




Страшно ќе биде и во недела против Ваљадолид.
Иниеста нема да игра. Милито исто така. Дињо е под казна и во вербален конфликт со Рајкард, иако на ПРЕСС сеуште се воздржуваат сите од јавно потврдување. Факт е дека порано и него прво му беше фудбалот па се останато, а сега прво му е се околу фудбалот, па се останато....

Се плашам дека тешко ќе биде и во недела на Камп Ноу.

А токму тоа го пишував одамна... разврската од тие три кола... и еве ги стигнаа... в недела „мојот ст(р)ав„ на оваа тема би требало да заврши или можеби допрва ќе почне?

Многу одамна, вака се чувствував кога го гледав Марадона, во Бока, во Наполи, во Барса, во репрезентацијата... „се крстев„ во него, и се тресев кога неиграше или беше повреден... сега како да доживувам „дежа ви„... но со Меси !


П.С.

„ Лацио на Олимпико и Пандев беа само најава дека оваа цела недела е една од најфудбалските оваа сезона... нестрплив сум и за единствените натпревари кои го привлекуваат мојот интерес од Англија... ми изгледа како дел од сон, во една единствена недела најголемите и најубавите фудбалски натпревари во Европа... совршена недела...„

13 comments:

  1. Anonymous03:30

    Добар текст Филе конечно малку објективност да слушнам од навивач на Барселона, ми се допаѓа освртот кој си го дал за секој од играчите поединечно и се согласувам се секој збор од него, ме насме она за Гудјонсен дека иднината му е во Брондби или некој сличен клуб, можеби малку сурово но сепак гола вистина, со кој ум Рајкард го става во прва постава особено кога брка резултат тој Гудјонсен мора растур да прави на тренинзи оти не гледам друга причина зошто би играл на официјални натпревари.
    Уште ЛШ ви остана ако и таму ве елиминираат (веројатно во полуфинале зошто не верувам дека Шалке има капацитет за такво нешто) и официјално Барселона ќе добие нов тренер.

    ReplyDelete
  2. Borgoth04:05

    Вчера со уште еден блогер додека ја гледавме заедно утакмицата пукавме сеир на играта на Гудјонсен. Сеуште се чудам со кој памет го толерираше Рајкард да остане на терен. Катастрфално лошо, изгубено, индиспонирано издание... а и останатите не беа нешто поарни... Ај од септември со нови надежи!

    ReplyDelete
  3. Интересен текст,интересна анализа која како навивач на Барса ме фрустрира и разочарува но тоа е голата вистина во и околу тимот на Барса. Секој играч професионалец од било кој клуб заслужува критика но оваа форма на Барса годинава е изложена на потсмев од цела Европа а поединците со мега звучни имиња се изгубени на зелената сцена како божем првпат да настапуваат таму.
    Филе имаш право во секоја смисла...

    ReplyDelete
  4. Филе, колку и да зборуваме и да пишуваме, џабе е се... се додека Рајкард не си отиде...
    МОРА ДА СИ ОДИ, вака не бива (ама ич) повеќе!
    Толку ли не гледаат дека мора да го сменат, дека треба нов импулс, дека оваа концепција е умрена работа...?

    ReplyDelete
  5. Anonymous11:47

    Филе браво за текстот,ама колку со се слагам со тебе и не се слагам,на пример за Гудјонсен да не само со не чини како играч туку ако запримети и играчите сами не му ја подават топката нема корисна топка цела утакмица ни додадено нити недај боже упатено кон голот.
    Анри е цовекот кој најмногу го поштовам и е најскромен,ама да си признаеме Анри играше на истата позиција и во Јувентус па беше слаб,кога дојде во Арсенал Венгер го прекомандова во класичен шпиц и таму и се пронајде,впрочем и првиот чекор на Анри е најопасното оружје-првиот спорт негов како дете беше спринтер на 100 метра.
    За Рони сега се виде колку е голем и јак на сите критики и на сите заебанции од Рајкарт,збор нема речено за ништо,е не можи за 1 година да се заборави како се игра фудбал.
    Викаш исто не чини и Замброта,абе кути да не те слушни Рајкарт глупакот па да го стави Олегуер прва постава.Знајш Барса е поим за фудбал а сега Рајкарт уништува се се губи се и то е стварно
    жалосно и боли.


    И да завршам Рајкарт е тој со треба да си оди и тоа одма .

