4.3.08

НЕПРИРОДНИ ПОЗИЦИИ ЗА ПРИРОДНИ ПОРАЗИ!

Излишен е секаков коментар на тема: Минато коло!
Јасно е како ден... а плус тоа воопшто и не сакам да се повторувам.
Од тие причини ги земав пред себе последните четири натпревари каде се објавени комплетните состави на Барса.
Против Селтик, против Леванте, Валенсија и последниот против Атлетико.
Воедно ги прелистувам шпанските медиуми, посебно каталонските, кои на насловите ги имаат ставовите со кои се критикува Рајкард, некаде судиите (како што пишува Дарко на
www.100sport.blog.com.mk ). Исто и овде. Сите ги коментираат ротациите во последните 4-5 натпревари, а скоро никој да не ги коментира и менувањето на позициите на дел од екипата.
Од Ериксон наваму (во времето кога со Лaцио беше главна ѕверка во Италија) ротациите станаа задолжителни.
Но дали Рајкaрд тоа го прави „туку-така„ или форсира нешто на сила?
Сигурно дека има логика во неговите ротирања, но зошто и позициите?
На ова прашање којзнае дали ќе добијам одговор, сем дека „секој треба да може да игра се„. Модерниот фудбал, точно дека во некој аспект и го наметнува тоа, но сепак станува збор за луѓе, а не машини, нели?
Но, да се вратам на темата.
Еве го ставам и пред вас она што во моментов го гледам.


Прво ќе ја погледам задната линија.
Против Селтик, Барса победи.

Назад играа: Пујол, Маркез, Милито и Абидал.

Против Леванте имаше висока победа, 5:1.

Абидал го менува со Силвињо, Пујол по на средина а десно Ѕамброта.

И со Валенсија 1:1 и пораз од Атлетико со:
Ѕамброта, Пујол, Милито и Абидал.
Значи последните две ги игра со иста линија.


Средина:

Иниеста, Туре и Деко (кој го смени со Чави) против Селтик.

Деко не го става ни на клупа против Леванте,

а двата последни најлоши резултати со:

Чави, Туре, Деко и

Чави, Едмилсон (Гуди), Иниеста.

И нападот:

Меси, Анри, Дињо (Ето`) против Селтик.

Меси (Џовани), Ето` и Дињо (Бојан) против Леванте.

Меси, Ето`, Анри (Бојан) и

Ето`, Дињо, Анри

во двата последни натпревари.

РЕЗИМЕ.

Едмислон од нигде-никаде директно на најтешкиот натпревар.
Го смени со Гуди кој беше катастрофален.

Меси кој пак во трите беше топ, не го става на најважниот (се консултирал со здравство на Барса... тешко дека може да му се верува, зашто тоа не го кажа во сабота, туку после поразот).

Ето против Атлетико не играше на својата позиција.
Катастрофално, Рајкард така да експериментира.
Не е Атлетико, Нумансија па да си прави такви експерименти.

Претпоставувам, од сите досегашни натпревари откога е во Барса, Анри требаше да ја држи средината на нападот како против Селтик, а не на позицијата во која пред само три дена претходно, се угуши со Чави.
(Чави има движења од десно кон лево средина. А Анри од лево кон десно)
Со повлекувањето на Анри поназад, ете го судирот.
Меси влегува на позиција на Анри и го нема.
Нормално бидејќи природната негова линија е десно, со влез во лево и по средина, а не обратно.
Слично е и со рокадите на Иниеста.

Мене уште не ми се верува дека Рајкард си игра играчки со природните позиции на најбитните фудбалери. А згора на се и ротациите којзнае дали се добри во момент на влегување во ритам, каков беше Меси, Туре, Ето...(за тоа има многу коментари во Шпанија против Рајкард, иако сметам дека ротациите како момент на одмор дека се исправни. Од таа причина и Ериксон, сметам дека беше еден од најуспешните тренери на Лацио, токму поради таа револуција која ја внесе тогаш)

Може и јас да претерувам, ама кога ќе ги гледате post festum анализите на составите, веќе се е јасно. А којзнае која е позадината на сето ова? Можеби Рајкард сеуште смета дека ќе направи револуција со ваквите изместувања, па од нив (фудбалерите) ќе направи нешто поексплозивно? Можеби, ама сега-засега не изгледа така...

П.С. (за сите оние кои ја сакаат Аргентина)

„ Сепак играта на Агуеро и Макси ме правеше среќен само поради еден факт. Агуеро, Меси, Макси, Рикелме ќе бидат главната ударна игла на Олимпијадата во Август. Аргентина мора да го одбрани златото...„

8 comments:

  1. Darko100%04:28

    И јас не верувам во изјавите за повреда на Меси. Можеби го скриле како последица да не се јави паника, но тоа ми е наполно наивно и затоа не можам да верувам во тоа.

