23.4.09

БАРСА ВО БАРНА, А БАРНА НА НАЈВИСОКАТА КОТА ВО ШПАНИЈА . . . НЕДОСТИЖНА, КАКО И ВО ЈАНУАРИ!

Вечерва добивам само една желба, да извадам неколку сегменти од старите постови, кои (некои од нив) беа напишани на почетокот на годинава, кога направив мала анализа и само бев еден од оние кои уште тогаш веруваа дека бодовната разлика во тој период, таква каква е, е пресудна за шампионската титула годинава. Дури и тогаш се базирав најмногу на образложенијата дека токму таа разлика може и да се намали дури и до еден бод или да остане на 3, 6 итн, но важно е дека е недостижна, веројатно... Тогаш моите постови предизвикуваа многу коментари, од една до друга крајност. Но, се сеќавам (а тоа лесно може да се провери) дека го чекав токму овој миг, кога пак ќе ја отвориме истата тема.

Е па, еве, тој момент дојде. Најважните четири кола во Ла Лига оваа година, веќе стартуваа. Коментар на темава немам, сем извадоците уште еднаш како разглед на тогашната анализа...и ставот (само кратко) во пост скриптумот...




Извадоци од постовите на почетокот на годината
кога Барса ја најави титулата
:



„... Многу тежок распоред... премногу... среќа што се десет бодови предност во Ла Лига, а тоа значи, теоретски, дури и да си дозволат и три порази еден по друг, за тоа време Реал мора се да победи, и пак да се на бод предност. А да не се заборави во меѓувреме дека и Реал ги има сличните натпревари...„

„...Точно е дека во Мадрид се затоплува. Веќе температурата стигна до -7. А само пред 24 часа беше - 10. Во Скопје, најавуваат дека деновиве ќе се симнела и до -8. А во моментов надвор е -2. Само ќе прашам, чувствувате којзнае каква разлика од -8 до -2? Не ! Ладно е и вака, ладно е и онака. И за двете ситуации, кога ќе излеземе надвор, ќе кажеме „кочан„. Исто е и со ситуацијата на релација Мадрид-Барна. Дали е - 7 или наредната недела ќе биде - 4. Тоа е. Минус е Минус. А за да стане плус, пред се треба да се исполнат многу услови. Прво додека едните губат, другите постојано да победуваат. А да не зборуваме дека за некој ден почнува циклусот на натпревари кои и двете екипи сакаат да го освојат.... Овојпат разликата е и во формацијата на останатите -7, во клупата на -7, во поквалитетниот кадар на тие -7 и во начинот на следните победи на сегашните -7...„

„...Прво, не само што сеуште цврсто го бранам мојот став кажан уште пред скоро два месеци, туку и дополнително секоја наредна недела ќе го образложувам во афирмативна насока. Второ, зарем некој некогаш мислеше дека Барселона ќе стане шампион во Ла Лига со 58 бодови предност? Ако некој така мислел (!?)... да, ова може да го смета за криза. Сепак сите треба да бидеме свесни дека таа разлика од пред два месеци, затоа беше толку голема, за да може да се надминат безболно овие моменти...„


П.С.

Реков дека само накратко ќе прокоментирам нешто што ќе го одбележам како најнеинтелигентен потег што досега го имам видено во Ла Лига - Пепе во вчерашниот свој испад (ако воопшто може така да се нарече!?)...Мојот коментар е: Одземање на лиценцата со која му се дозволува да игра фудбал!... толку, друг коментар е вишок... всушност не ни заслужува внимание...

(а за тие што не знаат за што зборувам нека погледнат прво на
http://www.youtube.com/watch?v=wHFkYEbwrQ0)

73 comments:

  1. This video is no longer available due to a copyright claim by Audiovisual Sport. Толку од клипот, како и да е, го гледав натпреварот, вистинско лудило, уште еден епски кам-бек на Реал, во последните 2-3 сезони навика им стана:) Сепак другар Филе, мислам дека постот требаше да го објавиш барем по 2 кола, или барем после наредното, да видиме дали Реал има шанси да извади некој бод во Севиља, и дали Барса ќе направи хет-трик победи (против Валенсија - викенд, Челзи - среда, Класико - нареден викенд:) А инаку досега во право беше за бодовите...од 6 никако да се помести разликата:)

    ReplyDelete
  2. Многу сте јаки Филе :)
    Ама пак неможеш Реал од глава да ги извадиш и мораш нешто во врска со нив да искометираш, а? :)
    Што ти се вика комплекс ...
    Знак како ти е всушност и те оправдувам.
    До лани и Меси , И Роналдињо , И Iниеста , И Анри , и Чави (треба уште да набројувам?) , не ви беа доволни за да освоите ЛаЛига ...
    Јеби га, ви дојде конечно времето ... радуј се :)

    ReplyDelete
  3. Џабе зборате за титулата во Ла Лига таа е освоена уште од 13 Декември, а навивачите на Реал имаа малку надеж кога разликата беше -4. Можи Реал и да победи во "Ел Класико" бидејќи Барса ке има тешки натпревари со Валенсија сабота и среда со Челзи, а после тој натпревар реванш со Челзи, ама и Реал нема да победи се... Затоа Барса ја освои 19 титула во Ла Лига, а и Копа Дел Реј е речиси освоен (против Атлетик Билбао) единствено останува само ЛШ каде доколку го елиминираат Челзи 90% се шампиони оти Манчестер и Арсенал сезонава се далеку зад Барселона. Поздрав

    ReplyDelete
  4. ЛОЛ Goce :)
    знаеш сто значи a si a si gana el madrid?
    реал се добри исто како барцелона се екипа со јак дух и карактер, статискика и веројатност направена на хартија ништо не им значи, ама вошкари како тебе вака ги мразам :( сафрава ми се крева кога читам коментар како твојот...

    ReplyDelete
  5. http://www.youtube.com/watch?v=YazrFjN_gYU

    e ova e liceto od pepe... stvarno strasno...

    ReplyDelete
  6. Филе ти кажав, и јас би го направил истото што и Пепе. Доста е веќе од лежење , паѓање, плачење , фолирање во ла Лига. Единственото маана што ја има во шпанскиот фудбал е токму тоа лигавење. Доста е . Не е дали е за Реал или било која екипа, знаеш дека сум објективен. Знам дека доколку Меси го направеше истото еве да карикираме, коментарите не би ти биле такви какви што се. Јас оправдувам без оглед дали се работело за играч на Реал, Барса, Осасуна...

