1.5.09

КАКО ДА СЕ НЕУТРАЛИЗИРА РЕАЛ, А ВОЕДНО И ДА СЕ ЕЛИМИНИРА ЧЕЛЗИ?

Прашање кое си го поставувам веќе втор ден.
Не дека можеби ќе се промени нешто резултатски во моите хипотези и елаборации на двата важни натпревари во наредниве денови, туку едноставно, не верував дека Пеп може да се најде во ваква чудна и неизвесна ситуација...

Можеби ќе беше поневчудоневидувачки отсуството (или повреда, не дај Боже) на Меси, Ето`о, Анри или Чави, отколку ваква ситуација.


А ситуацијата е следна.

Маркез отсутен до крајот на сезоната.
Милито, во кого што би бил спасот на ситуацијата, исто така.
Централен во одбрана=аут.
Пујол има право на настап против Реал, но не и против Челзи, казна од жолтите картони. Назад практично е веќе „климаво„.
Алвеш кој е се само не стандарден-одбранбен, повеќе сакаме да го наречеме „агресивна одбрана со напаѓачки задачи„.
Касерес слично, од другата страна.
Силвињо, нестандарден и воопшто не е алка која недостасува, а уште помалку може да ги пополни дупките од отсуството на Пујол или Маркез.

Назад веќе се знае дека може да се очекува Абидал и Пике централно.

Тоа пак наметнува дека Чави мора да игра поповлечено и веројатно Туре поназад со повеќе одбранбени задачи во покривањето на евентуалните празнини во задната линија пред Валдес.

Се отвара прашањето дали Кеита наместо Туре, а можеби и Бускетс?
Повеќе сметам дека во игра би бил Бускетс, бидејќи е подобар во одбранбените задачи отколку Кеита.


Разликата меѓу Иниеста и Чави сега ќе биде уште потранспарентна, онаква каква беше во времето на Рајкард, каде Чави беше тој што беше постатичен, со подолго задржување на топката и пренесување преку играч измеѓу. Веројатно Пеп ќе мора да го врати на таа позиција, со тоа што неговата подвижност сега е веќе поголема. Плус во корист на одбранбената линија.


Тоа пак отвара, како по инерција на размислувањето, поповлечена улога на Меси, Ето`о и Анри, односно Бојан и евентуално Хлеб. Веројатно е дека Бојан ќе игра од првата минута, но како и да е поради тие улоги каде тројката од нападот ќе мора задолжително да игра со пресинг во одбрана на својата половина, ќе дојде и побргу до замор, односно истрчување на оние 9,5 до 11 километри уште во 60-тата или 70-тата минута.


Ова е нов момент, кој отвара претпоставка дека Пеп ќе направи измени токму во тој период, и тоа измени на Меси, евентуално Анри или Ето`о, како и на позицијата на Чави или Иниеста.Трите измени мора да се искористат, затоа што во среда ќе биде уште потешко, посебно што овојпат назад ќе има нестандардна одбрана.


Почетната претпоставка е веќе јасна, Јосеп е пред исклучително тешки одлуки.

Ова е момент, по кој тој сигурно дека ќе биде уште поголем, поискусен и поинвентивен.


Барселона од среда натаму ќе биде поголем клуб кој и вистински ќе докаже дека знае да ја надмине оваа ситуација (не верувам дека некој можел да ја претпостави на почетокот на сезоната).


Од среда натаму, фудбалскиот клуб Барселона ќе докаже зошто е „повеќе од клуб„... трите трофеи, ќе бидат запишани во музејот под „Камп Ноу„ со дијамантски букви, поради умната игра, поради големото срце, поради фантазијата со која ги остава нерамнодушни фудбалските симпатизери, поради фактот дека е исчекорено во најтешкото и дека чекорот бил преголем за некој друг да може да го следи...


Барна ќе се гордее со Барса, а на Барса ќе и се поклони цел свет.

53 comments:

  1. НЕМАЈ ГАЈЛЕ ЗА БАРСА ПРЕБРОДИЛА СЕ, А ОВА НЕ Е СИТУАЦИЈА ЗА ПАНИЧЕЊЕ ТУКУ СЕГА ТРЕБА ДА СЕ ЕФЕКТУИРА ПОТПИШВАЊЕТО СО ХЛЕБ. А ЗА АЛВЕС КЕ ИМА САМО ПОЈКЕ ТРЧАЊЕ А ВО ПОСЛЕДНО И ДОБРО СЕ СНАОЃА КАКО ДЕСЕН БЕК ПОЗДРАВ ФИЛЕ И БЕЗ СЕКИРАЦИИ.

