31.7.08

ВЕЌЕ СЕ НАЅИРААТ НОВИТЕ ТИТУЛИ ЗА КАТАЛОНСКАТА ГОРДОСТ...


Одличен трет натпревар од предсезоната, пред стартот на турнејата низ САД.
Во неколку кратки црти.
Гвардиола конечно ја стабилизира играта со и без Меси (овојпат повторно ја имаше 10-ката на грбот на новите жолти дресови за наредната сезона).
Задната линија очигледно е дека увежбува побрзо освојување на простор, со подолго притискање кон половината на противникот, во секој миг од играта. Практично, да не се дозволи дури и евентуалниот пресинг да го оневозможи брзото префрлување на топката кон средниот ред. Пеп очигледно се повеќе ја форсира атак играта со ширење на крилата, од едната страна бековско продирање на Алвес кон Чави или Кеита, а од другата страна преку Абидал до Иниеста, кој овојпат го гледав исклучиво на левата страна.
Тоа остава простор за брза контра на противникот, при евентуална грешка, но во овој случај можев да се забележам, дека последната линија е исклучително подготвена оваа сезона од кондициски аспект. Скоро беспрекорно.
Чави со поизграден шут од мината сезона, но Иниеста очигледно малку потешко се снаоѓа на новата позиција и со новите имиња. Можеби и овие ротации и измени (преку 6-8 на еден натпревар) си го прават своето.
Забележав еден нов сегмент во првата линија пред голот на Фиорентина, а тоа можев да го видам и во првиот натпревар против Хибернијан. Пеп подготвува ново оружје. Тоа беа ситните, кратки и екстремно брзи додавања (на прва) околу линијата на шеснаесетникот, 4-5 додавања, и позиција од која се гради изненадувачки шут кон голот, додека меѓу противничката одбрана се создава мала мешаница. Ова во двата натпревари го видов 6-7 пати. На разни позиции, од скоро истата оддалеченост.
Меси беше виртуозен. Сигурно дека ќе остане во сеќавање 68-та минута кога беше заменет со Хлеб, а публиката на Артемио Франки стана на нозе и со аплауз го испрати на клупа. Почит. Така треба, секогаш кога станува збор за мали волшепства, без разлика на кој дрес припаѓаат.
Првиот гол го постигна Пујол, вториот Хафран, а третиот Бојан. Тоа што првиот гол беше на Пујол, може да создаде забуна дека повторно тој ја игра позицијата која две години наназад му ја наметна Рајкард. Но, не. Пеп, него го става исклучително во задната линија, сем во некои од прекините. Ова беше негово прво излегување напред и по асистенцијата на Пике (кој беше одличен) го отвори резултатот.
Тоа што минатите две години го играше Пујол, сега во Барса го игра Алвес, но уште поактивно во напад. Нешто налик на комбинација со некогашните игри на Роберто Карлос во Реал Мадрид. Бојан неколкупати ги ротираше позиците, со Меси и без Меси. Одлично се снаоѓа, за разлика од првиот натпревар.
Хлеб беше блед, сеуште незабележителен. Но затоа, Педро (или Педрито) е се подобар. Тоа сигурно ќе биде новата опасност за сите противнички голмани во сезоната која следува. „Велосипед„ фантастично изработен (нешто налик на оној на Робињо, кој за мене е еден од најдобрите кој ги гледам), брзина и ориентација - феноменална, експлозивен и со одлична игра во место.
Генерално, Барса задоволува се повеќе. За Фиорентина можам само да кажам дека Џилардино очигледно е повторно една од најлошите инвестиции што еден клуб може да си ги дозволи. Без компас, со постојано жалење кај судиите, како оправдување за своите неуспешни дриблинзи и шутеви. Во моментот кога беше сменета гарнитурата на нападот во која беа Муту и Џилардино, Фиорентина почна да игра многу подобро. Тогаш беше постигнат и голот, а имаше и уште неколку добри акции. Претходно, скоро и ниедна изградена.
На ред е каталонската турнеја низ САД.