    ReplyDelete
  7. ..значи прво и основно, Меси ова не може да го направи!!!! НИКОГАШ! а бил и во полоша ситуација од Пепе... значи тоа е до инетлигенцијата на фудбалерот, која сепак ја познаваме ако не целосно , барем генерално... а второ, немаше воопшто лажење, лежење и глумење...Чист пенал!... Само сети се дека во таков трк, малку да те подбутнат од зад грб, добиваш дополнително забрзување и паѓаш...нема муабет... а тоа што резултатот и пеналот можеше да биде многу значаен е тоа што го извадило Пепе од умо... а тоа исто така нема муабет, и нема компромис за тоа... е сеа знам дека ти како мадридиста другачије гледаш на ова, ама реалноста е сосем друга, дури и соиграчите негови, почнувајќи од Касиљас се свесни за неговиот целосно неинтелигентен потег кој мора драстично да се казни! нема ни друго, ни трето...

    ReplyDelete
  8. ја многу добро ги гледам изјавите и на Касиљас и на сите и тоа што го прават е многу нормално. Многу нормално е и Пепе денес да се тегне со изјави дека не му е веќе до фудбал и дека сака да се откаже дека бил многу разочаран од својата постапка, чисто мачкање очи, за да се добие помала суспензија. Јас лично од мои лични побуди и начин на она што сакам е да нема педеришање и лигавење по терените, и затоа и никад не ме возбудуваат грубости на терен од овој тип. Не ека не го подбутна, но Каскеро се обиде да остане на нозе и кога му текна дека може да падна уште дополнително почна да плива. Не сакам да се објаснувам дополнително за случајот, не дека се гордеам за постапката на Пепе, но да не правиме филм. Навредите и скандирањата на Ето по освоената титула против Реал се многу многу поголем срам и резил....

    ReplyDelete
  9. ...da, mozebi si donekade vo pravo, ama od izjavite na Eto`o ne moze da ima takvi posledici, kako od gluposta na Pepe..zatoa sto samo malku falese vo takva ludost , ubavo da go potkaci i fizicki zasekogas da go otstrani od rabotata od koja zivee - fudbalot... a zasto? zatoa sto pepe e so pola bajt mozok... jas za taa posledica zboram... a inaku vo rpavo si deka sekogas za se sto ne e fudbalski i fer sekoj treba da bide kaznet, pa i duri Eto`o, soglasno gluposta koja ja napravil...

    ReplyDelete
  10. kako prvo go opravduvam komentarot na goce...
    dobar komentar..
    a potoa, pozz file se gleda deka vo srceto ti se barcelona, ama te sfakam isto mi e i mene so Real Madrid...
    samo sakam da te prasam sto te natera da pocnis da navivas za niv ??? :D
    koga sme kaj pepe... stvarno ne go opravduvam ic... ama toj bese mn gneven, bidejki sudijata svirna penal... a toj penal mozese da mu gi odzeme sansite za titulata uste od sega... kaskero bese potturnat ama ne za penal i koga vide deka ne moze da stoi na noze poveke, izgubi ramnoteza i padna, odnosno izglumi... nema so.. koj e toj kaskero be? c c c
    ama ete pravdinata si dojde na videlina... odbranet penal i gol vo posledanta minuta za pobeda...
    e to e real madrid!!!
    a nezz koj napisa pogore deka se naviknavme na vakviot real vo poslednite godini... ve molam ne se sramete so vakvi komentari ako pisuvate pisuvajte neso popametno... nezz koj se vadi vo 93-94 min so betis osasuna espanyol... real li se vadi???
    sramota e :/
    ama dobro rauvajte se malce redno e... 2 god bez titula :/
    a ti Brij sigurno safrite ti se krevaat koga ne mozes nisto so real madrid koga e najgolemo ime vo fudbalska evropa ;)
    pozz do site...
    Za drugi se naviva Real Madrid se saka...
    P.S. Slavata na Real Madrid, barca, ne vo 2010 tuku vo 3010 nema da ja dostigne ;)
    taner

    ReplyDelete
  11. Сите сме субјективни, Филе вели дека то е чист пенал, јас велам дека беше пенал исто колку и претходниот напад на Реал? Или не, то беше чиста симулација на Игуаин и заслужен жолт картон? Не би рекол...туку, нешто чудно се случва во последно време...Гетафе против Барса не сврза 1 подавање и почна без Гранеро, а некни играа ко нафурани...Севиља почнува дерби без Кануте, Адриано, Ренато, сите стандардни првотимци, сега сабота да видиме дали пак ќе дремат на клупа:) Тешко...сепак, ќе се крстам во Хуанде се дури теоретски и математички нема шанси за титулата, надежта постои:)

    ReplyDelete
  12. И мислам дека треба да го остајме Пепе да одмори и да олади малце, ќе си добие казна...зато да си коментираме за слободниот на Гути и талентот на Игуаин?:)

    ReplyDelete
  13. Се извињавам шо пуштам коментари ко без веза еден по еден, ама сеа го видов клипот од Бриј, Филе, уште еднаш да провериш колку има она врска со пенал или со уметничко лизгање, Пепе се размава после свирењето пенал, шо нема благе везе со реалноста, убо се гледа на снимката, од толкав допир ни пеперутка нема да се помести а не да се паѓа ко покосен. Глумци в театар, срце на терен:)

    ReplyDelete
  14. Vladimir vo pravo si za Pepe aj da go ostaime...neka si se povlece i najbolje neka si gi uziva denovite nekade vo nekoja gradina pokraj plaza na Atlantikot.... a za site onie od prethodno, za da bidam malku poprecizen... tocno e deka Barca mi e vo srce i nikogas nema da mozam so takov zar da zboram i pisuvam za madriljenosi otkolku za niv, no toa nema vrska so pocitta kon istite...iako raul ne mi se dopagjal nikogas kako "slika za fantazist" no glupo bi bilo da ne se pocituvaat negovite vrednosti za klubot, a uste pomalku i da se omalovazuvaat... taka mozam so pocit da zboruvam i za pogolem del od belite, no isklucivo od pocit... no za Pepe i takvi kako Pepe, non-sens e vekje i edinstven zbor...inaku bi se slozil so vas koi verojatno i so pistol bi dosle na utakmica i ako nekoj maklar i doglumil penal ili bilo sto vie da go opravdate negovoto "eliminiranje"...taka izgleda ova... za sekoe glumenje ima kazni, nekogas "pravdata e slepa" i ne vadi toa od takt, duri nekogas od nervoza znaeme i solza da pustime, no se toa e fudbal...bez razlika dali srceto ni place ili pukame od nervoza na stadion ili pred tv.. no ova nema veza so fudbal...ova ne e ni grub start, ne e ni nervoza od tipot na nogata na tejlor ili udarot na bekam...ova e poluden covek, koj srekja sto nemase pistol inace letna sharzerot vo teloto na kaskero... zatoa mislam deka treba prvo da napravime distinkcija na rabotite "placenj-lezenje-lazenje-glumenje-teatar..." i ova sto e ... ne sakam vekje ni da zboram na temava...

