10.3.08

ЗБОГУМ ПРИМЕРА... РЕАЛ ШАМПИОН! (втор дел)

Ова е само продолжување на сагата за новата шампионска титула во Примера. Барселона не прикажала скоро никогаш полоша игра.
Во претходните неколку текстови пишував и зошто Примера е загубена уште од февруари.
Рајкард очигледно е доведен во ситуација да избира.
И очигледно ја избра Лигата на Шампионите.
Многу е веројатно дека „ќе го даде„ и Купот на Кралот.
Проблемите допрва ќе доаѓаат со пристигнувањето и на крајот.
Деко си заминува, Кркиќ ги добива првите понуди од Англија.
Ѕамброта, Џовани, Гудјонсен и можеби наскоро уште некое сигурно име ќе излезе на површина. Доаѓа Лампард, а ако не се промени насоката на Берлускони, веројатно и Мурињо со Дрогба...
Ова колку и да се само шпекулации (а, не се) прават дополнителен притисок и врз екипата и врз Рајкард.
Во Мадрид воопшто не е порозова ситуацијата. И таму ги има сличните проблеми, но сепак резултатот убаво „ги турка проблемите под чергичка„. Но во јули сигурно дека Калдерон ќе ја тргне чергичката, па ќе видиме дали тоа ќе заврши со мало „зачистување„ или со комплетна „генералка„.




Значи, само едно е јасно:

Реал е новиот шампион,
Леванте е сигурен за втората лига,
иако можеби ќе направи уште неколку шока,
на кој сепак мислам дека ќе му се придружи и Рекреативо од Уелва и Мурсија.
Така што југот на Шпанија би изгубил 3 екипи во една сезона.
Би добил една сигурно, Малага е на добар пат за враќање во Примера.
Нумансија е скоро сигурна (таа е од Кастиља и Леон, што би се рекло северо-источно), а за третиот ќе мора да се причека.

Како и да е станува уште поинтересно.


П.С.
„ Одамна ги зборувам наредните 2-3 кола како пресудни за Лигата...конечно сите сме сведоци дека токму така и испадна. А тоа нема никаква врска со астрологија или хороскопи, едноставно хорнологија на настаните во комбинација со психологија и расположението во екипите... секогаш се се гледа, само треба правилно да се прочита...претпоставувам дека сум во право...„

13 comments:

  1. Anonymous01:33

    Abe File taa dvojkata sega e osmica a
    Barca moze da lafe oti imat uste sansi ama moze da sa sluce i taa vtorta pozicija da ja izgubat.REAL SAMPION.

    ReplyDelete
  2. armin0605:32

    Дефинитивно имаме најјак тим во Шпанија.Заслужуваме титула.Барса може да го изгуби и второто место.:)

    ReplyDelete
  3. Darko100sport06:41

    Не се сложувам со тоа во моментов. Околу нова година Да, но сега не е така, Реал го нема најјакиот тим.

    Реал како и со Рома така и со Еспањол делуваше ранливо. Иако Еспањол не создаде повеќе од три шанси сепак не е тој филингот и перформансот што треба да биде. Сите почнавме да збориме како не смеат да бидат повредите оправдување бидејќи тоа никаде не се брои, меѓутоа тој факт никако не може да се побие кога се прават анализите.

    Одбраната посотјано е модифицирана и никако да се состави онаа четворка која беше некаде околу Нова Година со Рамос-Пепе-канаваро-Хајнце што беше беспрекорна. Повредите на Снајдерм Руд и Робен се осетија на претходните дуели а одсуствата на Рамос и те како беа видливи.

    Ништо не се знае до крај паќ ќе речам.

    Мечот на Ноу Камп не го гледав бидејќи играв фудбал во тоа време, па го гледав денес само второто полувреме. Можам да речам дека според се Реал и Барса најмногу според играта личат во моментов. Неубоити и ранливи во секој момент.

    ReplyDelete
  4. Даре, како и секогаш ме убиваш во поим со твојата објективност, но сега се согласувам со тебе апсолутно. Не е готово, сеуште. Иако, Филе, за жал мора и со тебе да се согласам донекаде, дека веќе се гледа крајот. Врти-сучи, како сакаш, но мислам дека Рајкард мора да си оди. До него е, дефинитивно. Не може оваа екипа да игра слабо, освен ако тренерот не ја збрка работата.
    Вчера чув дека и Блан се мести за тренер. Бог да чува. Мислам дека Ван Бастен ќе беше идеален, но...
    Како и да е, одиме на ЛШ, тоа ќе ги излечи нашите рани...