    поздрав

    ReplyDelete
  6. Знам дека за овој мој коменатр ќе наидам на негодување ама ќе речем дека младите се проблемот во Барса. Премногу слобода им се дава. Бојан Кркиќ. Ок, може талент е детето ама ќе му дојде времето. Неможе Анри да седи на клупа а Кркиќ да биде прва постава.Им упропасти 3 стопостотни шанси само затоа шо сакаше да се прави мангуп. Со тоа вадење мали ѕвезди се упропасти концепцијата во Барса. Грешка што ја прават многу клубови во Шпанија. Особено и за Реал важи тоа.

    Затоа и го поштувам Фергусон од Манчестер. За односот со младите, за неговиот авторитетот над нив. Дури и да одиграле перфектна утакмица да биле играч на натпреварот они одмараат на наредната, има време за нив. Ги спушта на земја. Една утакмица големото чудо, секој може да одигра една добра утакмица.

    Пујол стварно катастрофален, незнам што му е на човекот. Едмилсон, па и не играл за да се коментира. Гудјонсен-заради него ги мразев Челзи, а ми го донесоа у Барса и + платија гадна пара за него(НЕНОРМАЛНИ). Сакам Олегер да игра, пошто целиот гнев кон него ќе ми биде насочен и нема да ги забележувам толку грешките на другите. :) :)

    Поздрав. Супер текст. ;)

    ReplyDelete
  7. дарко100%спорт13:04

    Мене како навивач на Реал нормално дека ми годи слабата игра на Барселона, но пак од друга страна не ми годат ваквите летаргични игри на водечките Шпански екипи. Лани беше сезоната во жар а сега се нешто е килаво и го нема тој драж.

    Искрено сум покрај Роналдињо како фудбалер и личност. Во Барселона се случиле низа примери кога првите ѕвезди биле деградирани и потоа си заминале од Барса. Не смее да се уништува неговиот талент туку така и да заврши тажно неговата приказна.

    Јас како искрен љубител на фудбалот никогаш не можам да гледам кога се случуваат вакви нешта со совршени фудбалери кои го доловуваат фудбалот во вистинска смисла. Без одглед дали се работи за фудбалери на Барса кои ни се најголеми ривали . Најголем број на фудбалери кои ги почитувам од еден клуб собрано се оние од Барселона. Го респектирам клубот повеќе од било кој наш ривал, бидејќи барселона е единствениот наш достоен.

    Пујол за мене секогаш ќе биде фудбалериште без оглед на некои инцидентни слаби партии, Чави, Иниеста, Меси, Роналдињо...не само поради нивните фудбалски квалитети туку и поради нивниот секогаш коректен фудбалски однос.

    ReplyDelete
  8. Не ја гледав утакмицата но по онаа што го читам јасно ми е се знаев дека ке изгубуме бев 100%сигурен.Пред некој ден напишав дека од три фронта на кој што се бориме нема да освоиме ниту еден и еве тоа полека почна да се остварува.Многу сум разочаран затоа што служиме за потсмев пред цел свет.А управата си молчи и упорно си молчи само незнам зошто? А за Рајкард излишно е веке да се говори,излишно е за се да се говори што е поврзано со Барса оваа година.Катастофа....
    Поздрав
    Ма какво полуфинале во ЛШ и Шалке ке не смачкат со оваа игра т.е неигра што ја прикажуваме.
    Поздрав

    ReplyDelete
  9. ...точно е дека им се дава преголема слобода на младите, но тоа е секогаш мач со две оштрици...тоа што е споменат Фергусон, можеби е точно, ама не мора да значи и дека е правилно... а коментарот околу Роналдињо и тоа дека Роналдињо (Дарко) го цениш 100% како личност , ќе ти илустрирам со една карикатура која ја имаше деновиве а ја отслика моменталната негова психо состојба... Пред три години , на Х-зраци, неговиот мозок е заменет со амблемот на Барса, а денес истата слика само место амблемот на Барса имаше диско Топка.... а во денешната епизода на Топки, имам токму прилог и за таа состојба , општо на бразилците кога ќе дојдат во Европа, од која се исклучок единствено Робињо и Кака, ...за среќа... бразилската веќе видена сага.... топ беше, можеби и ќе биде, но веќе се повеќе го интересира се она околу фудбалот, отколку самиот фудбал.... што и на некој начин е нормално за човек од неговата средина, но во никој случај прифатливо како опција... за жал...

    ReplyDelete
  10. Сакам да се осврнам и да се потпишам под коментарот на Спортал, посебно она околу авторитетот и односот кон помладите ѕвезди...
    Инаку - Олегер и се е кажано... :)
    Просто не ми се верува дека Рајкард не го игра... Ќе му се уклопи идеално.
    А ова За Рони... Јас него го засакав не само заради талентот, туку заради скромноста и односот кон играта... се расправав со други дека него парите нема да го расипат, дека тој е Играчот, дека е среќен само кога има топка со него... но...
    Сепак верувам дека ќе се врати, следната сезона под друг тренер ќе биде оној стариот. Инаку Барса е идеален клуб за него... како што беше и за Роналдо, ама тој лакомиот отиде во Интер да се осакати...