    ReplyDelete
  2. abe kakva barsa be...koga imase 12 boda pred real togas letavte vo oblaci a??sega ke ve vidam vo sabota kako ke odigrate...garantiram deka real ke pobedi so 3-4 gola razlika...pak ke sme sampioni....POZ DO SITE SO NAVIVAA ZA REAL...

    ReplyDelete
  3. Филе се сложувам со тебе дека Барселона ке игра со комбиниран состав сабота, но мислам дека Меси, Ето, Анри ке бидат во нападо измени можи да има кај Чави и Иниеста. Исто така мислам дека Пеп и момците не се фокусираат премногу на Ел Класико туку на натпреварот со Челзи кажав и во претходната дебата дека и да изгуби во ЕЛ КЛАСИКО нема да остани без Ла Лига дека Реал има гостувања кај Валенсија и Виљареал. Зато јас и не го очекувам многу Ел Класико туку дуелот со Челзи среда. А да не забораваме дека Реал ке игра без Снајдер, Пепем, Робен, Хајнце и Гути така да можат да ги искористат овие отсуства, а и Гвардиола можи да тестира некој стоперски тандем во одбраната за со Челзи. Поздраф

    ReplyDelete
  4. Само не знам од каде толку омраза од навивачите на Барселона веројатно се работи за ГООООООЛЕМ комплекс
    Да цитирам еден член: ИМАШЕ ДА МУ ПОКАЖИМЕ НА СИТЕ МАДРИДИСТИ ШО Е НАВИВАЊЕ НА "ANTIMADRIDISTI
    И ова е навивач на Барселона????? БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ

    ReplyDelete
  5. ...madrista, prvo da te prasam kade vide omraza vo mojopt post (koj vsusnost e inicijator na site podocnezni komentari)??? a vtoro na sto se dolzi ova "Bruki X 100..." i tvojot revolt???

    ReplyDelete
  6. Мадридиста се гледа брат дека нешто не ти е по кеф, револтиран си од реал, оти нема европска титула 7-8 год,а друго зошто си свесен дека ни оваа дерби ни оваа година реал нема шанси да триумфира.Првин зборот бруки очигледно не знаеш за што се користи. Ова не е блог за брукање и псуење, ова е блог за "Мојот Стaв".Засрами се!!!!

    ReplyDelete
  7. хахаха,кој е дечкото што гарантира победа на Реал од 3-4 гола разлика,сакам да се запознаеме.Ако мислиш на ракомет да те потсетам дека блогов е за ФУДБАЛ.
    А Барса ќе си продолжи да си игра како што знаеше и досега,нема од што да се срами,и што е најбитно нема да загуби од Реал,тоа јас гарантирам:) и ќе се пласира во финалето во Лигата на Шампиони.Голем хендикеп е повредата на Маркез,а уште поголем е суспензијата на Пујол,но сметам дека Пеп веќе има подготвено нешто ново.Еден мој предлог,јас би го ставил Јаја Туре централен дефанзивец против Челзи,а во средината ги има Кеита,Хлеб и Бускетс покрај незаменливите Чави и Иниеста,може да бира кој сака:)поззз

    ReplyDelete
  8. Среќни 1 мајски празници и уживајте во пикникот денес и во фудбалот утре:)

    ReplyDelete
  9. Gjore, ova so Jaja Ture e interesno, ama ne veruvam dekaka bi mozelo da bide funkcionalno, so ogled na negovata na konstitucija i fizicki performansi, tesko deka bi mozelo da bide centralen defanzivec ako imame predvid deka ne ja igra taa pozicija... taka da , tolku kontrastni promeni ne bi mozelo tuku-taka da se napravat, ama interesno bi bilo da se vidi kako toj bi se snasol na taa pozicija ...:-)))))))