    ReplyDelete
  5. Borgoth10:52

    Џабе сите дигнавме галама во моментот кога Барса му дојде до врат на Реал. Работите повторно си дојдоа во нормала... и врти сучи Реал ке биде шампион и годинава...

    Сепак не треба да се заборави дека Ракјард направи од Барса синоним за супермоќен тим. Посилен фудбал јас не сум гледал од оној што го играа до пред две години. Е како успеаа работите да тргнат толку удоле стварно не ми е јасно... Со среќа нека ви е со Мурињо!

    ReplyDelete
  6. Оптимист сум до крај!!! Ќе никне шанса наредното коло, па пак Барса има шанси :) :) Има уште многу да се игра шансите се 90:10 за Реал ама има шанси...

    Од овие шо ги спомна нека си одат сите. Не сакам само Џовани да си оди...И ич ама ич не го сакам Лампард, Го сакам Жерард...Ама изгледа многу сакам... :) :)

    ReplyDelete
  7. Жално е што се зависи од Меси очигледно е ...без разлика што сите негираат дека е така, ама ФАКТ Е!...и ако нешто му се изјалови на Реал околу титулата, за тоа ќе биде исклучиво виновен Шустер, никој друг. Во Реал играта не е базирана само на Робињо или само на Раул или само на Рууд...за разлика, од нив во Барса зарем не гледате дека Меси е „мали Марадона„... не значи дека се сложувам дека така треба да биде, ама така е... и затоа уште еднаш и уште милион пати ќе кажам, ТИТУЛАТА ЗА БАРСА ВО ПРИМЕРА ОВАА СЕЗОНА Е ИЗГУБЕНА!... Лигата на Шампионите, НЕ!...до тогаш мислам дека и ќе се врати малиот Бог... но пред се да го почекаме и петок...што ќе излезе од топчињата...

    ReplyDelete
  8. Имаше право Филе во твоите претпоставки дека овие неколку кола ќе се разреши случајот со титулата. Но не сакам а и не смеам да не верувам во чудо дека немаме какви такви шанси (11 кола се во прашање)во Примера годинава.Меси е клучниот играч на Барса годинава a oтсуството негово може да значи и елиинација во 1/4 финалето.

    ReplyDelete
  9. Што и да излезе во петок мислам дека ке биде многу тешко,а по играта што ја видовме во недела не ми дава никаков оптимизам дека можеме да направиме нешто и во лигата на шанпиони.Но можеби грешам незнам....

    ReplyDelete
  10. филе и јас не би се согласил со тебе дека првенството е завршено, ги гледав и утакмицата на Реал и на Барса и можам да кажам дека Реал имаше само малку повеќе среќа од Барса и тоа е единствената причина поради која дојде до победа!Не е тоа оној Реал до пред Нова Година кој доминраше и со леснотија постигнуваше голови, и што е најважно беше сигурен во одбраната!Сега дома не може да направи повеќе од три сто постотни шанси, а одбраната му е како швајцарк сирење!Титулата иако сакам уште сега да му ја предадам на Реал, далеку е од готова работата!

    ReplyDelete
  11. thegame, да си жив и здрав. Ако не барем има да ги изнамачиме. Победите во Примера ќе бидат важни и за подигање на формата за во ЛШ. Така да...
    НЕМА ПРЕДАВАЊЕ!

    ReplyDelete
  12. Anonymous22:54

    немора да значи имаат и двата тима шанси за осваање на титула само шо реак имма многу поголема предност од 8 поени пред барса а искрено според мене реал заслужено би си ја земал и оваа година титулата пошо изиграа сто пати подобро него ли барса поздрав
    еј филе ме интересира сакам да идам да ги гледам барса на ноу камп ако го прочиташ коментаров врати ми како би мпжел да најдам карти поздрав

    ReplyDelete
  13. ...анонимус си потпишан, како да ти вратам одговор за картите ...???... :-)...???

    ReplyDelete