5.3.08

ЗБОГУМ ПРИМЕРА... РЕАЛ ШАМПИОН!

Најважниот елемент во поврзаните алки од играта на Рајкард, пукна!

Поточно, задниот бутен мускул.

Лео Меси ја обнови старата повреда!

ПЕТ - ШЕСТ НЕДЕЛИ МИРУВАЊЕ И 4 НЕДЕЛИ РЕХАБИЛИТАЦИЈА!



Ова му е четврто слично „обновување„ на повредата.
Првиот пат, на 8 март 2006, кога Барса играше против Челзи.
Отсуствуваше 79 дена.
Втората повреда, со помала штета беше на 3 ноември лани.
Третата на 5 декември, кога поради тоа отсуствуваше и од Ел Класико.
И сега по четврти пат.
Ќе отсуствува веројатно околу 2 месеци со рехабилитација под „специфична медицинска програма„ , овојпат!

Меси, како никогаш досега со солзи и липање го напушти теренот, не толку поради болката, туку поради „малерот„. Токму сега кога на некој начин се врати во најубаво светло, после повредата. А ова може да значи само едно. Збогување со трката за шампионската титула во Примера.

Рајкард, веќе ќе мора да одбере приоритети, а тоа веројатно ќе биде она кое има помалку натпревари, со поголеми паузи. Веќе може да се очекува дека тоа сигурно ќе бидат Купот на Кралот и Лигата на Шампионите.


Забелешка:
Карлес Пујол, со многу лутина се сврте кон медиумите, кои ги обвини поради новата повреда: „Преголем притисок од Вас (медиумите) иако не беше целосно санирана последната повреда. Потпадна под него Рајкард, потпаднавме ние и Лео, дека мора да игра на секој натпревар....„

18 comments:

  1. bravo bravo za naslovot:P!!!
    real sampioni!kaj bevte taka da pisite minatata nedela koga razlikata bese 2 boda.znaci da se razberime 5 boda se nisto!
    ne deka sum fan na barca megutoa real mene godinava ne me voodusevi neso posebno!i igrata na barca ne zavisi samo od eden covek barca e tim so iminja od koj sekoj moze da resi utakmica!
    i eve ti file da vidis deka rajkard bil vo [pravo sto go ostavi na klupata lea za vreme duelot so A.Madrid.covekov stvarno imal problemi megutoa glupavo e sto podpadnal na mediumive i dozvoli messi da igra. Da se nadevame deka brzo ke zakrepne ... a za real sampioni neznam mozda.... a mozda i ne

    ReplyDelete
  2. Borgoth05:02

    Не би рекол дека Примера е завршена за вас. Има многу да се игра. Мислам дека најмалку што ви треба е да ве завладее песимизам и самите да се отпишете од трката. Еве шанса да докажете дека сте тим кој може да се носи со секој предизвик.

    Ако навистина Рајкард потпаднал на влијанието на медиумите, тогаш не се виновни медиумите, туку тој!

    И жално е што вакви повреди ги пратат брзите и офанзивни фудбалери. Така фудбалот се повеке се уништува и се преоѓа кон деструктивен стил на игра. Тоа е...

    ReplyDelete
  3. Васко... ако не си забележал, а тоа можеш многу лесно да го провериш, дури и кога беше седум бода, па и два бода, јас лично стоев на позицијата дека Реал оваа година ќе биде шампион...и тоа со аргументирани ставови... така да тоа можеш и сега истото да го направиш...
    А второ што сакам да објаснам е дека воопшто, барем кај мене, никогаш не владеел песимизам...јас сум комплетен оптимист секогаш , без исклучок...но ова е реалност! Не значи дека ако верувам дека оваа година немаат сили за пресврт, дека сум песимист...!? ...напротив, само објективност!... а оптимизмот види го во тоа дека верувам дека Барса игра можеби еден од најубавите „фудбали„ на светот... каков малкумина го играат... Бока, понекогаш Ривер, донекаде Арсенал, Манчестер, Севиља, Вердер, ...

    ReplyDelete
  4. Darko100%06:55

    Иако сум од спротивниот табор, сепак кога се работи за повреда на врвен фудбалер не сум рамнодушен. Не се насладувам на туѓата мака бидејќи тоа може да се случи и на некој од нашите важни фудбалери.

    Што се однесува до медиумите, факт е дека во Шпанија како никаде е огромно нивното влијание. Толку се моѓни што буквално можат и да придонесат за менување на тековите во политиката на клубовите па и во случајов тренериве. Рајкард потпадна бидејќи и тој бара начин да ја врати Барселона на старите патеки. Сепак ако не смееше Меси да игра против Атлетико, тогаш најмалку што требаше е да игра против екипа како Селтик која може да се добие и со комбиниран состав, особено по победата и трите гола во гости.

    ReplyDelete
  5. Pece11:57

    Na koj mu tekna temava!haha
    Kako mozite da kazite deka Real e sampion koga do kraj ima da se igra uste mnogu!Jas kako sto gledam real se po slabo igra a i ispadnaa od liga na sampioni!A za povredata na messi..... vo barcelona ima mnogu igraci koj mozat da go zamenat...
    Jas sum optimist i mislam deka 5 boda se nisto!