    ReplyDelete
  10. Kako golem fan na BARCA, sakam barca da pobedi na "el classico", no bi bil presreken i ako natprevarot zavrsi nereseno, bidejki prednosta seuste ke bide 4 boda, a real igra dva teski natprevari vo narednite dve kola so valencia i villarreal. So nereseno titulata e nasa 99%. Druga rabota sto e isto taka mnogu bitna e na najracionalen nacin da se iskoristat igracite, t.e. da se rotira. Idealnata edinaesetorka spored mene e slednata: Valdes-
    (od desno kon levo)Puyol,Caceres,Pique,Abidal- (odbranben sreden)Busquets-(od desno kon levo)-Xavi,Keita-(od desno kon levo-krila)-Messi,Iniesta- (napagac)Eto'o. Isklucitelno bitno e da se odmorat Yaya Toure i Henry za gostuvanjeto na Stamford Bridge.
    Plus Dani Alves ke bide svez so ogled na toa deka e kaznet za so Real. Druga opcija vo odbranata e da se zapocne so Abidal i Pique, a ledgra Sylvinho, no jas ne bi se odlucil za taa varijanta. Otkako ke pomine 60-ta minuta od natprevarot vo zavisnost od rezultatot Pep moze da gi ufrli Bojan(Eto'o), Hleb(Messi), Gudjohnsen(Xavi), Henry(Iniesta), vo zavisnost od zamorot na igracite. Imam celosna doverba vo Pep deka ke go izbere najdobroto za Barca i deka ke pobedime. FCBARCELONA "MES QUE UN CLUB".

    ReplyDelete
  11. "МИЛАН" брате само респект ништо друго.

    ReplyDelete
  12. Владе фала брат за респектот ама мислам дека не го заслужив секој кој веќе е изреволтиран од непристојно однесување на фановите на барса-реал сеедно, ке го рече тоа. Сепак зборот БРУКИ не се користи на вакво нешто.Со зборот "Бруки" се кажува нешто многу повеке,освен што ме навреди мене.Почитувам други и сакам да сум почитуван и само едно ке кажам дека никогаш нема да ја сакам БАРСА толку многу како што го мразам реал!Сепак со "мојот став"не навредив никој само го кажувам на сите кои незнаат за што служи блогов на Филе.поздрав

    ReplyDelete
  13. Со немање на плејмејкер кој ќе може да ја развлекува топката, на Барселона ќе и биде многу полесно да го запре Реал , бидејќи преочигледно е дека ќе се атакува само преку крилата и што е најлошо за Реал тоа ќе мора да го прави уште од половината на теренот. Гути не е во форма но за класикото ќе се најдеше одлично, вака останува само вдВарт кој најверојатно нема и да почне. Со овој состав и скрпена предвидлива игра и формација многу тешко дека по класикото неизвесноста ќе продолжи. Не ми се влева премногу оптимизам како навивач на Реал.

    ReplyDelete
  14. This comment has been removed by the author.

    ReplyDelete
  15. Abe ''madridisti''jas sum najgolem fan na Barca od Negotino i da znaete site deka Negotino e 'CATALONSKI' grad. File arno kaza deka vo sabota Barca ke se ladi kako na trening i pak ke pobedi. Ke trenira za utakmicata so Celzi. Real ovaa godina nema sansi so Barca. Ama seuste ne e zavrsena sezonata i File da ne bide tolku optimist kako veke da ja krenal krunata. Real igra samo vo La Liga dodeka Barsa igra polufinale vo CL finale vo Copa del Ray i finale so Real vo La Liga. Igracite na real
    moze samo da sonuvaat deka isto kako i pred desetina godini vo poslednite deset dena od sezonata ja zemaa titulata. Vo sabota moze i da ispuka nekoa petardi sto Barca ovaa sezona znae i toa kako da ja ispuka. Pozz do site i gledajte go treningot na Barca na Santiago Bernabeu!!!!!

    ReplyDelete
  16. ќе бидат многу тешки следниве 10 дена. Реал (во Мадрид), Челзи (во Лондон), Виљареал (на Ноу Камп) и Атлетик Билбао (на Местаља).... Нема теорија сите вие 4 утакмици (за 10 дена) да ги издржат првотимците на Барселона, па не се роботи :D. Така да Пеп ќе мора да ротира, посебно со Реал на Бернабе....

    мој избор: Valdes-D.Alves-Pique-Puyol-Silvinho-Busquets-Y.Toure-Xavi-Messi-Krkic-Hleb

    Real Madrid 0:0 Barcelona
    и + три трофеи во музејот на Барселона !!!! barca mes que un club

    ReplyDelete
  17. а важен детал ќе биде доколку Барса изнуди жолт картон на Higuain и Gago така да на следната утакмица против Валенсија (на Местаља) нема да играат, а се важен дел во тимот на Хуанде.......