6 comments:

  1. Anonymous13:15

    Браво за Барселона.Изиграа феноменален натпревр и доколку вака продолжат мислам дека ке го оправдат твојот наслов.Очигледно ја научија лекцијата од Реал дека со помалку ѕвезди во тимот може да се стигне до поголеми успеси.Некако мислам дека сепак мотивот на тимот е на едно поголемо ниво од минатата сезона бидејки во соблекувална сега сите се чуствуваат исти што на фудбалери како Педрито,Бојан,Хафран многу им значи.Но сепак мое мислење е дека со почетокот на сезоната тешко дека овој состав ќе остане истиот бидејки доколку продолжат со овој состав би можело да дојде до онаа како оваа сезона играчи како дос Сантос да бидат незадоволни поради малите шанси и да го напуштат кубет.Според мене најдобро е овие млади фудбалери да се испратат на позајмица(бидејки вракање во вториот тим би можело да ги направилути на клубот).Поздрав!

    ReplyDelete
  2. Anonymous13:29

    Pretpostavuvav deka ke imas objaveno post i ne se izlazav :)Ima edna nova dimenzija vo ovie tri natprevari pred se brzinata na igra.Toa nedostasuvase izminative dve godini.Iako se zabelezuvaat padovi vo ritamot toa e i za ocekuvanje so ogled na brojot na novi igraci i peridot na podgotovki vo koj se naoga ekipata.Inaku Dani,Keita i Pike ostavija odlicen vpecatok.Od Kaseres ocekuvam doprvo da blesne,a vo Hleb ne se somnevam, samo ke treba da go pomine ovoj period na adaptacija.So ogled na slucuvanjata na pazarot za igraci bi sakal Eto da ostane,so sto ke se resi dilemata 9.Levo krilnata pozicija pak so igrite koi gi prikaza Pedrito e i toa kako impresivna + tuka se Iniesta i Hleb.Spored mene Barsa vakva kakva sto e, e OK.No ke vidime :) Pozdrav File ps.crkvickata Mala Bogorodica na Vodno

    ReplyDelete
  3. Anonymous04:20

    Se slozuvam se so File pocna da ispeva proektot za nova barcelona,nekako porazlizna na onaa na Rajkard i mislam deka ova trebase uste proslata godina da se napravi.Nemam zborovi za novite zasiluvanja,koi vcera izigraa super,no me plasi Hleb mislam deka nema da moze da se vklopi vo timot na Gvardiola,sepak ima vreme.No nesto drugo mi bese vo mislite znaete i minatata godina Barcelona gazaese se pred sebe,kako edn Inter so 5-0 ili Baern Minhen do 1 nula so fantasticniot gol na Messi od voley,sepak se plasam da ne se povtori uste edna repriza na minatite sezoni mislam deka ovoj pat ne bi izdrzal nikoj.SO SREKA VO NOVATA SEZONA! Pozz File

    ReplyDelete
  4. Anonymous03:41

    Barca od sekogas bese ekipa i ke ostane prva vo evropa bez razlika dali se smenal trenerot ili dosle novi zasiluvajna Mozebi spored moe mislejne ke bese podobro da ostanese Ronaldinho a dodeka hleb ne znam sto saka vo ovoj tim I golema Glupost ke bide dokolku eden Samuel Eto`o go napusti timot Zatoa sto definitivni e eden Od Kapetanite na katalonskiot gigant..Jas Sepak se nadevam deka Ovaa barca predvodena od Pep Gvardiola bi mozela da se Bori vo site fronta..! Sepak so Sreca novata sezoana za El KatalunYa ViVA La BArCA..!!!

    ReplyDelete
  5. Anonymous10:22

    За сезоната 2008/2009 доколку сакате да се приклучите на Фантази Премиер Лигата, тогаш можете да влезете во лигата blog.com.mk кодот за да влезете во лигата е 295762-116236 . Па повелете ! Поздрав! www.premierleague.com

    ReplyDelete
  6. Gaucho05:32

    File messi si ja lapna 10kata...oficijalno!!!I mislam deka idnata sezona ke bide negova i na Barca!Pozdrav.

    ReplyDelete