    ReplyDelete
  11. Филе тоа за Бразилците и Аргентинците си во право дека им мине ќефот после некое време. Да така и од секогаш било така.

    Но да те прашам нешто. Ти си фудбалер и кај би сакал да играш фудбал во Аргентина или Бразил, каде што фудбалот е нешто свето, религија има невидена атмосфера, се убива едноставно за фудбал. Ја да сум без пари би играл таму само да ја почуствувам атмосферата. Да дадам гол, да бидам бог. Тоа е фудбал не се грижиш дали некој ќе ти ја скрши ногата туку кој ќе биде покреативен од другиот.

    Класичен пример се многу фудбалери, всушност сите Јужно Американци кој како ѕвезди испаднале од таму. Еве Рикелме. Се тепаа сите за него, пари колку сака, ама знае кај е најубаво. Не е за парите.

    Проблемот е што испаѓаат многу млади од таму и веќе се прогласени за ѕвезди. Новиот Пеле, Марадона. 100 Пелевци и Марадони испаднаа за 2години. А они всушност одат на печалба, прават пари и се враќаат на фудбалот. Вистинскиот фудбал. Јужна Америка.

    Кака не е таков пошто не дојде како ѕвезда во Милан. Не се крена врева за него. Среќно стана тоа што е сега. не дека немаше квалитети, но му поклопија картите. Мислам дека се повреди некој од средината на Милан и он го заменуваше и покажа дека требало барем 5 пати поќе пари да дадат Милан за него. ;)

    ReplyDelete
  12. Anonymous04:21

    Fle najprvo eden golem pozdrav do tebe,moeto ime e boris i od koga znam za sebe navivam za FCBARCELONA i nemam propusteno nieden natprvar........n toa ne e bitno ,bitno e deka nasive zverovi godinava ne se pokazaa vo najdobro svetlo t.e se pokazaa vo nikakvo svetlo no mislam deka najgolem vinovnik za toa e RAJKARD.Formacijata koja sto ja postavuva e veke videna rabota i so nea BARCA gazese 3-4 godini no veke ne e toa toa.Treba nesto da se smeni.Mislam deka so ETO i HENRY kako klasicni spicovi i DINHO kako poluspic podrzuvan od MESSI barca nema da moze nikoj da ja zapre.ne mozam veke da gledam kako HENRY I DINHO igraa po strana , bidejki taka ne se ama bas ic korisni.Drugo,se potvrdi deka bez MESSI na BARCA ne i odi sto isto taka e nezamislivo pokraj tolkav broj na zvedi koj na terenot igraat bez dusa bez nikakvo zalaganje i bez nikakov motiv za pobeda.Se nadevam t.e znam deka eden trofej ke osvoime bidejki veruvam deka DINHO ne zaboravil preku nok da igra fudbal a baska i MESSI ke se vrati taka da im preporacuvam na fanovite na REAL(tim sto najmnogu go mrazam) da ne bidat tolku sigurni deka ke ja osvojat PRIMERA bidejki najdobroto od BARCA doprva sleduva. I za kraj koga bi mozel od timot bi izbrkal nekolku igraci koj spored mene poveke odmognuvaat otkolku sto pomagaat a toa se:EDMILSON,DECO,ZAMBROTA,OLEGUER,VALDEZ,GUDJONSEN i moram da kazam moze ne sum vo pravo DOS SANTOS eve i zosto: ne moze nekoe dete na 18 god da bara da igra vo prv sostav i toa na pozicija na MESSI(NE MOZE NA MAL PRST DA MU SE FATI) i da ja uslovuva upravata ili ke igra ili ke si odi toa e nedopustlivo i mislam deka iako e ogromen talent i potencijal ako ne se smiri treba da si odi.
    ps Ova moram da go kazam davam celosna podrska na RONALDINHO go obozavam za mene e seuste najdobar i toa ke bide zasekogas i veruvajte deka ke se vrati vo starata forma posebno koga dogodina na trnersko mesto ke bide JOSE MOURINHO pozdrav file i izvini za vaka dolgiot tekst ama morav FORCA BARCA,MILAN & CHELSEA

    ReplyDelete
  13. ... во многу работи имаме слично мислење... :-)... ќе биде подобро... барем до 21 мај...

    ReplyDelete