2.10.08

БАРСА ТРГНУВА КОН ТИТУЛАТА

(извадок од радио емисијата)

... Групата А во второто коло е со директна пресметка на двата тима кои освоија по три бода во првото коло.

Друга приказна е вториот натпревар од оваа група. Интер на Џузепе Меаца го пречекува Вердер. На истото место каде само пред неколку дена го загуби еден од највлијателните натпревари во градското дерби. Интересно е што и Вердер се враќа во голгетерска форма. Мурињо наметнува една игра која би рекол не е многу поразлична , барем во оваа фаза, од онаа која ја поставуваше години наназад Манчини. Но сега со доаѓањето на Мансини во поддршка на Ибра и Адријано, извесно е дека тоа ќе биде еден отворен натпревар со повеќе голови. Мојот Став денес презентира претпоставка во која токму на овој натпревар може да се игра на се што е чудно, од различни полувремиња и натпревар со пресврти. Вердер мора да биде ефективен. Го имаат Висе на голот, кој е еден од подобрите, но знае да направи кикс тогаш кога никој не очекува. Фриц , Мертезакер и Налдо се тешко пробивна линија пред неговиот гол. Од другата страна пак ги имаме Матераци и Бурдисо, кои по викенд црвените картони, тешко дека нешто ќе променат во својот темперамент и во овој натпревар, посебно кога пред себе ќе го имаат исклучително брзиот со агресивен напад Диего. Розенберг и Пизаро дополнително можат да ги извадат од такт двајцата.

Ова сигурно дека ќе биде натпревар кој според Мојот Став, ќе биде најголемо задоволство за следење.


Барселона гостува на Шахтјор. Минатото коло ја направија една одповажните победи во овој дел од Лигата, бидејќи сите прогнози велат дека токму Барса и Спортинг се најголемите фаворити за првите две позици.

Но, во никој случај ни Шахтјор не е за потценување. Играат многу слично, со скоро исти формации. Луческу е еден кој многу ја почитува играат на Барселона а и е еден од ренерите на кој токму таа формација 4-3-3 му една од омилените.

Од друга страна Гвардиола конечно влезе во ритам на победи. Ако земем предвид дека последните години Барселона одлично ги завршува натпреварите во групата од Лигата на шампионите, што би било различно сега. Пујол е во одлична форма во овој дел од сезоната, Маркез се враќа се посигурно, Пике иако сеуште балансира на позицијата , Алвеш е тој што ги покрива неговите дупки и остава простор за исклучително брза контра, која многупати знае да биде убиствена.

Иниеста од лева, Чави од десна страна. Меѓу нив уште побрзиот Кеита.

Формата која не е задоволителна е на позицијата на Анри, па дури и Ето, кој игра одлично но му недостасува минатогодишната прецизност. Но каде и да е и тоа ќе дојде на свое место. Меси веќе помалку солира, што може да биде само од корист во не толку добрата последна линија на Шахтјор.

Можеби ќе биде премногу субјективно ако кажам дека не очекувам ништо друго од победа на Барселона, но за тоа ги има и аргументите во имињата, формата и евентуалните прекини, кој можат да го решат натпреварот.

Секој евентуален прекин на линијата до 18 метри вечерва ќе биде половина пенал.

шахтјор не е тим кој може лесно да парира. Само една опасност има а тоа е исклучително ладниот терен. Дали тоа би можело да влијае на фудбалерите на Барселона. Се надевам не, бидејќи во тој случај тоа би било изненадувањето.

2 comments:

  1. Anonymous03:04

    Еве моја прогноза за натпреварите и во среда..

    Анортозис - Панатинаикос 2
    -мислам дека грците се поквалитетен тим, ги предводи Хенк Тен Кате

    Ат.Мадрид - Марсеј 1
    -Атлетико беше извлечен од 4 шешир, но според мене во оваа група е веднаш зад Ливерпул!

    Бордо - Рома Х
    -Рома го продаде Манчини, го купи Мењез! Остана само со Вучинич во нападот, мислам дека најдобро за нив е да бидат 3 во оваа група и да ја побараат шансата во куп на УЕФА!

    ЦФР Цлуј - Челзи 2
    -се друго освен победа на Челзи за нив би било пораз! За фаворит во лигата на шампионите овде не смее да има проблеми!