    ReplyDelete
  6. Anonymous12:23

    Barcelona e BArcelona nikogas ne sum gledal klub po toa koj kolku ima osvoeno ili ke osvoi gledam denesen fudbal,fudbal sto go igraat u momentot ama real nikogas nema da bidam za tomovi kako sto se real i chelsea jas sakam tim koj se gledadi koj ne kupuva sekogas golemi iminja.A da ne nadovrzam Barcelona ovaa godina odamna ja ima izgubeno titulata posto ja nemam veke srekata sto ja imaat posto barcelona godinava bez messi i plus uste edno el clasiko bez messi tesko na nas kataloncite za koi naviiva od 98.A file inaku blogot ti e aren i samo nie mozeme da se nadevame deka ke osvoime nekoja titula godina kako ligata na sampionite ili domasnoto prvenstvo ama nema vrze nadata posledna umira a do kraj ima uste mnogu pa mozebi i gospod na barcelona ke se seti.pozz

    ReplyDelete
  7. Anonymous12:26

    Rajhard godinava ima pogresna taktika koja nekako ne pali vo odbranata barcelona prima mnogu eftini golovi kako sto bese i na el clasiko,file sto mislis dali joze morihno bi bil idealn takticar za katalonskiot fudbal? pozz

    ReplyDelete
  8. Филе, не би се согласил со тебе дека се е готово. Барса наидува на поволен распоред во следните неколку кола и ако хипотетички сметаме дека ќе победи во Мадрид, тогаш разликата е само два бода. Од друга страна Реал е во нок-даун после Рома, а видовме и дека често кикснува. Се останува отворено.
    Меси е драгоцен, но има играчи кои ќе го заменат. Не се предаваме!

    ReplyDelete
  9. Еве Филе, овде
    http://redfinger-1.blogspot.com/2008/03/blog-post_06.html
    го објаснувам мојот оптимизам (мора така:)

    поздрав

    ReplyDelete
  10. Пукна сеир во Мадрид,хехехе
    Што фудбал ираат овие Шпанциве во Европа. Ако не сме уште ние да ја браниме честа на Шпанија(макар што и ние не значи дека ќе го поминеме 1/4 финалето така лесно)во полуфиалето ќе ги гледавме изгледа четворката премиерлигашите а за Ливерпул сум 90% сигурен дека иде далје,ќе му докаже на Интер кој е кој во Европа.
    Дај боже да ни паднат Црвените во ждрепката,даги расчистиме сметките од лани.

    ReplyDelete
  11. ...мислам дека некој не ме разбрал добро...и во претходните постови а и пред две недели во ТОПКИ, во емисија, кажав дека Реал ги има најголемите шанси за Примера - титула, но дека Барса подалеку ќе стигне во Лига на Шампиони... искрено, не верував дека од Рома ќе испаднат...но, тоа... а ова е сепак мој став кој го делам со Вас... не дека Меси е незаменлив, туку стварно е незаменлив :-)))) ... има многу полуповредени и повредени, има проблеми со договорите итн...да не објаснувам , пак, (кога пишував за Лампард и Мурињо, токму тоа го образложив)...Лапорта подготвува терен наредната година да состави неуништив тим кој уште подолго ќе владее... (пост пред две недели) ... не заборавајте ИЗБОРИ следат во Барса!... инаку Мурињо минатата недела имал презентација пред еден дел од одборот, нови фудбалери и предлози... но тоа ништо не мора да значи, тој е сега слободен , а има и свои „пулени„ кои ги нуди... но, ситуацијата со Милан веќе отвара и други можности,,, и во тој пост пишував, дека само Милан може да ја промени насоката на Мурињо (и евентуално Дрогба) кон Барса... а тоа се случи!...сега ќе чекаме...

    ReplyDelete
  12. Vasko LIVERPOOL Terminator09:03

    Одлично дружење, одлична забава, одличен натпревар. Се надевам дека ќе ја подобриме кондицијата со постојан термин. Секако се надевам и на победи ;) :) Поздрав

    ReplyDelete
  13. се виде кој е шампион!Изгубиа од рома хеехе.

    ReplyDelete
  14. Филе во 2006та повредата на Меси беше поттик за Барса.

    За него ја освоија ЛШ и Премиера. Добро за Премиера веќе се знаеше, но сепак оваа Барса е посилна од таа пред 2год. За Премиера Класико ќе решава, тоа 100%. ;)

    ReplyDelete
  15. Дај боже каласикото да решава па тогаш да ги преброеме овците...

    ReplyDelete
  16. ...дај Боже, ама не изгледа баш така... утревечер веќе ќе диференцираат многу работи, сем ако Еспањол денес не изненади во Мадрид...

    ReplyDelete
  17. Радеон09:11

    Во врска со повредата на Меси и тоа дека дечкото е незаменлив моментално во Барса ама само моментално се согласувам.Да не заборавиме што ке се биде ако во форма се вратат Роналдињо и Иниеста,да токму така Иниеста.На почетокот на сезоната дечкото кога моментално играше во најголема форма и играта на Барселона беше на едно повисоко ниво повеке се играше на прва и каталонците беа перманентна опасност по противничките екипи.Но мене лично ме чуди зашто толку малку се збори за импактот на Анри во Барса кој беше најавен како големо засилување за тимот оваа сезона мислам дека проблемот баш лежи во анализата на овоа прашање.

    П.С Реванш од блогерскиот фудбал изгледа ке се игра у четврток во истиот термин се надевам ке се собереме пак.
    http://blog.com.mk/node/140702

    ReplyDelete
  18. ne e nisto zagubeno.. 4 boda se nisto.. idno kolo REAL igra so SEVILLA na domasen teren a BARSA so BETIS pred prazni tribini.. togas prednosta ke bide samo bod i ke vidime koj e sampion.. a i MESSI poleka se vraka... pozdraF.:d

    ReplyDelete