    ReplyDelete
  15. Владимир шо сакаш да кажиш во коментарот дека Гетафе не сврза едно додавање и играше без Гранеро против Барса и дека Севиља играше без Кануте, Адриано...
    одлуката кој ќе игра ја нјосат тренерите можеби тие ги имат избришано бодовите од средбите со Барселона па се чуват за Реал, а Гетафе години наназат е еден од најнезгодните противнизи на Реал и Барселона, а и не знам со кој тим Реал ке игра против Барселона ги нема Снајдер,Пепе,Робен...

    ReplyDelete
  16. ...:-)))) Papasterevski, samo edna zabeleska, najdobronamerna i najprijatelska... bez da me sfatis pogreesno, ok? ...ziti se, nemoj vise da pisuvas Getafe :-(.... pisuvaj Hetafe :-)...vaka na moment mi zazvucuvas kao da citam komentar od Sitel(da ne spomenuvam sea nesto od sto mi se ezi kozhata) ...ne me sfakjaj pogresno, ok? ...mnogu pozdrav i fala ti... :-)))

    ReplyDelete
  17. ...a za narednata nedela , vo pravo si..i jas ;ekam da vidam kako li toa 'e zavr[i... a mo\eme ako sakate site zaedno (i real i barsa navivacite) da se organizirame nekade i zaedno da gledame fudbal... pa da napraime atmosfera, koj gubi plakja... :-)))) ...se razbira piva... :-)))

    ReplyDelete
  18. Во ред Филе јас на Сител ретко гледам натпревар така да незнам како го викаат дали Гетафе или Хетафе... На каналите на кои гледам Ла Лига најчесто го викаат Гетафе, а и така се пиши. Поздрав
    П.С Би било убаво да гледаме сите заедно "Ел Класико" атмосверата ке биде неверојатна.

    ReplyDelete
  19. Па papasterevski, во коментарот сакам да кажам, однапред предадени против Барса, и по 2 дена давање 110% против Реал, па не е фер...:) А Реал на Ел Класико ќе игра скоро со истиот тим шо играше на Камп Ноу, ништо страшно, 11 на 11, и јас сум за идејата за атмосфера, ако се соберите кажете шо и како и палам возо идам дирек за дербито:)

    ReplyDelete
  20. леле,читам и не ми се верува.сакате да кажете дека некој и попушта на Барса,а против Реал дава 110%?немојте ве молам со приказни за мали деца.до пред извесно време муабетот ви беше дека ако не бил Меси,ништо од Барса.Па ете не беше Меси,Севиља не знаеше каде стои.Влезе и Кануте па гледам многу помогна (да кркнат уште некој гол).Значи не е битно со кои играчи настапуваат противниците на Барса,тие едноставно прво треба да дојдат до топката за да можат да сторат нешто.Не може ни Кануте,Адриано или не знам кој со околу 30% посед на топка да стори нешто против Барса.Барса сезонава им ја крие топката на противниците и нормално дека креира и реализира многу голови.Имаш топка-играш,немаш топка-ќе трчаш по неа,тоа е тоа.А Владимир самиот кажуваш дека 11 на 11 не е ништо страшно кои и да се.
    А за организацијава за Ел Класико ми се допаѓа да ја проследиме сите заедно и да докажеме дека сме сите за фудбалот.Повелете во Велес сите,јас ќе организирам одлично место за натпреваров.Ајде Филе шетни до Велес :)))Поздрав

    ReplyDelete
  21. Браво Филе за идеата јас имав малце поразлична да се направи за финалето(без разлика дали игра или не игра Барселона)а за El Clasico можеме да се договориме.
    Друго сакам за Владимир,Гоце и Бриј а особено што вика Бриј за реал мадрид екипа со (јак дух и карактер, статискика)исто како и Барселона се сложувам дека е така, но реал ги нема играчите на Барселона.
    Го спомнуаат горе Меси за ланската сезона кога Меси беше повреден 6 месеци 2/3 од сезоната.А како е оваа сезона мадридисти, зарем само Меси е Барселона видете го Иниеста,Чави (тивките убијци), Алвеш. И последно против Хетафе сврзаа многу повеке од вашите 2 додавања.

    ReplyDelete
  22. file super ti e idejata za zaedno da se gleda fudbal ;) pozz

    inace ti drugar milan... lani stvarno ne igrase messi nekolku utakmici ama i ko igrase messi vidi ako sakas barca ne mozese da pobedi ili pa edvaj pobeduvase... zato barca -18 boda bea zad real madrid.
    a da ne pravime muabet za robben so ne igrase cela sezona.. a pak bea prvi pak lani rastur pravea... a i plus na pocetokot na ova sezona ko ja napravi barca ova razlika neka vi tekni kolku igraci imase samo real na raspolaganje polovina od prviot tim bea povredeni ama nikogas jas nema da recam deka toa e pricinata sto se vtori... ama ete ko spomna ti milane morav i jas da si kazam...
    pozz
    one love one club Real Madrid....
    taner

    ReplyDelete
  23. Скопје, Велес..., кај сакате, одлучете се и митинг невиден да се напрај, атмосфера лудници да биди, ајде нека падни договор:)

    ReplyDelete
  24. Танер како прво Меси не играше 6 месеци што значи не беше тука 2/3 од сезоната,а како што не ни очекувам да признаеш ниту еден фан на реал мадрид не признава т.е е нереален сакам да те потсетам дека Барселона дојде на сантијаго бернабе без меси, ето, деко и не играа бункер што би и било чудно некогаш да играат.Реал стварно дојде без неколку првотимци,а се затвотија.Примија 2 гола за 5 мин. чим се отворија.да играше реал отворено 90мин. колку ли ке примеше?Како друго за ел класико на ноу камп, играчите на реал играа прлаво впрочем како и на секое ел класико.Сети се дека Рамос крај левота аут линија отиде директно на ногата на меси, секој пробив на меси беше газење по задната страна на неговата нога т.е тетива која е и најлесно повредливот дел на секој фудбалер.Тоа сакав да кажам а Танер у никој случај несакав да те навредам у претходното само реално ти укажувам на фактите на кои сите вие навивачи на реал сте свесни ама не признавате.
    И Танер уште сакам да кажам едно не го свакај лично оти оваа е само дијалог нашиот став а не караница, без разлика шо навиваш за реал сакам чисто да го кажуваме без навреди.Јас ако го имам направено на некој се извинувам.
    Танер го прашуваш Филе зошто навива за Барселона,Танер за Барселона не се навива,Барселона се сака.Јас ке те прашам тебе зошто навиваш за реал? И мислам дека ако би ми одговорил дека реал е најдобриот во Шпанија,Европа,Светот или дека ги има најдобрите играчи на светот мислам дека тоа не е адекватен одговор.Како човек кој ја сака Барселона ке ти кажам дека секој дуел на Барселона го гледам со страст,со премногу емоции,оти Барселона ја сакам колку и себе.А зошто ја сакам Барселона не би знаел да ти кажам оти што и да кажам нема да може да ја опише мојата љубов.Сепак ова беше само моето мислење без навреда.

