9.5.08

КОНЕЧНО!

ПОСЛЕДНА ВЕСТ:

Она за кое зборував во изминатиот период дека мора да се случи, конечно и се случи синоќа во 19.12 часот, на ПРЕС конференцијата на Лапорта со медиумите. Претседателот ја соопшти веста дека е донесена одлука за смена на Рајкард. На негово место доаѓа Гвардиола. Наредните денови Гвардиола ќе треба да го претстави планот и да се преземат нови одлуки за заминување на веројатно уште 11-12 фудбалери од сегашниот состав.

8 comments:

  1. darko100%sport23:01

    Гвардиола беше во мојот список од десетина фудбалери кои го објавив пред некој месец составен од фудбалери кои се пензионирани а ми оставиле огромен впечаток по некоја нивна карактеристика и гледано од моја лична страна.

    Потегов на Лапорта е логичен. Каталонците особено се поддржуваат меѓусебно и меѓусебното ценење и почитување е за респект. Лапорта во брзо време го чекаат избори и одлука за ваков човек за прв тренер му е плус во кампањата за бранење на мандатот. Убеден сум дека да имаше уште две-три години од мандатот немаше да се реши на ваков потег. Гвардиола е премлад но знам дека има доволно интелигенција да се справи со ситуацијата.

    Уште една работа поради која Лапорта се одлучи за Пеп е тоа што идната сезона притисокот врз екипата и клубот ќе биде голем, а вакво фудбалско име сигурно ќе придонесе за мир во првите месеци и трпение од каталонските медиуми и навивачи.

    Сепak мислам дека изборот е добар и слоиден.

    ReplyDelete
  2. Дарко е сосема право во ставот. Потегот на Лапорта е сосема логичен како што вели тој. Гвардиола е симбол на тимот и миленик на публиката тоа е факт,но што се однесува до одговорноста која треба да ја преземе на кормилото на Барса субјективно гледано не ги има оние квалитети и искуства од сферата на Менаџерството.

    ReplyDelete
  3. ...се сложувам и јас...веројатно ќе се случи тоа што Дарко го кажува...и искрено се надевам... :-)

    ReplyDelete
  4. Мислам дека им требаше дури и премногу време за да го сменат Рајкард. Добро, човекот освои ЛШ со Барселона пред само две години, но во последниве две сезони се што направи беше донесувањето на Барса до полу-финалето во ЛШ оваа година. И веројатно сите знаеме како заврши сево ова.

    Време е за нова ера! :)

    Поздрав.

    ReplyDelete
  5. ...нова ера...:-) ..убаво звучи и дај Боже да започне...

    ReplyDelete
  6. Anonymous12:34

    File bas bi sakal da napravis edna prognoza bi kazal za toa koj bi mozele da si zaminat i koi bi bile novite zasiluvawa na Barsa.Istoto go ocekuvam i od Darko za Real a ovde pisuvam i za nego oti na negoviot blog ne biva oti ne sum registriran.Izvini File sto go iskoristuvam tvojot blog osven za tebe da pisuvam i za drugi.Se nadevam deka ne ti preci

    ReplyDelete
  7. Radeon00:57

    Имам некое чуство дека Гвардиола е погрешна одлука и престојот на Ноу Камп ке му биде краток.

    ReplyDelete
  8. armin0621:56

    Со среќа со Пеп.Не дека очекувам нешто многу ама ке видиме..барем на почеток се задоволни навивачите...Значи ништо од Мурињо-Ламп-Дрогба?

    ReplyDelete