25.7.08

ОДЛИЧЕН РЕЗУЛТАТСКИ СТАРТ ПРОТИВ ХИБЕРНИЈАН, НО...

Првиот натпревар од каталонската турнеја заврши.
Убедливо изгледаат 6:0 против Хибернијан.

Пеп може да биде расположен дека има солиден тим, кој во натпреварите од првото коло во Лигата на шампионите може да игра сигурно и стабилно, влегувајќи во фазата по групи.
Но, ќе си дозволам да бидам малку подетален, бидејќи, прво со нетрпение го очекував овој натпревар, а второ навистина го изгледав во еден здив.

Ги видовме скоро сите.
Трите тима на Барса, дури и оние фудбалери кои веројатно нема да добијат шанса на ниту еден натпревар од Ла Лига, а да не зборувам за Лигата на Шампионите.
Не дека се лоши, туку едноставно нема место.

Првите 45 минути беа една слика на Барса, а вторите сосема друга.

Она што може да ги израдува сите симпатизери на сино-црвените е дека
Меси и Алвес функционираат како часовник. Прецизно, со кратки додавања, скоро без грешка.

Гудјонсен беше центарот, би рекол противтежа на десната страна, кој изигра одличен натпревар. Тој ги постигна, првиот и третиот гол (кој пак беше ремек дело со кратки и брзи додавања во шеснаесетникот, како на мал фудбал).

Анри исто така изигра солиден натпревар, во кој сепак можеше и повеќе. Очигледно Пеп му ја дава новата улога во екипата, нешто меѓу она што го инсистираше Рајкард плус зајакнато со пробиви по левата страна. Куриозитет беше неговата деветка на дресот, онаа која лани ја носеше Ето. (Меси ја имаше 10-ката)


Пеп остави простор и за новите ликови кои ги донесе од Барса Б. Изиграа сите 20 фудбалери. Одличен впечаток остави Пике, Кеита, Касерес... Има време за докажување сигурно и за Бускес, Васкез, Хефрен, Педрито (кој исто така беше забележителен), Абрахам, па дури и Кросас.

Она што мене ми остави впечаток, е дека многу несигурен дел од тимот беше Ето, кој влезе во втората половина од второто полувреме. Како да сакаше да се докаже дека него ќе му биде местото меѓу првите 11, па дури и Хлеб, на кој очигледно ќе му треба уште време за прилагодување. Бојан стандарден.


Единствено нешто кое остава сомнеж во остварување на плановите, е тоа што Пеп (веќе 100% сум сигурен) играта ја базира само на еден главен елемент - Меси.
Од таа причина, кога се играше со Меси и Алвес (кој после Меси сигурно дека беше најдобриот, го имаше насекаде), Анри, Гуди, Педрито, Барселона поведе со 4:0, а Меси имаше уште три 100% шанси за гол... Но, кога се смени првата постава, посебно кога излегоа Меси и Алвес, играта изгуби на експлозивност, брзина и фантазија. Почна да тече повеќе технички, како на зацртан тренинг, без ентузијазам.

Сепак ова се подготвителни натпреварио и се е дозволено. На крајот од краиштата, затоа и се играат во овој период и со старт против вакви екипи како Хибернијанс, за да моќе да се почувствува првата замисла, после сувите тренинзи.


Веќе нетрпеливо го очекувам и вториот натпревар, в сабота против Данди Јунајтед. Сликата ќе добие веќе и паспарту. А рамката на целината, мислам дека ќе ја видиме дури на 16 август против Бока Жуниорс на Камп Ноу.

7 comments:

  1. Anonymous01:05

    Одличен пост но сепак мислам дека од еден натпревар не може да се види на што се базира играта на една екипа,но за разлика од лани овој состав на Барса мислам дека ке биде далеку поконкурентен во борбата за титулата.

    ReplyDelete
  2. "...Веќе нетрпеливо го очекувам и вториот натпревар, в сабота против Данди Јунајтед. Сликата ќе добие веќе и паспарту. А рамката на целината, мислам дека ќе ја видиме дури на 16 август против Бока Жуниорс на Камп Ноу."

    ReplyDelete
  3. Anonymous03:41

    Idi kakaj File

    ReplyDelete
  4. Anonymous13:38

    Не против Бока,мое мислење е дека вистинската игра на Барса ке се види во првиот квалификационен дуел за лигата на шампионите.Тоа го велам бидејки пријателските натпревари(како и оној со Бока) можат да завршат секако но се добри за подигање на самодовербата кај играчите.Поздрав

    П.С. Да не заборавам да напоменат дека коментарот кој сто е непристоен за читање не е од мене а јас сум анонимен бидејки се немам зачленено.

    ReplyDelete
  5. ...па не се сложувам баш со тебе, мора вистинското лице да го видиме порано... :-)))

    П.С.
    ...очигледно, дека не си ти, а и нема врска, секој има право на свое мислење и секое туѓо мислење треба да се почитува... (затоа и не ги бришам, едноставно тоа сме си ние :-)

    ReplyDelete
  6. ...бидејќи штотуку ја изгледав снимката од натпреварот против Данди Јунајтед, можам да речам дека првпат ми е многу жал што не го гледав во живо, целиот... Меси (кој овојпат имаше 19 на грбот) беше чудесен, да не речам вошебен...заедно со Ето, буквално „ја растурија „ одбраната и средниот ред на ДЈ...тоа одамна не сме го гледале, барем според шансите, головите и тоа како беа постигнати... 5:1 дури е и малку во однос на тоа што се случувало во поглед на шансите... А головите, посебно третиот (односно вториот на Меси) РЕМЕК-ДЕЛО!.... Ето + Меси беа приказна за паметење...

    П.С.
    „..не пишував ништо како нов пост, бидејќи сепак, поради приватни обврски не успеав да го гледам целиот натпревар...само снимка; шансите и головите...не би било професионално од хајлајт да „созадавам мислење„ ... сепак е само хајлајт, нели?... а, в среда, после натпреварот против Фиорентина на Артемио Франки, повторно со нов СТАВ :-)))

    ReplyDelete
  7. Anonymous08:25

    Јас право да ти кажам сум фан на Реал Мадрид но мило ми е што главните конкуренти за титулата на Реал играт добро што значи дека пред нас е една интересна сезона во која се надевам ке гледаме многу поубав фудбал од лани а за титулата да се одлучува како во 2006/07.Поздрав.

    П.С.
    За тоа дека од хајлајт не може да се создаде мислење потполно те подржувам бидејки сепак таму ги гледаме само шансите и головите...

    ReplyDelete