    ReplyDelete
  25. Имам предлог да направам e-mail на кој сите ке можеме да се дог за EL CLASICO!

    ReplyDelete
  26. Апдејт на темата со која и започна блогот: Пепе, доби казна од 10 натпревари, многу или малку, то е то.

    ReplyDelete
  27. Jas ne se soglasuvam so MiLaN i so Gjore...Messi e pola Barsellona pa mozi i fazla...od edna utakmica normalno nema da se zabelezi otsustvoto...no toa da bide podolgo vreme nedajboze poradi povreda kako lani,e togas 4e se zaprimeti otsustvoto...zatoa sto toj gi resi skoro site utakmici...ako ne so gol,so asistencija ili pak toj 4e ja navle4ese na nego poveke igra4i so toa sto mu ovozmozuva na drugite da imaat poveke sloboda...no Messi bez razlika od kolku igra4i e 4uvan toj sekogas znae da se oslobodi da resi utakmica,toj mozi da se re4i deka e od druga planeta...i vo poslednoto El Klasiko "mnogu vnimavaa" na nego pa badija...i so podlata igra sto sakaja da mu ja povredat levata noga,pak nemozeja...zatoa mislam deka barselona bez Messi nemozi...pozdrav

    ReplyDelete
  28. Димитар,ниеден играч не е поголем од клубот во кој што игра.Во Барса и во сите клубови поминале многу топ играчи и заминале, а клубот продолжува понатаму.Мислиш дека Барса не може без Меси бидејќи играта на Барса се базира токму на Меси,што е нормално.Нема муабет за квалитетите на Меси, ДА тој е најдобар моментално.Но се мислеше и дека без Роналдињо ништо нема од Барса па ете гледаме што се случува.Едноставно се навикнуваат сите на Меси и не можат да замислат како би било без него.Не викам дека е сеисто без него,се надевам уште долго ќе остане во Барса и ќе ни донесе многу титули.Фудбалер може да биде најдобар меѓу најдобрите,но не се споредува еден играч со цел клуб.Барселона не е само овој тим под водство на Пеп,Барса е се што се одиграло од 1899 до денеска,а од тоа не може никој да биде поголем и позначаен.Јас мислам вака и не терам никој да мисли како мене.поздрав MES QUE UN CLUB

    ReplyDelete
  29. Пепе???????
    Не сакам да го видам повеќе во Мадрид ако имаше нож ќе го убиеше
    Реал Мадрид????
    Тим со големо срце пред се одлични момци супер атмосфера во тимот
    Реал Мадрид vs Барса????
    Ние сме подобри во ерата на Рамос тие се подобри земајќи ја во обзир целата сезона
    Разлика меѓу навивачите на Реал и Барса??????
    Ние не сме плачковци

    ReplyDelete
  30. со исклучок на филе(не дека е само тој) се разбира но само тој е учествува во дискусијава а никогаш не плаче

    ReplyDelete
  31. epa milan drugar nema so da komentirame poveke oti i jas istoto go osekjam sprema real uste od mojata 7ma god navivam za Real Madrid i se imam raduvano so real kolku sto vie nikogas nema da se raduvate (bez navreda) ;)
    inaku jas zosto navivam za Real Madrid? odma ke ti kazam... zatoa sto taa e ekipata so najpoveke osvoeni tituli so najgolema pocit od site ekipi... i poradi toa sto od barca vo sekoj pogled e podobar... vo megusebni dueli vo tituli... vo see!
    pravime samo muabet kako sto rece ti ovde nisto ne sakam da bidi kontra duel... ;)
    i milan za utakmicata ne sakam da otvoram muabet na taa tema zatoa sto na prethodni forumi ova go imame diskutirano... rela igrase bunker sto ne me bendisuva ic... ama i toj kjor gol na eto' o ne e za spomnuvanje... a sto ke reces za drenthe sam pred gol sto izleze... za palanca... i greshka za toa sto rece deka se naviknavme na ovaj real... ne ti teknuva lani kako izgubi barca i doma i gosti od real madrid..
    pozz do site
    Za drugi se naviva - Real Madrid se saka!
    taner

    ReplyDelete
  32. Па Танер не би коментирал ништо само едно ке кажам не зборувам за дренте ниту паланка не ми ни беше тоа целта.Друго го сакаш реал дека има титули, дека е најтрофејниот клуб во светот.Дали ти е тоа причина да би можел да се фалиш пред некој дека навиваш за најтroфејниот клуб?
    Малку не ми е јасно како можеш да навиваш за некој тим од таа гледна точка.Сепак тоа е твое право.Поздрав!

    ReplyDelete
  33. Победа утре вечер против Севиља ќе биди многу голем плус за Ел Класико...:)

    ReplyDelete
  34. ti ne me razbiras ama milan... jas ti kazuvam deka uste od ko gi vidov real madrid od ko go vidov nivniot bel dres so krunata... od koga igraa najubav najotvoren fudbal... kade sto imaat igrano edni od najdobrite fudbaleri na site vreminja... e togas jas pocnav da navivam za Real Madrid... tie se za mene najgolemi a ne rekov deka navivam za titulite nivni.... jas gi sakam real madrid so ljubov gi gledam i koga sum pred tv koga igraat real sekoga mi se podiga adrenalinot... za real imam placeno placeno... ama ete to e fudbalot... najvaznata sporedna rabota na svetot :)
    ete zs navivam jas za niv ;)
    i da znajs taa harizma na beliot dres, taa velicina na eden klub... barca nikogas nema da ja ima nitu da ja dostigne...
    pozz

    ReplyDelete
  35. Луѓе што ке правимо за ЕЛ КЛАСИКО ке се договарамо ли да гледамо негде?