    ReplyDelete
  18. Jas mislam deka malku treba da pocekas file za trofeite za vo ligata na sampionite treba da gi pominete CHELSEA i toa vo london a vo domasnoto prvenstvo naredna utakmica e so real neznam zasto ste tolku sigurni deka ke gi pobedite real ama ne e bitno ama za liga na sampioni mislam deka treba da zakocite malku premnogu pocnavte da RIPATE so barsa....pozdrav do site mi se dopaga ovoj tvoj stav...pozdrav od chelsea fan pa ke pravime muabet posle utakmicite..pozz

    ReplyDelete
  19. Darko, Гути не е ни во комбинација за натпреварот, си ги имаме Робен и Игуаин и мнооогу голема борбеност па со надеж и верба до нова победа вечер:) Цитат 'Со овој состав и скрпена предвидлива игра и формација...' Реал победи на последните 17 од 18 натпревари...ќе соборваме рекорди? Ќе соборваме :D Ако победи Барселона, честито новата титула;)

    ReplyDelete
  20. Ajde be gasete net i pustete na Sitel za 2 saata ke vidime koj za djabe ostaval komentari!!!

    ReplyDelete
  21. ...a nekoj mozebi i e na net i e pred tv :-))))) moite komentari uste vo januari vecer samo kje se potvrdat.. :-)))))) pozdrav do site! neka pobedi podobriot, ama stvarno podobriot ! ... a koj e za drustvo , nie nekolkumina vekje sme vo irskiot pred plazmata... hahahahaha

    ReplyDelete
  22. Абе "MADRIDISTA" другарче, шо виде ти лошо во мојот коментар од пред 2 дена. И мислам дека резултатот РЕАЛ М.- БАРСЕЛОНА 2-6 е единственото нешто за цитирам: БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ БРУКИ

    ИМАШ ПОЗДРАВ НАЈГОЛЕМ КИСС

    ReplyDelete
  23. Аууу...какво враќање во реалноста за нас, фановите на Реал, честитки за победата то ест демолирањето, воедно и титулата на Барселона...на Реал изгледа му претстои долго жешко лето на реконструкција. Поздрав.

    ReplyDelete
  24. Ајде сега да ги видам навивачите на Реал да оставаат коментари.... Во своите коментари погоре веке имаа победено и разликата беше 1 бод, ама Реал се посрамоти :) добар почеток на натпреварот... ама многу лош крај... сега Реал единствено треба да се бори за разликата на табелата да е 7 бода :), а по дебаклот на Сантиаго мислам дека ке биди поголема. Поздрав "FC BARCELONA MES QUE UN CLUB"

    ReplyDelete
  25. ...вечерва ќе се воздржам од било каква реакција или коментар, еднопставно премногу беше денот исполнет со адреналин, а сметам дека не е во ред дополнително да бидеме арогантни или уште повеќе, цинични, полсле вакво демолирање... Веројатно и мене не би ми било сеедно да беше обратна ситуацијата...затоа ќе го искористам овој мал простор за коментар, дека првата нова страна за НОВ ПОСТ во МОЈОТ СТАВ ја најавувам за четврток наутро, кога ќе започнам со последната реченица на овој последен текст во Мојот Став: „...Барна ќе се гордее со Барса, а на Барса ќе и се поклони цел свет. „

    ReplyDelete
  26. Вецерна на Пујол,Чави, Инисета, Месси, Валдес им викав брза помош знам колку е возбудени луѓето.Филе знам брат како ти е, и ке ти кажам дека си во право што се воздржуваш од било каков коментар. Сепак вечерва не дојдов Скопје само поради една причина, финансии.’’Mes Que Un Club,More Than a Club...... Fc Barcelona’’

    ReplyDelete
  27. ЕЕјјјјјјјјјјјјј КАТАЛОНЦИ дај те им ја титулата на реал доста е ова, доста е оваа срамотa шест гола не прима ни Крслуе против Волзбург на домашен терен , дај те им титула а Филе со најдолемо почитување за тебе, твоите постови ги прифакам до сеа, но извини брат не ги прифакам додека не го помине Челзи, а ако го помине ветувам дека ке се извинам и дека ке се поклонам пред сите кога ке го гледаме финалето.СЕ НАДЕВАМ БАРСА во него!Catalonie is not Spain!!!!!!

