25.2.08

ИСКРЕНО ЗБУНЕТ, НО И СО СТИМУЛ ПОВЕЌЕ...


Не случајно вака го започнав овој пост, малку повеќе личен, малку помалку спортски и многу повеќе збунувачки, барем за мене. За првпат во мојата професионална кариера, можам да бидам учесник на коментирање за нешто што го работам, посветен со цело срце и душа. Токму на страната на еден од моите блог пријатели (Дарко Василевски - автор на блогот, кој да бидам искрен сеуште не го познавам лично), а коментарите внесени на страницата се од луѓето, кои исто така ги запознав преку оваа интернет алатка, и пред се преку телевизиската професионална работа. Отсекогаш директно сум учествувал со сите мои ставови на секој блог, кој ми предизвикува некаков интерес, без оглед дали ме повлекол позитивно или негативно... секогаш тоа сум го разбирал само како еден чекор кон прогресивен и евентуален нов став... но, овојпат сеуште сум во фаза на размислување откога (денес, недела) забележав пост токму на темата „ТОПКИ„. Нормално дека пред се ми е чест, кога гледам (читам) дека некој го валоризира мојот труд... многупати критиките ги прифаќам, бидејќи и јас отпосле забележувам дека е навистина така, нели не е срамота да се згреши, ако подоцна се има тенденцијата грешката да не се повтори... Но, овојпат навистина останав без одговор... Како и во моментов...Бидејќи работам исклучиво за единствена насочена цел, гледачите (а тоа сте токму вие), без оглед на се што се случува наоколу, ми дадовте уште поголем стимул и уште поголема желба, не само да соработувам со сите Вас (вљубени во фудбалот, како и јас) туку во иднина да размислам за уште поголема и појавна комуникација (во телевизиска форма) со Вас и Вашите ставови... верувам дека само така ќе излезе на површина квалитетот на спортските анализи, ставови, размислувања и коментари во оваа блоговска македонска сфера... повеќе од очигледно е дека токму тука се наоѓа квалитетот кој недостасува во голем дел од спортските редакции на телевизиите во Македонија...

4 comments:

  1. Филе, блогот како медиум добива на важност. Тој како интерактивна алатка, преку која може непосредно да се искаже став и да се дебатира остава можност за влијание на некои текови, а во случајов на спортското новинарство и поконкретно твојата емисија. Ти си го препознал блогот како погоден медиум и затоа и добиваш признание од фановите, за разлика од зачмаените коментаторчиња кои не гледаат подалеку од носот и кои сеуште живеат во минатото.
    Како и да е, имаш поддршка и слушај го гласот на народот

    поздрав

    пс Гетафе се закон :)

    ReplyDelete
  2. ... :-) ...не знам што да ти одговорам...веројатно дека ова е мотив плус за уште поубава и поатрактивна емисија...и твојот и коментарите на останатите кои ги читав кај блогот на Дарко... тоа е ...

    ReplyDelete
  3. armin0601:23

    Сите најјаки коментатори и анализатори во светот за спорт имаат свој блог на кој комуницираат со обожователите...така и ти...:)

    ReplyDelete
  4. Блогот ти е одличен Филе

    ReplyDelete