    ReplyDelete
  36. ..pa jas mislam da gledame... moze da rezervivarem nekoj kafuc da dogovorime masi i toa e toa... :-))) ako sme za, ok...ima vreme i kje se dogovorime...

    p.s.

    barca champion... na trite polinja... :-)))))) pozdrav do site... :-))) ... (i ne go sfakajte ova kako provokacija, ednostavno , veruvam iskreno vo toa..i tokmu za toa e i celiot ovoj p[ost ... :-)))

    ReplyDelete
  37. Танер,секоја чест за тебе како навивач на Реал Мадрид,искрено.Поради истите тие причини,да не те повторувам,и јас навивам за Барселона.Сум плачел и сум се радувал со резултатите на Барселона од кога ја следам.Точно дека Реал е најтрофеен и почитуван клуб.Но дали треба сите да навиваме за Реал бидејќи е најтрофеен.Дека навивачите на Барса биле плачковци,а на Реал не,тоа не го сфаќам сериозно туку како мала провокација за да се најдеме во муабет.Еве Реал дојде на -4, Ел Класико ќе биде уште поинтересно сега,за разлика од натпреварот на Камп Ноу,ги имате на располагање играчите,освен Пепе,а тоа и одговара на Барса да играте отворено па ќе видиме кој колку голови ќе даде.Само од едно ми е страв,од подмолната игра против Меси.поздрав

    ReplyDelete
  38. па ти како сакаш свати го тоа но реалноста е дека сте плачковци ќе се отепавте од цимолење ако бете на нашето место ќе велевте како и секогаш дека реал не ја освоил туку Барселона ја загубила титулата и што уште не
    п.с. немам намера да провоцирам туку само ја кажувам вистината колку и да боли тоа е реалноста

    ReplyDelete
  39. gjore pozz i do tebe... stvarno interesno ke bide el klasiko... samo real ke igra pak bez standartni igraci, bez pepe, ROBBEN ( so e najvazno ) bez heinze, bez sneijder....
    ama sepak mislam deka interesno ke bide... a za messi ne se plashi... ;)Ramos e tuka za nego ;)
    pozz

    ReplyDelete
  40. E sega me iznasmej...Ramos da go do4uva Messi...poslednoto el clasico,tesko mu bese...pa za sega neznam...ama 4e bide interesna utakmica...so ogled na toa sto vo el clasico Barsa ke vleze so izmoreni igra4i od super duelot od Ligata na Sampionite...pa Real ima prednost,zatoa sto se takmi4i na 1 front...no toa mislam na Barselona nema da i smeta za da o ponizi na Santijago Berbnabey...pozdrav

    ReplyDelete
  41. Мадриста,реалноста е поинаква од тоа каква ја гледаш.тоа дека Реал не освоил титула,туку дека Барса ја загубила е многу јасно,и тоа правиме муабет за една титула.Таа сезона немаше разлика помеѓу двата тима како што тоа е пример оваа сезона.Сезонава Барса игра надалеку најдобар фудбал не само во Ла Лига туку и надвор од неа.И нормално дека не смеете да се буните туку треба да признаете,а вие цела сезона ја оспорувате Барселона,и кој е сега плачко?На Реал никој не му оспорил ништо што освоил досега и не е во ред тоа.Цело време плачете за повредени играчи,а истовремено се чукате во гради како Реал ја победил Барса кога таа била без клучни (6) играчи.Не планирам повеќе да пишувам,и ова е многу за ваква банална тема кој бил плачко:)))
    Танер,според мене барем не постои играч што може целосно да го неутрализира Меси,за Рамос имам највисоко мислење на неговата позиција.Ако се е во рамките на фудбалската игра тогаш супер,ќе гледаме извонреден натпревар.Но мене ме загрижува тоа што го видов на Камп Ноу.Реал не беше дојден да се натпреварува ниту тактички,ниту кондиционо итн.Реал беше дојден со една задача.Да се брани,што не доликува на реномето на клубот,и ако му се укаже шанса да постигне гол арно,ако не тоа е.А за Меси беше многу јасно,да се запре по секоја цена па макар и ако треба да се повреди.Е во такви ситуации најголеми губитници се оние што седнале да го гледаат натпреварот надевајќи се на шоу,губи фудбалот.Претпоставувам дека и тебе не ти е драго како што не би ми било и мене,да го гледаш својот клуб како игра анти фудбал.Зборувам само за натпреварот против Барса на Камп Ноу,не за остатокот од сезонава.Иако навиваме за многу спротивставени тимови,мислам дека во едно сепак сме заедно,навиваме за фудбалската игра и ферплејот.Само овие две работи ги сакам на Ел Класико,а оној што е подобар нека победи.поздрав до сите

    ReplyDelete
  42. Ај доста се расправате за минатото како Реал победи... како Барса победи... зошто навивам за Реал зошто за Барса... дајте да разговараме за ЕЛ КЛАСИКО.
    Разликата сега е -4 и одма навивачите на Реал го напраја шампион, а и Реал да победи во дербито(дека дуелот со Реал е меѓу двата со Челзи) ништо не е готово Барса ќе има бод повеќе но и уште едно дерби со Виљареал на Ноу Камп, а Реал 2 тешки гостувања кај Валенсија и Виљареал, а кај Реал нема да играт Снајдер, Хајнце, Робен, Пепе едни од клучните фудбалери на Реал. Поздрав

    ReplyDelete
  43. Ѓоре доста си во право, но сетете се дека р.карлос го удри Ето директно по нозете без топка(незнам пред колку год беше)т.е во ерата на Роналдињо.Сепак сакав само да потсетам, дека реал не ги бира сретствата за да ги сопре најдобрите фудбалери на Барселона.Не ми се зборува веќе за тоа дај да не дискутирам за минатите дуели,да дискутираме за оваа Ел Класико или за Барселона-Челзи!!!

    ReplyDelete
  44. еве да не оставам тука коментар, имам пост кај мене на блог, па кој мисли дека го интересира во врска со финишот во Примера нека прочита.
    www.100sport.blog.com.mk

    ReplyDelete
  45. дечки, јас едно ќе ви кажам, имам играно во дива лига и во јужен регион во Р.Македонија, ама ваков фаул и ќотек неам идено, а се работи за Примера, плус тоа и за професионалец, дефанзивец од прва класа, според мене, ама тоа си е тоа, вакви потези (ала Марко Матераци) треба да се санкционираат најпрво со црвен картон и три меча бан минимум, а после тоа, на дисциплинска ќе се види, според мене, можие и до 6 месеци бан

    ReplyDelete
  46. реков дека немам намера да се расправам со никого така што нема да спорам со никого и да реплицирам на никому јас го кажав мојот став кој е потполно точен без разлика дали на некого му с допаѓало на некому тоа или не
    Што се однесува до финишот на сезоната ќе биде ѓаволски тешко да ја освоиме титулата таа зависи од еден непробитен фактор-Барселона, тешко дека сино-црвените ќе паднат на 2 од 5-те меча тоа за мене е речиси невозможна мисија дечките ќе погинат ако треба на теренот но не е ништо во нивните раце