    Инаку менувањето на позициите нес епокажува добро. лани и Капело додека ги менуваше позициите на фудбалерите неприродно се случуваа несигурни партии.

    Ротации да но умерено, но менување позиции на најважните фудбалери никогаш не се покажало како добра работа. Ретко и има фудбалери кои можат да играат на различни позиции на вискоко ниво, особено на вакви дерби мечеви.

    ReplyDelete
  2. Me натера последниов натпревар да помислам дека токму „аргентинскиот“ систем 4-3-1-2 би бил перфектен за оние фудбалери што ги има Барселона, иако сум свесен дека Рајкард додека е жив нема да го смени холандскиот систем.

    Оваа формација ја практикува и Лацио моментално. Во нашиов случај Роналдињо би бил зад напаѓачите и би се уфрлал како трет. Ето и Анри ќе бидат далеку поуспешни како типични напаѓачи кои ќе имаат поблиска соработка. Средниот ред и одбраната остануваат исти. А, Меси може да се снајде во секоја улога (напад-полушпиц).

    П.С. Види ги новините на Taratur.com.

    Поздрав

    ReplyDelete
  3. Со овие ексерименти не знам до каде ќе дотераме годинава. Гафот што го направи со Лео беше навистина смешен. Ако така му наредиле лекарите не ќе реагираше одма во вториот дел туку ќе го оставеше цел натпревар на клупа.
    Страшно !!!

    ReplyDelete
  4. Borgoth09:18

    Dodeka Rajkard sprema revoluucija (kako sto se nadevas ti) otide sezonata vo nepovrat!

    ReplyDelete
  5. За П.С, Олимпијада и не е така голема работа мене ми е Светско најпосле да изиграат како што треба. Кој ќе чека уште две години до светско. Замисли си у група со Македонија се паѓаат.За кој ќе навиваш??? :)

    Ај до тогаш ќе созреат Агуеро, Меси и Тевез. Само да не исчезнат како Аимар, Д,Алесандро до тогаш... :)

    ReplyDelete
  6. Рајкард мора да ротира делумно и заради големиот број на ѕвезди во тимот, а од друга страна евидентно е дека тоа не дава најдобри резултати. Она со менувањето на позициите му е омилено на Рајкард, го практикува уште од порано, кога неретко Ето е играл лево, па и поповлечено, а Рони во средина... или Иниеста горе лево, или Пујол офанзивно десно (?). Но тоа ми говори за лутањето на Рајкард, за обидите да ја најде формулата...
    Она со Рони позади триото А-Е-М ми се бендисува, со тоа што Чави и Деко или Иниеста би биле поповлечени... Зависно од тактиката би се менувала и би играл и Туре.

    ReplyDelete
  7. ...прво точно е дека можеби со тие фудбалери можеби одговара и друга формација, али сепак сигурно тој что знае во случајов повеќе веројатно и би ја составил...проблемот со Барса е што таа 4-3-3 не се менува ни под разно...кога имаше проблеми со повредени, кога на некој начин беше принуден да менува во 4-2-2 цел месец имаше пресови и изјави по каталонските медиуми, зошто е принуден тоа да го направи ако сите не бидат во форма пред февруари... така да има и уште една интересна работа, најчесто кога се одлучуваат за тренер, пшред да го одберат, разговорите со него се базираат во старт колку тој ќе биде приврзан на 4-3-3... кога ќе појдеш во Барселона, во Музејот на Камп Ноу, има еден цел ферман на ѕидот каде пиушува дека дури и стадионот така е граден со тие димензии, за лесно спорведување на оваа формација... не џабе е препознатлива Барса по исклучиво напажачки фудбал... никогаш, ама никогаш овој тим не играл на пример 5-4-1... П.С. ... ашто се оденсува до Таратур, го имам секое утро :-)))

    ReplyDelete
  8. .. инаку што се однесува до тактиките, многу ми е драго што комуницираме со информации базирани токму на конкретни примери... штета што немаме услови да ги провериме, колку сме во право и којзнае дали би можеле да се снајдеме во вистинскиот момент..но како и да е пшретпоставувам дека сите сме и љубители на игриците-менаџери... да бидам искрен , повеќе ми се свиѓаат отколку ПЕС 8 за ПС... а што се однесува до Аргентина на Олипнијада...па тоа е следно :-))) одиме чекор пшо чекор...:-)... а за светско дај Боже да е она во Африка на наша страна....

    ReplyDelete