    Интер - Вердер 1
    -после поразот од Милан во градското дерби мислам дека Мурињо нема да си дозволи два кикса во низа

    Ливерпул - ПСВ 1
    -на оваа утакмица доволно е Ливерпул да одигра со 50 % од своите можности за да го добие слабиот ПСВ

    Спортинг - Базел 1
    -ако Спортинг е втор фаворит после Барса во оваа група, ако планира да оди понатаму, овде мора да победи

    Шахтјор - Барселона Х
    -жалам Филе, но Барса не ме убедува којзнае колку со своите настапи на гостински терен, овде играм на Х

    ReplyDelete
  2. Извини пријателче но Барса годинава го игра ама баш истиот фудбал и на Камп Ноу и на гостински терен што не беше случај лани,за тоа зборуваат победите во Спортинг Хихон и во Еспањол а и овој во Шахтјор пред малку.
    Тоа со Спортинг Хихон да го заборавиме зашто дечките се навистна разочарувачки за гледање.
    Ако зборуваме за фото финишот на гостувањето во Еспањол и во Шахтјор пред малку,дека претставува LUCKY I UNFAIR фудбал секој еден анти-навивач на Барса би ме поддржал во целост но...
    Јас сум верен навивач на Барса и од секогаш сум настојувал да бидам најреален во поглед на заслуженоста на добиените натпревари на Барса.
    Да се навратиме на градското дерби викендот кога играчите на Еспањол преку една бункер и анти-фудбалска игра и формација се обидуваа да победат негледајќи ја реалноста дека повеќе од заслужено беше на овој меч да останат со прстот во уста. Црвениот картон е навистина глупаво да се има полемики кога видеото го гледав 10 пати и видно е дека Баскец го јаде лактот по глава а противникот кукавички глуми но тоа е доволно за втор жолт. Статистиката е онаа која најмногу зборуваше за овој натпревар и триесеттината удари на Барса наспроти скромните 3 на Еспањол. Случајот со навивачите и обвиненијата кон одредени играчи на Барса како фактори за немилиот настан се залудни затоа што фудбалот е таков каков што е(не би изгледал природен без такви навивачи за жал понекогаш бесни) инаку стриктно овие навивачи беа припадниците на онаа група Луди Момчиња кои сразмерно беа санкционирани. Пеналот врз Ето беше уште еден спорен момент кој не може да се оквалификува како буквално ЧИСТ но,може да се рече дека позицијата беше таква 100 % каде најмал контакт дефанзивец - напаѓач придонесува до полемика и момент на брза решителност кај судијата кој за жал не поседува Соколово Око техника,барем не во моментот. Сума сумарум на овој меч "ЗАСЛУЖЕНИ ТРИ БОДА"
    Натпреварот против Шахтјор пред малку беше уште еден Хајлајц на оној против Еспањол викендот но...
    би бил многу НЕСУБЈЕКТИВЕН доколку ја пофалам играта на Барса на овој натпревар зашто навистна нешто со првиот тим не беше во ред. Дали причината е во несоодветното дуо напред Анри-Ето или претерано деструктивниот стил на игра на Кеита(кој не сме го гледале таков во Севиља) но можеби формацијата му налагаше на овој меч така,да претпоставиме или пак одбраната со тројца позади и несоодветната лева страна за Пујол беше плус причината за таквата игра како и да е и овој натпревар нека биде поука повеќе за Пеп...
    А сега да се навратам на таа UNFAIR игра која ја оквалификуваа медиумите а и анти-каталонците верувам. Голот на Меси првиот беше повеќе од коректен зато што во правилникот на Уефа стои дека ИСФРЛАЊЕТО на топката надвор од теренот во случај на повреда или жалење на некој играч на теренот на екипата во случајот Шахтјор не и налага на спротивната екипа,Барса морално враќање во нивни посед во случајот Кркиќ продолжи да си игра и голот беше повеќе од заслужен а непишаното правило да им ја вратат топката ним беше нелогично во таквата ситуација.
    А што се однесува до тоа исфрлање на топката кое го потенцирав беше повеќе од паника и неумешност и се забележува дека и не се работи за повреда на играчот кој по изведувањето на аутот 100% фит станува и протестиара(тоа беше само начин на губење време кај малите екипи т.е. кај Шахтјор)
    А Меси приказна за себе,глупаво ми е да говорам дека има подобар поединец и да го споредувам со К.Роналдо зашто португалецот има голема предност со двоецот трофеи на Манчестер,на крилјата на Ферги,а тоа што си игра детето не мора да пишам во моментот...

    ReplyDelete