    ReplyDelete
  47. Ах како се ближи крајот се разгоруваат страстите во Примера шо е нормално и затоа е најатрактивна лига. Полека се топи и предноста стигна до еден бод значи треба само уште еден кикс од последните 4 натпревари. Само треба да се одработи рутински класико в сабота со шо поголема разлика за зголемување на самодовербата и после јуриш до 32-та или трета со ред титула.И немора Филе да се фрустрира дали Пепе требало да го суспендираат или не затоа што ако се малку 10 меча казна тогаш колку се доста?! Секако Мецелдер игра фантастично и најубо ќе го осетите в сабота.Поздрав, растурете го Челзи и пазете се во Мадрид

    ReplyDelete
  48. Секој има право да се надева,но предвреме да си впишувате бодови е најголемата грешка што ја правите.Зошто тогаш да се игра натпреварот кога вие знаете дека Реал ќе победи,хахахаха.Рутински да се одигра може да се надевате против Осогово,а против Барса рутински,е преоптимистички и потценувачки и сметам дека и најголемиот фан на Реал воопшто не размислува така.Но можеби овде кај нас Реал ги има најголемите фанови,хаха.Имате премногу големи очекувања сеуште,а на крај сето тоа ќе се претвори повторно во аплаузи за некој играч на Барса,најверојатно Меси,како што беше случај со Роналдињо последен пат;-))поззз

    ReplyDelete
  49. Не знам од кај се сигурни навивачите на Реал дека разликата е 1 бод. Колку пати да кажам и да изгуби Барса во дербито ќе биди шампион. Можеби ќе изгуби оти овај дуел е меѓу полу финалето во ЛШ, но Реал нема да освој 6 бода од гостувањата кај Виљаљреал и Валенсиа. Зато откажете се од титулата и предноста сега е 5 бода а не 4 ако се гледа и меѓусебнио дуел.

    ReplyDelete
  50. Имам да цитирам изјава од бивш тренер на Барселона, пошто ако го преведам од Англиски ќе испадни глупо: Charly Rexach, remarked, “Only Madrid are capable of putting us in this scenario. If the situation were reversed, they would have taken 30 points away from us.” Муабето е следен, не очекувам вечер Челзи да напрај некој подвиг, само очекувам да дај многу силен отпор и да ја умори Барселона пред Класико :D

    ReplyDelete
  51. Kako neutralec,komotno mozam da kazam deka kaznata na Pepe e apsolutno zasluzena i negovata reakcija ne se opravduva bidejki toj pred se e profesionalec.No sto Casquero(ili kako i da se vika)odglumi i toa kako!
    No ne e samo Casqero,ne e samo ovoj natprevar glumenjeto,ligavenjeto se mnogu prisutni vo Spanija-liga kade se igra takticki prefinet fudbal i kade sto treba i MORA da se iskoreni ova.-po pat na sankcii i slicno.
    Isto taka i sudiite vo Spanija se katastrofa!

    Sto se odnesuva do El Classico...
    Momci,realno gledano ovaa sezona Barcelona igrase najdobro vo cela Evropa a kamoli vo Spanija.Dovolno kazano...a za placenjeto...madridista imam edna pesna popularna kaj navivacite na Atletico.M
    "que no llora no mama" -mislam deka jasno me svati na sto aludiram :)

    Inaku ocekuvam super natprevar,no sepak i so pobeda na Real,mislam deka Barca ke ja osvoi titulata :)

    Pozdrav

    ReplyDelete
  52. Pa vie toa sakate.. Igracite na Barsa da se umorat i da pobedite inace druga opcija nemate :-)))).. A za toa deka ke se umorat nema sansi , Barca imaat mnogu dobri igraci a so Real motivacijata ke bide pregolema.. Se gledame vo Sabota so "Standing ovation" za Messi ili koj bil drug

    ReplyDelete
  53. Најдобар начин да ја собреш Барселона БРАНИ СЕ!!!
    Кога неможеше Ето два пати и Кркиќ еднаш кој ке може во Лондон?
    Својата шанса Челзи ја виде во бранењето заради тешкиот распоред на Барселона овие 2 недели.Мислам дека Челзи е во предност, доколку Барселона го помине Челзи во сред Лондон ке биде спеткатал, но само чисто се надевам дека ја сакам Барселона.Од овој нерешен резултат полза ке има самиот Челзи, а не и навивачите на Реал кои се надеваат на измореност, мислам дека измореност ке се покаже на Стенфорд Бруч, но не и на Бернабе.Останува само да сочекаме, и ако сакате да се договориме каде ке го гледаме Ел Класико.

    ReplyDelete
  54. Ardian, вечерва немаше стендинг овејшн, единствен кој заслужи такво нешто е Хидинк и читањето на играта на Барселона:)

    ReplyDelete
  55. Хидинк ја прочитал Барселона?каде го читавте вицов?Хидинк играше тотална дефанзива,но како мисли да се пласира понатаму.И на Стемфорд Бриџ ли ќе се брани?Епа не се играат натпревари се додека не победи некој,туку се играат 2 натпревари.Епа ај нека ја прочита Браселона и нека ја нападне а да не прими гол.На Челзи му треба гол бе луѓе и тоа против Барселона.Не на Стемфорд,кај сака нека биде,он треба да и даде гол на Барса а да не прими ниеден.Е во тоа ако успее тогаш ќе речам дека ја прочитал.А со анти фудбал се игра нерешено или пораз.Победи се редат со играње фудбал.Иако сум за Барселона,зажалив што го гледав натпреварот.На страницава прочитав многу убава реченица, Челзи не дозволи да се игра фудбал на Камп Ноу.Повеќе не треба да се каже.позззз

    ReplyDelete
  56. Играта на Барселона Владимир не беше прочитана ниту во еден момент, само за едно ке жалам за пропуштените 2 100% шанси на Ето и по една на Кркиќ и Хлеб.
    Со ваква ли игра утре некој ке се закити со прекарот ЕВРОПСКИ ПРВАК.
    Одвај го чекам дуелот во Лондон само имам малку страв да не ги фати уморот или некоја повреда после ЕЛ КЛАСИКО.Бидејки Реал како и секогаш нема да ги бира сретствата да дојде до победа.Ме интересираше да играа отворено момците на Хидинг дали ке го голтнеа апчето како Баерн? тоа е прашањето што ке ме мачи додека да дојде дуелот во Лондон.

    ReplyDelete
  57. Радоста ке биде поголема ако Блауграна се пласира во финалето во сред Лондон, но тоа останува само да се надеваме! Има сили и моќ има играчи уште среќата малку да послужи и ке се видиме во финалето.Но има време.....има уште едно бојно поле, на кое Барселона тешко ке помине-Стенфорд Брич!!!!!!