    ReplyDelete
  28. Принцевите се одмаздија за минатогодишниот дебакал од кралевите! Срцето е полно, што ова неможеше да се гледа на плоштадот Македонија!!!Да се види дека принцот го зема престолот!!

    ReplyDelete
  29. Мадридиста ке те замолам да пишеш само едно "Почит"бидејки што и да пишете вие Мадридистите ке биде залудно!!!!!

    ReplyDelete
  30. Честито нека ни е победата и титулата во Ла Лига.За навивачите на Реал не сакам сега да додавам масло во огнот како што кажа Филе,без цинизам,а ќе им признаам за тоа што не се откажуваа од титулата и имаа верба.Се виде кој е кој оваа сезона и тоа е.
    Но мене како навивач на Барса многу повеќе од резултатот ми се допадна желбата на тимот на Барса да игра фудбал.Посебно Анри кога ги прославуваше головите како да сакаше да каже "еве ова знаеме да го правиме ние".Таа желба ми влева надеж дека не со ист резултат,но на сличен начин ќе осети и Челзи што знаат и умеат Каталонците.Ме зачуди голот на Пујол.Барса не се сеќавам од кога нема дадено таков гол,нафрлена топка од слободен удар и удар со глава.Дали Реал беше толку слаб или ова е некоја новост од Пеп?Да си ја завршиме работата сега и во Лондон на величествен начин за да се поклони цел свет.поздрав Велес

    ReplyDelete
  31. Ете да ви кажам...не беше ништо ново од Барселона, барем во вакво напаѓачко издание ги гледаме цела сезона...Реал малку се отвори, и толку е ако играш отворено против нив. А и Реал изгледа е многу слаб оваа сезона...имаше 2 големи натпревари од доаѓањето на Рамос, со Ливерпул на Енфилд, и Ел Класико и 2 ги изгуби катастрофално, то е то:)

    ReplyDelete
  32. Toa so Puyol go trenirale so Vilanova Puyol i Pique samo tie znaele(izjava na Puyol ).. Pozdrav do navivacite na Real i da im kazaat na nivnite igraci deka mozat da gi pocnat letnite odmori :):):)

    ReplyDelete
  33. Само 6 комада примифте на домашен терен мадридисти...не е мн лошо тоа....замисли 8 да примевте xD
    хххххх : )
    Капа доле за најдобриот клуб на денешницата :)
    FORZA BARCA : )

    ReplyDelete
  34. Што сте симпатични вака на ваше буниште !
    И останете си таму , за Челзи ич не размишљајте , друг свет е тоа не сте вие дораснати за таму .
    Фудбалот ( за жал ) е се уште машка работа и додека е така чешлај те тоа Барбиките .
    А Филе е 100% у право :
    У четврток може да се разбудите горди , па не е срам да испаднеш од Челзи !
    Гледајте да научите нешто, па до година ако имате ксмет како годинаава, ќе ве преслушаме !
    Поздрав :
    Blue is the colour !

    ReplyDelete
  35. Слушај ваму Chelsea, шо мислиш дека можите да ја помините Барса. Како прво нема да стигните до голот, како второ можи нема да примите 6 гола како Реал, ама гол или два примате 100 %. Е ај после да ве видам дајте два или три гола. Во Англија немате добиено дерби цела сезона. Дома изгубивте од Ливерпул и од Арсенал, а со Манчестер нерешено. И ти се занесуваш да кажиш дека Челзи ке ја елиминира Барса. Најверојатно си почнал да го следиш фудбалот пред 5-6 години кога Абрамович дојде да ј пари, оти пред то бевте за жалење. И ти најде да кажваш дека фудбалот е мажи кога како некои педерчиња се криевте за да не ве растурат по газињата како на Реал што му се случи. BARCA 2008/2009 La Liga, Champions League, Copa Del Rey. Тројна круна. Ако ке биди и за Челзи то некогаш хахахахахахахахахахахахахахаахахаха
    хахахахаахахахах.

    ReplyDelete
  36. Владимир брат ке те замолам да не зборуваме дека барселона ке помине, виде сеа го нема Анри, Пујол како ли ке се снајде новата одбрана мислам како ке биде ке видиме може ке биде супер а може и не? У летврток коментари.поздрав!!!