    ReplyDelete
  58. Можда после Мурињо Челзи мена еден куп тренери ама ова сеуште е тој тим кој го градеше Мурињо. Не гледат фудбал да играт туку да ги повредат противниците како шо беше со Анри на почетокот на 2-дел, неколку прекршоци на Иниеста, а да незборам за дуелите на Алвес со Дрогба и Малуда. И незнам кој му дал лиценца на Волфганг Штарк ист бој на картони, а Челзи напрај 100 прекршоци повеке ,ама господ гледа ќе се плати на Стемфорд Бриџ за гнасната игра на Челзи и лошото судење (можеби го платија судијата). Јас сум 1000% сигурен дека Барса ке победи во Лондон, но пред то треба да ја осигура титулата во Ла Лига сабота на Бернабе (нерешено е супер). Поздрав

    ReplyDelete
  59. Vladimir ne mozes da reces deka Hiddink ja procital taktikata na Barca.. Koj moze da ja procita taktikata na Barca??? Nesopirliv tim.. No so takva odbrana so 10 igraci i Drodga do polovina teren ne mozes da kazes deka taktikata e procitana.. Barca sega ima natprevar so Real a ako go pomine vo najdobar red (bez da izgubi ) togas cuvajte se vo Stamford Bridge!!!.. Chelsea treba da pobedi protiv Barca a dali e vozmozno toa? Ne sum siguren :).. A za standing ovation ke vidis vo Bernabe ;)

    ReplyDelete
  60. epa lugje.... toa e igrata... toa e taktikata. vie samo mozi da se pravdate zatoa sto barca ke otpadni... samo mozite da se pravdate celzi se branele ne znam so... epa lugje takov e fudbalot denes... istoto se slucuvase i so real protiv liverpool ama ete to e... ovie eliminaciski natprevari se takvi... a za hidink... nemate pravo na zbor, zatoa sto stvarno gi procita barcelona, na utakmicata nitu messi nitu eto' o nikoj ne se vide i zato i barca ne pobedi i sea ke otpadni!
    dali mislite so cel pamet deka barca ke pobedi na stemford bridz??? ha be... nadevajte se ubo e :D
    gledajte da ne primite poke gola ha ha
    so mislevte trojna kruna ke osvoite... e nemate dostoinstvo za toa vie barcelona...
    pozz
    one love one club real madrid!!!

    ReplyDelete
  61. Јас НЕ сум фан на Челзи. Ardian, баш зато ти велам дека ја прочита играта, пошто 95% од противниците на Барса сезонава се бранеле и со 11 назад, ама колку од нив се одбраниле? Ете Челзи успеа да не прими гол. Мислам дека на никој фудбалер, во никој тим, намерата не е да се повреди противникот пошто то не е спортски, ама фаулите се начин за да се сопри противнички фудбалер. Дали очекувавте Меси, Алвес, Иниеста да имат толкава слобода за да се движат каде и колку сакат и да дат 5 гола? Тешко...е сега, очекуваме да видиме за кој ќе биди стендинг овејшн на Бернабе:)

    ReplyDelete
  62. 0-0 не е воопшто лош резултат немојте да се залажувате дека Челси е во предност напротив вие сте во подобра позиција од нив успеавте да го остварите тоа што го бараше Гвардиола(да не примите гол) и тоа ви носи предност пред реваншот, сега притисокот е на Челси не можат да играат како што играа на Камп Ноу со сите 11 назад едноставно ќе имаат обврска да тргнат похрабро како и секогаш на свој терен и да се надигруваат со Барселона а во тоа сте вие доста подобри од нив контрите се несомнено вашиот најголем адут и ако овој меч имавте 2-3 100% шанси сигурен сум дека ќе имате барем двојно повеќе на Стемфорд

    ReplyDelete
  63. ..jas sinokja bev ekstremno ljut za nedosudenite zolti i crveniot na Balak, ama otkoga legnuvaat rabotite mozam da bidam samo razocaran sto ne bese postignat nieden gol, pa duri i onoj na Drogba, zatoa sto togas so sigurnost igrata kje stanese pootvorena i pooupestena od strana na Celzi, a toa sekako kje bese sansa za Barca... no isto taka realno, iako sum seuste lut koga ke se spomene hidink, deka tgoa sto go igraa sinokja e najlosata kampanja na "ubaviot fudbal", no moram i sega da bidamk iskren i realen, toa e edinstvenoto so koe moze da igra nekoj protiv Barca... NIKAKO na drug nacin!..sto i da igrase drugo celzi, mozese samo da dojde vo situacija da ja prifati igratat na Barca i na krajot da bide eliminiran uste na Camp Nou... znaci, so drugi zborovi, koga bi se stavil vo nekoja hipoteticka situacija i jas da bev na mestoto na Hidink verojatno isto bi igral. Protiv barca, ne postoi moznostza druga igra. Ova e edinstvenoto resenie i sansata da se ceka na linijata na ofsajd ili prekini od korner ili sloboden udar, eden gol i pak zatvaranje... i nadez deka nema da ti se vrati istoto kako bumerang... BARCA vo momentov go igra najubaviot fudbal na planetata, a toj moze da se neutralizira samo so klasicen bunker!... no isto taka sum siguren deka vo London nema da moze da se povotri istoto, zasto ako se povtori vo prednost kje bide Barca, vekje pesnata na Hidink e procitana, i kje se razmisluva od nedela tokmu samo na toa... a ako ne se igra , togas vo prednost e Barca, pak ... :-)))) znaci kako da i svrtis, Barca e vekje vo prednost, barem spored mojot stav... a dali sum vo pravo, kje pricekame do sreda :-))))))))))

    ReplyDelete
  64. Токму така Филе и јас се слагам со твоето мислење дека Барса не може да се надигра под никој случај но може барем да се неутрализира преку една ваква игра според примерот на Челзи.
    Инаку верувам дека дури и навивачите од Мадрид им беше криво што синоќа застанаа пред ТВ и гледаа натпревар во кој Челзи не постоеше како противник,но притоа Сините го сработија она потцртаното:резултатот и тактиката.

    Ако синоќа Балак беше се друго освен Германец сигурно дека ќе беше испратен порано од вообичаеното време во соблекувалната но ете надежта и вербата кај мене лично како навивач на Барса се зголемија уште повеќе по синоќешната епизода така што во Лондон ќе биде уште послатко удирањето на визата за Рим.
    Мислам дека доколку Хидинк настапи со вакво исто или барем слично издание и на Стемфорд Бриџ уште сега нека се подготви за пакување на куферите и големо негодување од страна на гледачите,затоа што никој не плаќа влезница за следење на една екипа која сака да игра и игра фудбал на Fair-Play начин и друга екипа која ја парализира играта од типот Тери до Алекс овој до Чех и идемо на нов напад на Барса.

    Поздрав до Филе и сите што ме читаат..

    ReplyDelete
  65. Мадридиста брат за тебе едно голема пофалба знам дека не ти значи ништо, но ти си првиот навивач на реал, а да збори за Барселона искрено.Бравос
    Филе твојот став е ок, но имам мал страв, да не биде така на несакајке да и дадат на Барса еден гол и пак да се бранат.Пошто гледано скокот на Дрогба со оној на Алвеш, или скокот на Балак со Чави или Иниеста и Есиен така само земав споредба, ме стра од прекините кое вооедно се и најопасното нешто што овој момент доаѓа од Челзи.Искрено како никогаш до сега го чекам Ел класико, и возвратниот дуел во Лондон, уште сега сум преполн со адреналин!Се надевам дека овие 2 недели ке се завршат успешно за Барселона.Под успешно подразбирам нула против реал и нула против Челзи (1-1).Сепак далеку е и сабота а камо ли среда?
    Ке се договараме нешто за ЕЛ Класико или ништо од договорот?

    ReplyDelete
  66. kako prvo pozz do site...
    a posle... realno gledano, dali mislite deka barca mozi da se otvori na gosti i da ja igra svojata igra da ja nametni svojata igra na stemford bridz... pa daj ve molam bidete malce porealni...
    jas stvarno sum fan na real madrid... ama sega stvarno navivam za ubav fudbal otkako real bese eliminiran...
    hidink e trener od najvisoka klasa, od klasa na capelo ferguson, a edna klasa e pogore od gvardiola... epa dali mislite deka hidink pak vaka ke se brani doma ili ke namesti druga taktika so koja ke najdi resenie da gi pobedi barca...
    a za file... vo pravo si.. nikoja ekipa sto ke gostuva na camp nou ili na santiago bernabeu ne moze da igra otvoren fudbal... ama bas nikoja...
    epa sea ke vidime sto ke bidi so celzi... sea stvarno ke gledame fudbal...
    a, koga sme kaj el klasiko... ne se nadevajte mnogu ;)
    pozz

    ReplyDelete
  67. Танер извини вака ама како најпрво Барса никогаш не играла затворено.Така да воопшто не се прашувај дали Барса може да се отвори во Лондон.Барса секогаш игра отворено.
    И самиот Хидинк не верува дека два пати може да го неутрализира Меси и компанија.И ако сака Челзи да оди во финале,треба да нападне бидејќи нема резултат што го носи во Рим.Со самото тоа остава простор за игра на Барселона.Сигурен сум дека реваншот ќе биде сосема друг натпревар за разлика од антифудбалот на Камп Ноу.Притисокот е врз Челзи.Тргнаа по нула и ете им ја,но што понатаму?Можеби планира на пенали да се пласираат,е тука само имаат шанса и мислам дека тоа ќе бркаат.
    И две нерешени по ред,сега е време да се тргне во последниот јуриш и тројната круна.поззз

    ReplyDelete
  68. Јас ќе почнам со зборовите дека многу го почитувам ФИЛЕ, од мал го следам редовно а сега имам 16 години и од негде 6 или 7 години ги следам неговите емисии( од кога се интересирам за фудбал) а второ ќе кажам дека Барселона оваа година нема конкуренција. Без навреда за навивачите на другите клубови, но Реал не е оној стариот од пред една деценија кога најголемиот дел од трофеите ги освоија Мориентес, Хиеро, Зидан, Карлос, Касиљас, Раул. Тогаш ДА, но оваа генерација на Реал има единствено 2 титули во примера, што значи дека треба да се задржуваме на денешницата бидејќи во минатото било па поминало, но денеска Барселона нема конкуренција. Доколку години наназад Реал беше најдоминантен во ЛА лига тогаш во сегашноста Барселона е најдоминантна. А пораката за навивачите на Реал(зошто имам многу другари кои навиваат за Реал Мадрид): ОСТАВЕТЕ ГО МИНАТОТО, ГЛЕДАЈТЕ ЈА СЕГАШНОСТА(која не е многу пријатна за вас) ГОЛЕМ ПОЗДРАВ ОД БИТОЛА

    ReplyDelete
  69. ...sto se odnesuva do dogovorot za gledanje zaedno, kje bidam iskren i nekolkute posledni natprevari od Ligata na Sampionite gi gledam so drustvo vo irskiot Pab, (onoj stariot, vednas do holidej In ili sto bi se reklo na pocetokot od Kejot:-)) .. taka da posle sinokjesnite krilca i pivo :-)))) nie sto bevme tamu se dogovorivme i vo sabota da gleame na isto mesto.. jas vekje si rezervirav masa za nadvor pred plazmata e sega ako nekoj saka da dojde najbolje e neka si rezervira masicka sam, kje bideme site na kupce... :-)))) nekoj moze kje saka nadvor , nekoj vnatre??? vtoro, ako nekoj e siguren deka kje dojde pa moze i mene da mi se javi ..kje se sobereme na nasa masa...kako i da e ... kje si napraime nasa atmosfera kako i sekoja vecer dosega ... i normalno Real - Barca X2 ... :-))) ... a vo sabota vo Topki Plus so specijalen osvrt i vo komentarot na nasiot strucen komentator i plus insert od najubaviot natprevar na Santjago Bernabeu vo poslednite godini... :-))))))

    ReplyDelete
  70. ...VladeBarca, pocesten sum... :-)))) golem pozdrav do cela Bitola... :-)

    ReplyDelete
  71. НЕМА ПРОБЛЕМ БЕ ФИЛЕ, САМО ДА БЕВ ОД СКОПЈЕ ОБАВЕЗНО ЌЕ ДОЈДЕВ САБОТА И ИМАШЕ ДА МУ ПОКАЖИМЕ НА СИТЕ МАДРИДИСТИ ШО Е НАВИВАЊЕ НА "ANTIMADRIDISTI" :D:D. НАПРЕД САМО БАРСА ДО НОВАТА ТИТУЛА.

    ReplyDelete
  72. А видов погоре се зборало и за ПЕПЕ. Па не дека сум навивач на Барса или нешто друго, туку такво дивјачиште повеќе не треба на терен да стапни не фудбал да игра. Тој нека оди и да се проба во БОКС КИК БОКС има барем сеа триста чуда за тепање а не во фудбало да кажва колку е јак. Или евентуално можи и обезбедување во некој ноќен клуб. Само шо ќе го видат косата ќе му се крени на луѓето а не да мислат бељи да прат.

    ReplyDelete
  73. Само не знам од каде толку омраза од навивачите на Барселона веројатно се работи за ГООООООЛЕМ комплекс
    Да цитирам еден член: ИМАШЕ ДА МУ ПОКАЖИМЕ НА СИТЕ МАДРИДИСТИ ШО Е НАВИВАЊЕ НА "ANTIMADRIDISTI
    И ова е навивач на Барселона????? БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ

    ReplyDelete