    ReplyDelete
  37. Dobro e da sme optimisti pred duelot so Chelsea ama ne treba da kazvame deka ke vlezime ponatamu oti taka velea i navivacite na real deka Real ke tepa so 3-4 gola razlika pa i sami vidovte so gi snajde. A citav i deak anri moze da igra vo London ( http://euronogomet.com/index.php?option=com_content&task=view&id=2584&Itemid=1 ) eve link. Pozz

    ReplyDelete
  38. По двете преспиени ноќи конечно како така се опоравив од таа пуста сабота не знам што глупости ќе изнатресев ако коментирав веднаш по мечот па затоа се воздржав да коментирам било што како прво честито победа за Барселона и големо браво за нивната игра, како второ големо браво за Реал Мадрид за сето што го прикажа во ерата на Рамос(освен на мечевите со Барселона) голема пожртвуваност, храброст, лавовско срце само тоа ќе го кажам за овие момчиња, што се однесува до завчера тотално промашена тактика и голем број на несекојдневни грешки(не знам што му беше на моторот Диара) како да го снема оној Лас кој жареше и палеш по теренот како да се колебаше дали да стартува или не беше неодлучен и растревожен и според мене во него и Гаго кој беше уште полош лежи најголемата причина за поразот, Барселона наспроти Мадрид имаше совршен ден и успеа да не надигра и за тоа капа долу и честита титула, сезоната за нас заврши за некого разочарувачки за некого сосема очекувано(јас сум во овие) како и да е да не го тупам се гледаме до година се надевам со посилен Мадрид честита титула уште еднаш и уживајте во овие моменти затоа што ги заслуживте.
    p.s. Нема сега да се објаснувам со некои членови на форумов што значи да си навивач на некој клуб
    @Милан Точно знам што значи зборот Брука не се сомневај во тоа

    ReplyDelete
  39. јако!
    ги сплескаа на величенствен начин... ми се свиѓа тоа што и покрај тоа остануваат скромни и не летаат во облаци како вистински професионалци... работата во Ла Лига е завршена одамна, останува мечот со Челзи на Стемфорд... овој пат ќе гледаме отворена игра од Челзи и со сигурност реваншот ќе биде повозбудлив и поатрактивен... иако играат без Анри и Пујол, доколку Меси си создаде простор за игра Барса ќе ги мине Лондончани!

    Како и да е, за мене Реал и понатаму останува клуб број 1 на планетата... Барса да има уште 5 вакви сезони нема да ја помине величината на кралевите тоа е факт!

    ReplyDelete
  40. Челзи,сакам да се позанимавам со тебе но не со твоето ниско пазарџиско ниво на размислување и навредување.Ако си го помешал кик-боксот со фудбалот,тогаш жал ми е за тебе.Фудбалот е 80% ум,токму тоа ви го донесе Хидинк.Не знам од кога следиш фудбал ама ќе ти кажам дека Челзи треба уште долги години да поминат па малку барем да се вмеша со големите.Мислам дека го следеше натпреварот на Камп Ноу.Е ајде кажи ми кои беа мажи,а кои се бранеа како .....?И не се радувај предвреме,виде на Реал што му се случи?Да не проверувам колку натпревари имате во CL низ историјава,оти ќе најдам играч на Барселона со повеќе одиграни натпревари.Така да арни сме си ние во нашиот свет,а вие пораснете па дојдете да се преслушуваме.респект и поздрав

    ReplyDelete
  41. Помина Манчестер и единствено преостанува да очекувам дека и Барса ке помине и да можам да гледам слатка одмазда на 27 мај во Рим.Но за тоа и јас и сите ке почекаме до вечер да видиме кој ке биде противникот на манчестер, како никогаш до сеа посакувам тоа да биде Барселона зошто како што и порано го имам кажано на статиите на Филе дека најубава е осветата на манчестер во финалето,ако се секаваш Филе кога ти го бараше манчестер во 1/4 финалето.поздрав

    ReplyDelete
  42. Chelsea Chelsea, Chelsea Chelsea
    We're gonna make this a Blue Day
    Chelsea Chelsea, Chelsea Chelsea
    We're gonna make this a Blue Day

    CHELSEA ! ! !
    BLUE DAY ! ! !
    BLUE is the colour, FOOTBALL is the game, CHELSEA is the name. pozz file

    ReplyDelete
  43. Лампард тебе брат само едно ке ти кажам "мал клуб со брдо пари, но без историја - Тоа е Челзи" и да ја помине Барселона, Челзи ке остане мал клуб!!!

    ReplyDelete
  44. Ау ал сме осетливи , да не имате добиено ?

    Фала му на Абрамович неговиот кеш заврши голема работа но наши богови ќе останат : Грем Лесо, Гулид , Виали , Зола.
    Али џабе типкам кога вие се уште се палите на ЏАНКЕР Каков што е Марадона.
    Толку од час по историја !
    Сега уште неколку часа уживај те во саботната 6ка , зашто кога Саботниот Реал можеше да ви даде 2 гола денешниот Челзи...
    Listen the Chelsea Roar!

    ReplyDelete
  45. Марадона е Бог на Боговите,а овие твоиве немаат фаца да застанат до него.А вас уште малку време ви остана да крекате и да се збогувате со Лига на Шампиони.Гледај го вечер тренингот на Барса на МТВ 1 и учи фудбал.За историја ти си последен што може да кажува,посебно за Челзи наспроти Барса.Смешен си,а не поучен.Но гледам дека си многу запален пред натпреваров па ајде изгори си вечерва и утре ќе правиме муабет.

    ReplyDelete
  46. Челзи јас не реков ништо за утакмицата, за неа утре ке праиме муабет, и ако помине Челзи ке си подадам рака.Само едно ке ти кажам немој ни да помислиш да ги споредуваш клубовите, историјата, младинска школа (талентите кои излегле од неа), титулите или пак играчите кои минале низ клубот. Мислам дека нема да имаш ни 1/100 од тоа што јас ке ти го пишам.Само едно признај си "Челзи е мал клуб со брдо пари, но без историја"

    ReplyDelete
  47. Дечки стварно извинете ако некого погодив , нов сум на овој блог и стварно ме воодушевува нивото на култура која ја покажувате, пријатно сум изненаден ( посебно групата оклу Барса ).
    Али факање сеир не е нова дисциплина на овие простори !

    Љутете се колку сакате за Марадона останувам на своето .

    Можеби Абрамович ми смета повеќе од вас , бидејќи за Челзи сум долго пред него и за мене Челзи од 1905та до денес ( А се надевам за секогаш )бил и ќе биде ,, Working klass hero ,,
    Уживај те вечер и се надевам против Манчестер ке навивате за нас .
    http://www.youtube.com
    /watch?v=njG7p6CSbCU

    ReplyDelete
  48. Chelsea ne bidi tolku siguren deka vie ke igrate protiv manchester citaj gi komentarite pogore ko se zborase za EL CLASSICO ke vidis deka navivacite na Real veke imaa pobedeno:) Se nadevam deka taka ke bide i vecerva. Da gledame dobar fudbal i neka pobedi podobriot:)))))))))

    ReplyDelete
  49. Филе ти текнува ли кога реков за Јаја Туре во одбрана.Еве го се надевам на наше добро.поззз

    ReplyDelete
  50. BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA BARCA

    ReplyDelete
  51. честито нека ни е пласманот во финале,а воедно и сочувство до навивачите на Челзи.Заслужија Челзи да бидат вака елиминирани со нивниот анти фудбал и задоволството е поголемо.Ако некој навивач на Челзи се осмели да го оспори овој успех на Барса,предвреме ќе му одговорам.Не дозволивте да се игра фудбал - фудбалот ве казни.позззз

    ReplyDelete
  52. Нешто што го уништи натпреварот беше судијата,кој во првата полувреме требаше да досуди пенал кога Балак играше со раката во дригблингот на Меси и да имаше пенал за Челзи од Пике да, за Ето не сум сигурен и уште нешто ке кажам ако Абидал заслу
    жи црвен картон тогаш Барселона на Камп Ноу требаше службено да ја земе утакмицата заради картони кои не беа доделени.Иако правдата е задоволена и од аспек на црвениот картон и од анти фудбалот на Хидинг, ме мачи тоа што ме мачеше и до оваа утакмица како сега Што сеа со одбраната во финалето? Ке нема лева ни десна страна! И уште нешто за Челзи "Mал клуб со брдо пари, но без историја - Toa e Челзи"

    ReplyDelete
  53. Gospod bese so nas....napravivme Partali na 2 pati taka da ne treba vise da se sekirame...

    ReplyDelete